Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Диплома и останати хартиени документи за мене не се критериум што партнерот треба да го исполни за да биде со мене. Плус за него лично (не за мене) доколку сака да се образува и има такви интереси, но кога гледам кој сé се стекнува со магистерска титула искрено се прашувам за значењето на истата. И да не заборавам, не секој во животот ги има истите услови... но, да не навлегувам во друга тема.
    Во контекст на темава, основните човечки вредности кои е потребно да ги поседува мојот партнер не се стекнуваат на факултет. Важни ми се трудољубивоста и чесноста, сакам да имаа амбиции да постигне нешто свое, да е стабилен и сигурен човек, да има манири, што сé заедно е склоп на еден добар човек и квалитетна личност со кој би била во врска.
     
    На tinka-mace, cresa-jagoda, nevermet18 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Од машка перспектива, имам диплома и магистер како инженер, но воопшто не се чувствувам како поголем boyfriend/husband material од момци што се без факултет.

    Напротив, дури и голем респект имам за дечки што се снаодливи и успеале во животот без потреба од високо образование.

    Лично сум вработен и не го кажувам претходното од аспект на некој што бдее и се од околу му изгледа подобро од неговото. Туку правам искрен муабет.

    Така да, ги поддржувам и двете страни тука. А убаво е што посебен акцент се става на снаодливоста и личната култура на поединецот.
     
    На Amellie13, LittleChili, glosipgirl и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Не ми е важна дипломата како парче хартија, не би го оставила никогаш партнерот зошто ја нема истата, не би го терала да запише/дозаврши. Тоа не е моја работа, тоа е негов личен избор и желба.

    Сите познаваме луѓе кои немаат завршено (какви год и да се причините), кои се 1.поснаодливи, 2.попромислени, 3.поуспешни. Истото и обратно.

    Го сакам партнерот зошто ми прави да се осеќам убаво у своја кожа и ме праи боље особа.
    Секако верувам дека не би била среќна со некоја мрзлива патетика на која што бизнис и општо планот у животот и се сведува на наследството од неговите. Тука никаква диплома не помага.
     
    На tinka-mace, cresa-jagoda, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Многу генерализации има на темава. Факт е дека дечко со диплома може да биде и амбициозен и успешен, бидејќи не сите ја земале со врски како што потенцирате, а факт е дека и тој без диплома може да биде истото. Толку е едноставно.

    Сум коментирала и порано на оваа тема ако добро се сеќавам и сеуште стојам на мислењето дека за мене дипломата има значење и преферирам да бидам со некој кој ја има. Факултетот е за мене важен процес кој помага во созревање и оформување на личноста. Важно ми е да бидам со некој кој има цели за кои се залага, кој има визија за она што сака да биде и да работи. А факултетот е само првиот чекор кој отвора многу врати. Секако тоа не значи дека под секоја цена треба да има диплома. Ако истата не ја земал со свој личен труд, тогаш ништо и не ми значи.
     
    На cresa-jagoda, S.W.A.G, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.250
    Пол:
    Женски
    Што со оние луѓе кои лажат дека се дипломирани а држат добри работни позиции? Што ако откриете доцна?
     
  6. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Преважно ми е! Ако не и задолжително!
    Мора да нуди нешто многу сериозно (не мислам на пари) за да прогледам низ прсти за факултетот.
    Ама со оглед на тоа што знам дека работите што ги барам си доаѓаат со образование, тешко дека би со некој без тоа.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не ги класифицирам луѓето врз основа на тоа дали имаат или немаат диплома. Мислам дека само кај нас е популарна онаа реченица " Без факултет си никој и ништо ". И навистина е глупо што има многу такви што се запишуваат на факултет само заради притисок од домашните или општеството, само за да имаат некое парче хартија кое ќе му гарантира за неговите знаења и вештини. Бидејќи по правило тоа треба да биде дипломата, нели? Еден вид отскочна даска, за да го примениш сето тоа што го знаеш и умееш во животот.

    Е, ама во вистинскиот живот тоа не е така (барем не кај нас!). И од тоа што сум го видела за моите 24 години, можам да кажам дека постојат навистина интелигентни, паметни, скромни и амбициозни дечки и девојки кои немаат парче хартија (диплома). Капацитети, од милина да ги слушаш и разговараш со нив. И без разлика што јас студирам на факултет, уживам да учам многу нови нешта од нив секојдневно.

    Дипломата не е гаранција за тоа колку некој е амбициозен и интелигентен. Трудот, желбата за создавање и себе докажување (најмногу за своите очи), работата, стремежот за напредување, тоа придонесува за амбицијата на една личност.
    Многу поважно е да имаш меѓусебно разбирање, почит и одлична комуникација со партнерот од диплома.
    Во човекот се заљубуваш, не во дипломата. Титулите и дипломите не го прават човекот човек :)
     
    На Amellie13, tinka-mace, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.347
    Пол:
    Женски
    Диплома како диплома , парче хартија . Добро е за себе да ја имаш , но да ја стекнеш со труд и мака а не со 500-че у индекс . Без разлика дали се работи за машки со диплома или за женски со диплома , јас сметам дека за себе е добро да ја имаш .

    П . С . Никој не вреди помалку од никого . Со или без диплома , за мене е важно да има човечност во себе . Џабе му се и 30 дипломи , ако е ѓубре од човек .
     
    На cresa-jagoda, Аргентина * и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  9. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Сум имала дечко образовен,со завршен факултет и добра работа,меѓутоа кога ќе излезевме на кафе само ќутеше,јас бев таа што нон стоп збори. Од фудбал до шминки,тој викаше само да,така е,супер,браво...ништо друго не знаеше да каже.Ќе кажеше нешто - мало ал глупо .
    А имав и дечко со средно образование со којшто ми било далеку,далеку поубаво од секој аспект. Тој човек имаше разбирање,имаше свое мислење,свој став...На крајот на денот не е важно дали има диплома или колку заработува,туку дали те прави среќен/на.
     
    На cresa-jagoda, yourfavoritegirl, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Мене ништо не ми менува тоа дали има диплома или не. Едно парче хартија според мене не кажува ништо за човекот.
     
    На edna_malecka, cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  11. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има многу поважни карактерни особини од диплома на факултет. Знам момчиња кој на 24 год без диплома си создале свои бизниси, кариери, а и деца од 26 год што по 3ти пат ќе запишуваат факултет. Реално дипломата може да помогне али зависи од тоа што би правел во иднина, но во никој случај не е рамка за оценување на интелигенција.
     
    На edna_malecka, cresa-jagoda, Beemo и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Да не се лажеме сите, разликата помеѓу личност со факултет и без факултет е евидентна и воочлива во најголемиот број на случаеви, ако ги исклучиме приватните факултети, иако и тие додаваат тежина.
    Исто така не е вистина дека денес секој може да заврши факултет (исклучок се приватните). Кај нас се запишуваат едно 80% од средношколците на факултет, но пола од нив се откажуваат уште после првата година. На крај процентот на завршени по генерација не е ниту 30%, во зависност од факултет. Уште помал е ако се земе в предвид завршување на време, во дадениот рок, и многу го развлекуваат по уште 2-3 години што е време за кое може уште еден факултет да се заврши.

    Факултетот не значи само едно ливче хартија која не вреди ништо, напротив денес ти отвора огромен број на врати и ти дава можности како за личен и интелектуален напредот, така и за исполнување на своите амбиции и аспирации. За жал, колку и да е некој амбициозен, доколку нема факултет, огромен број на работни позиции му се недостапни. Најчесто, колку и да е амбициозен ќе работи некоја физички захтевна работа, што иако е платена добро и може да се напредува, истата си носи и доста негативни страни, посебно по здравјето на личноста, како и по слободата која ја има со истата. За жал, само мала група на луѓе без факултет денес имаат среќа да завршат на работна позиција каде од нив се бара умствено да ја работат.

    Изборот е индивидуален, но на крај мора да се признае дека амбицијата е лимитирана без напредок во образованието. Интелектуалноста не е, но сепак влијае од повеќе фактори, како од самото опкружување, мотивацијата, желбата, а и животот кој го живееме. Сепак, ако сакаме истата да ја подигнеме на повисоко ниво, пак ќе треба да се посветиме на некое образование во еден дел на животот. А, и доколку ја имаме истата и сакаме да ја искористиме, веројатно повторно ќе се одлучиме за факултет.
    Од тука се добива заклучок дека тој што има интелект и желба, со чест на исклучоци, еден ден ќе се реши да го продолжи своето образование доколку претходно поради некоја пречка не можел и ќе се реши да оди на факултет доколку сака истата да ја искористи на најдобар можен начин и да ја оствари својата амбиција.

    За мене лично при изборот на партнерка влијае дали има факултет и дали е во фаза истиот да го заврши/има аспирација да го заврши.
    Не дека истото било пресудно, но во огромен број на случаи до сега сум заклучил дека овакви личности ми се поблиску карактерно, интелектуално и делиме слична визија за иднината.
    Што не значи дека не би бил со некоја што нема факултет доколку ни се поклопат енергиите само е помала веројатност да наидам на таква личност.
     
    На edna_malecka, DenaM, Orthophill и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Машки
    Мене отсекогаш домашните ми велеле барај си девојка што е демек со факултет побогата, демек да земам нешто од нејзините итн. Не знам дали тоа ме натерало да размислувам спротивно, ама никогаш немам проблем со личност дали имала факултет или не.

    Се додека е во ред личноста здрава права психички, стабилна во одлуките и знае да се однесува како човек, во ред. Мразам луѓе што се нарцисти и егоистични, другото се може да се среди или компензира.


    Инаку сум се нашол во ситуација каде што родители на бивша девојка ми зборуваа заради моето име, пошто е специфично, дури и го нема скоро никој во градов мој. :D

    Друга бивша, ете факултет мој не бил доволно голем и почитуван како нејзиниот итн..


    Боли стварно, али повеќе ме боли што размислуваат така ниско просто...
     
    На nevermet18, edna_malecka и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.250
    Пол:
    Женски
    Кај мене е вака:

    Прво се гледа како изгледа чоекот, шо акл има во главата и какви вредности почитува
    После се гледа шо работи, финансиска ситуација
    Дипломата на крај, и не е фактор ако претходното не е исполнето
    Е сега, ние живејме во досадно општество, каде верувањето е дека може да се напредува единствено преку дипломата, “јак“ напредок е административната работа тука.... кога всушност вистината е дека искачувањето по хиерархиската скала се одвива преку врски....
     
    На edna_malecka и Stark им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Да, пошто рандом Трпе со 3 годишно средно преку врски доктор ќе го стават. :D
    Не дека кај нас немало и овакви случаи каде политичари со основно станувале и директори со фејк диплома од Косово, ама тоа е повеќе исклучок, отколку практика.
    Врските може да имаат удел и да помогнат, да убрзаат процес, ама сепак имаат лимит. А баш тој лимит го одредува образованието.
    Колку сакаш ти имај интелект и биди амбициозен без факултет не можеш да бидеш адвокат, судија, доктор, инженер (било која област), економист, архитект итн итн...
     
    На Alisa22, cresa-jagoda, Принцезичка1 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    179.482
    Ја, а ако остане без работа?
    Пари споро се прават, брзо се трошат;)
    Освен ако не пуцаш на некој олигарх, тогаш ништо од муабетов не е битно, дипломата ама ич:D
     
    На Dream-Girl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Мислење со кое целосно се сложувам.
    Многу добро образложено и се си е на место од а до ш.
    Токму ради овие причини дечко со факултет > дечко без факултет ќе има кај мене секогаш приоритет.
     
    На BlackMistery, Annora и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Машки
    Е ај сеа брзо ставија инспектор во полиција со не сум сигурен каков факултет имаше, чинам медицина нешто?

    Од друга страна Тодоров (можеби грешам) беше министер за здравство, а тој од здравство З нема познавање.
     
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Епа тие се тие исклучоци што ги зборувам, ама тоа е затоа што сме корумпирана држава и системот не работи како што треба и не го искористува цел потенцијал на одредени личности, но, големо НО и Тодоров и тој инспекторот имале факултет, само несоодветен на областа.
    Да сме нормална држава, ќе ги рaспределеле каде што можат максимум да пружаат, а ти како обичен смртник нема да те погледнат ако отидеш пример да конкурираш за правник, а немаш допирни точки со право.
    Мада тука не стануваше збор за тоа, туку за луѓе со средна школа и амбиција.
    Колку сака нека има некоја медицинска сестра амбиција и искуство во болница нема никогаш да биде доктор ако не го испоти газот 6 години и заврши општа медицина и се остручи за самата област. Исто како и некоја со средно економско, и економист со факултет, средно техничко и инженер итн итн.
     
    На *Amethyst*, Alisa22, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.250
    Пол:
    Женски
    Не си разбрал за што станува збор....
    Околу 90% млади доктори се деца на доктори или нивни внуци и секоја чест на исклучоците.
    Поуспешните од секоја фела тоа се преку врски, не знам шо не ти е јасно и до кога ќе живееш во негирање....но твоја работа е.
    Ако дипломата пресудува за висок статус, зошто толку дипломирани девојки и момци фаќаат патот на запад и не мал дел од нив почнуваат во Мекдоналдс.... Зошто постои толкав број на дипломирани продавачки и продавачи во бутици и маркети???
     
    На tinka-mace, deskarada и Stark им се допаѓа ова.