Леле, секој си има право на свое мислење ама мислењава ви се Бог да чува. Зошто се ограничувате со вакви работи? Морал да има факултет.. и пример во се друго дечкото да е најнај, ама баш во се да ти е погоден нема да почнеш или продолжиш со него само затоа што нема диплома? И затоа што нема да може да си правите муабет за тоа како ви поминале студентските денови? Може ќе ти каже нешто сосема трето и поразлично од твоето па на тој начин и ти ќе научиш нешто ново за него (како се чувствувал тогаш, што научил од тоа, итн. итн.) па и за светот, општо. Сите сме сведоци колку успешни луѓе има што успеале и без тоа, а па воопшто да не ја начнувам темата дека пола од тукашниве дипломи не важат надвор од МК. А за ова другово, се согласувам и еве, пример, дечко на другарка има живеено во друга држава, значи не град, држава, сам. Финансии распоредување, средување и одржување на стан, готвење, перење и целата таа самосталност што ја збориш, плус на различно место, со различни луѓе и скроз различен менталитет. Ама оп, дечкото нема факултет. Според тебе, дали другарка ми треба да го остави според тоа?! Аман, веќе милион пати е докажано дека факултетската диплома не е никакво мерило за интелигенција и зрелост на човек. Многу ги гледате работите само црно-бело, а кога ќе погледнете подобро ќе сфатите дека ич не се
А како зборувате, како да одбирате вазни а не дечковци, што ако се заљубите во некој кој е без факултет? И да биде најдобар на свет, цело време да мислите на него додека сте во друштво на машки со факултети?
Многу дискутабилна тема, ќе искоментиам гледано од мој аспект. Уште како средношколка имав визија дека ќе се запишам на факултет, учев и се трудев секогаш да бидам одличен ученик со сите петки со цел да се запишам на универзитет. Во текот на средношколските години имав дечко кој не се замараше со школото и немаше визија за понатаму, неговиот живот за дружење, образување, развој на личноста завшуваше со средношколските денови, но не и за мене, јас бев полна со визија, сакав да растам, имав широки видици кон светот, сакав да учам и да се надоградувам. Со завршување на средношколските денови, заврши и нашата врска, иако меѓу нас имаше љубов, хемија, почит, различните погледи кон светот си го направија своето и секој си тргна по својот пат. Со самото запишување на факултет се запознавав со толку многу луѓе од различни градови, влегов во еден нов убав свет, за мене до тогаш напознат. Некој од тие нови луѓе ти стануват најдобри пријатели, заедно растете, осозревате во една стабилна,цврста, храбра индивидуа со зацртани цели во животот, личност кај знае што сака во животот, личност која поинаку гледа на животот од таа за време на средношколските денови. Тие што сме биле принудени да се преселиме во друг град поради студиите, уште од првиот ден сме принудени да се грижиме самите за себе, стекнуваш други навики кои дотогаш не си ги имал. Со самата комуникација на универзитот со академски лица ти се подобрува комуникацијата со луѓето, однесувањето, културата. За обрзованието колку ќе се залагаш во текот на студиите толку и ќе го имаш. Сакам да го потенцирам следното ДИПЛОМА не значи образована, културна личноста, личност со манири, затоа што кај нас диплома веќе сите имаат, затоа што така наметнува општеството дека мора да си со диплома а знаење во областа што ја завршиле никаква, култура никаква, однесување никакво и тие луѓе иако се со диплома се препознаваат. Факултетот да може да те промени како личност, но тоа многу повеќе зависи до личноста колку сака да се промени, колку сака да напредува, а факултет како факултет е една обична институција. Не сум личност која ги дели луѓето на образовани и необразовани, но во комуникација со истите можам да направам разлика. Образованите луѓе, интелектуалци имаат друг поглед кон светот, разговараат за најразлични теми, не осудуваат, не се замараат со туѓи животи, едноставно го живеат животот на друг начин, сосема спротивно од другите и јас лично за дружба многу повеќе се пронаоѓам со мојот тип на луѓе. Дечко со факултет ДА, затоа што не би можела да се замислам да бидам со некој што немаме исти интереси и погледи кон светот, кога тогаш различностите ќе си го направат своето.
Мислам дека очекуваш "браво" на се' што си пишала. Не верувам дека толку пофалби на своја сметка се за џабе. Епа ајде, бравос. Секоја чест Сноу, една од ретките си. На темата, не ме интересира вооошто образованието на партнерот, се додека гледам дека е амбициозен, вреден и има почитување и љубов спрема мене, останатото пропаѓа во вода. Студентскиот живот со цимери во друг град ич да не ви е репер за тоа колку еден студент е самостоен. Сум се изнагледала секакви студенти. Самостоен не си со манџите на мајка ти кои само треба да ги претоплиш. И така.
Иначе конкретно на темава, сум била со дечко што немаше и не планираше воопшто да запише факултет и никаков проблем немавме во однос на комуникација, океј ми беше. Проблемите други беа, али не е тоа темата . Е сега, он немаше стабилно работно место, секој месец или еве секои 2 месеца работеше иста работа само на различно место, секаде се караше со газди и бараше многу повеќе плата. Имаше замисли за свој бизнис ама толку беа нереални што не знам ни дали самиот си веруваше на зборовите. Од друга страна пак, има и дечковци со факултет ама само колку да се каже дека земале диплома, после факс пак чекаат од дома. Така да, сум за дечко што е сериозен, има некакви реални планови и цели за понатака во животот, со кои што ќе може самиот да се обезбедува, без разлика дали е со диплома или без.
Воопшто не ми значат пофалбите и честитките од неважни за мене личности, а на анонимен форум не постои личност која ми е важна. Соу, фала, и за ирнијата исто. Али стварно небитно ми е. Небитно ми е кој што мисли за мене, како ме доживува, итн., ако не ме познава и знае. Реално и виртуелно. А јас сум горда на тоа што сум го постигнала до сега, на тоа каков карактер сум, какви принципи, идеали и ставови носам. И уште еднаш ќе кажам, кој не сака да ме чита, слободно може да почне да ме игнорира. Друго нешто што сакам да кажам пред да завршам со оваа онгоинг дискусија за мене лично, стварно е сувишна, е дека се што направив за фијасково е што одговорив на некои прашања и предпостваки на мислењето на @Hellobeautiful кое го цитирав за прв пат вчера, а се однесуваа на некои круцијални точки околу осамостојувањето на една возрасна личност, од некои порани студентски години. конкретно по темава. И одеднаш имаше секакви декларации поврзани за мене и тумачења на моите мислења, али само не и за она што пишуваше во нив. Според тоа стварно не гледам никаква поента да реплицирам повеќе на секој што ќе ме цитира со предпоставки околу мојот начин на живот за нешто кое никогаш не било споменато и познато. Мислам, нон сенс е, дури и да се обајнсувам зашто е нон сенс. ПлиЗ, канитнју...
Не знам кој те цитира за твојот начин на живот и да кажува претпоставки кога буквално се' сама си кажа за себе. Никој ништо не измисли, го коментираше само тоа што ти го пиша. Декларации? Никој не те осуди дека работиш и студираш у исто време, еве ја 2-3 пати ти пишав дека тоа е за пофалба ама добро нели еве такви зборови не те допираат А ти не правеше претпоставки за туѓи животи кои ич ама во ниеден контекст не беа споменати? Не размисли дека постојат луѓе што и во градот кај што живеат немаат сопствен покрив над глава? Сигурно постојат случаи каде цело семејство мора да работи за да може да истурка од месец за месец со сметки. Има пак, студенти кои живеат во градот во кој студираат, и работат за да можат да платат сметките за дома. А ова последново цело болдирано, ти да живееше во градот во кој студираш, ќе се иселеше од дома? Еве јас не работам сега, пишав дека финансиски стојам океј ама тие пари сигурно нема сега на ќирии да ги давам кога потребни ми се за дома. Да работев и да имав плата со која може да се живее нормално, одма ќе се иселев. Ама немам. Ова исмевањево од типот: "ќе чекаш да наполниш 25 за да се преселиш", ти е многу невкусно и се гледа дека се преценуваш, а самата си свесна дека си преселена во друг град поради тоа што мораш, немаш избор. Исто така, има голема разлика во тоа дали сам го изнајмуваш местото или со 2-3ца. Самостојност е за мене кога ќе изнајмуваш сам/а некое место, сметките и ќиријата од свој џеб ќе се платени. Се остало е некој обид за осамостојување. И тоа ептен ретко е да се постигне додека се студира (возможно, но ретко), што е многу нормално.
@kikikikirika многу добро знаеме како е на запад, ама ова е Македонија да те посетам. На запад, од 18год се селат од кај родителите и студираат и работат, а не му плаќаат мама и тато кирија и сметки. И има една разлика тука. Кога студираш во друг град, мама и тато ти плаќаат кирија, сметки, ти даваат за да можиш да јадиш и не си самостоен кога друг ти плаќа се. Секоја често многу ретко има исклучоци кои дури студираат сами се си плаќаат. А самостоен си кога работиш во друг град и сам си ги покриваш сите тошоци. А не живеам во друг град, ама од дома ми даваат пари, битно се курчам дека сама живеам.Толку имам да кажам.
Се работи за односот со парите а не за друго. Баш тие пари од мама и тато се добар испит дали си созреал или не. Оти ти праќаат они пари а не можат да те контролираат каде ги трошиш. И тоа е голем испит, поголем од универзитетските. И работењето за време на студии и во мк не е реткост. Секој втор студент оди за Германија, Америка, Хрватска да работи преку лето. Пак ќе кажам секој си има право на мислење и желби . Некој може сака дечко со куќа на Флорида, јас сум поскромна барам нешто што ми е на нивото т.е. дечко со факултет. И смешно ми е што за тоа ме осудувате, што имам таков критериум за партнер. Трчкајте си таксисти штом не ви е важно дали има факс.
. Сигурна си дека нема дипломирани луѓе што се таксисти? Какво мислење човече. Повеќе те коментиравме за тоа што сакаш да имаш дечко кој мора да има живеено со цимери додека студира, а не тоа дали сакаш дечко ти да има диплома или не. Башка у првиот пост пиша дека ти е важно да живеел со цимери, не мора да завршил факс .
Дечко без факултет ми е пример за човек кој не губел години учејќи глупости кои никогаш во животот нема да му требаат, воедно го посветил тоа време да се учи нешто да работи, (90% од тие што завршуваат факултет појма немаат да работат) да има сопствен бизнис, да не му биде роб на некој каде што ќе работи за бедна плата и никогаш нема да биде дома, факултетот никогаш не сум го гледала како успех, нити некогаш ќе го променам тоа мислење.
Ех ех ех, многу убаво, кое понижување не можам да си поверувам. Џабе ти е факултетот ако ти вакви изјави имаш. Сите машки се или инженери или таксисти а? Средина нема очигледно за тебе.
Немам проблем со твоето мислење. Само сакам да ти укажам дека веројатноста дека се возиш во такси со некој што има завршено машински факултет е огромна. Исто и веројатноста дека касиерката што те служи, да има завршено факултет исто е голема. Не секој знае како да си го уновчи знаењето и не секој е праен во га*от, да си најде добро платена работа по струка. Барај лав во мажот, што знае да се бори, а не теленце што освен да прочита книга, ќе се изгуби во преводот, веднаш по дипломирање.
Точно така! А каква врска на поврзаност постои помеѓу карактерот и професијата!!? Апсолутно никаква! Луѓе има без ниту една диплома, интилигенти, начитани, пријатни а интелектуалци да не се изразам лошо ама ниво дно од луѓе, прости и кусогледи! Така да, за да си со некој треба карактерно да ти одговара... Секој со својот поглед сепак ама пред да понижиш некој, секој треба да се погледне во огледало! Фини и културни и простаци од луѓе има во секоја сфера ..
Не се зборува за карактер, тоа е нешто што човек го има од раѓање и врз него не може да се влијае, зборуваме за интелектуална надоградба на личноста. Да зборуваме реално, интелактуалец не е само збор, тоа се луѓе што кога ќе склопат две реченици, знаеш дека се интелектуалци и не ти треба диплома за да се потврди тоа (значи не секој со диплома е интелектуалец, да не бркаме поими), друга работа е ретко кој без диплома е начитан како што го опиша (1 во 1000 ). Не може некој карактерно да ми одговара, ако не можеме да се надоплнуваме интелектуално, јас ако сакам наука, тој ако појма нема со науката, јас сакам рок, тој сака турбофолк, јас сакам да одам на театар и балет, тој сака во дискотеки и кафани, јас сакам да го шетам светот, на него доволно му е да пие пиво со другари, тоа се личности со различни интереси кои не би можеле да функционираат заедно. Не ми се допаѓа само начинот на кој некој членки се обидуваат да ги обезвреднат лица кои работат како таксисти , келнери, тоа сосема не е во ред, се е до интересите и приоритетите кои ги имаме како и целите кои ги имаме зацртано во животот и сакаме да ги оствариме.
Како знаете да забегате со темиве само во насока на себеиздигнување со понижување, тоа чудо едно. Тема „Дечко со факултет“, а се расправа кој факултет бил најтежок, кои студенти највеќе се посветувале на учење, па кој земал или не земал стипендија, па кој уште бил издржуван од родителите, па лекции за што било самостојност и одговорност, па „мрш мори ти ништо не знаеш од студии“ и што повеќе. Всушност образованието ни е толку дно, што дури е смешно да се расправа дека на некој факултет нема врски, нема студенти што земаат оценки со улизување, нема минимум труд за максимум резултати. Исто така колку што вреди учење на 600 страни, толку вреди и изведување експеримент во лабораторија, толку вреди и решавање на задачи, толку вреди и исцртување објект, работа на програма и слично. Не знам како не ви станало јасно до сега дека всушност она кое го потценувате, доколку се најдете во ситуација да треба вие да го правите, ќе сфатите дека всушност и не е така лесно и со причина сте одбрале поле во кое се пронаоѓате (барем повеќето, се надевам). Друго е дека секој избира сопствен пат за да изгради иднина (тука не зборувам за градење успех со мамење од било кој тип), а доколку истиот е различен од тој кој вие сте го избрале не го прави погрешен. Некој избрал да патува, друг да престојува во градот во кој студира, некој избрал студентски дом, друг избрал да престојува во стан со цимери, трет имал опција да престојува сам, некој студира како редовен студент, друг како вонреден, на некој околностите му биле наметнати поради финансиска гледна точка или други х причини, друг пак можел да си ги избере, некој успева да учи и работи, друг само да учи и се' е тоа океј затоа што не можете да бидете во кожа на друг. Никогаш. Затоа почнете да гледате да сте во вашето патешествие. Задоволството е во фокусот. И уште нешто. Просеци, стипендии, неразбрани професори/асистенти, манипулации од колеги, никогаш нема да ве дефинираат како личност ако вие не го дозволите тоа. Постои нешто што никој не може да ви го одземе или сруши, а тоа секако е вербата во сопствените квалитети. Само потребен е фокус на истата.
Какво е тоа размислување "Барам дечко со факултет, не е битно дали го заврши, битно да има живеено со цимери" која логика ја има? Значи јас студирав во мојот град и нормално не се иселив од дома туку живеев и сеуште живеам со родителите, зошто да студирам во друг град кога тоа што го сакам го има овде? И онака за квалитетот на учењето нема да зборувам зошто на сите ( студенти) им е познато тоа ако сакаш да учиш сам си учиш сигурно не очекуваш голема помош од професорите, барем во мојата област тоа е така. Друго, има студенти кои сакаат да учат, но немаат финансии да студират во друг град и си остануваат со родителите и што? Тие не се доволно зрели? Не значи дека ако си живеел со цимери си самостојна, независна и зрела,а ние пак домашни галеничиња кои не знаеме да раководиме со пари, е браво на размислувањето. Тоа не е до факултетот или студенскиот живот туку е до човекот,има и таксисти кои знаат да раководат со пари,а има и факултетски образовани кои не знаат...Не ја знам членката која го имаше пишано ова ама ми боди очи и морав да коментирам, не може некој кој тврди дека има диплома( исто и дечко и) да го мисли ова и да го пишува овде...мизерно
А од кога тоа мерило за паметен и зрел дечко е факултетот жити се ? Башка да живеел со цимери втф? Зрел бил ако живеел со цимери Мм два факултета има запишано, двата ги остаи. Еден приватен и државен. Од тоа со кирии и цимери па никаква потреба не би имал бидејќи Кирил му е на 3 мин пешки од дома. Сега со свои 27 год си тера ем свој бизнис ем си работи во ИТ сектор за кој патем има неколку курсеви завршено, си работи за странска фирма и си има фиксна плата 600€ плус бонуси. (+50/100€) Голем успех би имал со завршен правен или филолошки Околу мене и девојки и момци со завршени факултети си работат со Авон Тианде или таксисти . Од што веднаш се наоѓа работа по струка тука, нели?