Ја отвараш темата на последните страни и гледаш колку од некои мислиње речениците трепкаат "Koмплекси". ЛОЛ. Ако мислите дека дипломата е причина да правите муабет со некој... од утре принтајте дипломи на блузите што ги носите за да се разликуваат факултетлиите од средношколците.
Реално многу глупа и потценувачка тема која не е вредна за дискусија. Само у нашава земја луѓето се оценуваат според тоа што носи, дали е бренд, дали завршил тежок факултет или касап у Влахов. Амбицијата не секогаш е поврзана со дипломата, некој вложува во школување некој во бизнис а некој во тие моменти не бил заинтересиран ни за двете. Познавам луѓе кај кои што амбицијата им се тригеруваше на "постари" години па завршија факултети и се успешни у работата. Така да проценките дека ако некој нема диплома е неамбициозен паѓаат у вода.
Баш тоа-е тоа. Сакам луѓе со факултет, сакам и без факултет. Ама за партнер сакам интелигентен, информиран и начитан човек. Ми се случило милион пати, да објаснувам работи, кои би требало да ги знаат луѓе со факултет. Лично ова, во РЛ. Такви, ни сакам да ми се пријатели, ни партнери. Дискриминирам, да - затоа што немам заеднички теми со нив. Мое право. Очекувам, човек со факултет кога ќе зини да каже нешто, да занемам, а не јас да знам повеќе од него. Сите имаме различни приоритети во животот, различни работи ни се битни кај партнерот. Некои сакаат луѓе со факултети, некои се како мене, некои сакаат мускулести партнери, на некои не им е битно... итн... Секој за себе си знае најдобро, што и како очекува од оној со кого ќе го дели животот.
Види, твое си е што бараш. Мое е да ти кажам дека за љубов и брак ова се тешки глупости. Ама, секој со своето
Ама ти мислиш дека се тешки глупости. Има многу како мене што не мислат така. Затоа тоа "мое е да ти кажам" не може да биде факт, се додека некој не направи опсежна студија за релацијата меѓу едното и другото.
Темава ја направивте како факултетите во Македонија се најлоши и ништо не значи. Еве да ве просветлам дека истото важи и за другите држави, па и во други држави магистри работат во продавници. Сте се запнале па се повторувате по 100 пати, како што вие имате преференци некој да е висок и згоден, некој друг има преференци да има едуциран дечко/девојка.
"Опсежна студија" ваквата употреба на високи зборови е со намера сега да ни покажеш каков интелектуалец си? Се шалам Не се потребни опсежни студии за вакви работи, овие работи се многу провидни. Што пиша некој погоре, најобични комплекси. Кога ќе пишеш сакам дипломец дечко заради углед во заедницата, какви опсежни студии дечко гледај да најдеш некој што ќе те почитува и сака, а тоа не се учи на факс. Кога ќе најдеш дечко со диплома и нема да оди, и вториот со диплома пак не оди, ќе сфатиш дека не бил филмот во дипломата
На темава скриени нарциси до немај каде. И јас студирам можеби малку потешка струка и стварно грозно би се осеќала да потценувам било кого. Сакам наука, зборам на тие теми, ама не би можела да правам некој детален муабет за што знам, историја, општествени уредувања, уметности зашто без разлика што ќе имам утре диплома, тие теми не ме интересираат толку. Познавам дечко кој не е по учењето, со средно гимназија е и без факултет, а работи сѐ што ќе стигне. Работи во фурната на неговите, работи кога може како молер/плочкар, келнер, што најде. И многу повеќе ценам вакви луѓе отколку некои што отишле на тешки факултети и секој втор збор им е на кој факултет се и какви оцени имаат и колку се они побитни од другите. Познавам неколку вакви на медицина што се. Просто да ти се приповраќа колку се егоисти и како гледаат на професија која треба од љубов да ја работиш. Бидете со кого сакате во врска и во брак, ама пазете за кого што зборувате или за себе.
Немам потреба да се докажувам на форум, има време и место за тоа, ова е зона за релаксација и дискусија Нека се провидни, нека се комплекси, дај боже секој да си ги го најде капакот за своето тенџерче
Во денешно време секој еден се запишува на факултет,но тоа не значи дека е паметен,образован,интелигентен,напротив.Доволно е да е роден паметен
Ајде да направиме опсежна студија, си ЗА? Кажи со што си се занимавала надвор од факсот, за време на средношколските години, а сега и како срудент? Учество во клубови, невладини организации, волонтерство, работно искуство, патувања и слично... како школски и воншколски активности, кругот на интелектуалцитe, кхм, така? Какво е твоето досегашно СиВи и со какви способности располагаш до сега? Не мора имиња и позиции, туку какви квалитети си развивала во рамките нашиот образовен систем и за што ти помагаат истите сега. Знаеш какви богати СиВија имаат личности без факултетска диплома? Што не е резултат на нивното високо образование, туку само заради начинот на кој ги перцепираат работите. Не ми се верува како површно селектирате ваши блиски, кога најважното е некој да знае што сака и да го прави истото во кое ужива... НештокакоПС: Зарем навистина не сте сретнале подвижни енциклопедии на помали години, со или без диплома тогаш, а и постари понатаму?
Сосема погрешен човек се погоди да цитираш Основач сум на невладина организација и предавач сум на национални и интернационални проекти (не само за теми поврзани со моето поле на студии), што спаѓа во неформално образование. Волонтер сум на UNHCR, Црвен крст и редовно учествувам на семинари, конференции и обуки. Замисли имам и прошетано од Австралија преку Тихи и Атлантски Океан до Русија Така што јас не сум таа што генерализира, туку ти. Јас и покрај ајде да речам академски успеси и формално образование, имам цели класери со секакви сертификати од областа на неформалното образование, така да верувај дека кога праќам CV, губам саати за да го селектирам она што мислам дека е од корист за она што аплицирам. Работам и се среќавам со секакви луѓе, секогаш сум настапувала културно и пред сè коректно, во спротивно не би ни можела да го правам тоа што го правам. Но, како и секој друг, имам право да одберам партнер каков што сакам јас, по мои критериуми (колку и да ви се чинат вас површни). Така што секогаш има исклучоци, а ти си таа што мисли дека сите што сме про формално образование немаме друг живот и не сме инволвирани во невладин сектор.
Јас кажав. Ама не кажав дека не е амбиција да си медицинска сестра, туку дека докторот и медицинска сестра немаат иста амбиција. И тоа е факт. Исто така ти како медицинска сестра, доколку сакаш да напредуваш и стигнеш до позиција доктор, без разлика колкава ти е амбицијата НЕ МОЖЕШ истото да го постигнеш без факултет. Што значи дека ако сакаш подобра работна позиција каде ќе бидеш лишена од физичка работа и ќе имаш подобри услови и повисока плата, со самото тоа и подобар живот на работен план кој ќе ти се одрази и на приватниот, мора да го продолжиш своето образование. Ако не, лимитот е тој. Не дека е истото лошо, туку дека факултетот ти отвора некои врати кои без него, а само со амбиција не ти се достапни. Вие овде ги сведовте дипломите кај нас на парче хартија за виткање семки. Ако се толку лесни што не завршите сите факултети или вие што сте завршиле, што не ги искинете дипломите ако не вредат и се е со врски? Што сте се мачеле и трошеле пари, време, труд за да ги добиете? Во сопствениот избор не навлегувам. Секој има право на сопствени преференци и глупо е да напаѓате и потценувате некого што ете сака да му е партнерот образован и тоа му е битна карактеристика (мене ми влијае, ама далеку од пресудна) при изборот на истиот, а овде да барате амбиција од луѓе со средна школа небаре сите еден ден ќе отворат сопствен бизнис и ќе станат идни милијардери.
Не знам зашто заклучи дека цитирам погрешена личност, кога јас најсериозно поставив прашање во склоп на темата и конкретно твоето мислење, без доза иронија и цинизам, со кои твоето сегашно мислење е полно. Без да знаеш каква личност имаш од другата страна. Очигледно не читаш мои мислења, што е супер небитно, ама истоврмено многу важно пред да донесеш заклучок дали генерелизирам,за кое притоа јас никаде не (те) спомнав, уште помалку околу имање или немање на живот покрај образованието. Навистина не знам зошто на анонимен форум преминувате на лична основа без дури да го читате членот... нереалистично сувишно е. Ама кога веќе си ги мериме, ете јас ќе ти кажам дека исто сум активна како тебе, но со можеби малку поширок спектар на располагање, кој ми укажал дека многу работи кои навидум изгледаат доста шајни, не се, и обратно. Па тоа ме наведува на фактот дека дипломата нечесто е само парче хартија и ништо повеќе. Затоа не ми влегува како критериум за билошто. Иии, за да ти докажам дека и јас како тебе имам его до плафон кога одиме по тој начин, и сум со ол хај енд маити атитјуд по мерка, воопшто не ме импресинира со култура кој мислиш дека ја имаш по мислењата, соу... #cкрознебитенподатокduh Само, една разлика меѓу нас едуцираните факултетлии - богови изгледа е што мене, и на секој друг израснат карактер, титулата како титула веќе ништо не значи, па не се фурам врз база на образование- а мозок.
Не ми се верува што читам. Замисли некој што учи медицина со вакво размислување и одеднаш почне да набројува коски на латински, ти блееш ништо не разбираш тој ти вика превише си глупа за мене. И тие со факултет можат да очекуваат од тебе да изиграваш домаќинка, ама нели тие со повисок вокабулар ќе ти кажат.
Што мислиш, какво е моето образование, што имам завршено, колку? Можеби не ти, еве овие што ме читаат повеќе нека кажат. Според мислењата на форумов, дали можете да заклучите какво е моето образование, смер итн.
А знаеш дека факултет за сестра е различен од тој за доктор? Знаеш дека една сестра може да добие докторат и да стане доктор по сестрински науки?