Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Епа јас не само што имам слушнато, а знам такви примери. Живеат во близина каде студираат, и се преместуваат во студентски/ изнајмуваат под кирија.

    Да, живеам далеку од моите, и веќе подмирувам се сама. И сум горда на тоа, бидејќи ми беше поставена цел одамна. Моите пари ми даваат, ама тоа оди на сметка и се трга на страна, не ги вбројувам во моите секојдневни расположливи средства.
    И сум студент се уште.

    Како што пишав, не треба да биде тоа толку чудно ова. А жално е што е.
    "Вие" другите чекајте, ќе дочекате.

    П.С. Да не ми се избацуваат мислења со "има факултети кои бараат посветеност", јас како студент на технички факс знам што значи посветеност исто.
     
    На kikikikirika, IRBBB и AAKG им се допаѓа ова.
  2. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    1.361
    А после завршувањето на фалкутетот? Шо понатаму. Сите се враќат дома или ќе се вработат како келнери или таксисти. За самостоен треба добра солидна плата а со 14000 самостоен малце потешко. Да си признаеме, ако не се тато и мама да финансират ништо не правиме во нашава земја за жал. На западод ем студират ем работат за добра плата.
     
    На noteforself, IM.TMKQ, Star_dust и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Океј ти си 1/50. И да, за пофалба е реално.
    "Ние" другите исто работиме, не се секирај, не значи дека бидејќи сме дома само спиеме и чекаме на готово.
    Не знам дали не сакаш да ме сфатиш или што, чудното во сето ова е што она под критериум за партнер пиша дека мора да има живеено под ќирија додека студира.
     
    На IM.TMKQ, tinka-mace и AAKG им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не пишав дека некој седи и чека на готово. Кажи каде го прочита тоа?
    Но пишав дека тоа што таа го пишала држи вода, и сепак не е релевантен критериум. Дека и тој заклучок доаѓа подоцна со искуството. За некои, за други не.

    Можеш да ме цитираш кога веќе влегуваш во дискусијата. Да, еве јас работам, и се снаоѓам во лабораторија. Значи едното не го исклучува другото.

    И не знам зошто се врти муабетот да се оправда нешто, кога истото не треба да се оправдува. Никој не рече на друг да работи или да не работи. Како што никој не напиша до сега дека е лесно се да се искомбинира и да функционира како што треба.
    Ама има начин. И не е невозможно. Или чудно.

    Али отидовме надвор од темата.
     
    На IRBBB и AAKG им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Јас денски слушам предавања и вежби, навечер и викенди учам.
    Студирам наука која буквално нема крај. Сѐ нешто ново наоѓаш и одиш подлабоко. Особено што е млада и сѐ уште во развој.

    Еве колешка скоро секој ден е во лабораторија како волонтер. Другото време слуша предавања и вежби и учи.
    Јас ако сакам можам да се иселам под кирија ама ќе треба да запоставам факс, а не сакам.
    Кај мене и два дена пропуштени учење ми влијае.
    Си дозволувам и одмор и време за себе.
    Ама не е дека вечно ќе биде вака.
    Имам и јас планови, у реду е
     
    На noteforself, Leat, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Добро Танче, ти слушаш лекции и вежби секој ден од понеделник до петок, јас не. Ти учиш, јас не.
    Јас реков "Ти немаш планови". Реков дека и јас немам, и дека вечно ќе биде вака.
    У реду је и за мене. (highfive)
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто толку контрања за толку банална работа.
    Кога си студент, се знае кој е приоритетот тие 4-5 години.
    Ако успееш да работиш и да студираш, тоа е за огромна пофалба реално и најискрено. Не може секој, ама па секој не ни сака, а и не мора.
     
    На Ivanna23., raww, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто толку навлегувате во заработување и финансии. Да, тоа е за пофалба за сите кои успеваат и да учат и да работат па сами да се издржуваат, бидејќи знаеме колку е тешко да се постигне. Но дури и да ве издржуваат родителите, живеењето со цимери или сам е од големо значење за една личност. Се осамостојуваш, стекнуваш одговорност, созреваш, се учиш да ги распоредиш финансиите, да платиш кирија навреме, да платиш сметки навреме, да си зготвиш, да се испереш, да се испеглаш, да си го одржуваш домот итн, итн. И секако, исклучоци има секаде и секогаш. И од едните и од другите.
     
    На glosipgirl, Estranged, kikikikirika и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.931
    Пол:
    Женски
    @Snow-Star од тебе златна 90% што имам прочитано е како се ставаш себе си на пиедестал.Океј е.
    Ако не одиш да живееш со цимери кога ќе наполниш 20, трагичен ти е животот.Добро.
     
    На Izaabella, Amellie13, T.e.d.d.y и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Така е сребрена, само си ги утанла процентите, можеби бидејќи на читаш како што треба.
    Али во ред е. ;)

    Оти да, таргично е што на 20 години некој нема ден работно искуство.
    Јас така сум пишала, ама ти изгледа си разбрала друго.
    Али ако ти кажуваш дека твојот живот е трагичен јер не си живеела со цимери, океј.;)

    Тоа што сум оувр ачивр е друго, и нема да се извинувам за истото.

    П.С. Постои едно копче кое се вика "Игнорирај", и ќе претпоставам дека знаеш каква намена има. Ако не знаеш прашај.
    Слободно игнорирај ме.:)
     
  11. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Jas obratno sakam decko shto zhivee so negovite, blizok e so familijata, a ne vakvi otugjeni od doma.
    A eventualno da e pod kirija zaso mora da studira, no sepak vikend edvaj ceka doma da si gi vidi svoite.
    Kakov e so semejstvoto i kolku se bliski doma e golema rabota sto vlijae na karakterot.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Па никој не рече за работно искуство, за живеење со цимери беше темата.
    И да живееш со своите може си самостојна личност, одговорна, да знаеш како да си ги распоредиш средствата и да имаш работно искуство. Не е дека дома само лежиме и чекаме на родителите. Учествуваме во домашниот буџет, обврски, и се што би правеле кога и сами би живееле.

    Колку само знам родителите им праќаат манџи по автобуси, сметки им плаќаат, одат да им исчистат станови, ама сепак нели важно со цимери живеат.
    Без никаква самостојност.
    Така да од двете страни има исклучоци и не може да се генерализира.
     
    На honey.11, Amellie13, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  13. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Мислам дека малце ескалиравте од темава, премногу навлеговте во финансии. Јас да си го искажам сопственото мислење. Тука многумина тврдат дека факултетот не им е битен кај партнерот , но во реалноста не е баш така. Гледано на светско ниво има многу луѓе кои што воопшто не го започнале овој процес на академско образование и тоа е оправдано. Зошто зборам на светско ниво? Зошто секаде, на страна Балкан, се цени занает, иновативност, образовниот процес е сосема поразличен каде што не се трупа материјал за бубање туку се поттикнува логичко размислување и пред се КРЕАТИВНОСТ кај секој еден. Ние Македонците, без навреда, бидејќи не е наша вина, малце сме и робови на сопствениот образовен систем но друг избор немаме. Колку и ова да е сурово, диплома од факултет на крајот од денот ти дава некаква сигурност , некој back up план од било кој факултет и да е доколку решиш да се занимаваш со нешто друго од струката! Зошто не секогаш кај нас, бизнисот успева (ретко кога, но тоа е друга тема ).
    Е сега за дечко/девојки без факултет: океј е не е ништо трагично, се дур човекот се труди да заработи. ИСКРЕНО таквите кај нас се многу малце. Без никакви предрасуди НО просечна шмизла и фраер чекаат секој ден пари од нивните за да ги потрошат на ручеци или кафиња во елитни локали, притоа не учејќи факултет. Таков некој лик да ми дојде фала богу дека никогаш не би била со него зошто? Зошто негова најголема мака е кај да пие кафе утре, да не зборам таквите ликови какви муабети вртат. Да ти се згади. Без разлика дали е машко или женско.Да е некој човек без факултет, но да работи, да гледам дека има план за иднината дека размислува и превзема конкретни чекори ускладени со неговите желби тогаш тоа што нема факултет воопшто нема да биде проблем.
    Моето гледиште, факултетот не е нешто што мора да се почне и заврши но е пожелно. Така мислам бидејќи колку толку ти шири хоризонти, запознаваш прекрасни луѓе, ти го шири погледот и размислувањето, едноставно те созрева на еден поинаков начин. Она што е клучно и кај студент и кај невработен е што прави за да се исполни на професионален план и тоа е тоа.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    На крај краева секој има право да бира парнер кој му одговара, по свои сопствени критериуми.
    Ако за некој тоа е технички факутет и да искусил самостоен живот, зошто да не?
    Па и критериумот да е три стана на Мајорка, две Ферарија и еден Јагуар... Нека е... Секој со своите критериуми.
     
    На glosipgirl, smooch, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Дали ви се верува дека знам машки студенти кои живеат со цимери, некои дури и сами, на технички факултет се и постојано зборат за фудбал? :worried:

    Исто така знам студенти кои работат, сами си плаќаат сметки, чистат и средуваат, готват, а живеат со нивните дома. Ама јбг, не се на технички факултет. :(

    Океј, секој си има преференци ама пак ми е смешно. Како сите да се по еден калап правени.

    Живее со цимери во друг град? Самостоен е, одговорен, работи и не е зависен од мамичка.
    Студира на технички факултети?
    Наместо здраво, ти кажува формули и кодови.


    Само што ова не е реалноста.
     
    На Izaabella, Amellie13, Veta и 5 други им се допаѓа ова.
  16. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Машки
    Зошто така мислите за нас стварно не знам, не значи дека ако човек не продолжил со образование е шутрак.
    Јас факултет не завршив поради Х причини, шо по средното одма се вработив, еве ме сеа 21 год, имам спечалено за едно Ауди :))), и реновиран спрат од ќуќа.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.931
    Пол:
    Женски
    Никого не игнорирам на форумов, па така што нема ни тебе.
    Само работите кои ги пишуваш во однос на очекувањата и заклучоците за луѓето се многу генерализирани.
     
    На christinnn, tinka-mace и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Уел, тогаш проблемот останува твој. Заедно со твоите мислења.

    И не се мој проблем.
     
  19. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Прочитај ме уште еднаш, реков дека таквите како тебе се реткост, повеќе осврт дадов на мнозинството.
     
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Вие што сакате кажете за студентите и луѓето што студираат во друг град, ама самото тоа што 25 години живеете со родителите (што во западните земји е апсолутно неприфатливо) не ве прави самостојни па ако сакаш и на три работи оди и заработувај многу. Не плаќаат студентите сами сметки ама сами се одговорни за парите што родителите им ги праќаат. И кога некој бил надвор од дома тој недостаток порано ќе си го забележи. Ехее колку студенти две години само коцка и карти во студентски игра, и што можеш да очекуваш од тој.

    Секој има право на свое мислење моето е тоа. Имам прекрасни родители и голема куќа, но после студии отидов да живеам сама под ќирија . Глупо ми беше да се сексам на 25 со тогашниот дечко а у другата соба да се мама и тато.

    И ден денес не знам да пуштам машина за алишта но тоа е можеби единственото што не знам :D Затоа па дечко ми знае.

    Ете баш заради таквите дискусии ко оваа нејќам дечко без факултет и што нема 25 години излезено од дома освен на одмор. За да не мора да му објаснувам што испуштил од студентски живот, туку заедно да се смееме кој како јадел леб и шеќер во студентски.

    Факултетот надвор од дома не е само диплома. Учиш како да живееш со други луѓе, да се прилагодиш на нив, како да си ги планираш парите до крај на месец, како да си го планираш времето, да одбереш добар пипс за лебарки...Плус за тие 5 години си целодневно опкружен со луѓе на твоја возраст а не со баба и дедо дома со тетките во фирмата кај што работиш.

    Така да, без факултет - нема шанси!
     
    На glosipgirl, IRBBB и S.W.A.G им се допаѓа ова.