Што не ќе прочита човек... Технички науки по можност хахахаха Па као демек IQ на човек се проценува според тоа дали тој живеел во друг град со цимери или не живеел. Ах лелее Девојче ти очигледно не знаеш дека секакви будали се запишуваат денес на факултет и поголемиот дел од нив седат со цимери во станови. Така што гледај дали му работи мозокот, а не дали живеел без мама и тато во друг град.
Мислам дека девојката лошо се изрази. Ја разбирам кога кажува дека и значи ако дечкото има живеено со цимери бидејќи навистина многу влијае во осамостојување, преземање одговорност, што не значи по дифолт дека ќе биде така. Го почитувам тоа како преференција, но не како критериум, бидејќи на крај секој е различен.
Охоо и тоа како има разлика дали живеел без мамичка секој ден да му ја џвака храната пред тој да ја голтне и дали му ја кренала таа чинијата од маса и му го ставила чорапите во корпа за перење. Цврсто стојам на тоа дека секој млад човек треба дел од животот да го помине надвор од семејната куќа. И тоа нема врска со IQ ко шо пишал некој погоре. Второ зошто со факултет, па зошто и одбирам која бранша? Е па извини дечкото не ми е само секс играчка туку и другар и најдобар соговорник. И баш со тие од технички факс си имам милион теми за муабет. Нема да ми биде интересен дечко што цел ден збори само за фудбал и коли. Сакам некој со кој можам да праам муабет за нови софтвери, процеси, анализи на податоци , водење проекти ... па се до термодинамика, колку и да звучи смешно Плус јас сум авантурист, еднаш сакам да живеам ваму друг пат таму. И ако дечкото е квалификуван може да ме следи и надополнува ако не е, шо ќе му праам. Вака максимум неколку месеци беше без работа , одма најде друго откако се преселивме. И уште еднаш извинете ама скоро не познавам инженер а да завршил факс ради реда ко што кажувате , и купил диплома со која се вработил ко инженер. За тоа треба многу повеќе од една диплома.
@kikikikirika ako raskines so segasniot, jas sum eden od kandidatite spored tvoite baranja i kriteriumi, znaci tehnicki nauki,inzenerstvo naskoro Magister po tehnicki nauki slobodno stikliraj = ISPOLNETO, haha. Se salam vi posakuvam mnogu uspeh i bogata kariera i na tebe i na tvojot decko ili soprug. Bidi IN, bidi INZENER ,lol.
Ете бе гледате ли дека се наоѓа Благодарам, и на тебе се најдобро и да си најдеш сродна душа со сродна диплома да бидете горди еден на друг
Значи ние што живееме во градови каде што сме запишани на факултет, тешко нас понатака во животот бидејќи живееме со родителите се уште. Не знам кој критериум е ова цимерскиот живот, кога голем дел од студентите пак зависат од родителите додека учат, и ги користат нивните финансии (особено во првите години од студирањето, потоа дел се вработуваат за да заработат некој денар, ама голем дел се посветуваат само и само на факс). Друго е пак, ако после дипломирање може да си дозволи да најде стан под ќирија и да живее сам. И јас пред да стапам во брак со некого, обавезно некој период ќе сакам да живееме заедно за да видам како би функционирале. Сите сакаме покрај себе самостоен партнер, што нема да зависи и плаче по мама и тато на секое. А да уште ова, што ако го живеел студентскиот живот со цимери 4-5 години? Не сфаќам која е таа толкава самосталност во овој период. Обврската им е да учат, и ако имаат време да работат. Сигурно нема да готви којзнае какви оброци нити да изиграва домаќин низ стан. Може смрди станот и немаат исчистено откако се вселиле? Може мајките им праќаат од дома храна они само ја топлат. Стварно еве не сфаќам што се подразбира под ова. Едно е студент под ќирија во друг град, друго е дипломиран/вработен итн, што сам се издржува.
@Hellobeautiful на цимерка моја, мајка и цело време и праќаше храна зготвена и салата сецкана, сецкана зелка, за да не ја сецка ќерка е. И идеше некогаш за да и исчисти кај неа. Другата цимерка и се смееше дека од дома и праќаат сецкана салата. Ама битно студираше во друг град и живееше со цимери. Џабе ќе дискутираме во темава дека интелегенција и самостојност кај нас се мери со факултет и студирање во друг град.
Да па затоа и ме чуди, дека знам примери на студенти кои живеат во сосема друг град ама родителите ги тинтраат дупло повеќе (јер не им се дома). Јас живеам во градот во кој студирам и ништо не чекам од моите, не зависам ни финансиски од нив периодов (фала богу), можам сама да си исчистам, да си зготвам итн. Еј уште ова, Нема ништо логика, ајде доста ми е од темава .
Ама ако е инженер се му е простено, и со мамичка да живеел и со цимери да живеел па она да му праќала сецкана салата, да му перела постелнина и да му чистела вц.
Зошто не се обиде да предизвикаш хумор наместо главоболка? Прашањето е глупо и не е од мене. Од слушнат разговор пред подолго време е.
Не се согласувам со тебе за болдираниот текст, бидејќи многу работи се учат со живеење подалку од блиските, со цимери и/или сам. Па после со партнер. Прво, одговорност. А после доаѓа чуството за свесност на сопствен простор и обврските околу него. Сите, и финансиските вклучително. Трагично е кога слушнеш возрасна личност од 20+ години како нема ден работно искуство. И уште живее со домашните, без да има обиди да се се осамостои на страна, и да продолжува да бара начини. Никакво искуство како самостојна личност немаат, а половина живот им поминал. Нема излегување од комфорната зона. А кај нас менатлниот склоп ги прави грото неспособни. Додека е студент никако не смее да проба да работи нешто, да живее со неговите колку што може подолго јер зинаку треба да запоти гз, секој викенд да се враќа дома итн. Епа затоа кога пише некој дека работи и студира е равно на 8мо сведско чудо. А не треба да биде. Тоа што го пиша членката на која и скокнавте држи вода, само што дека треба да биде а маст хев при избор на партнер- не треба. Затоа што од секое право има ислклучуци, и се зависи од личност спроти вас. Али и тој заклучок се донесува после определено животно искуство и изживеаност.
Се учат со живеење сами.. Не мора да биде тоа во студентскиот живот. Може да е понатака. Пак ќе кажам, што да правиме ние што живееме во градот во кој студираме? Да бараме стан под кирија за да исполнуваме вакви чудни критериуми? И ние знаеме за одговорност, и ние наоѓаме работа покрај студии само не се снаоѓа секој со огромна плата да може додека студира да се осамостои во стан под ќирија. И јас сметам дека е трагично личност 20+ да нема никакво работно искуство, ама тоа нема апсолутно никаква врска со критериумот на членката.
Никој не рече дека "вие" не знаете за одговорнст, а "ние" знаеме. Само има огромна разлика кога не треба да плаќаш наем кога немаш сопствен покрив уште, кога не плаќаш сметки, храната ти е донесена на маса. После кога се тоа ќе зависи од тебе, одговорноста станува многу поголема, бидејќи секоја грешка директно ја осеќаш. И приоритетите многу се менуваат. И да, зошто на пример да не се иселиш од дома и да не пробаш како е да живееш со цимери? Ако веќе не можеш да си дозволиш да живееш сама од х причини. Таа одлука не е поврзана никако со факултетот. И студентскиот живот. Како што кажа. Што, ќе чекаш да наполниш 25+ години за да го направиш истото?
Еве поправи ме ако грешам, ама немам слушнато некој да има сопствен дом во градот кај што студира и да оди да живее со цимери, додека студира. Освен ако има проблеми дома па мора да наоѓа друго место за живеење. Да имав доволно пари сама ќе живеев, што ќе ми се цимери? Сакаш да ми кажеш дека сите преселени во друг град сами подмируваат сметки, ќирии и се остало? Значи пак немаат целосна одговорност туку зависат од родителите. Ако под одговорност сметаш на разумно користење на финансиите што ги имаш на располагање, тоа сите го правиме, т.е барем тие што знаат да се снајдат. Да, ќе "чекам" да наполнам 25+, односно, чекам да завршам со студирање, да си најдам (убаво платена) работа и потоа сама да живеам некаде, без цимери, без никого.
Има факултети кои бараат секојдневна посветеност и немаш време да работиш. Природни науки и медицина и сличните... Едит - мои колеги веќе волонтираат во лаборатории на факс. Јас каде што сакав се реновира моментално, ќе почнам за некој месец. И поарно да се учам таму без пари у утре да се снаоѓам во лабораторија, отколку да барам работа настрана за која може да немам време а после од струкава да немам доволно искуство.