Тогаш се прашувам зошто вие сте се запишале на факултет,а после факултет се стремите и за постдипломски итн? Познавам и јас исклучително паметни личности без факултет, имаат и стил на изразување и фин начин на однесување, но сепак се ништо. Денес ни продавач,ка не се вработотува без факултет.
А ти другарките и луѓето со кои се дружиш ги одбираш по факултети? Тоа си е лично право и никој не треба да го деградира човекот и да го оценува според условот има или нема диплома. Јас повеќе лично ги ценам луѓето кои решиле да заработуваат, да учат занает во средно, па да си работат, него луѓето кои 10 години студираат и кои се влечат на факултети, вечни студенти, одвај со врски и со виски и 500че во индекс поминуваат испити на 15тата година од студирање. Јас ако сум решила да студирам немам право да барам друг да студира. Негов избор. Ако неќе нека си заработува. Ама ако се запише на факултет нека учи стварно. А не да забушава. Јас сакам вреден, чесен, комуникативен, со своја колкава толкава заработувачка негова си е, не се парите на мама и тато и е студент и има 29 години. Или полна глава теорија а цел ден игра игри на плејстејшн или пие кафе не Ленинова и ги врти клучевите од џипот, на тато секако.
Интелектуален капацитет без амбиција е во прашање. И не зборувам дека после наполнати 18 години мора да е упише факултетот. Може и на 22,32...Важно е амбицијата да е двигател. Додека имам 2 раце и сум способна за било каква работа, никакви финансиски проблеми нема да ме спречат да си ги остварам соништата. И не гледам на факултетот како на отскочна даска во животот, барем во Мкд не е. Гледам еден начин да се стекне ОГРОМНО животно искуство, кое има голема улога во нашето осамостојување, а и еден начин да се негуваш самиот себе. Ако покажувам интерес за некоја област, нема да си дозволам да не се образувам. И пак ќе кажам, може и сам да си го пронајдеш патот, нарочито сега, кога ни е достапна секаква литература, но факт е дека без режим каков што е факултетот, 90% од капацитетите закржлавуваат, без да признаат сами на себе дека немале доволно амбиција, упорост, дисциплина, временски, мозочен капацитет и сл. Опасна е и фрустрацијата која ги следи неостварените соништа. Далеку од тоа да сметам дека секој мора да се запише на факултет. Или па само недоволно паметните не се запишуваат. Не! Треба да си еднакво креативен да изработуваш филигран и да си архитект. За првото не ти треба факултет, ти треба љубов и трпение. А и најголемиот архитект од предходниот век, Корбизје, не се стекнал со факултетска диплома, но поседувал знаење кој сам си го стекнал. Значи- сакал! Не ми е пресуден факултетот, но не ми е занемарлив. И ми е критериум, во смисла, ми кажува за човекот дека знае што сака во животот (и не е правило, сведоци сме на дипломирани имбецили).
Росонерка, се сложувам потполно со твоите мислења. А мене темава ми се поклопува со онаа за вредноста на дипломата, која според мене е никаква. И јас да беа малку поинакви околностите немаше да учам факултет. Ама не верувам дека ќе седев со скрстени раце, дека ќе бев никој и ништо или не знам што. А дечко ми има факултет, ама со дипломата може огинче да си запалиме зимоска да се згрееме. Луѓе кои ги проценуваат другите луѓе според ова, е не знам што да кажам.
Па се запишав на факултет заради тоа што во денешно време (тоа само кај нас) ни во комуналец не те вработуваат без диплома! (така се вика) Јас лично сметам дека за тоа што сакам да го правам не ми е потребно диплома и дека можам и без неа ама тоа е тоа! во никој случај не ги потценувам луѓето што не завршиле факултет и не мислам дека се малоумни заради тоа што во денешно време да завршиш факултет е многу лесно! И многу нормално дека секој за самиот себеси си бира дали ке студира или не.. Туку баш знам еден мој бивши што никако бе не го биваше за школо такви работи ама затоа стануваше порано од мене и идеше работеше кај татко му.. многу беше вреден дечко! Цел ден натаму наваму! И многу го ценев заради тоа што си беше вреден а викаше не сум јас за школо и тоа е тоа! Ке си работам и точка.. Секако човекот не можеш да го процениш од тоа дали завршил факултет или не но сите ке се согласите дека во денешно време никој и ништо не си без факултет.. потошно кај нас!
Велите успешни луѓе со приватни бизниси, без факултет? Во Македонија од пред 2-3 години на сила има закон според кој сопственикот на дотичен приватен бизнис мора да има факултет од таа бранша. Да сакам дечко со факултет. Сакам кога ќе седнам со него да му се пожалам за испити, колоквиуми, мамурлак од студентски забави и да ме сфати за што зборувам. Сакам дечко што се одделил од фустанот на мама, сам си готвел, чистел и знаел како е да си ги штедиш парите кои ти ги пратиле од дома за да ти издржат до крајот на месецот.
Не би рекла дека секој може да заврши факултет. Тоа што многу си ја чуваат дипломата за украс не значи и дека ја добиле за пари или лепота. Исклучоци постојат секаде и за се, мегутоа зборувано генерално за толпата која се мачи низ Скопјено крај за крај секој месец да врзе и кине живци и губи здравје со книги од по плус 500 страни не би рекла дека ништо не им останало у глава од тие студии. Да не заборавиме дека сите тргаат од тоа дека факултет е средно, па пустите јазици усовршуваат и штедат сертификати да полагаат, разни нови компјутерски програми, семинари, обуки.... Епа не е ништо. Учел, трпел исфрустрирани професори, се мачел со немаштија но пред се и се градел како личност. Не велам дека оној со средно не е интелигентен, снаодлив и дека помалку вреди. Будала си е будала, дали со факултет или без, може во било која од двете категории да се сретне. Јас лично во врските кои сум ги имала на млади години 18-22 воопшто не обрнував на овие работи. Меѓутоа одкако пред се јас се изградив како личност и сватив што сакам ,при изборот на животен сопатник бев претпазлива. Значи не барав со светулка некој со факултет, моето мислење е дека таа диплома , т.с патот до добивање на таа диплома го дооформила како личност и дека комуникацијата помеѓу нас би била олесната, т.с ке имаме повеке заеднички работи. Mалку е касно за да открие топла вода и ке стане некој и нешто само оти е паметен, на жалост на денешнинава треба многу повеќе, затоа би била среќна ако го изоди истиот пат што сум го одела јас, па после како и сите други со памет у глава и диплома во џеб да си проба среќата во овој суров свет со огромна конкуренција на пазарот за работна сила. Не значи дека е правило ако некој има диплома е работлив, знае 1/2 странски јазици и има општи познавања од многу области ниту пак дека ако некој нема диплома компјутерот го користи само за фб и во листата на странски јазици му се српски, хрватски... Секој си ги бара оние позитивни исклучоци кои му одговараат него. Јас си кажав за себе, како размислував на помлада возраст и на 22 па наваму. Едит: Јас моментално го студирам мојот втор факултет и целосно го поддржувам мојот сопруг да се запише на втор. Дипломата отвара врати за добра работа а понатамошната интелектуална надоградба е клучот за напредок.
Пишав дека ги ценам оние кои завршиле занает и на време мислеле за својата иднина. Кажав и дека дечко ми е без факултет, но се надевам дека нема да остане така. Колку сакаш биди паметен, освен ако немаш преголема среќа без факултет си ништо. И стојам до тоа дека сакам луѓе кои се надоградуваат. И пак ќе кажам ако не е важна дипломата ниту една од нас не би студирала.
Јас со овој памет сега и не знам дали би студирала. На времето се упишав пошто некако природно ми дојде. Ама сега ми е фрлено време и пари. Ќе се усмерев на друг начин. Ама да ми беше овој памет. Е не е. И тоа е. А за дечко си кажав како стои работата, а за роднини, брат ми нема факултет, си работи нешто друго и сега му е сосема о.к.
Не е прашањето околу заработката, свесни сме дека дипломата не е гарант за добра плата. И можеби ине ја сфатив темава, ама мислам дека не се работи за тоа. Под факултет не подразбирам само диплома, туку насочено образование за кое ЈАС сум се одлучила и со љубов го стекнувам. Значи, случаите ’ме натераа од дома’, ’не сакав да одам во војска ’,’тато ке плати’ и сл. се посебни случаи кои искрено се надевам дека се/ќе се поретки и не врдни за дискутирање. Можеби моногу идеализирам во врска со образованиево, ама ми е многу жално да помислам дека некој се запишал на факутет(го натерале од дома), а би бил извонреден столар(само тоа не го сфатил).
да ви кажам еден пример ја имам тетка која немафакултет,а омажена за човек со факултетона цел живот го издржаваше зашо факутетлијава не му се свигало ни една работа ,он имал факултет,и на крај се разведоа зашо не му текна ни еднаш у 20 год да работи и 20 години го хранеше таа простата и неука жена
нема да коментирам многу , затоа што веке имаше една слична тема . А , доколку добро разбрав оваа тема беше **дечко со факултет **, а не кој повеке заработува или дали дипломата носи сигурна работа ...или пак во заблуда сум Јас сум за едно големо ДА за факултетот, не заради работата или парите кои ти ги "obezbeduvaat" туку заради тоа што со самиот факт дека учеле , значи дека рамислувале за својата иднина или едноставно биле спремни да се надградуваат . А примериве за **ликовите ** кои немаат завршено факултет ,а се или биле успешни се помалце или повеќе смешни затоа што доволно е да ги прочитаме нивните биографии и да ни стане јасно -зошто или како станале толку успешни . За тоа ке кажам " секоја чест на исклучоците " ама не залудно се исклучоци ...и жалосно е кога некој се поистоветува и живее во таков филм дека -некој друг немал факс па супер се снашол во животот , па зошто и он да си ја мачи душичката .
Жанина-не те цитирав за амбициите,туку за делот каде велиш дека финансиите немале врска.Велиш -никкави финансии немало да те спречат?Во ред тоа е твојот случај.Јас зборувам генерално,денес можеби е полесно ,бидејќи во секое селце има факултет,па студентот само ќе си плаќа партиципација,но не и стан ,храна,автобуски превоз-што е олеснително.Но некој нема ниту за партиципација.Нема и нема.Од каде?Знаеш колку фамилии живеат со конфекциски плати.И 200 евра партиципација му е too much А ете јас кога се запишував далечната 2004 Скопје ни беше изборот.Немаше многу студенти кои влегуваа без пари да студираат-демек првите 10-кои барем кај нас беа деца на доктори значи пак оние што имаат.Освен партиципацијата стави ги автобуската карта,станот-студентскиот,скрипти,и кафе и јадење на факултет а храна и сметки дома.Да не навлегувам повеќе,ја подржувам Росонерка во сите постови,тоа е она што сакам да го кажам и го делам мислењето нејзино 100 посто. Дефинитивно финансиите се пречка и точка.
Аххх бе... Мојот дечко нема факултет, не ни планира да запише, 25 години е, не дека нема време, не сака. Пред една недела аде отказ од моменталната работа, и од 15ти ќе биде без работа. Уште од сега гледа други можности за што би можел да работи, има некои опции, тој си знае најдобро. Мене лично, не ми е воопшто битно тоа. Како што прочитав веќе од Расонерка, Реинбоу и други се сложувам. Човек може да успее ако е доволно амбициозен и ако сака да успее, нормално ако има потенцијал во него. А мамините ќериња и синчиња секаде ги има, и ќе ги има, тие се на приватен факс, тие ќе имаат диплома, и голем број од нив, и ќе работат, во татковските фирми или кај на тато пријателите. Денес џабе е нервози, секој еден може да има диплома, квалитетот веќе е знак прашалник, за жал. Според мене, секој со својот памет, за други прекинав одамна да гледам и да се нервирам откако ми стана јасно како функционира светот воопшто.
немам право да кажувам како би гледала денес да немам дечко, но кога бев без дечко и во средно и тоа како ми беше важно дечкото да има факултет, и наидов да неодобрување и омрза од другарките дури се сеќавам дека и еден од нивнните таковци се вмеша во разговорот но за среќа тој беше на моја страна. да за мене е битно и незнам колку би почнала сериозна о врска со некој без факултет. сепак тоа ти е отскочна даска во животот и колку и да биде некој глуп сепак факултет си е факултет барем искусил студенски живот. на пример чуството на страв и вознемиреност пред испит не се доживува на друг начин(тоа се чуства што не си знаел дека ги имаш) а исто и мн други работи кои сметам дека оние без факултет не секогаш би ги разбрале. јас така размислувам и тоа е мој став од мои 15 години . а за примања и интелегенција не навлегувам тоа си е според човек како што има интелегентни без факулет така има и глупави со докторати.
Мојата животна сторија... Пред 10 год. дечко ми (сегашен мм) беше на факултет. Умира татко му и стицај околности повеќе од јасно е дека ќе треба да работи. Мајка му со една професорска плата, сестра на факс, долгови до гуша. Се отвори убава работа за убави парички и почнува да работи. На почетокот пробуваше да прави некоја комбинација од факс и работа ама виде дека не бива и после 2 год. се откажа. Му умреа сите желби и амбиции ама битно му беше да носи дома пари да прехранува семејство. Најде и др. работа надвор од Мк. за уште поголеми пари и тоа траеше додека траеше. Јас знаев дека на сето тоа кога тогаш ќе му дојде крај и што тогаш. Меѓувреме се сменија 100 закони, прописи, лиценци.... и го натерав да отиде на факс после 10 год. да види што и како е работа таму, па после ќе калкулираме (меѓувреме си добивме бебе ). Од 5-6 испита биднаа 15-16. Му реков оди еден семестар да видиш како ќе се вклопиш, ми беше потребно само време да си купам за да го убедам да заврши и да му ги вратам амбициите, да зацрта некоја цел во животот што и како ќе прави со себе. Знаев дека не грешам, бидејќи неговата струка е таква која без диплома не прави ништо. Бидна магистар. Значи, денес дипломата е повеќе сатисфакција и лично задоволство ама убаво е да ја имаш. Незнаеш кога ќе ти затреба и кога ќе можеш да ја уновчиш. Дека денес нешто повеќе се цени за разлика од тоа ако ја немаш, зависи што работиш и во каква фирма работиш, ама пак знаеш да се цениш. Не дека нешто повеќе си од оној што ја нема а супер заработува и прехранува семејство, и ти тоа ќе го правиш, и кога највеќе ќе ти треба, ќе ја немаш.
Ги разбирам тие што не сакаат да бидат со некој што е на пониско образовно ниво од нив, сакаат дечко со факултет а со оглед на тоа што денес скоро секој е на факултет, барањата и не им се баш големи нели. Ама постовите во кои пишувате дека сакате дечко што завршил факултет за да можете да разговарате за испити, колоквиуми и студентски забави т.е. за да имате заеднички теми ми се многу смешни, без навреда. Вие освен за факултет за друго не знаете да правите муабет? А еве ако девојката е на еконмски а дечкото на електро е тука баш ме интересира кои се заедничките теми на разговор?
Зависи поради кои причини не е на факултет? Нема пари, не сака? Или одвај завршил средна школа со 2, и е затуцан и мрза? За првово, оправдувам. Дечкото е фин, супер е, ама нема услови за школување или не сака, сака да се вработи одма поради Х причини. Но никогаш не сум погледнала некој кој одвај завршил средна школа, со двојки, бељаџија, нема манири, ниту општа култура, и не знае ни да чита.