Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Животот пишува романи, не сакам да потценувам нит по професија, нит по тоа дали има/нема диплома. Во животот многу поважно од дипломата е човечноста да ја има некој/ја, ако ја нема ниедна диплома не го надополнува тоа отсуство. А амбициозниот/та и со и без диплома ќе најде начин да стаса таму каде што сака. Сите немаме исти цели и амбиции и гледишта во животов. Во тоа е убавината, во разноликоста и во правото на секој од нас на личен избор со кој ќе минува слободно време, а со кој не и по кои критериуми ќе одлучува за тоа.
     
    На Amellie13, tinka-mace, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.248
    Пол:
    Женски
    Јас што сум имала сталкерчиња, не таа една, три дипломи не им поминуваат кај мене....искористена диплома плаќа сметки, а ако му ги решава љубовните јадови некому ОК, ете и такви луѓе имало :rofl:
     
    На DevilGirl212 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Факултетот не е мерка за интелегенција, сум сретнала луѓе што имаат завршено факултет и незнаат две реченици да врзат, па да се чудиш како завршиле факс. Од друга страна сум сретнала луѓе без факултет што знает да напрает муабет за секоја тема. Сите знаеме кај нас во државава како лесно мојт да се завршит факултет или од друга страна да си ја купит дипломата. Така да то ливче не е никаква мерка, само шо на некој работни места можиш да стигниш до повисока позиција. Од друга страна некој ќе завршит факултет и со дипломата по струка ќе работит цел живот за 20.000, а другиов ќе се снајдит со некој бизнис па ќе прајт тридупло повеќе од овај со факултет.

    Кај машко не ме интересират дали имат диплома, најбитно ми е да имат визија и амбиција во животот.
     
    На cresa-jagoda и Аргентина * им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не викам дека сестра во средно и сестра со високо имаат иста плата. Викам дека на една сестра со средно може да и е сосема во ред да зема одредена сума, на некоја со високо и е битно да работи некаде каде ќе зема повисока плата, некоја трета и на специјализација ќе оди за уште повисока. И сите три се океј. Битно е да знае човек што сака и до кај да оди. Амбицијата е многу нешта, факултетот е само еден дел
     
    На tinka-mace, Peperutce1115, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.381
    Пол:
    Женски
    И пак ќе се сведе сѐ на државата во која живееме. Тоа што тука со одредени професии немаш доволно за нормален живот, а во други држави и со наједноставна работа би можел да си одиш на одмор како човек и да носиш најк патики. Во нормални услови со повисока позиција доаѓа и поголема одговорност, а некои луѓе едноставно не го сакаат тоа. И тоа е океј. Ама кај нас неретко тие не можат да врзат крај со крај. Каква работа и да работи човекот, тоа не е логично и не е фер. И затоа се отвараат вакви дискусии. А секоја професија е убава и треба секој човек да го сака тоа што го работи. Само кај нас љубовта е џабе кога пари нема.
     
    На tinka-mace, Peperutce1115 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.183
    Чек да ми се надоврзам :)

    Вереникот мој не сакаше да студира.
    На 18 години веќе знаеше што сака да прави со животот.

    Според мене, иако тогаш не бев сигурна, сега знам дека одлуката му беше правилна.
    Го работи тоа што сака да го работи, и плус му е доходовно. Со оглед дека има свој бизнис, факултетско образование ништо не му значи, му значи капитал со кој го развива бизнисот. За да си сопственик на бизнис - како неговиот - треба да имаш најмногу од се' желба за истиот, да си го потиш газот на почеток додека не станеш доволно успешен па да вработуваш други.
    Don't get me wrong, уште си го поти газот. Ама е среќен и пронајден, нешто што ретко кој на негова возраст е.

    Факултет е добра работа, ама ако знаеш што сакаш да бидеш вистински. Во Македонија факултет не ми е НИКАКВО мерило за квалитет на некоја личност, професионално или приватно. Бидејќи познавам доволно неписмени (да, неписмени) дипломци и магистри, и доволно писмени среднисти, баш ништо не ми значи нечија диплома.

    Само во Македонија вакви муабети се мерило, пошто само во Македонија 90% од средношколците факс запишуваат. Погрешно се сфаќа факсот, и целиот образовен систем ни' е глуп.

    И не знам кој кажа дека медицинска сестра не било амбиција. Абе ајде :D

    Да, да, во Македонија не е, ама успешна медицинска сестра не е помалку битна од успешен доктор во понормални општества, прво затоа што се различни здравствени дејности, второ затоа што се колеги, ама да не разглабаме во темава :D

    И трето, на мојата обична работна позиција, имам колешки професорки, информатичарки, социолози... итн. А чистачката ми е исто професорка.

    Факултет НИШТО не значи во Македонија, освен ако не си доктор или архитект, се' останато можете од љубов да учите, ама дека по струка ќе работите, баш и не е сигурно. Да сте економист, треба да сте ептен ептен добар економист за да се изборите, под услов да се борите без врски. Премногу има економисти, па не сте баш нешто попосебни од другите.

    Факт е дека тука штанцаме високо образовани луѓе, 70% врска немаат со високо образование.
    Нигде во било која развиена земја, уво не ги боли за факултет, освен се подразбира во кои дејности. И да, имаат еден куп опции за курсеви и колеџи.

    И ако бирате маж според образование... преиспитајте се. Озбилно.
     
    На elenaxbbg, black-angel, Amellie13 и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Веќе кажав дека факултетот не е гаранција за висока интелигенција. Затоа кажав интелектуално, а не ниво на образование, иако мене конкретно и едното и другото ми се екстремно битни, исто како и тоа да ме почитува, сака и да биде искрен со мене.
    А да, меѓу најчести причини за несогласувања и разводи се. Не дека нема и такви парови кои супер си функционираат, но знам и многу во кои едниот се осеќа неисполнето затоа што на некој начин си ги ставил амбициите на hold, другиот пак има сосема поразлични цели во животот и е среќен со просечна работа и домаќински живот. Сè е супер ако и двајцата се способни на екстремни компромиси, ама не секој е спремен на тоа, а и за некои работи нема компромис.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Мажот ми е инжинер од времето на КТИА.
    Плус заврши магистерски за Е-бизнис менаџмент. Има диплома од Економски -Скопје и од Сорбона
    Упиша и докторат, ама не го работи докторатот воопшто.... барем сега-за сега.

    Јас сум конфекционер, со три години средно.

    И сега?
     
    На mira.mira, black-angel, Amellie13 и 15 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.183
    Тетка ми е професорка на тежок факултет.
    Маж и' е ролетар.
    Имаат еден од најускладените бракови што јас ги имам видено во животов.

    Имам колешка од факс, која магистрираше и работи според образование.
    Маж и' е среднист и работи на шалтер.
    Супер се заедно :)
     
    На piksooki, tinka-mace, Peperutce1115 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Развод, нема друго чаре. Инаку нема да му парираш на интелектуално ниво, во интелектуални муабети.

    Темава ми е тежок кринџ, али ајде...терајте.
     
    На Amellie13, piksooki, tinka-mace и 19 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Thank you :handshake:

    :lol:
     
    На piksooki, Peperutce1115, flawless_ и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    179.357
    Ама кој рече потценување?
    Мислам се праи муабет кому колку е битно, да има партнер со високо образование.
    Јас многу си ги ценам и масерот и дечкото што ми редеше плочки, овој вториов особено е ценет што и повисока саатница има од мојот високообразован партнер...и секако стално ќе има плочки за редење, т.е. финансиски е стабилен, ама... овој плочкаров го занима куќа во село, пиво и фудбал, а јас сакам да одам на театар и во Барселона. На пример.
    Инаку форумов е емпириски доказ дека и факултетот и дипломата не се гарант дека некој има интелектуален капацитет, како и дека постојат луѓе без диплома, а истиот го имаат
     
    На Dream-Girl, Unicornus и Just.do.it им се допаѓа ова.
  13. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Мило ми е за нив, ама тоа значи дека ментално се поклопиле и сигурно се способни на компромиси. Љубовта чуда прави.

    Ама еве јас конкретно не би можела да се замислам со некој што не можам да зборам за работи што ми се битни, а ако зборам тој да ме гледа ко теле во шарена врата. И да не е на ист факултет ко мене, сепак да е доволно образуван да може да ме сфати што зборам. Да не ме напиња со некои безвеза муабети и да очекува од мене да изигравам домачица :)
     
    На Biljarkata и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Еве ова.
    Во развиени држави тие што сакаат да продолжат на факултет сигурно не се во толкав број како нас. И ние сега да се мериме со нив, овде нема кој не заврши.
     
    На CameliaMiller и deskarada им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.183
    Ти си одличен пример дека писменоста, интелектуалните капацитети и способности, врска немаат со образование ;)

    @Biljarkata мојов среднист со мене на опера оди. Мислам... што ви е со стереотипиве.
     
    На felisitas, Amellie13, tinka-mace и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама замисли да најдеш некој без факултет а да се погоди поинтелектуалец од тебе и ти да го гледаш него ко теле во шарена врата, замисли каква брука би било тоа :)
     
    На mira.mira, Amellie13, piksooki и 7 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.183
    А зошто мислиш дека факсот БИЛО што од ова го дава :D ама озбилно!
     
    На piksooki, tinka-mace, glosipgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    :rofl:
    Тогаш развод :D
     
    На WildMk, CameliaMiller и Mantub им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Пиво пијам, сонувам да направиме куќа на село, е сега од фудбал три чисти немам, а маж ми обожава фудбал. Двајцата имаме дипломи. Замисли и на балет одиме. Ем куќа на село ем балет :)
     
    На felisitas, CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    179.357
    Немам стереотип. Таков ми се погоди плочкарот:D.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.