Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Има факултети каде што има практична настава и не се бара само мемориско учење. На пракса се гледа колку ја поврзуваш теоријата со работата. Инаку да претежно во средно е фактографски образовниот процес. Ама па ги имаме природните науки пр. математика-предмет во кој ако не разбираш нема да можеш логички да сфатиш, поврзеш и решиш ништо иако на памет ќе ги знаеш сите дефиниции и задачи што сте ги решиле до тогаш со наставникот.
     
  2. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Па бараат дечко со кого на ручек ќе можат да пресметаат косинус на лебот и интеграли на вилушката на масата.
     
    На *Amethyst*, ЕденЧлен, Ambitious и 6 други им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.561
    Пол:
    Женски
    И јас имам раскинато со дечко од иста причина.
    Јас факултет и шетање.
    Он за деца и секс цело време зборуваше. Ќе сме се венчавале ми вика.
    Одма вечерта кога ми кажа што планира го откачив.
     
    На Nightwish11, CharmedGirl, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Си раскинала пошо сте сакале различни работи, а не пошо немал факултет. Нема ништо лошо во тоа некој да сака да се венча и да сака деца. Ако не се пронаоѓате на иста фреквенција тоа е друго.
     
    На dayla, ЕденЧлен, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  5. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Да, токму тие луѓе што бараат дечкото да има факултет се оние кои го сметаат Достоевски за трошење време.
    Да, се' уште не ми е тој факт тргнат од глава.
    И да, никогаш претходно не ме изело поголем туѓ срам како што тоа се случи додека ги читав мислењата на одредени личности.

    Имате многу наметнати мислења од околината, или можеби од мама и тато, што нема да прифатат да се гледате со некој ако нема диплома.

    Ако вие сте успешни никогаш нема да размислувате дали вашиот партнер ќе биде на ваше ниво или повисоко, ако гледате од таа перспектива дека дипломата е знак за успешност.
    Или можеби ве плаши фактот дека не сте доволно добри во тоа што го правите, па барате планче Б?
    Who knows...
     
    На Purplelilac, *Amethyst*, ЕденЧлен и 16 други им се допаѓа ова.
  6. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Тоа може и човек со факултет да го каже. Проблемот е друг ама џабе се дискутира, секој си сфаќа како што му одговара. Имајте убава вечер :)
     
    На *Amethyst*, raww и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Тоа е друго ма :D реков се друго да им било прекрасно :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.561
    Пол:
    Женски
    Човек со факултет на 18 години ќе ти каже да се венчаме деца да имаме?
    Не сум запознала таков.
     
  9. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Никогаш не е касно
     
    На flawless_, SummerGirl и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  10. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Каков факултет би имал на 18 години и што е лошо во тоа некој да сака брак и деца на 18? Зошто реплицираш на нешто кое не си го сфатила?
     
    На Nightwish11 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Прифаќам, една слика = 1000 зборови, секој различно си ја толкува. Само и Стив Џобс работел многу за да го постигне тоа што го постигнал, не снимал риалити и не снимал клипчиња за ТикТок. Сепак, да не одиме со идејата дека лесно се доаѓа до втората слика. Можеби без факултет да, ама без труд многу тешко.
     
    На Purplelilac и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.939
    Допаѓања:
    179.505
    :rofl:
    Јас ни без факултет не сум запознала таков. Кај ги наоѓате бе вакви? Тоа е некој тренд сега или ендемски видови се? :?:
     
    На tijanana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.561
    Пол:
    Женски
    Не сакаше да оди на факултет.
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.849
    Пол:
    Женски
    Сте прететале со офтопици
    Ако некоја тема е одамна неактивна, не значи дека треба да ја уништите.
    Ќе ја заклучам додека не ја средам.



    ЕДИТ: Темата е повторно отворена.
    Како што напоменав погоре, држете се до темата без навреди и понижувања кон помалку образованите од вас, без офтопици и без мерење на знаењето на тие на УКИМ наспроти тие на приватен.
    Имате таква тема во подфорум образование, повелете таму.

    Еве го воведот ако не сте го забележале, има многу за зборење на овие прашања, а да не се навреди
     
    Последна измена: 7 јуни 2020
    На *Amethyst*, Mami3, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.222
    Пол:
    Женски
    Е добро...може сакал деца да чува дома :rofl:
     
    На raww и нина122 им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Веројатно не разбирате дека има машки кои се научени или брак или факултет, тоа од дома им произлегува.
     
    На SummerGirl и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  17. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.556
    Пол:
    Женски
    Факултетот не е мерило за памет , јас сум скоро магистар дечко ми е со средно , и можам да кажам дека е највредното нешто што ми се појавило во животот. Пред години идев кратко со дечко што стана доктор на науки , тоа беше најнеподносливото арогантно човече што сум го сретнала. Му удри во глава ,пребираше работа и работни места што воопшто не беа лоши , ама не он имал титула и на 35 седеше дома и чекаше од мама и тато 100 ден за кафе , зошто ? Па он бил д-р на науки он требал на ептен висока позиција да работи , безразлика што немаше ниту еден ден работно искуство. Сегашниот дечко работи просечна работа , иако нема голема плата на работното место тој е ценет и почитуван , разликата во мојата и неговата плата е само 1500 ден иако јас сум со факултет работам нешто сосема просечно и далеку од мојата струка. Школото не го прави човек способен за да се снајде после истото , трудот , скромноста и не летањето во облаци далеку ќе не догура
     
    На Purplelilac, Amellie13, Different7 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Не ми е важно да има диплома од факултет.Можеби немал доволно финансии или одлучил да ја работи струката од средно која му се допаѓа (има и некои стручни средни што нудат добра работа).
    Значи не би го оставила ако нема факултет, но би го оставила ако забележам дека не работи и не студира, не сакам луѓе што не мрдаат со малиот прст или не сакаат да работат за минималец.(facepalm)
    Јас студирам на факултет и сама си го финансирам, па сигурно не би се гледала со некој неспособен што не прави ништо во животот.:)
    Ако веќе има завршено факултет не ми е важно дали е полесен или потежок бидејќи сите имаме различни соништа и тој си тргнал да ги исполнува своите.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, ЕденЧлен и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Апсолутно нема врска факултетот со паметот. Мм е единствениот мој дечко кој бил без факултет, па ме излажа да се омажам за него :rofl:. Шала на страна, за да завршиш факултет денес треба да поседуваш позитивни особини, не викам не, ама тие особини би биле упорност и трудољубивост на прво место. Интелигенцијата често доаѓа во комбинација со мрза или одбивност кон учење и тоа резултира со завршено само средно. Маж ми е снаодлив и паметен и полн со знаења од повеќе области, такаа да ми е гајле за факултетот искрено.
     
    На Peperutce1115, *Amethyst*, Ambitious и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.051
    Пол:
    Женски
    Не знам, мислам дека не е баш толку црно- бело за да се разграничи дека сите со факултет се паметни и амбициозни а мажи без факултет пропалици.

    Еве јас за мене лично ќе кажам, да, ми значи интелигенција и образование, како и знаења од многу области.
    Значи, студент/со диплома кој има амбиции и си се пронашол во студиите и го бива, да, ама човек кој се запишал на факултет колку да се каже а притоа поим нема од ништо, нема планови за иднина, не.
    Денес секој втор може да се запише и да заврши на факултет(посебно на приватен), така да не е кој знае колкаво мерило за памет.Ама па од друга страна има голема разлика од луѓе кои никогаш во живот немале успех во образование и луѓе кои вложувале и пораснале во семејства каде образованието е битно и реално се приметуваат разликиве.
    Ама пак на крај нема некој конечен дефинитивен одговор на прашањево, барем јас немам цврст став зашто во врската се се сведува на индивидуалниот однос со човекот, а не на некои стереотипи. :?:
     
    На Annora, cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.