1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    31.187
    А ако има факултет и работи келнер, шанкер?
    Тоа се прифаќа или не? Или со факултет и мора по струка да работи? Не ми е јасно со барањава :?:

    Да потенцирам само, не потценувам работна позиција, само пишав келнер, оти повеќе од пола шо завршиле факс работат како келнери/ки или женски по бутици во нашата прекрасна држава, оти не сите имаат вујко владика, или длабоки корени партиски.
     
    На cresa-jagoda, black-angel, piksooki и 8 други им се допаѓа ова.
  2. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    И со факултет еве нека работи по струка, еве и нека работи нешто друго, не по струка. И со средно само што сака нека работи, ако нема амбиција, добродушност во себе џабе е се и нормално ако сте на различни фреквенции не се разбирате и претседател на држава нека е џабе.
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Па ќе работи привремено ако нема работа пример зошто да не, работа е работа.
    Ама дипломата секогаш ќе си ја има, никој не му ја зема и во меѓувреме ќе бара на други места работа, ќе праќа cv, ќе оди на интервјуа, некаде може ќе успее да се вработи.
    Зошто да не си има диплома, само плус може да ти е во животот, не е минус у никој случај.
     
    На Moon.Girl, Annora, BlackMistery и 3 други им се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    39.963
    Пол:
    Женски
    Келнер со диплома ќе биде. :D Може ондак ќе го одбере, пошо нели д и п л о м а.|(

    Почитувам некој што решил да биде келнер, затоа што не успеал да се снајде на струката.
    Пак ќе речам, не сме го фатиле Господ за јајца ние со диплома.

    Цело време сте диплома па диплома, имај 2 факултети ако сакаш ако немаш 2 грама мозок у тиквата.
    Премногу се преценувате, премногу.
    Не знаете утре на чија врата ќе тропнете.

    Да бев јас без диплома а некој друг што ме потценувал зошто имал диплома и да ми тропне врата нема да му помогнам, ќе му кажев сам да се снаоѓа зошто нели попаметен е од мене со парче хартија у рака.


    @Dream-Girl не секој со диплома ја има среќата да работи по струка.
    Можам да кажам многу примери кои и по многу години немале среќа да се вработат со тоа што завршиле.

    Електричари работат на пазар, лаборанти во бутик за просечна плата а поминале многу години откако завршиле.

    Знам една жена 50 години е, има завршено Биологија, и ден денес не може да се вработи.

    Исто така знам и такви кои без факултет основале фирми па успеале на пазарот, повеќе од оние со диплома.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, black-angel и 9 други им се допаѓа ова.
  5. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    31.187
    Колку сакаш праќај cv и оди на интерјуа ако не си в партија или некој пријател не те препорача.
    Тоа шо го пиша е така да, ама ако ставиме розови очила и заборавиме во каква држава живееме.
    Во Мк сме не во Германија.
    И докторат заврши тука, поголема е можноста да работиш в маркет отколку по струка. А некој со средно ќе биди в канцеларија, бидејќи вујко,чичко му бил тој и тој.
     
    На cresa-jagoda, black-angel, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    И мајка ми со биологија не работи ете. Може па за неа збориш, па баш 50 е и се знаете :$. :D Пишував баш некоја страна уназад си работи со средно стручно. :)
    Ама никогаш не прекина да праќа огласи за работа поврзана со нејзиниот факс.
    Таа диплома никогаш нема да ја изгуби. Плус целиот процес на студирање што го поминала, големо животно искуство е.
    Зошто да го немаш поминато. Не е лошо.
    И покрај тоа што не работи со факс никогаш не ми рекла ќерко не студирај, џабе ќе студираш.

    Се што правиме за самите нас може само да е плус.
    Не е до дипломата само, сепак нуди некаква сигурност и повеќе опции во животот. И самиот процес на образование е битен според мене.

    @deskarada па не секогаш.
    Има струки кои ептен се бараат, познавам многу без врски што си работат со факсот.
    Може и да си фриленсер крај краева.
    Секогаш има опции.
    Знаењето и дипломата секогаш ќе ти останат. Дали си тука или надвор од тука, дипломата си е твоја.
    Никогаш не се знае кога ќе ти отвори врати у животот. :)
     
    На Moon.Girl, Annora, BlackMistery и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    39.963
    Пол:
    Женски
    Немав поим за мајка ти ама ете искрено се надевам ќе најде по нејзината струка.
    Ако немаш врски, џабе ти е, а тоа за диплома ок е, искуство, ама има некои кои заради реда се запишале на факс.
    Што правиме ако тој утре што нема поим од она што го завршил ти ја земе работата а ти дупло попаметна од него работиш нешто сосема друго?
    Факт е дека дипломата во Мкд ја изгуби вредноста, одамна.
     
    На cresa-jagoda и black-angel им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Ако не тука, ќе те ценат во странство. Не знам, според мене секогаш има опции и избор. Верувам во упорност, знаење и амбиции.
    Барем сакам да верувам. :)
     
    На BlackMistery, Billy Idol и bicycle им се допаѓа ова.
  9. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ги напаѓате тие што сакаат дечко со факултет. Еве @Dream-Girl убаво даде примери од дејтови со различни момчиња. Во нејзиниов случај тие што не биле со факс се покажале како неамбициозни, мрзи што ќе живеат од платата на родителите или од нивната фирма, не сакаат учење и се задоволуваат со малку. Додека таа е сосема различна од нив и својата сличност ја пронашла во дечко и' кој ете студира. Да не студираше тој, можеби ќе беше различно нејзиното мислење. Но она што е важно е тоа што таа не бара само диплома, туку и други карактерни работи за кои се има изјаснато.
    Извини што те зедов тебе за пример Дримке, ама направија од темава како да сите што сакаат дечко со диплома ќе се со него само поради дипломата. А убаво се изјаснивте дека поважен ви е карактерот. Сигурна сум дека пак би го одбрала дечко ти доколку тој поради х причини не студираше.
     
    На cresa-jagoda, Annora, Beemo и 4 други им се допаѓа ова.
  10. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Сега е модерно заради вакви муабети диплома да има, завршува средно со партија се пика во државна институција, запишува факултет вонредно, да изминат годините и ете ти дечко со диплома. Бар знам за вакви примери што ја добиваат дипломата на тацна, а и ете снајдени и стабилни на државно вработени.
    Тоа значи дека тие имаат предност со дипломата пред некој со средно што си работи некој занает?:?:
     
    На WildMk и tinka-mace им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Токму таа ми беше поентата. :)
     
    На BlackMistery, Billy Idol и f.girl им се допаѓа ова.
  12. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    31.187
    @Dream-Girl само за жал тука дипломата не е секогаш знаење. :)
     
    На cresa-jagoda, WildMk, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се приметуваат ликови кои 2 и 2 не знаат во животот, а имаат диплома и книга не прочитале, секако дека такви само ради диплома нема да се одберат за партнер, бар јас за мене кажувам. Еден разговор е доволен за да видиш колку е саат.
     
    На cresa-jagoda, Moon.Girl, Annora и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Eпа не барајте услуги од тие без диплома. Нели појма немале во животот. Ако тебе дипломата ти значи памет и снаоѓање, знаеш и сам да поправиш по дома или колата да си ја поправиш. Зашто нели, знаеш да се снајдеш.
    Или сепак не?:)

    Поназад дадов пример за фитнес тренери. Тоа не се станува со диплома. Има сертификат да, ама треба години тренинг и учење за фитнесот и бодибилдингот за да го добиеш. И не ти требаат 10ки на факс, едноставно се гледа дали си успеал или не.

    А познавам неколку кои си имаат настрана друга струка завршено ама сепак се успешни во фитнесот.

    Утре ако здравје бидам лаборант при било која област, џабе ќе е моето знаење и умешност ако немам соодветни машини, бои, хемикалии, секакви материјали и лабораториски садови кои некој друг ги изработил. Може имал диплома тој, може не. Ама дека можеш сам нешто да направиш САМО со своето знаење, не.
     
    Последна измена: 23 јуни 2020
    На cresa-jagoda, candy.cane, black-angel и 2 други им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    39.963
    Пол:
    Женски
    Има и такви кои се амбициозни и немаат пари и услови да студираат а се паметни, не значи дека се мрзи а може се попаметни од некои со диплома.

    Ама вие си знаете, големи сте.
     
    На candy.cane, black-angel, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Тука многу лончиња се помешаа.

    Ако немаш факултет не значи и дека не си вреден. Од блиска околина сведок сум на многу примери каде деца со добар занает заработуваат многу повеќе отколку луѓе со факултет. Има многу дефицитарни занаети, кои се бараат на пазарот, а од друга страна со 60-70% од факултетите ќе заработуваш некој просек до 30 000 денари.

    Земете прост пример. Добри фризерки и шминкерки млатат пари од невести цел месец, а огромен дел со факултети работат во јавна администрација за 25 000- 30 000.

    Да не зборувам за плочкари, кујни што прават, фасадери и така натаму. Да, физички потешки работи се, но оди најди добар мајстор сега и да видите колку пари ќе ви бараат дневница.

    Дипломата е голем плус, но не и пресуден. Се на крајот се сведува на пргавоста, итроста, личниот талент на една индивидуа.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  17. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Да точно. Примерот ми беше со тие мрзливите од Дрим, нормално дека не правам генерализација. Тоа што сакав да го кажам е дека таа според нејзиното искуство со момчиња кажува што сака од својот партнер. Ете никој од тие што не студирале не и' се допаднал, па дури и ја омаловажувал на некој начин.
    Затоа секој овде зборува од искуство.

    Еве и јас излегов на дејт со дечко што немаше факс. Работеше, имаше свои пари, не беше некој што не знае 2 и 2, но ете кога бевме заедно сфативме дека не сме еден за друг и не продолживме. Додека јас не реков ништо за тоа што не студира, тој мене ми рече зошто да се мачиш со таков факс, јас не го сакам тоа што го учиш и сл. Кој е сега виновникот во случајов? Зошто некој да ми кажува да не се мачам доколку тоа е моја одлука.

    Е сега не сум излегла на дејт со други повозрасни од мене бидејќи се запознав со дечко ми. Секако дека повторно би излегла со други да не го запознаев него.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol, Unicornus и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Вие давате смешни, банални и лични примери. Тоа е генерализација. И, јас можам да опишам неколку дејтови со девојки, кои имале факултет, а си поминав ужас со нив. Дали тоа значи дека луѓето со факултет се ужас? На таква сум налетал. Тоа е.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, elenaxbbg и 11 други им се допаѓа ова.
  19. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Ај ако се отиде со генерализација и јас да опишам пример на колешка со диплома. Имаше диплома надвор од струка, а на работа со средно и на секој што го запознаваше од спротивен пол прв муабет и беше здраво јас сум таа и таа, дипломиран ххх. Луѓево со кои соработувавме се чудеа и потсмеваа на моменти. Не е до дипломата колку беше припроста, прости ми Боже вака што пишав. Додека колешки со средно сосем во ред, без комплекси дека немаат диплома си имаа врски, најнормално.
    Ваква осуда и генерализација ми е многу ограничувачка. Има и со диплома со кои немам допирна точка, а има и со средно кои и мене ме надминуваат и ми е мило да слушнам што ќе кажат, секој збор, алтан.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    5.587
    Пол:
    Женски
    Ни јас ни мм не сме со факултет , средно стручно и двајцата , тој среден успех , јас мн добра , па јас и работев после тоа како мед сестра со дипломата од средно , ама морав да прекинам заради детето , се може и со средно се ако се сака и да се успее во животот . Мм кога го запознав работеше обезбедување со средна ниска плата што се вика , ама др раб не поврзаа многу позначајни од тоа да гледам дал планира да оде на факс или неговата работа каква е , важно беше што тој е вреден , поштен и разбирлив и без факултет после години различни искуства сега работи и заработува добро многу потешка работа што не ти треба диплома од факултет , и се гриже за нас . Многу потценувате али сеуште сте мн млади и тек пред вас се искуствата , нажалост треба да гледате и од таа страна дека не секој има можност за факс па си става лажни изговори на старт пред друг дур се опуште , што и тоа не е за оправдување , треба секоаш искрени да сме и дипломата и амбициата да завршиш факс не те прават wow од човек , мн други раб се потребни . Нормал има секакви карактери и видови на луѓе , но на 16- 20г што сте запознале некои неможете да си врзете во крпче дека сите се такви , едноставно такви ви се погодиле а постојат уште мнооогу др видови на личности што тек ќе ги запознавате и поинаку ќе гледате , што немора да ви се дечко или девојка . Животот е пред вас и е падни стани тоа е реалноста , мораш се да искусиш , за да сватиш и делиш луѓе , а факултетот од ден у ден иде повеќе како обично парче хартија за луѓе без позадина. И јас планирам за некоа год да се запишам на факс , али од др причини за самата себе да стекнам знаење дополнително , затоа што имам желба , а не да се расфрлам со дипломата и да правам поделби , а мм ма тој и со рударско средно да беше пак срцка ќе ми е :emo:
     
    На cresa-jagoda, black-angel, ZeldaSF и 2 други им се допаѓа ова.