Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.803
    Пол:
    Машки
    Постов е типично тешење на личност која студирала и не го завршила факултетот па на крај ќе каже: "Што ќе ти е, и онака се е со врски, да не ќе те вработат ако дипломираш, како не". Ама во реалност не е така и иако секако постојат врски, но ако си амбициозен, се трудиш и поседуваш знаење ќе успееш, ако не кај нас, тогаш во странство. Квалитетот секогаш е препознаен, а и да ти кажам во приватниот сектор нема врски.
    Исто така и тие што почнуваат во Мекдоналдс, во бутик со факултет им е моментална работа додека не најдат на струка еден ден, ако се амбициозни и упорни, се разбира. Ама тие другите што се продавачки без факултет колку и да се амбициозни и да се трудат, ако не седнат еден ден да го продолжат образованието ќе си останат на таа позиција и напредокот им е лимитиран.

    Заклучок: Ако си амбициозна личност најверојатно ќе продолжиш да се образуваш во еден период во животот, ако сакаш да си ја исполниш амбицијата. Ако останеш со средна школа, лимитот ти е тој, со чест на исклучоци.
     
    На cresa-jagoda, Принцезичка1, Cherry333 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.250
    Пол:
    Женски
    Затоа не сакам да влегувам во дискусии на форумот.
    Зашто сте преемотивни и утешително почнувате со лични напади и претпоставки кои немаат врска со реалноста, затоа што реалноста ви е сурова.

    Како шо врските ве прават фактор децо, ништо не може :) И на факултет се стекнуваат врски, иако оние семејните се вистинската премија шо рано и брзо го носи успехот.
     
    На piksooki, ocicka2014, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    По што е воочлива разликата меѓу лицата со факултет и лицата без факултет?

    Вистина е Били. Кога една личност што не знаеше Русија да ја најде на картата по географија, стигна да биде магистар по економија, што друго да очекуваш? Школска моја, на часовите си правеше нокти, сега има факултет информатика. Глава сечам, ако има врска од тоа што го студирала.

    Ти отвара голем број врати, ама е обично ливче хартија, затоа што сите го имаат. И затоа што џабе ти е и факултет и диплома ако не знаеш две просто проширени реченици да сврзиш. Џабе ти е и факултетот, ако го завршиш и дремиш дома и чекаш да те викнат, пошто нели факултет си завршил (познавам и ваков случај). Треба да знаеш да се снајдеш за да успееш во животот, без разлика дали си со или без диплома. Дипломата не ја дефинира твојата амбиција, туку нештото што те мотивира за да успееш! Тоа не се визуелизира, апстрактно е.
     
    На black-angel, Amellie13, piksooki и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.250
    Пол:
    Женски
    И не туку ме цитирајте кога прво не сте разбрале, колку со дипломата да ги лечите вашите комплекси од некои др недостатоци што ги осеќате верувам |(
    Не цитирав никој, ги подредив МОИТЕ приоритети и не сакам никој да ми се меша.
    Јас за разлика од вас не мислам дека некој е глуп и неспособен затоа што нема диплома, ниту мислам дека по дифолт некој е паметен и способен затоа што ја има. Не носи дипломата сексуална привлечност и емотивна компатибилност, едноставно, луѓето во моите очи дипломата не ги прави ниту поубави, ниту поспретни |(
    Во факинг подфорум ВРСКИ во категорија ЉУБОВ И СЕКС ќе мавтаме со дипломите, како не. После во други дискусии сите сложни дека спонзорушите биле за осуда. Двојни аршини.
     
    Последна измена: 19 јуни 2020
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.803
    Пол:
    Машки
    Како тоа некој што не знаел Русија да ја најде на карта во основно го дефинира како личност? И другар мој не знаеше што се Парамециум и Амеба во основно, а сега е доктор и тоа успешен, ама во меѓувреме учеше и се унапредуваше за да стане тоа што е, не му падна од небо знаењето.
    Од друга страна пак факултетот не ти дава општо знаење како каде се наоѓа Русија или која е најдолгата река во Азија, туку те остручува стриктно за одредена област која ќе ја работиш.

    И точно е се што кажа дека ти е џабе факултетот ако го немаш знаењето, ама од друга страна пак факултетот ти е гаранција дека го поседуваш тоа знаење. Дали е доволна или не, тоа е на работодавачот да го каже. Затоа и некои со факултет можат да се вработат, некои потешко наоѓаат работа или не може да најдат. Но, со средна школа не можат да се вработат на позиција која побарува повисоки квалификации од тие што ги поседуваат без разлика на нивната амбиција. И ако сакаат да дојдат до нив, пак мора да се дообразуваат и остручат.
    И баш таа е разликата помеѓу личности со средна школа и личности со факултет.
     
    На Alisa22 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  6. Dragonfly88

    Dragonfly88 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Никогаш дипломатата не ми била репер за нечија интелегенција или фактор за понатамошен успех.
    Јас имам и додипломски студии завршено и магистратура,па искрено не е дека нешто многу добро сум се снашла работам просечна работа.

    Мојот сегашен дечко е со средно образование,што во ниту еден момент не ми било релевантно.
    Добар е,скромен,фин дечко што работи и се труди во животот.Од нула(како и многу други) учел програмирање сам па еве работи на проекти од дома.
     
    На piksooki, cresa-jagoda и nevermet18 им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    19.046
    Пол:
    Машки

    Ама колку сакаш оправдувај, партијата ти е отскочна даска или врските.
     
    На tinka-mace, Аргентина * и deskarada им се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Какво основно пријателе, 4та година средно!!!! Па мајка му стара, прстот да го подадеш на картата ќе ја погодиш Русија. :D

    Гаранција, која се повеќе и повеќе избледнува! Ама факултетот не е гаранција за амбицијата што една личност ја поседува и факултетот не е гаранција за повисока плата на пример. Исто како што факултетот не е гаранција дека дечкото нема да те тепа, омаловажува и малтретира.
    Многу површно е по секоја цена да бараш дечко со факултет. Суштината на врската е многу подлабока од тоа.

    Факултетот може само да му биде плус, ама не и услов за да успее во животот.
     
    На Amellie13, tinka-mace, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.803
    Пол:
    Машки
    Кое е тоа средно училиште кое во 4та година се учи географија и се вади на карта пред табла да најде одредена земја? :D

    Е како не е гаранција за амбиција ако без истиот си лимитиран во животот?
    Еве ти чист пример за дечкото на @Dragonfly88 , кој е самоук програмер, струка во која има доста простор за успех без диплома. Но истиот ако сака понатаму да продолжи да напредува и да се искачува на повисоки позиции пак ќе му бараат диплома, сертификати, па и мастер, докторски студиии, соодветно на тоа како се качува хиерархиски. Овака со ова, неговиот раст е лимитиран до одреден степен. Исто како и твојот во медицината што е лимитиран ако си со средна школа, лимитиран со факултет, со специјализација...
    Иста ли амбиција делиш ти со медицинска сестра која решила да не продолжи со образование? Не. Тогаш како факултетот не влијае ДИРЕКТНО на амбицијата твоја?

    Останатово не знам зошто си ме цитирала, бидејќи не се однесува на мене, ниту пак реков дека мене ми е пресудно дали има факултет или не.
    Не верувам дека овде некој ќе одбере личност со факултет кој ќе те тепа, омаловажува и нема да те третира убаво? Демек истово зависи од тоа дали имаш диплома или не.
    Со факултет си, значи ќе омаловажуваш и насилник ќе си.
    Со средна си, одма по дифолт си добар, фин и заштитнички настроен.
    :^)
     
    На Alisa22 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Може да си завршил доктор поради различна амбиција: да научиш, да помагаш на луѓе, да бидеш доктУр, да земаш повисока плата, да 'држиш нечиј живот во раце'.

    Амбицијата не е секогаш добра работа, сама по себе.
    И Тед Банди имал огромна амбиција: Да силова и убие, што повеќе жени.
     
    На Dragonfly88, piksooki, ocicka2014 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.423
    Вака доаѓа ко само луѓето што се нафатиле да работат струка за која е неопходен факултет се амбициозни.
     
    На piksooki, ocicka2014, tinka-mace и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.037
    Пол:
    Женски
    Се имам изјаснето на темава ама еве и ова да го кажам.
    Кај нас да не се запишуваше секој втор на факултет и да не поминуваа огромен број луѓе кои книга не фатиле а имаат секаде врски, немаше вака да се сведува дипломата на "обично парче хартија", што е баш погрешно.
    А и тоа како треба да има врска факултетот со нечиј капацитет, интелигенција, амбиции и слично., а не да се гледа дипломата како некоја пофалница што им се дава на сите.
     
    На cresa-jagoda, Just.do.it и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Мене ова ми боди очи кога ќе ми кажи дека некој е на приватен факс.
    Приватен факултет јас не го сметам факултет, кај нас во нашата држава зборувам. Со средно без амбиција, а со приватен многу амбициозни ?
    Со самото шо плаќаат, тие автоматски се положени. Си ја купуваат дипломата.
    Треба значи да го сметам дека е многу амбициозен, интелегентен и слично.
    Јас не сакам дечко со приватен факултет.

    Врските и партиските вработувања, немаат кај нас никаков лимит. .
    Јас со специјалистички, ама дете со средно влезе на работа, лани кога аплицирав чисто да си ја пробам среќата на државно, бидејќи сум свесна како оди тука се.

    Дипломата е битна, за тој шо сака да учи, да се надоградува.
    А тука не менува многу, кај шо секој зема диплома, а не знае да се потпиши и го гледаш оп вработен на некоја позиција.
     
    Последна измена: 19 јуни 2020
    На tinka-mace и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Оф, да беше така супер ќе поминував. Сите си имате некое општо хејтање за приватните факултети, како државните да се апла по правилата и без мана. Нема везе, не е тоа темата|(
     
    На CameliaMiller и Mantub им се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Добро бе, трета/четврта, кога се учеше. Небитно. Во секој случај Русија завзема добар дел од географската карта и стварно е срамота онака дури и да не се потрудиш да ја најдеш.
    Сакав да направам компарација какви се "ученици" завршиле факултет. И не, не може да ме убедиш дека школската што си праеше нокти на час и едвај извлекуваше двојка на крај има поима од тоа што го студирала.

    Како да не, лимитиран во животот. Постојат луѓе кои се без факултет и имаат такви бизниси развиено, што заработуваат многу повеќе од некои инжинери или хирурзи или уатевер. Дипломата не е мерило колку ќе заработуваш! Сеа нормално дека не може да очекуваш без диплома да бидеш доктор, стоматолог или инжинер.

    Ама зошто така мислиш? Додека мене амбицијата ми е да бидам пример хирург, на некој друг му е да биде медицинска сестра. Зошто мислиш дека таа што сака да стане медицинска сестра (цел живот сакала да стане тоа) е со помала амбиција од мене на пример, што цел живот сум сакала да станам лекар. Пак ќе кажам, амбицијата е апстрактно нешто, што те турка напред. Ама целта на сите ни е различно замислена.

    Останатото не се однесува на тебе амиго. Генерално мислење за темата ми е. :hug:
     
    На Amellie13, cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Единствен заклучок од муабетов е, дека образованието кај нас не е корисно, е корумпирано, на погрешни основи базирано и непотребно.

    А не треба да е така...

    Џабе се објаснувате за 'гршки во системот', системот е грешен.
     
    На Stark и deskarada им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Програмер си? Не ми изгледа како да си. Барем во програмирање ако го имаш знаењето на никого не му е гајле дали имаш докторски студии, значи ова што го кажуваш за програмерите не е точно. Така да нема врска муабетот со амбиција што го кажуваш со факултет. Нема едноставно. Луѓе што факултетот го сметаат за амбиција, а тие без факултет неамбициозни или не би биле со некој само затоа што немал факултет ми се смешни душички. Веројатно млади 18,19,20 годишни па уште живеат во филмот да ја импресионираат средината околу нив као демек образовани, па во иднина со идниот дечко/девојка да бидат "угледен пар". Дојте да ве гушнам таквите :rofl: . Со самото тоа што не би биле со некој кој нема факултет, ми кажува колку живеат за оставање впечаток на другите, а не за себе, не за амбиција. Амбиција може да значи милион работи, една од нив е факултетот, само една.
     
    На Amellie13, piksooki, tinka-mace и 6 други им се допаѓа ова.
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Никој не рече без мана, ама има разлика тука.

    Не го кажав јас онака тоа, од шо гледав лично околу мене. Имам чекано кога се полага и видов како се полага и сами си кажуваат, тоа не е ништо ново.
    Немам видено јас на приватен, да се влеча некој да не го пушти проф или да преполага испит.
    Како и да е не е тема тоа на муабет.
     
    Последна измена: 19 јуни 2020
    На cresa-jagoda, Angie1432 и Regina.Phalange им се допаѓа ова.
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Баш на ова мислев кога напишав дека дипломата отвора многу врати и потполно се сложувам.
    Не мислам дека луѓето со средно образование се по дифолт помалку интелегентни од оние со факултет. Едноставно сметам дека без диплома многу работни места и позиции ти се затворени, а изборот ти се сведува во глобала на физички потешка работа каде можеби и нема простор за напредок.
    Од друга страна секако дека секогаш има исклучоци, еве бидејќи ги спомнавте погоре, програмерите се едни од нив. Не им треба никаква диплома а заработуваат дупло и тродупло повеќе од просечната плата. На крај секој со својата снаодливост и амбиции.
     
    На Dream-Girl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    ^ А зошто физички захтевните професии ги кажувате ко да е нешто негативно? Некои луѓе обожаваат физичка работа. Нејќат сите да седат цел ден на канцелариско столче, и после вие зборувате за амбиции, а муабетов ви е учи за да не работиш.
     
    На Amellie13, piksooki, tinka-mace и 9 други им се допаѓа ова.