Ако за тебе е банално некој да те потценува и деградира во ред, немој да зборуваш во наше име. Ќе напишам по стотти пат. НИКОЈ не рече дека луѓето без факс се прости, или не знам какви. Кажав конкретен пример, што не значи дека сите се исти. Го запознав дечко ми и толку, немав потреба да одам на дејт со други, бидејќи го пронајдов тој што се поклопува со мене карактерно. И да немаше факс пак ќе го изберев него, не одев на дејтови само со луѓе со диплома. Знам дека сега секој може да добие диплома и тоа не ми е никакво мерило. Не знам кај прочита дека сите ги ставам во ист ќош
Едно ме интересира....Запознавате дечко со кој имате многу заеднички работи. Супер ви е со него. Ве гледа како капка вода на дланка. Вреден е. Трудољубив. Ама нема диплома. Дали заради тоа би го откачиле?
Ај и да се надоврзам на тема диплома кога се разврзаа муабетите. На која диплома и давате повеќе тежина кога веќе мора дечкото да ја има? На факултети каде што испитите им се во пишана форма и каде што меѓу студентите се вртат дадени прашања така наречени комбинации? Најредовно прашање е имате комбинации од испиотов? И излегуваат од испит и ти викаат ми се погодија прашањата, је рајт. Друго и не е се до студентите кривица кога има професори кои децении исти испитни прашања даваат во пишана форма од што ги мрзи да искуцаат други и најбитно да ги имаат точните одговори на другиве, нови прашања. Вака тој е тестот тие се одговорите, кој си е поизверзиран во овие работи само да има од кај комбинации да набави поточно од кого и да не се замери со некој професор и оп ете ти ја дипломата во рака. Епа повеќе ќе вреднувам поштен дечко со средно кој работи и заработува како знае и умее, а нема во раце диплома стекната со пратија, врски ли, комбинации и што годе таму.
Порано на темава поинаку размислував. Пораснав, видов не вреди. Сѐ ќе си бира чоек спроти себе. Инаку ќе бидеш користен за лечење комплекси. Со факултет ќе биде, ама не кајшо проаѓа мито туку кајшо треба загреано столче. И убав и паметен и пари и школо. Или ништо. Оти од шо правевме компромиси си патиме и опоравуваме од набиени комплекси.
Различно и индивидуално е кој со што и со колку е задоволен во животот. Првиот што си го сретнала било некое разгалено дете без амбиција.а вториов ете и со 18.000 би бил задоволен што пак да речам е индивидуално... , Имам екс дечко што исто е со средно немаште факултет само курс за мрежен инженеринг на Александрија академијата. Работеше Скопје како Систем инженер,4 години. Во 2016 доби понуда за работа од Микрософт и замина да живее во Даблин,послем работеше за ирската берза исто на добра позиција.и еве веќе 4год живее таму,и многу добро се снајде. Така да не знам зошто се меша амбиција со образование!!!
Таков курс ти е 1500-2000 евра и не е лесно да се земе Cisco сертификат за мрежен инженер. Потежок е од секој испит на факултет. Интернационално е признает исто така и затоа нашол работа во Даблин. Да го немал, а да бил самоук, немало да го примат, оти на истата позиција ќе имале предност тие со диплома/сертификат. Уствари да го немал немало ни кај нас да го примат ако немал врски, а и знаењето ќе го немал тоа ако бил самоук. Единствено врски ако имал во некоја компанија ќе го земеле како практикант/почетник, и пак ќе го прателе подоцна од работа на курс да се надоградува. Амбицијата нема да се оствари сама ако некој не седне и се посвети на образование.
Значи.....пак се враќаме на она старото....тие со факултет се амбициозни, а оние со средно не ги бива.
А колку вреди диплома од наш факултет во странство? Посебно од оние прватните факултети каде се купува диплома?
На државни полагаат со комбинации па ти приватните факултети ги спомнуваш Тие се некст левел едукација.
Дечко со факултет? Зависи каков факултет затоа што со диплома од филолошки , филозофски и тие таму на тие факултети може дипломата за хартија за у вц да му користи па ни таму. Јас не бирам дали има факултет или не гледам да е амбициозен и да има големи примања .
Извини, знам еден куп луѓе и од филолошки и од филозофски што не седеле ден без работа, знам и доктори по маркети на каса. Без генерализации, молам.
Јас знам првенец на генерација на факс работи во маркет и сега ? Темава е лечење комплекси ако нема факс не е на мое ниво муабетов , и јас ja имам дипломата за украс по дома ми стои и сега ? Многу ме потсеќа муабетов на една познаничка кога бевме студенти дечкото мораше да има факс , кога се вработувавме дечкото мораше да има позиција со огромна плата , кога почнаа да се мажат / женат луѓе околу нас беше мора да има обезбеден стан , кола , куќа , а самата таа беше невиден просек заврши нешто колку да се рече дека е факс , работи во маркет , ниту кола , ниту куќа своја има , бара премногу а она што нуди за возрат ? Лечење нејзини комплекси што не успеала сама во животот да си создаде. Критериумите само се множат и доаѓаме до уште поголем комплекс. Не рипајте многу не знаете до каде ќе ве однесе животот, вие што сте на сред студии не сте ги ни завршиле здравје ви посакувам да си дипломирате и да си најдете работа по струка ,а ама во северна не е се така црно бело , не сите што завршиле го работат тоа што го сакаат туку мораат да работат нешто што ќе им донесе опстанок. Не се генерализира од еден , два примера , погледнете ја големата слика што се случува во државава и пазарот на труд
Ја знам докторка шо ја видов у магацин како растовара. Бегаме од поентата, таа ми е генерализација е излишна.
Добро ајде сега да не се лажеме и да бидеме реални , поголеми се шансите да работи во магацин или маркет некој со филозофски,филолошки и тие факултети отколку на пример со ФИНКИ , има разлика од факултетот до факултет да не се лажеме,не можеш да споредуваш факултети како фармација ,медицина , стоматологија или ФИНКИ со филолошки и филозофски.
Не е толку до разликата на факултетот колку што реално е дефицитот на одредени струки на пазарот на трудот. Моментално информатичари се најбарани затоа и успеваат да најдат работа по струка за разлика од педагози, психолози или правници, економисти. Секој втор заврши Правен или Економски и дојде до трупање на кадри, треба да се следи ова и да се намалува или зголемува квотата за упис у зависност од потребите на пазарот.
Од кој факултет ? Има разлика од факултет до факултет . Не е работата само заврши било кој факултет и после кукај зошто не можеш да најдеш работа.
Е да бе, па цела МК на ФИНКИ да одиме после да не сме кукале што нема работа. За секоја струка може да се најде работа, тоа зависи и од среќата. Јас и дечко ми на ист факултет. Јас уште студирам тој уште недипломиран си најде работа по струката. Се е релативно.
Не реков цела мк да се запише на ФИНКИ не ми превртувај зборови. Еве ајде ќе ти објаснам поедноставно ,има разлика од факултет до факултет не можеш да споредуваш медицина со книжевност на пример. Не е релативно, за секоја струка може да се најде работа? Delusional much? Кога се оди на факултет не се оди само колку да се запишеш и да завршиш туку треба да се види опции да видиш дали е перспективен факултетот , не е само заврши било што па после дипломата ми служи за фаќање прашина по дома.
Не се сложувам. Секој факултет нуди перспектива, некој повеќе, некој помалце. Но, ако си подобар во твојата струка од мнозинството можеш да најдеш работа и да си успешен без разлика дали си на медицински или на филозофски. Секој ќе е најдобар ако го изучува она што сака и вложи во себе максимум. Промашен факултет носи промашена струка, помала желба, а со тоа следи и неуспех.