Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    ^ Затоа што обично се помалку платени и нема простор за напредок. Секако, секогаш ќе има исклучоци.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Глупости. Нема ни една професија негативна. Ќе се давиш во ѓубре ако нема чистачи да ти го соберат. Храна од кај ќе купиш ако не се продавачките да ти ја стават на рафт? Само ми се потврдува истото што го реков. Луѓе со вистинска амбиција никогаш нема да потценат нечија професија. Луѓе што потценуваат се луѓе што ги мрзи ама уствари сакаат да прикажат дека се амбициозни, знаеш ситуација кога некој со келнер не знае да се испонаша, мисли дека е појак пошо зема поголема плата од келнерот. Во друга земја да бевме може ќе имаше смисла муабетов. Овде нема кој не завршил факултет, какви амбиции.
     
    На Amellie13, piksooki, T.e.d.d.y и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Всушност, физичка работа во ова време кога никој не сака да биде занаетчија носи многу пари, ако работиш со мозок. Немаш простор за интелектуален напредок да, ама можеш многу убаво да живееш. Зборам повеќе за типично "машки" професии. За жал женичките што работат по маркети немаат многу простор за напредок, ама темава е за дечковци и факултети.
    П. С да не ме сфатите погрешно дека омаловажувам некоја работа. Сметам само дека физичката работа на женичкиве треба да е поценета и поплатена.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Еве да земеме пример со луѓе што возат камиони надвор од државава. Добро, платени се океј, знам имам во фамилија што работи тоа, инаку средно мислам дека вонредно нешто заврши, можда и не го ни заврши, не сум ни сигурна и прилично супер заработува од возењето камиони да, но децата и жената едвај го гледаат.
    Го нема дома со денови, цело време вози и едноставно само им носи пари и толку.
    Не ми е за парите, нека зема и 25 илјади со факс ама да ми биде тука и да има време за фамилијата, а не да ги растам сама децата и да ми праќа само илјадници евра.
    Баш од таа причина ете не би сакала таков маж, да работи по цели денови или некаде далеку и да нема ич слобода.
    Како што кажа @Billy Idol еве, баш ова еве:
    Во врска на далечина сум, фала богу се гледа крајот на тоа и наскоро веќе не би била таква мојата врска и според се тоа што го доживеав никад веќе не би сакала партнер што ќе е далеку од мене, недај боже цел живот да има таква работа што ќе бара и да ми е отстутен од дома со денови, месеци...

    Кој што сака нека каже тешка е физичката работа, не е лесна и добро платена е зошто се поретко кој сака да ја работи, но често има и последици врз здравје (пр. рудари), слободата е многу многу ограничена (пр. камионџии) итн...
    Што не би било случај ако е некој професор да речеме или пак програмер или шо и да е, а факт е дека може и тие со средно и поплатени да се од овие што ги наведов...
    Се си има pros&cons...
     
    На Alisa22, BlackMistery, Принцезичка1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.803
    Пол:
    Машки
    @Mantub , се гледа дека немаш никаква поврзаност со програмирањето. Програмер е бејзик позиција од каде што понатаму следи напредокот од Junior во Senior, Team leader, па некои програмери не се само тука за физичкиот репетитивен дел да го прават, туку се и во оддел за development, па team leader, head of development, па имаш chief of (одредена област). Е ако сакаш да стигнеш до овие повисоките позиции ќе треба и со образование да напредуваш, и тоа не само факултетско, туку многу повеќе од тоа.
    Ако не, ќе останеш обичен програмер и тука ќе ти е лимитот. Види кое образование го имаат тие на овие позиции и се ќе ти стане јасно. Има и исклучоци, ама се баш тоа, исклучоци.
    И да. Почетник програмер не зема висока плата, но еве и со искуство понатаму може да зема солидна. И заварувач ќе зема солидна, и шофер на камион во странство, и столар, градежен работник. Ама овие работи се екстремно тешки физички и истите влијаат на здравјето пред се, на времето поминато, можностите кои работата ги нуди/не ги нуди.
    Така да, не е се во парите @Peperutce1115 , кога пример еден градежен работник го рескира својот живот денес за истите на скеле, или пак заварувач да остане слеп додека архитектот и машинскиот инженер си седат во одлични услови во канцеларија и не се под никаков ризик, освен под психички притисок. Останатите физички работи каде не е животот на ризик и не се претешки физички или имаат некои малку похумани услови, пак воопшто не се платени и едвај се преживува со нив.
    Сум работел работа што била физички тешка и опасна, и работа каде што седиш во канцеларија и знам што не би сакал повеќе да работам, а верувам и дека никој не би сакал тоа да го работи ако има избор.
    И баш, тоа претставува амбиција и напредок на себе си каде ќе можеш да имаш полагоден и подобар живот со помал ризик кон себе си и повеќе слободно време со своето семејство за да им пружиш и нив добри финансиски услови, а да не ги ускратиш од можноста да растат покрај тебе. Зар не е ова кон кое сите се стремиме? И се разбира дека тие што се поуспешни во истото ќе бидат повеќе преферирани од оние што не се.
    Се останато на темава е делење на лажен морал и докажување на своја поента.
     
  6. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Ова само кај нас го има.
    Во странство никој не гледа дали имаш факултет и нема да те праша. И никој нема да те потцени за тоа.
    Ако се види подалеку како се функционира, нема толку ограничено да се размислува.

    Едит: Кога ќе барате дечко наредно, првин прашајте дали завршил факс, да не си го трошите времето за џабе ако нема.
     
    На black-angel, Amellie13, tinka-mace и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.250
    Пол:
    Женски
    Можи од дома им договараат врски и бракови.... како така иначе да флертуваш со некој без писмен доказ.... после ќе се прекоруваат себеси....
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Интелектуалниот напредок е само еден вид напредок. Многу видови постојат. А за во маркет што ако нема напредок. Може на таа продавачка во маркет амбиција и е мајчинството, па нејќе да напредува и да ја вложува цела енергија на кариера, ја вложува во децата. На некои луѓе да им спомнеш дека мајчинството ти е на прво место во несвест паѓаат, па кога ќе фатат да ти продаваат муабети за феминизам и еманципираност. Тоа е тоа, сеуште не го сфатиле значењето на зборот амбиција и го ограничуваат ко да значи само диплома. Зар уште постојат луѓе што мислат дека ако имаш диплома ќе ги импресионираш другите.
    @Dream-Girl не збориме за физички тешка. Како може амбиција да се поврзува со нозе у вис. Некои луѓе би збеснале во канцеларија. Впрочем и медицинарите имаат тешка работа и бенифициран стаж.

    @Billy Idol не ми кажувај за програмери, ти гарантирам дека можат да земаат огромни плати без диплома. Од прва рака ти е инфово. Оди во некоја ит фирма и кажи им еве диплома, ќе ти се изнасмеат у фаца дури не те видат дали знаеш да работиш или не. Едноставно нема ни да ја погледнат дипломата. Ако знаеш ќе те примат и без диплома. И џуниор и сениор и тим лид и тако даље. И сите што работат ќе ти го потврдат истото. Сериозно мислиш дека сеуште некој ќе се запали на твојата магистерска диплома. Ама најчесто ит фирмите се странски па ваквите размислувања типично балкански им се смешни. Нив им е битно да го имаш знаењето. Некои професии не можеш без диплома. Програмирање апсолутно не е една од нив.
     
    На glosipgirl, cresa-jagoda, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    @Mantub знам дека и медицинарите имаат тешка работа, но поентата ми е баш таа шо ја зборев, амбиција е да сакаш подобар живот, а подобар живот е да имаш време и за фамилија, да не си преуморен цело време од физички што ти е тешко тоа што го работиш и слично...
    Еве мајка ми има факс шо и е за џабе јер е струка у која има премногу кадар, а послабо работа (ова веќе друга тема, кога се бира факс да се избере нешто така што има појше перспектива...), работи со средно ко фармацевтски техничар, тешка работа е, се убиваат од работење со колешките, а таа шо им е шефот магистерот по фармација, цело време си иде прва смена, пола време си седи у канцеларија, си работи фактурички и зема по 15илјади плус плата од нив, но образованието на тие со средно што се водат толку им овозможува, не се магистри по фармација...
    Така да, факсот е многу многу битен во некои струки... Ама битно е да ти послужи, многу е битно тоа, да не ти стои ко за украс само зошто за жал да кај нас и тоа го има и во некои струки и да го имаш треба од партија амин некој да ти даде.
    Не викам дека со секој факс не може да се успее ама некои се така малце попросперитетни спрема некои и тоа исто има фактор според мене.
     
    На BlackMistery, Принцезичка1 и Annora им се допаѓа ова.
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    Точно, не спорам ништо. Секој има свои приоритети во животот, ама сепак за тој труд може платата да е поголема, јас не кажувам ништо во врска со желбата за напредок на професионално поле. Ама друга тема е тоа, Северџански проблеми
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Каде прочита потценување на нечија работа??
    Со тоа што ќе ме нападнеш за нешто што не сум го кажала, нема да докажеш поента.
    Факт е дека одредени работи се помалку платени и не можеш да напредуваш нели? Не кажав ништо што не е така.
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    И јас со шофер не би била, едноставно не вредат парите за жртвата да не е дома со денови. Ама сум видела како луѓе успеваат без диплома, други како не мрдаат со диплома. Амбицијата јас само со карактер ја поврзувам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.803
    Пол:
    Машки
    Баш затоа што сум во таа струка ми е смешно твоево тврдење. Да, диплома не ти погледнуваат ниту прашуваат на интервју, но истата итекако е битна ако сакаш да напредуваш понатаму на хиерархиската скалица. А да не зборам колкава е разликата меѓу самоук програмер и оние што излегуваат од факултет. Да не почнеме па за тоа колку се бара доквалификација понатаму во вид на разни курсеви, сертификати, семинари итн. итн.
    Ете пребарај по нашиве ИТ фирми, сите имаат линкед ин профил и види колку од нив на високите позиции што не се ентри левел се со факултет, а колку се без. А нашиве ИТ фирми ја работат најниската досадна репетитивна работа и немаат никако девелопмент.
    И пази, ова е една од ретките професии во која се успева (сеуште) без диплома оти има дефицит на кадар. :)
     
    На Stache му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас ти реков зошто физичката работа да ја опишуваш ко негативна и ти ми рече затоа што е помалку платена и нема простор за напредок.
    Тоа што различни професии имаат различна плата не е негативно туку едноставно разновидност на професии. Тоа што нема напредок ти кажав, не му е на секого иста дефиницијата за напредок. Некоја во маркет може сака да се посвети цел ден на децата. Друга нејќе деца, сака да се посвети на професијата. Нема ништо негативно тука
     
  15. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Па искрено мене тоа меѓу први прашања ми е. Она што го барам во партнер е способност за интелектуално општење и да има сфаќање за мојата работа, цели и амбиции. Има исклучоци, но навистина се ретки луѓе што завршиле само средно и притоа можат да учествуваат во интелектуална дискусија. Иако завршениот факултет по дифолт не значи и висока интелигенција и не секој со факултет е способен да збори на теми поразлични од оговарање и некои дневни дешавки, сепак мене ми е битно партнерот да е факултетски образован, ако не и повеќе.
    Секој си знае за себе, сите имаме различни барања и очекувања, ама навистина е олеснителна околност во секој сегмент од животот, не само финансиски (денес имаме професии со средно што прават повеќе пари од многу луѓе со факс) туку и во поглед на растењето деца, угледот во заедницата (академската и општо општествената) кој си носи свои бенефити.
    Мислам дека секој треба да си одбере партнер со кој ќе се поклопуваат на интелектуално и ментално ниво, во спротивно сите тие бракови и врски се осудени на пропаст. И да не завршат со развод, едниот евентуално нема да се осеќа убаво и едноставно треба да бидат спремни на многу компромиси за да одат во чекор со другиот.
     
    На Angie1432 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Па да, но некад не се виновни зошто не успеваат со дипломата. Битно направиле нешто и се труделе додека биле млади, имале амбиции и желби додека студирале ама сепак ова е Северна.
    Го земам за пример ПМФ (да не се навреди некој чист пример) пошо еве веќе коа спомнав пример со мајка ми, биолог е на наставен смер. Продуцира кадар во огромни количини, голем дел од нив не може да најдат работа зошто во образование да влезеш ти требаат дебели врски или ептен дефицит струка некоја да си па да влезеш така, а ги има и одвишок, не требаат толку наставници на пример али среќа у несреќа голем дел од тој факс се од средно медицинско, па работат со средно...
    Е, на пример еве медицината и со средно и со факс да си, нема медицинар што останал без работа, ден после завршување средно се вработуваат.
    Ама и во медицината има големи разлики меѓу тој со средно медицина и факс медицина во било која струка поврзана со медицината. Разликите во платата се огромни.
    И врти сучи доаѓаме до поента дека сепак е битно да имаш факс (генерално во струка кај шо е битен за напредок...) и тоа е тоа.
    Друго немам шо да кажам на темава, кажав се шо имав. :)
    Let's agree to disagree. :D
     
    На Annora и BlackMistery им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.927
    Допаѓања:
    179.426
    Некои луѓе обожаваат физичка работа, ама тие што ја работат таа работа не дремат на форум во слободно врема, играат фудбал на пример:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Вака потценувате некои професии ама факт е дека не би можеле да си го замислиме животот без многу од тие професии. Фризери, шофери, касиери, електричари, водоводџии, автомеханичари, одредени професии во градежништвото, пожарникари, готвачи...

    Па и не секој сака да напредува којзнае до каде. Целта му е да има убава плата и пристоен живот. И ајде цел живот сам да остане ради ова или сите со жалење да го гледаат.

    А ако мислите дека повеќе вредите од некој без диплома зашто он не полагал испити, ама пак работи, спуштете ја главата од облаци.

    Пример имам во околина - жената е доктор, маж ѝ е молер. Имаат две деца и убав живот.

    Зашто утре ќе им е битно колку и како работите, не дали 10 или 200 испити сте положиле.
     
    Последна измена: 19 јуни 2020
    На Amellie13, tinka-mace, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    И сепак кај виде потценување од моја страна?

    Тука не зборуваме за тоа дали некој сака да се посвети на децата или воопшто не сака да работи. Зборуваме зошто дипломата е битна.
     
  20. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Не значи дека ако има факултет е интелектуален и дека од него ќе добиеш интелектуална дискусија. Далеку од тоа.
    Инаку не знаев дека развод доаѓало поради интелектуално ниво.
    Значи ако мажот е без факс, жената со факс и обратно, тука доаѓа до пропаст и развод :wasntme:

    Затоа сега е драстично зголемен процентот на разводи, иако 80% од луѓето се со факултети.
     
    На tinka-mace, DevilGirl212 и Mantub им се допаѓа ова.