Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Многу е интересно што кога луѓе овде ќе пишат дека сакаат дечко со факултет, истото го припишувате како комплекс, а истовремено скокате во дефанзива и се наоѓате навредени од истото, тотално неповикани. Така да, комплекси постојат во темата, само не се на тие што искажуваат преференца за одредена карактеристика кај партнер.

    Да беше темата за сексуална ориентација на пример, ќе се рчкавте за права и слободи, дека и тоа е преференца, ама не дај боже некој да пише дека преферира партнер со факултет, па како смееме да ги деградираме луѓето без факултет цц.
    Мене ми се плаче од вашата потреба да се мешате во туѓи лични избори и хипокритско однесување, само за да си ги оправдате вашите лични избори во животот кои на никој тука не го интересираат.
     
    На Annora, Stache, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Секој има право да бара партнер каков што сака. (y)

    Јас живеам со него, јас одбрав со каков човек сакам да живеам.

    Вие (ќе)живеете со него/нејзе, вие одбирате со каков човек сакате да живеете.
     
    На Biljarkata и Unicornus им се допаѓа ова.
  3. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Навистина не ми е битно дали ќе има факултет или не. Интелегенцијата на човек воопшто не ја пронаоѓам во тоа. Не мислам дека тие со факултет имаат повеќе можности туку тие што се упорни и снаодливи. Пред се би избрала карактерот да ни се совпаѓа.
     
    На cresa-jagoda, felisitas, minne992 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Аман бре, дај сега не глуми жртвичка. Неповикани, како не, нели сакаше "oпсежна студија"? Јас дадов иницијатива за една, оти знаеш побарувачката и понудата одат рака под рака. Ако бараш нешто, нема да е лошо да можеш и да го понудиш истото, не да цъцкаш тука. Според мислењата може да се види што и како. Фијаското од СДК пред некое време околу високото образование уште си стои во темата, истото незадоволство го искажуваш повторно, и пак на скроз погрешен начин. И место да мешаш баби и жаби во обид да излезеш не сфатена, можеш да изложиш фактори зошто ти сметаш дека некој со диплома е поинтелигентен од некој без диплома и да завршиш.
    Вака, да, изгледаш како да си полна фрустрации.

    И никој не ти се меша ви никаков избор, ова е форум. Надвор продолжува твојот живот, со твоите избори. А ако толку лесно паѓаш под влијание на нешта кои ти се случуваат тука, уел, тогаш проблемот е твој, не на/во другите членови.

    Сега, ако сакаш да продолжиш на темата- во ред, но престани со оправдувањата плс.
     
    На Mantub, deskarada, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Хахахах еве си продолжуваш да ме цитираш и да се расправаш со мене иако ти си таа што кажа да не ја полниме темата со оф-топици и да продолжиме со муабет што доликува на интелигентни битија. Епа драга, жал ми е што и сама не знаеш што сакаш.
    Мене воопшто не ме интересира мислење на рандом лик на форум, особено таков лик ко тебе на кој што и да му реплицирам, повторно како расипана плоча ќе го врти истиот празен и неаргументиран муабет и некои си лични фрустрации преточени во егоистични испади.
    Ако ја пратиш ситуацијава што се дешава кај нас и во светот, ќе заклучиш колку е само доброто образование неопходно во секојдневниот живот, да не ни зборам во време на пандемија. Ако како нација бевме малку по образовани и притоа задолжителното средно беше навистина задолжително (а не да се гледа преку прсти на незнаењето, па ајде ќе си земе секој диплома), одамна немаше да бидеме во ваква ситуација да огромен процент од населението не верува воопшто во вирусот а верува во секакви теории на заговор.

    Мислам дека самиот факт што мислиш дека студија се прави на форум со мислење од еден член, кажува доста за твојата компетентност во спроведувањето на истата, ама нели кога веќе ти ги побив сите аргументи се најде во тесно па егото мораш некако да си го кренеш, иако за жал доста неуспешно со вакви ниски коментари :lol:
    Ако ме читаше, неколку пати пишав дека дипломата по дифолт не значи висока интелигенција, има премногу исклучоци како и за се друго, јас само кажав дека МЕНЕ ми е битно дечкото да ги има и двете и образложив зошто, ама еве ми пишуваш некои реплики и ми поставуваш прашања колку да си го кренеш егото заради некои свои лични тажни причини.

    Тоа што ме следиш активно и се замараш да ме цитираш скроз неповикана, после мојот игнор на твоето претходно мислење, кажува многу драга, така да уживкај си и слободно прескокни го моето мислење, кое нели воопшто не треба да те засега :*
     
    На FVP и Snow-Star им се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Јеп, скроз у криво си. :* бек ет ју.
     
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    55.444
    Пол:
    Женски
    Колку е деградирачка темава...

    Не можиме сите да бидиме правници, доктори, економисти, инжинери, архитекти нели? Некој мора да работи и некаков занает или друга работа што не ги вклучува овие врвните професии. И замислете тие луѓе не се помалку вредни од овие првите.

    Дм е со тригодишно средно и работи како автомеханичар додека јас сум при завршување на факултет и планирам уште да се надоградувам. Колку што сум видела амбиција и желба за работа кај дм немало толку кај некои "факултетски образовани". Плус, ептен го бива тоа што го работи.
    Јас му се восхитувам него што знаел што сака да е во животот толку млад, бидејќи јас пред да се запишувам средно појма немав што сакам, дури и сега се прашувам дали ова е навистина она што го сакам. Уште не сум сигурна дали сум "пронајдена".

    И со него можам да дебатирам на различни теми за наука и слично, дури и за она што јас го учам и не ми е испод ниво да знам повеќе од него. Сум слушнала работи од него што не сум ги знаела. Ко ќе ми кажува нешто за работава што ја работи мене ми изгледа ко за квантна физика да зборува и како теле во шарена врата го гледам. :D Па пак еве сме среќни заедно.

    Од кај знаете на пример дали продавачката во маркет или чистачот во некоја фирма не се интересира и не се образува неформално за нешто што го интересира во своето слободно време? Не сме лимитирани од професијата, од само таа една работа. Мене како некој што студира економија многу ме интересираат и природни науки, музика, уметност и друго.

    Ако не сте биле луѓе претходно факултетот нема да ве направи. Што ако има некој факултет ако мрази животни, ја загадува природата, ги третира луѓето како ѓубре и слично? Да бидите луѓе нема да ве научи ниеден факултет. Ако не ги гледате со иста почит извршниот директор и чистачот, џабе ви се и 5 факултети.

    Муабетот ми е, треба да се трудиш да видиш во некоја личност повеќе од нивото на формално образование, и да не ја судиш книгата според корицата. :)
     
    На cresa-jagoda, felisitas, Someonespecial и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.248
    Пол:
    Женски
    Колку треба да си несигурен во своето знаење и квалитети, секоја негативна критика за образовниот систем или за одредени академски граѓани да ја сфатиш како девалвирање на твојата диплома и вложениот труд шо го тврдиш? До колку треба да си несигурен во себе за да се идентификуваш стриктно со групата, и најмал сомнеж дека во одредени ситуации немаш предност над некој што не припаѓа на таа група, да те вознемири?

    Шо е сега следно, и оние професори кои бараат поткуп и уценуваат студенти за секс ќе треба да ги хвалоспеваме зш се еминентни школувани персони???

    Поарно сто пати со некој без диплома, отколку покрај таков монструм да завршиш.

    Диплома-сексуалците се тие кои се мешаа каде што не им е местото во темата.
    Јас пред неколку страници ги опишав моите преференци, нит некој цитирав нит бев заинтересирана за дебати, а тие ме нападнаа како било можно некој да не се заљубува во нивните секси дипломи, понатака преку клевети се трудеа да бидам инволвирана во понатамошна дискусија,иако кажав тоа што имав НА ТЕМА без да ме засега никој од нив а тоа е: мене кога ми фаќа некој око, безначајна ми е неговата диплома. Во врска побитни ми се список на нешта пред дипломата. Дипломата на многумина им носи подобра живеачка, ОК, ама мене лично туѓа диплома не ми значи освен ако не сум работодавачот. Ми нема ама ништо атрактивно во дипломата, не верувам дека дипломата направила некој попосакуван во моите очи. На факултет на 20 години нит доблестите и моралот се попримаат, нит е клиника за пластична хирургија каде што физички се калапат луѓето по вкус.
    Ете јас мислам дека да имаш јаки врски во животот е најдоходовното, во спротивно и со факултет си современ роб. Пример корона кризата, и факултетски образовани луѓе загубија работа и сега се нервираат!

    Како мразам некој да ми соли памет за нешто кое самата подобро и подолго го имам контемплирано....:):)
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Баш така.
    Работев како продавачка, пф.. скоро 10 години.

    Тој што сака да научи нешто ново, има начин како и каде.
    Посебно денес со интернетот... ехее...
     
    На cresa-jagoda, felisitas, elenaxbbg и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Се си е тоа супер, штом си ти среќна, нема зошто да ти влијае мислењето на некој друг. Ама како што јас го почитувам твоето мислење, очекувам и ти да го почитуваш моето. Мене и другите членки со сличен став нè нападнавте како сме површни, па дискриминираме, деградираме, не сме биле луѓе...
    Тоа што сакам дечко со диплома не значи дека тоа ми е единствен критериум, баш напротив. Имам многу критериуми, некои и ги набројав претходно. И иако "потрагата" по партнер со овие критериуми знае да е pain in the ass, сепак имав среќа да пронајдам таква личност која ги задоволува сите :)
    Тоа е и поентата, секој да си најде некој што му одговара и некој што го прави среќен и исполнет. Сите сме различни и сакаме различни работи во животот, не сфаќам зошто имате потреба да осудувате некого за свој личен избор кој никако не ве афектира вас и вашиот живот.
     
    На Biljarkata и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    55.444
    Пол:
    Женски
    Никако не осудувам, секој има право на свој избор.
    Само некои коментари наназад звучеа како за да е некој интелектуалец и човек вреден за почит (и за да си во среќна врска со него) треба да има факултет завршено. Мислам дека е многу побитно како некој се однесува со другите луѓе и каков човек е генерално отколку нивото на формално образование (формално, бидејќи можиш и сам да се образуваш за работи кои те интересираат). Верувам дека тоа им беше поентата и на другите членки, не да ве „нападнат“.
    Јас сум личност што се „пали“ на интелектуалци и паметни луѓе, на подвижни енциклопедии и сл. Само не мислам дека за тоа секогаш е потребен и битен факултет, и прво што забележувам е општиот однос на таа личност кон другите и колку има отворен ум. :)
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Ова(y)
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.422
    Пол:
    Женски
    Ептен ја тупете ама ај.

    Сите мои партнери биле без факултет а јас сум факултетски образована, па што?

    Што ако ја има дипломата а благе везе нема од она што го учи(л) ?
    Што ако не ме почитува?
    Ама битно диплома имал нели?
    Кој ти гарантира дека оној со диплома ќе биде баш тој тој д риал уан а не некој со средно?

    Многу што ги познавам ради реда се запишале, да ги прашаш што учат, нема да знаат да ти кажат.
    Денес и труло и сакато завршува факс, кој со врски кој со влечење, некои го работат тоа што го учеле, а некои сосема трета работа што не е поврзано со она што го учел.

    Ако мој партнер сакал да оди на факултет или го прекинал поради икс причини и ме праша за совет, ќе му дадам мое гледање на работите и секоја негова одлука ќе ја подржувам.

    Понекогаш многу сте смешни што ги исмејувате и ги гледате од високо оние што немаат безвредно парче хартија.
    Пошто да, безвредно е, посебно во Мкд.

    Ама нека ви биде, пошто нели ние со високо образование мочаме кока кола.
     
    На cresa-jagoda, Stark, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Темава не е за џа или бу.
    Има многу што е измеѓу.
     
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    12.525
    Пол:
    Женски
    Како можете така да кажете немале факултет ама биле успешни имале фирми.
    Фирмата дефинира ли колку некој е успешен?
    И јас да земам од баба ми нивите да ги продадам да отворам фирма ќе бидам успешна така?
    Значи има луѓе што се трудат и имаат фирми отворено со нивен труд и секоја почит за нив но овие што се прават газди во Скопје а пред тоа продале 10 ниви во Богданци за да купат стан и дуќан во Скопје не ми се репер за тоа колку некој е успешен.
     
  16. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Успешноста секој различно ја дефинира. За мене лично воопшто не ми претставува успех да имаш фирма.
    Не ми претставува ни успех да имаш дечко со диплома. За мене лично успех е да имаш човечен партнер и да функционираш успешно, заеднички со него.
     
    На cresa-jagoda, Stark, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Ама ја тупите :) Jасно е дека треба да биде човек пред се, но не е тоа темата. Темата е со диплома или без неа и општо колку е таа битна. Не знам зошто упорно мешате човечност, почит, љубов, кога за сосема друго се зборува. Ако некој сака да има партнер со диплома, не значи дека тоа го сака по секоја цена и дека ги исклучува сите останати преференции. Секако дека првенствено ќе бара човек кој ќе му одговара карактерно.
     
    На Alisa22, Briar Rose, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  18. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто постои темава, и дали сè уште постојат луѓе кои би се откажале од партнерот поради таа диплома :drunk:
     
    На cresa-jagoda, deskarada, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Факултетот е супер работа во животот, но смешно е како некои, кои имаат завршено факултет, сметаат дека со тоа добиваат (или нивниот дечко/девојка) некој повисок социјален статус во општеството.

    Свртете се околу себе и видете колку од тие со дипломи работат по струка и колку добро ја вршат работата.

    Свртете се околу себе и видете колку од тие со дипломи се нешто поразлични во животните навики, начинот на изразување, спектар на знаење, интереси во животот.

    Јас имам диплома, но секојдневно комуницирам со девојки и машки, кои имаат факултети, а се жив просек во секој аспект од животот. Од друга страна, познавам луѓе без факултети, а постигнуваат многу во животот. Еве конкретно. Мој пријател има само средно. Едвај го заврши. Сега работи три работи. Во фирма и приватно дома. Млати пари. Нова куќа прави. Нов автомобил. Вреден е. Позитивен лик. Зошто некоја девојка од старт би го одбила, само затоа што е со средно, а на пример со него би живеела комотен и пријатен живот?
     
    На black-angel, tinka-mace, Аргентина * и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.316
    Пол:
    Женски
    @Abracadaver да еве и ја упознав еден таков лик пред 2.5год.
    Млад, едвај 19г, средно завршил ради реда. Иначе неговите фамилија мајка докторка многу успешна, татко му со фирма негова, единец.
    Дечково на 19 ја наследува и си ужива у парите на неговите, кола, јахта приватна се и сешто, шо немаше ама не студираше и не ни имаше таква намера. На фирмата газда ама други му ја водеа, само си чилаше.
    Океј беше, фин да.
    Ептен беше затрескан у мене. Зборевме некое време, имаме и на кафе отидено.
    Не ме импресионираше неговиот речник и слично. Сосема спротива од мене беше.
    Го прашав баш, еден ден ако му пропадне фирмата шо планира да праи со средно гимназија. А се е можно, нема друга струка, може денес да си на врвот, утре да не си.
    Му било гајле, неговите му оставиле станови и чуда, ќе си живеел од тоа.
    Работеле моите и за мене, немам потреба ја да се замарам.
    На прво кафе си увидов дека не е за мене. Немаше амбиции, немавме исти ставови според мене... Толку беше.

    Тој период бев сингл и имав слобода со повеќе дечки да праам муабет и да се упознаам. Ете и дм го упознав тогаш. Скромен, без фирми и чуда, неговите обични луѓе што вредно и чесно си работат и нема да му остават ни палати, ни куќи.
    Дечко ми студент, со богат речник, што сака наука, со желба да си работи и да не чека од неговите. Дури и да остане без работа од едно место, здравје боже дипломата за машински инженер никој нема да му ја земе. Секако дека го одбрав него.
    Ме привлече неговата интелигенција и амбициозност.

    Сум се дејтала и со друг што беше со средно стручно и без факс. За него книги биле глупости, учење било глупост, платата од 18000 супер била и не му требало повеќе. Немало да се купува ништо, ја помалку ќе сум трошела (според него многу сум трошела на дотерување као) и ќе ни биле таман парите. Сум си имала и ја средно убаво, зошто сум сакала да студирам толку долго и да си губам време (тогаш уште бев средно и само споделив план кај ќе продолжам со животот т.е како планирам).
    Му реков адиос секако. Таква неамбициозност, не фала...

    Досегашните примери мене ми покажале дека дечко без факултет не ми одговара толку на мојот личен карактер и интереси за жал. Не знам дали така ми се погодило, но ете...
     
    На cresa-jagoda, piksooki, Moon.Girl и 6 други им се допаѓа ова.