Не дека факултетот е пресуден, ама не би можела да бидам со некој кој не сакал да направи нешто за себе. Не зборам за тој што немал услови да учи факултет, туку за тој што од мрза не го завршил. Не е ни битно каков факултет е во прашање. Сите млади момци кои по желба не го завршиле факултет што сум ги запознала до сега, го прават истиот муабет, дека ќе направат еден тон пари со некакви финти, дека факултет е губење време, и слично. Може веќе верувам во тој стереотип, ама од лично искуство не би можела да се замислам со таков човек. Маж ми учел 10 години, се зафркавал, не се замарал, ама завршил. Дошол момент каде сфатил дека тоа е работа за завршување и никаков бенефит нема од влечкањето. Јас се завршив во рок и работам по струка. Он зема 3 пати поголема плата од мене. Во реалниот свет, не секогаш образованието ти носи поголем успех, ама мене лично многу ми кажува за карактерот на личноста ако не вложил труд во образованието на денешно време.
Еве јас лично воопшто не се палам на Мр, Др. Значи се редам во обратна ситуација, да ми каже маж дека е магистер, има докторат не знам што, ништо не ми значи дури не видам како размислува за некои работи кои мене ми се важни. Ако мрази животни и мисли дека кучиштава треба да се отрујат, може 5 факултети да има. Ако осетам хинт на шовинизам, може 10 факултети да има. Ако мисли дека ќотегот е од рајот излезен и не е страшно детето да го плеснеш по газе одвреме навреме, може 20 факултети да има. Ако фрла ѓубре на земја, ако он многу е вреден ама се некој него го заебуе, ако дошол до возраст факултет да завршил и женска да бара, а мајка му уште му пере гаќи, значи може на харвард да е дипломиран, џабе му е во сите овие ситуации. Па уште ако го користи факултетот за да ги гледа другите одвисоко и да не знае со келнер да се испонаша...не џабе, преџабе. Сум сретнала многу со средно сосем на место луѓе. Не ми игра улога воопшто. Немам потреба да имам партнер со факултет за пред другите да изгледаме ко образован пар. Таа потреба за имиџ оставање пред други луѓе ја немам
Покрај тоа што факултетот е плус како степен на образование и проширување на знаење, е и едно убаво искуство. Но, секој си знае за себе дали сака да студира и дали воопшто може да си го дозволи. За да бидам со некој, најважен ми е неговиот карактер. Секако, важно ми е и да е писмен и образован, не можам да бидам со некој кој не знае реченица да состави или нема познавања ни од основни работи. Но, дипломи и титули не ми значат. Животот е нешто многу повеќе од тоа. Сум била и со некои кои завршиле факултет или студирале во моментот и со некои без факултет и тоа бил само неважен факт за мене. Единствено важен факт бил за родниниве кои прашувале и се интересирале за нив. Дури мислам на родителите им е поважно ова, да кажат на други дека ќерката/синот ете избрале добра прилика, со диплома, магистер, доктор на науки, па гордост ехее. Тоа (завршувањето факултет и стекнување титула, како и дружење со исто такви личности) го гледаат како углед и успех. Реално, тоа и е, но ете сите сме различни и си знаеме што сакаме за себе. Факултет е плус, но не е мерило за ништо.
Последниов дечко ми беше со диплома, убава струка, сродна на мојата но, карактерот му беше ист како болдираново Џабе значи, си чекаше на мене, се влечеше на мој грб, ако најдеше нешто да поработи парите негови си ги чуваше од моите користеше.... Немаше шанси да му спомнеш да најде нешто за работа од струка цело време со изговори си беше, 4 месеци ке работи 8 дома ке си ги преседи. Сега па гледам малку станал посериозен па почна со некој бизнис свој. По мрзливо и неодговорно човече немам запознаено и не сакам веќе да запознам у живот. Од друга страна, имав исто партнер што поради финансиски причини не успеа да си го заврши факултетот, ама интелектот секојдневно си го надградуваше а гледам и сега истото го прави. Така да од мое искуство ке речам дека се си зависи од човекот. Типот што ми се свиѓа на пример нема факултет ама има многу големо работно искуство и размислува на работи кои мене не би ми текнале на пример... Нема тука дефиниција, доколку ви е убаво со човекот, доколку ви е поддршка во животот тогаш не е важно дали е или не е со диплома, на крај на денот ви треба човекот да ве гушне а не неговата диплома.
Голема улога имаат и родителите, тоа е точно но само ако му дозволите. Гледам дека на поголем дел родителите сакаат ќерката да има дечко со диплома и го доживуваат тоа како успех, што лично за мене е погрешно. Џабе му се сите дипломи ако детето не ми е среќно. Колку и да е висок мојот степен на образование, не треба да го потценувам изборот на другите.
Ова е многу точно, улогата и мешањето на родителите кои знаат од гордост да речат- ете ќерка ми е во врска со дечко со диплома, а при тоа да знаемарат дека дипломата не зборува за личноста каква е. Сметам дека тоа е остаток од еден поранешен систем во кои родителите биле учени од мали нозе- учи и стекни се со диплома да не мора да работиш тешка физичка работа за егисзтенција. Но времињата се сменети и дипломата денес не е гаранција за таква работа. Дипломата може олеснува нешто, но како личноста ќе изигра со сите адути кои ги има зависи од многу фактори.
Тоа ми е знак дека се труди,дека сака поголеми шанси за успех.Не значи дека нема такви меѓу типовите кои имаат средношколска диплома,само јас преферирам академски граѓанин.Не ми влијаеја моите. Мој избор и мое право е. Е,сега секако дека не би била со некој бездушен,туку со добар човек.
Мене многу поважно ми е каков ученик бил во средно, дали единичар со едвај двојки на крај година или со 4ки, 5ки во текот на цела година. Бидејќи на факултет може секој да се запише и на крај да се здобие со некаква си факултетска диплома. Многу поважно од факултетската диплома ми е да знае муабет да направи на различни теми, да биде писмен кога пишува, а не да не можеш да разбереш што напишал и што сакал да каже. Поважно ми е да нема сељачко однесување и зборување. Да има културни манири, да има добар карактер, да не чека сè од неговите, туку рамноправно да помага дома, сам да заработува, да се труди и бори во животот. Ретко кој бил одличен во средно да нема завршено факултет. Ама познавам и таков, почна факултет, ама го остави, не седи така, туку работи, поважно му беше да си заработува пари. Не зажали до сега за таа негова одлука. И онака тој факултет што го запиша немаше да му донесе некој голем просперитет во животот. Додека да си го губи времето, да чека од неговите пари, тој работи и заработува. И да, би била со таков без размислување. Тоа што нема факултетска диплома, не ми менува ништо, како што реков има многу поважни работи од една факултетска диплома.
Точно, професијата нема врска со уметничката „писменост“ (освен се разбира ако не се занимаваш професионално со тоа). Можеш да станеш било каков професионалец со 0 познавање од уметност, од рибар до судија. Мислам дека нема никаква потреба да дискутираме за поврзаноста помеѓу професионалноста и „писменоста“. Истото важи и за дипломата од средно/факултет. Муабетот ми беше друг. Уметноста, за разлика од машинобраварството и математиката е универзален јазик и нешто со кое што 99% од луѓето се во контакт на дневна база. Секој слуша, гледа или чита нешто и тоа најчесто по свој слободен избор. Ретко кој ќе знае да ти каже тројца филозофи кои ги смета за најмудри или пак како најдобро се изведува армиран бетон, ама секој ќе знае да ти каже омилено парче уметност. Без разлика дали се работи за драми, поезија, филмови, книги, сите добри уметнички креации во себе содржат полно мудрости и универзални човекови мудрости. И Шехерезад во себе го содржеше тоа, ама на едно многу пониско, попросто и поизџвакано ниво отколку некоја озбилна серија (исто како и Коељо во литературата) и тука е разликата во „писменоста“ за која пишувам. Желбата и способноста да се открие, искуси и сфати одредено квалитетно/комплексно дело зборува многу за една личност. Накратко: познавам многу глупави луѓе кои не се високо-уметнички писмени, ама не познавам ниту еден високо-уметнички писмен човек што не е мудар. Се разбира и тука има исклучоци, како на пример претенциозните и вознесени фејкери кои само најповршно го разбираат тоа што мислат дека го разбираат или пак ретките природно/искуствено мудри луѓе кои читаат само бестселинг селфхелп книги и одат само во Театар Комедија, а се стопати попаметни од тие првите. Истото што го пишав и погоре: професијата и уметничката „писменост“ не се никако поврзани. Нема што да дискутираме пошто се согласуваме. Кој е квалитетниот, а кој е шундот според тебе?
Како пример земав балерина како уметничка професија, сепак да не се оди оф топик, мислам дека многу убаво ме разбираш што сакам да кажам, ама ти се расфрлаш со класификации кој е глупав, помалку,а кој попаметен, според кого, тебе? Како и да е најдобро да се задржиме на темата за да не се бришат оф топициве или заклучува пак.
Има многу бранши на паметност, не е само мудроста и уметноста. Секој бара и дискутира за тоа што го интересира. Се надевам дека и ти ме разбра што сакав да кажам, настрана од површната класификација
Се се разбравме, површно, длабински или како ти би се изразил со многу непотребна опширна терминологија, ама навистина вечерва не ми се прават оф топици на темава за разлика од тебе, убава ноќ
Ќе влетам на темава само да го корегирам овој дел... За да бидеш професионална балерина треба да имаш завршено школо за истото, т.е. факултет. Не се станува балерина како професија со 6 месечен курс по танци. Има многу повеќе учење, читање и запознавање со сета култура отколку само играње. Впрочем доста балетски претстави ги обработуваат големите книжевни класици.
Во ред е се тоа, ама на балерината на сцена нема да и бараат вербална интелигенција на 100% ниво. А во програмата мора да ги има тие предмети се разбира. Ај гледам многу се навлегува во оф топици за балерината. Земете сум пишала пример кловн и така, дајте фино лепо доста со оф топици
Toa sakav da pisam i jas. Ne saka sekoj da uci i da se nadograduva.(so dokument). Ima mnogu poinakvi nacini denes da se nadgradi covek, da uci i prakticni raboti i da moze da se snajde vo sekoe vreme. Znam primer kade vo familijata imaat magistar (masko) i se od strana gleda so potcenuvanje, si ja znae rabotata i super mu odi,no dokolku eden den ostane bez rabota od x pricini neznae drugo da raboti ne moze da se opravi brzo. Drugiot pak znae elektrika,znae mehanika,znae stolarstvo,lovi ribi,gi zema site kategorii za vozenje i drugi slicni raboti od poveke oblasti (pokraj rabotata sto ja ima), vo sekoe vreme ke ima rabota i nikogas nema da zastane da uci,se go interesira i se cepka.Nikogas nema da bide bez primanja, sekogas ke najde nacin. A nasproti toa e kulturen,vospitan primeren,ne vrega, ne gleda od visoko,ne se plasi od rabota. Za mene vtoroto e mn podobro od sto prvoto,ne bi so nekoj sekoj den da mudruvam kolku mn znae,pa ova sum videl,ova sum procital,pa vaka bese taka bese....
Искрено до негде ми е важно. Не ме карајте одма. Знам од основно уште паметни, здрави и прави луѓе (не сме више деца за да кажан деца) што МОЖЕА да учат и да постигнат нешто ама неќеа да го уклучат мозокот ич. Со моја најдобра другарка мноогу сум зборела на темава, т.е ѝ ѕвоцав пошто искрено мозокот ѝ работи и може да седне да научи бар нешто. Од секогаш ме нервирале луѓе што не сакаат да го уклучат мозокот. Не може сите за сѐ да нѐ бива, ама па не може ни за ништо да не нѐ бива. Ја пример јазици учам ептен лесно, додека пак природните науки ми се послаба страна.Хемија и физика органски не можев да поднесам, сум имала кецови колку сакаш (физика поготово), ама кога МОРАЛО да се научи сум учела. Така што, ако во иднина имам здрав прав дечко што може да студира а неќе и го мрзи, знам дека ќе се нервирам. Не дека ми е гајле дали некој ќе ми збори нешто ( а моите ќе се убијат од зборење) али ќе ми биде и за него. Во ептен блиска фамилија (имам пишувано негде) имам случај кај што товарот падна врз едно лице (тетка ми).Тетин ми е со средно, имаше едно време работа, не му чинеше па дома седеше, тетка ми требаше да издржава 4 лица од кои 2ца студенти. И она имаше проблеми со раб место. Еден период и двајцата беа дома што беше најстрашно, и мораше да најде работа што побрзо и моментално работи во фирма кај што имаат крајно нечовечки услови. Е пример ради ова би ми било важно искрено. Баш дедо ми вика да го гледам нивниот пример, и да не зеам маж што ќе треба да ја го издржавам (нити он мене де).
Не ми е битно дали има факултет. Доволно ми е да направам 5 минути муабет и да заклучам дали е океј типацот или не за мене. Лесно е да имаш факултет на денешницава.