Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Ова е еден вид на хомо сапиенс со кого не би сакала да седам да пијам кафе, а камо ли да размислувам за заедничка иднина.
     
    На black-angel, mssuniquee, raww и 19 други им се допаѓа ова.
  2. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    1.361
    Па сите шо завршиа факс возат тахи за жал.
     
    На noteforself, tinka-mace, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Иии ама се напнавте за девојката што сака самостоен дечко. Во една тема пишувате бегај од дечко што не ја пресекол папочната врвца, овде друго. Не се работи за тоа кој го издржува туку како располага со одредена сума на пари во одреден период. Кога ќе дипломира ќе располага со негова плата. Па им праќале манџи, им чистеле. Манџите дома вие ги правите на 20год или мајка ви? Па прочитав 'Нормално дека живеам со моите факултетот ми е во мојот град'. Ако тоа за вас е нормално, за некои не е нормално. И мене и мм факултетите ни беа во нашиот град ама тој се откажал зашто морал да работи, а јас се иселив од кај моите зашто сакав да бидам сама. И да, порано научив некои ствари. Бев со дечко што живееше со неговите и не сакате да знаете колку беше простак и покрај толкаво iq и технички факултет. Фуј.
    Кој проблем го имате вие со туѓите критериуми? Ако се препознавате некаде тоа е само ваш проблем. Некоја сака голем пенис, некоја мал, некоја жени, некоја постари мажи, некоја факултет, некоја докторат. И сега овие со средно треба да се навредат ако некоја сака дечко со факултет? Ај тоа фрустрациите истурајте ги на друго место, а не врз членката која се изјаснила за НЕЈЗИНИТЕ критериуми.
    И мене не ми е сеедно што мм нема факултет зашто знам колку е паметен и колку може да постигне. Но, кога ја гледам ситуацијата во оваа мочана земја, среќа во несреќа што морал да работи и да го батали факултетот, па сега заработува европска плата, а ја троши во мк.
    Во ред е да се дискутира за одредени ставови и мислења затоа е форумот ама да омаловажувате за нечиј вкус само си го откривате сопственото незадоволство.
     
    На baby-star, mila89, kikikikirika и 4 други им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.159
    Допаѓања:
    112.908
    Пол:
    Женски
    @kikikikirika потполно те подржувам во тоа што си напишала. И пред да ме нападнете, јас сум постара од вас имам 42 години па ајде вака малку со искуство да ви укажам на некои работи. Девојка која била сама од 18 години, во друг град, која крпела крај со крај, која сама се борела со газди, со плаќање сметки, со перење, пеглање, готвење и плус факс , НЕ МОЖЕ да биде со синче кое живеело со неговите зашто он само имал обврска да учи!! Деца излезени од дома на 18 години и деца кои не се излезени од дома воопшто се два различни света.
    Девојка која од 18 години е самостална, ќе бара партнер во животот кој барабар ќе биде со неа во сите полиња на животот, а не да чека од неа да му пере, пегла, готви, спрема ( она што му правела мајка му) зашто не знае една кошула сам да си испегла. Секако има исклучоци, но повеќето се такви.
     
    На baby-star, noteforself, kikikikirika и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.868
    Знаеш што ми се допаѓа во твојот начин на пишување ?

    Одлучноста, знаеш што сакаш. Продолжи само така (y)

    Секој си знае за себе каков партнер му одговара, нема да навлегувам во таа тематика , само од страна ве манијачам која како се изразува и која има осет кон одредена група на одредена тема.


    Им се восхитувам на амбициозни и стабилни жени и мажи кои знаат што сакаат и со задоволство ги читам и земам пример од такви на форумот.


    Продолжете си со муабетот, ќе ве читам само :)
     
    На kikikikirika, IRBBB, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Луѓе, озбилно? Читате ама не дочитувате очигледно.

    Ај, каде видовте дека и срипавме што сака самостоен дечко? Па сите сакаме таков партнер, без разлика на пол.
    Ама бидете реални, не знам како очекувате во Македонија на 18 години некој да оди да се пресели сам од желба, не од што мора. Тие што не живеат во градот во кој што студираат или се селат или секојдневно патуваат. Ама на 18 години се селат од што мораат, потоа дали ќе работат или што ќе прават е нивно. Да беше толку лесно да најдеш стан на 18 години и сам да се издржуваш, верувам 90% ќе живеевме така, ама пак ќе кажам ова е Македонија, и ќе имаш среќа ако и после дипломирање најдеш работа која што ќе ти овозможи да се преселиш со свои пари. Пак значи се враќаме на тоа дека ние што живееме каде што студираме, сме оштетени од сам старт бидејќи не живееме сами од 18 години туку од 20+. И пак ќе кажам, самостоен човек е човек кој буквално сам заработува и се издржува.
     
    На noteforself, Leat, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Како дојде до расправии на темава? :o

    Според воведниот пост темава е повеќе личен став и личен критериум. Не е дали генерално мислите дека дечкото мора да има факултет, туку колку лично ви е битно тоа.

    И мене не ми е битно премногу тоа, ама не знам зошто би ми бодело очи ако некоја пише дека и е битен критериум? Секој нека бара тоа што му одговара.
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    А зошто самостојноста ја поврзувате со факултет?
    Јас завршив и во текот на студиите запознав различни карактери на луѓе. Мезимчиња иако живеат со цимери, самостојни и одлучни, размазени, распекмезени и способни. Ич не ми се разликуваат од луѓето кои не завршиле.
    Маж ми има почнато, но нема завршено факултет.
    Самостоен е, финансиски стабилен и одлучен. Работи од 15-16 години. Заедно ствараме, вложуваме, купуваме, плаќаме сметки. Одлично се сложуваме.
    Не млатете празна слама, коллу е дечкото амбициозен, способен и работлив зависи од неговиот карактер, а не образование.
     
    На Cutiepie1, deskarada, *Amethyst* и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Да, живеев со родителите, студирав и правев манџи, не ми беше обврска само да учам и да лежам.
    За тоа каков дечко секој си има критериуми и не е за коментирање нејзина работа ама за тоа тврдење дека тие што не студирале во друг град се незрели,немале студентски живот како таа што имала и што? Јас сега морам да најдам дечко кој учел во својот град и живее сеуште со родителите оти другите не ми се достижни????Какоо??
    Неможам да се наречам дека сум неизживеана или неспособна, живеам со родителите и сум доволно зрела иако ете не сум плаќала кирија и сметки...
    И кое незадоволство го откриваме жити се ако сум сакала ќе учев во друг град така да не сум незадоволна со студентскиот живот, не ми беше желба по секоја цена да учам во главниот град како што многу го прават тоа...студирањето не е само забава со цимерите
     
    Последна измена: 6 ноември 2020
    На cresa-jagoda, tinka-mace и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Не бе девојче, ти ништо не мораш. Девојката се изјасни дека сака дечко со факс особено тие дојдени од друг град зашто се учат на самостојност од помлади. И тоа е така. Си сакала дечко со слични интереси како нејзините за да има разговор на повисоко ниво, а не секојдневни теми. Јас не реков дека сите останати се лоши. Неколку ја нападнаа, таа се одбрани на нејзин начин.
    И сега ти вака студент, чистиш, готвиш манџички по дома, помагаш на твоите, ќе фатиш некој дечко со основно што нема интереси како твоите?
    Многу е проѕирна таа лажна скромност.
     
    На baby-star и kikikikirika им се допаѓа ова.
  11. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.868

    Не се расправаме , баш напротив.

    Јас ја пофалив членката за нејзината одлучност.

    Да приметив у некој пост некој да е толку сигурен во тоа што сака , ќе искоментирав, ете кај неа ептен се забележува , затоа јавно ја пофалив :)


    И не беше поентата што пишала дека сака дечко со факултет, ако сака нека пише и дека сака терорист, гробар и било каков партнер пак ќе ја поддржев оти она точно знае каков партнер си бара за неа.

    Е тоа е таа одлучност ко ќе речам , браво бе, знаеш што сакаш у животот.

    Сакам тоа и тоа и точка !!!!
     
    На kikikikirika и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.034
    Допаѓања:
    55.342
    Пол:
    Женски
    Едно е да имаш критериуми, друго е да ги потценуваш и омаловажуваш оние кои не ги исполнуваат сите твои критериуми. :)

    Додека одев на факс патував со автобус, значи не сум од тие што факултетот им е в град и блиску за пешки да одат ниту од тие што живееле со цимери во друг град.
    Дома уште живеам со моите, но учествувам во домашниот буџет. Секако дека не планирам вечно да биди така и сакам да се иселам оттука повеќе од сѐ, ама треба да се потсетиме каде живееме. Не секој може толку лесно да постигни самостојност, како што рекоа погоре, верувам дека 90% од младите ќе живееја сами и ќе се издржуваа сами од 18 години ама не е толку едноставно.

    Голем дел од тие што студираат во друг град се издржувани од родителите, и со пари и со храна, тоа не е самостојност. Колку има такви што познавам што студирале Скопје или што се обиделе да студираат, па не се ништо попаметни, посамостојни или поснаодливи од обичниве смртници. :D
    Дм развива сопствен бизнис од дома и нема факултет, само кратко има живеено сам додека работел порано во друг град. Не чека пари од мама и тато иако живеат под ист покрив. И како се првиве посамостојни од него?

    Денес многу се потценети занаетите за кои не мора да имаш факултет, а сепак бараат стручност, знаење и пракса, многу пракса. Таквите луѓе не се ништо помалку и поглупи од оние кои завршиле факултет. А и колку од тие што завршиле работат обична работа што не е по струка. И тоа е секако океј, битно е да се трудиш да работиш нешто, со или без факс.
    Никоја работа не треба да се потценува.

    Крај краева, секој нека си бара што му одговара, но нека не го омаловажува она што не му се вклопува во замислата.
    Можеби не сме сега самостојни, но битна е желбата да се смени тоа. Чудо големо ако тоа се случи на 25+ години наместо на 18. Не сме сите исти и немаме сите исти можности. Животниот пат е различен за секого. :)
     
    На noteforself, raww, GirlRose и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Не сум скромна и мене ми е приоритет дечкото да има факултет,добра работа и такви пријатели не го коментирав тоа :)
    Ама ете немам живеено со цимери и сигурна сум дека на некој доволно зрел дечко нема да му е битно тоа :) и сигурно нема да ми речи ти немаш поминато живот како мене немаме ние исти размислувања :D:D:D:D:^)
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Ти ја пофали, ама се вратив назад на постот првичен и доби она исмевање. Па лекции како факултетот не е се. Па смеење зошто баш технички факултет.

    И надоле успеаа да се искараат кој факс е подобар дури.

    И за тоа викам јас. Зошто секогаш таква лавина на коментари ако некоја искаже што критериум има?
     
    На kikikikirika, GrimTheReaper, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.109
    Пол:
    Женски
    Дечки патем да кажам, повеќе од 10 години моите издаваат спратови од куќа на студенти. Не сакате да знаете какви се "студенти" сме гледале :D
    Да, има некои на кои глас не би им се слушнал, си учат мирно без друштва абе не би ги ни виделе низ двор.
    Амаааа некои ....
    Не бегања и не плаќања сметки ( да вината е на моите што не ги пријавувале,) туку пијанства, друштва музика до сабајле....
    Повеќето беа да избегаат од родните краеви за да дојдат во Скопје, нели да студираат а прават се освен тоа.
    И не, не си самостоен ако чекаш од родителите да ти платат кирии и сметки и да ти праќаат зимници. Самостоен си кога сам работиш,сам се издржуваш и си ги плаќаш сите давачки.
    Така да, секакви примери има. :D
     
    На noteforself, lovemme, raww и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Машки
    Темава е доказ дека некои немаат никаков допир со македонската реалност.
     
    На noteforself, black-angel, minne992 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Од крајност во крајност идење последниве 2 страни на темава. Пример:
    Ако си завршил факултет, обавезно ќе работиш како таксист.
    Ако сакаш партнер со факултет, сигурно тоа ти е едниствен критериум.
    Ако некој нема факултет, пиши пропало врската, или нема други квалитети.

    Искрено, не гледам никаков проблем во тоа некој да си бара партнер со факултет.
    Не гледам проблем ни во тоа на некому да не му е битен факултетот.
    Ама проблем гледам дека се трудите да се убедите едни со други дека вашиот избор на партнер или вашите преференци се правилни.

    Малце вака кога читам по темиве имам впечаток како да не треба човек да има некои критериуми освен да е фин, како нешто навредливо да е ако некој не спаѓа во нечија идеја за партнер. Не, не е лична навреда да не сакаш да си со некој. Јбг и некој мене што ми се допаѓал имал критериум стомачни мускули да му има девојката, ама тоа е. Кога сакам да си м'цкам нема што да се навредувам :D
     
    На noteforself, 1209, kikikikirika и 8 други им се допаѓа ова.
  18. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    И тоа да, но повеќе е доказ дека премногу се мешаме во туѓите избори иако тие немаат никакво влијание врз нас.

    Секој нека бара партнер според лични критериуми и нема никакви потреби од навреди и омаловажувања. Многу ми е гајле мене ако некоја сака партнер со два факултети и сопствен стан.
     
    На kikikikirika, macysh, Star_dust и 5 други им се допаѓа ова.
  19. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Тука во темава се гледа од каде произлегуваат трачарењата и замарањата за туѓи животи.... уште да каменуваме некого ако има различно мислење |( Мислам стварно како се дрзнувате да напаѓате и да солите памет на девојки, зашто сакале таков дечко, зашто имале таков критериум. Епа секој човек е различен и си има сопствени критериуми и според нив се ориентира. Ако вие не сакате дечко кој живее сам и студирал технички факултет никој не ве тера со таков, слободно барајте партнер каков што сметате дека би ви одговарал - уште поубаво за оние кои бараат - помала конкуренција :D:D
    На темава - да, мене тоа ми е ЕДЕН од критериумите. Патем, интересно ми е што дечково со кој од неодамна сум е од фелата од која најмалку сакав да имам партнер зашто имав негативни искуства кои ми ствараа некои стереотипи дека ако најдам таков партнер ќе ми се однесува суперорно и арогантно :D Но баш преку него запознавам прекрасни луѓе, многу научив и сфатив колку сакам амбициозни луѓе кои си ја сакаат професијата и и се многу посветени :)
     
    На noteforself, kikikikirika и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Абе и ти она ако сакате имајте критериум и еленски рогови да има пораснато на глава никој ништо не ви вика. АМА не треба да се ПОТЦЕНУВААТ оние кои не завршиле факултети и да се карактеризираат како неспособни.
     
    На Tan4ence, tinka-mace, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.