Па кога ме цитираш и ми поставуваш прашања, многу логично и очигледно е дека истите прашања ти се на лична основа. Биди барем искрена Самата си си контрадикторна кога викаш дека е нереалистично сувишно на анонимен форум да напаѓаш луѓе на лична основа, and then again - еве те. Ти не си таа што треба да пресудиш за мојата или било чија култура, тоа си е твоја лична субјективна перцепција базирана на неколку мислења на форум и како за некој што очигледно има исто, можеби и поголемо его од мене, истото би важело и за тебе
Не влијае твоето образование на твојот интелект, а уште помалку овде на форум. Но, истото влијае на твојата работна позиција, твоите примања и условите на работа. @Mantub , може да биде сестра и со средно медицинско училиште. Ако сака да напредува, пак мора да земе факултет, па ако сака уште и докторат. Значи, пак се сведува на истото дека мора да го продолжи образованието за да ја исполни својата амбиција.
Форумџиката ме праша, одговарам на прашање, за целите на "студијата". До кога ќе читате само тоа што сакате?
Од кај знаеш дека немаат иста амбиција? Може со средно е медицинска сестра и работи на таа работна позиција, а да има диплома од сосем нешто друго и бтв да има и докторат во таа друга област во која од х причини не е вработена. Многу потценувачки ми е да кажам ако е сестра нема иста амбиција како доктор, а имаш доктор кој дипломирал и останал вечно само на тоа. Знаеш колку доктори работат како медицински претставници или сосем нешто друго отколку работа со пациенти, а сестрата е фокусирана кон здравјето и добросостојбата на пациентите и не, не е тоа тешка физичка работа, туку многу благородна и хумана работа во која и те како може да се напредува и знанствено и хиерархиски.
Постојат секаде освен во мк. Таков е образовниот систем тука, нема опција една сестра да стигне до докторат. Јас па мислев кога ќе слушнете дијаспорците ќе ви биде јасно одма за што станува збор
Сега сфаќам оти со студенти се оправаме За наука и факти и идеји дечки, со вас сум. Ама тема бирање животен партнер е дефинитивно нешто за што треба искуство имајте си мислење, АМА, поголемиот дел од вас ќе го сменат со годините. Кога веќе нема да биде само "дечко/девојка". На 18-20 години, уживајте и не се замарајте со мажачки. Стекнете искуство прво, сами ќе увидите дека образованието е една од најповршните работи што се однесува до живеачка со некој. Високото образование те прави постручен во некоја област, не подобар, попаметен, повнимателен, покултурен човек.
Да, сегде. На пример, во САД имаш регистрирана сестра што задолжително е да има високо образование и нејзината работа е многу поопсежна, прегледува пациенти и одредува терапија. Постои и сестра, која работи баш сестрински работи - негата на пациент. После е болничар, итн.
Амбиција може да биде и некој што со години вежбал и учел за фитнесот и спортот да сонува да отвори своја теретана. И да успее во тоа со многу задолжувања, ама на крај да вреди. Или нема факултет за ова, па не е амбициозен?
Па да, те цитирав со прашања кои ги поставив на лична основа за нешто кое ти самата го побара, и најпрво те прашав дали си ЗА, со опција ако не сакаш, можеш и да не одговориш нели. Не со покана да се испукаш прва за мене некакви придавки без да ме прочиташ, само врз база на поставени прашања, кои притоа не се основа за да можеш да кажеш дека генерелизираат, или било што за мојот карактер, особено кога веќе се лични кон тебе. Нема логика, така? Гледаш? Контрадикторност? рајт бек ет ју, нај нај најискрено. И место да се истрчаш со што се' си направавила, требаше да пишаш каков резултат имало тоа што си го направила за тебе на долги стази, за да се "види" тоа нависитина по принцип. Инаку нема поента, освен зборовите се погласни од делата. Си била, си видела, но што си зела со тебе... тоа ако сакаше требаше да го пишаш. Јас сум таа што донесувам заклучоци кој каков е за мене, каде и да сум, во реален или виртуелен свет, и врз база на тој впечаток процедирам. И да, истото важи и за мене, затоа имаше и таков коментар од моја страна. Ама веќе го кажав тоа...да? Јеп. Ол хај енд маити по мерка. Нема зошто да продолжиме понатаму со офф топици кога натаму отидоа мислењата, место во дискусија достојна на *интелигентни (будуќи) интелектуалци со диплома*. Не мислиш ти така? Како што рече, секое тенџере со своето капаче... што притоа не е многу интелектуално, а повеќе народски говорено, бат ден аген...
Па ова е истото што јас го кажав. Дека ако сакаш да напредуваш факултетот ќе ти ги отвори некои врати што средното образование нема да ти ги отвори. Значи битен е за понатамошен развој и напредок. @CameliaMiller , од каде јас да знам дали чистачката твоја е амбициозна и сака цел живот да го помине како чистачка или сака да напредува, па и да смени професија? Може си е задоволна како чистачка и тоа не ја прави ништо подоле од тебе или докторот. Но, исто така не можеш да кажеш дека истата има исти амбиции како тебе или докторот. @SummerGirl , не ги сметам за неамбициозни. Како што кажав уште во првиот пост дека личноста која е амбициозна ќе сака да напредува во својата струка. Но, најчесто за напредок треба да се напредува и на образовен план, оти инаку ќе се достигне лимит до кој може да биде тој напредок. Амбициозноста е амбивалентен поим и за секого е различна, лична и индивидуална. Некој е повеќе амбициозен, некој помалку. Затоа е нехумано да говориме или ги напаѓаме личните преференци на одредени членови овде кои ете сакаат да имаат партнер со слични или одредени амбиции. Исто така е нехумано да го деградираме факултетот знаејќи дека образованието колку сакаме да признаеме или не, е битен сегмент за напредок во кариерата, ако не и клучен и без него нашите избори се лимитирани.
Ко че ми се зафилмате со розевите наочари и дека факултетот отвора железни врати да, ама реткост. Ако имаш факултет. - Преквалификуван си или не те пријавуваат со факултет. ( Јас сум со диплома, се случи да ме пријават со основно, за да не даваат повисока плата, сметам и на други им се има случено) Ако немаш факултет. - Епа друже/батка, немаш факултет, сакаме да ти дадеме повисок плата, но немаш. Хипокрити, врие.
Битен е за понатамошен развој и напредок во струката. На таа медицинска сестра на пример дипломата да и е од ФДУ што ќе и допринесе тоа во струката што ја работи, ништо посебно. Сепак не е секогаш се до дипломата. Не сакам да се осети омаловажен ни оној без диплома, ни оној со диплома по било кој основ. Во нашево општество такво какво е дека дипломата е влез во врати кои можат да те одведат до некои патеки е. Па затоа и потребата од стекнување на таа диплома на секакви други начини освен со личен труд и загреано столче. Ама ова е многу друга тема, обемна за дискусија, сепак на оваа тема останувам на ставот и мислењето дека дипломата не ми менува многу во изборот на партнер. Друго е поважно да има од диплома. А и стекнувањето диплома не е ограничено од годините, со воља, време и доволно средства може секогаш да се стекне таа фамозна диплома, поштено и со труд.
Ова не треба да изненадува....За какви ситници се потребни контакти то е чудо. Мене за една работа шо мораа т.е. имаа обврска да ми ја завршат, првично ми рекоа до година треба да чекам, па ко добија повик ми ја завршија за две недели, шо останува за покрупни нешта шо ти се од поголем интерес....Кога ли ќе се свестат овие што уште спијат. Постоеле врски, ама не биле детерминирачки....оди бе таму....
Уште ова че дополнам како менталитет на рајата наша ко че ти спомна "Ако немаш чоек, џабе ти е", " Кој чоек че ти сврши работа?" итн.. Пред неколку години бев пријавен за полицаец, и тоа спремен најфизички што можи, одам таму правам вежби итн... и откако завршив си идам во мојот град ми викаат се џабе ти е итн, ако немаш пари или врски. И секако не ме повикаа, а беспрекорно ги направив вежбите и уште повеќе ми е криво што не можам да изнајдам рационално образложение, наместо да си речам "Еј можеби имаше појаки од мене... затоа можеби нив ги избраа, место мене", туку ми е криво што најзакочените ги примија, барем од мојот град.
Ми се плаче од темава. Овие шо се акаат од земја дека не би биле со некој со факултет бетер размислуваат од некој со основно. Омг. Ако барате некој со факултет поарно барајте некој со завршен во Словенија, Бугарија итн. Тука факултетите се крш. Во превод, испод ваше нивоУ. И пример сте со некој easy going, ваш тип, со супер хумор и кога ви каже дека е само со средно машински што правите? На лице место бегате?