Тешко е да се живее со цимери, не општо за факс туку било каде. И можам цела историја да испишам ама ќе кажам подобро е сам отколку со цимери.
Не, неколку страни наназад се расправаше за тоа дали живеењето без мама и тато, без разлика дали сам или со цимери, те прави поспособен, попаметен, посамостоен итн. Не беше тема на муабет дали живеењето со цимери е тешко или лесно.
Секој со свој избор. Ама, ако наидам на партнер на кој му е важно тоа дали имам или немам факултетска диплома би ставила крај. Не ми требаат такви луѓе во животот. И немам проблем да се дејтам со човек со манири и кој не е со мислења од среден век. Најмал проблем би ми било што е таксист. Инаку последните страници се фалотење и докажување кој е подобар од кој. Ама океј е, ако сам не се пофалеш на анонимен форум, тогај кај.
Темата на муабет беше живеење со цимери, еве пробуричкав. Само се надоврзав за живеењето според мене и не знам што толку те погоди па срипа.
Па во очи ми падна твојот коментар кој воопшто не беше во склад со темата. Муабетот е за живеење со цимери ама не во смисла дали е тешко или лесно да се живее со цимери туку како критериум што треба некоја особа да го исполнува за да биде boyfriend material.
Апсолутно не сум потценила никого, а членката ја поддржав затоа што изјави што таа бара, иако сите си имаме различни критериуми. Според мислењата овде се гледа кој има комплекси и се вреѓа ако некој друг има повисоки критериуми и не би бил со таков партнер како што имаат они. Инаку да напоменам дека јас немам воопшто ниско мислење за луѓе кои немаат факултет - прво и основно зашто моите не завршиле а се луѓе кои имаат многу повеќе капацитет од некои кои дипломирале и магистрирале. Но нормално, моите мнооогу се мачеле за без факултет да заработуваат и да наоѓаат работа од која ќе можат да ми пружат доволно, а оние со факултет и работа по струка од старт имале предност со работа со пристојна плата, слободни викенди, одмори. Тука ја завршувам дискусијата, и им посакувам на сите да знаат што сакаат и да се среќни со нивните избраници
Ех камо да беше вака идилично како што си мислевте. Па, со факултет било полесно ех ех. Прелесно, затоа пола нација ни е со факс и работи по маркети како касиери и таксисти (пу, пу, подалеку од тоа зло).
Ти драга или си уште средношколка или немаш завршено факултет. Сериозна си со тоа дека до факултет е полесно????? Инжињери, архитекти, доктори, економисти работат во кафичи и сендвичари од што е лесно. Немој да ме је...
Извинете уште еднаш што не ги прочитав мислењата пред моето па и јас да напишев што ТРЕБА да имам како критериум а не што критериум имам. Долго време не бев на форумот ама се сменил многу. Си пишав мислење ми срипавте одма. Зошто? Оти сум барала дечко со кој сакам да праам муабет за менаџмент на пример . И да биде инженер за да може во секоја држава во светот да најде работа. И да има живеено надвор од дома. Бог да чува значи. И зборам од мое лично искуство и примери , не од на другарка , не од ваши , вие си имате различни искуства. Една ми одговорила: Дали другарка и треба да раскине со дечко и, оти нема факултет а живее во странство? Другарка ти за неа може да си одлучи сама , и ич не ме интересира за неа. Јас за мене си кажав мислење а ако не ви се допаѓа, извинете.
Јас драга за неколку месеци ќе завршам факултет, а веќе имам понуди за работа од компаниите каде идев на пракса. Ич да не се секираш ти за мене. Јас имам и многу спротивни примери - каде инЖЕнери, доктори и слично имаат прекрасни кариери и се барани од многу работодавци. Крај краева - доколку толку не се успева во МК, голем дел од факултетите се признаени во странство или е потребен уште само некој испит. Со студирање и надоградување на себеси во никој случај нема некој да си наштети. Страшно е колку сме само навикнати да кукаме и другите да ни се криви за се...
Драга, нека ти е со среќа и браво. Само треба малку и да е човек свесен дека не ја имаат сите среќата како тебе.
Мило ми е што баш моето мислење ти паднало во очи ама нареден пат кога ќе пишеш одговор, барем означи ме. Иако ваљда сфати дека тоа беше повеќе реторичко поставено, не дека стварно очекував одговор. Никој немаше да ти срипа ако мислењето и својот критериум си го претставеше на нормален начин и како што доликува, нели, на девојка која е факултетски образована. Ама ти одбра да потценуваш луѓе што работат одредени професии и беше многу контрадикторна во излагањето на својот став "сакам да има завршено факултет и да има живеено надвор од дома" , "да има живеено надвор од дома додека студира па макар и да не го заврши факултетот". Као wtf, на чисто со себе си... знаеш што сакаш?! Затоа што не изгледа баш така. Пак ќе повторам, верувам дека немаше да има ниедна реакција ако мислењето си го пишеше нормално без тие киксови што ги спомнав погоре. А вака и со тоа што понижуваш останати, само докажуваш дека сепак факултетската диплома не е никакво мерило за карактерот и зрелоста на еден човек
Ти благодарам. Инаку среќа сметам дека е да се родиш како наследник на богаташи и да знаеш дека и ниеден ден во иднина нема да се секираш како ќе платиш сметки или ќе се нахраниш, а во други случаеви мислам дека среќата сами си ја бркаме. Јас апсолутно сум свесна и сум сведок на несреќа и сиромаштија и баш затоа не гледам лошо во тоа некој да бара партнер кој е образован и има големи амбиции. Во секој случај - секој со своите желби и преференци. Мислам дека отидовме предалеку од темава.
Може да прашам како го подразбирате тоа дечко со амбиции. Еве и јас ќе пробам да напишам нешто па кажете ваши мислења и поправете ме. Дали амбициозен дечко е оној дечко што ти прави филмови пример, да ќе имам олку онолку пари само да завршам факс вака онака че напрам. Дали амбициозен дечко е оној што да речиме има богата фамилија и како и да ја вртиш пак амбициите т.е приходот на пари би бил висок без разлика колку го крепат негојте во неговото студирање па и да речиме професија, еве некоја професија со економија или откај ти знам шо, адвокатска канцеларија итн..? Или дали неамбициозен дечко е кога нема клаено розеви наочари и е реалиста во која држава се наоѓаме и ти кажува дека еве тоа сум јас. Пример еве да земиме одредена струка еве фитнес тренер и ти кажувам, јас се надоградувам секој ден, учам се повеќе и повеќе, али овде кај нас платата е таа и никој не ти дава повеќе.
За што имаш понуди? Да работиш за некој? Да му бидеш роб? Тоа го сметаш за успех, некој да ти го манипулира времето ти е успех? Едно надоградување што го има на фах, шта да ти причам...знаеш кој повторува една иста реченица или лекција по неколку пати додека ја запомни истата? Знаеш дека учењето на памет го оштетува мозокот? Знаеш кога можеш да бидеш успешна, кога ќе отвориш свој бизнис и ќе вработиш луѓе да работат за тебе, а ти ќе уживаш
Каде точно потценив некого? И кои киксови? Се напнавте уште после првото мислење, па морав да дообјаснувам. Порано ми беше услов да има живеено надвор од дома, сега кога имам дечко со факс гледам колку ми e поубаво си подразмислив и напишав без факс нема шанси. Никаде не потценувам. Ви кажав трчкајте си таксисти, а ако вие ги сметате таксистите за подолу од другите тоа вие ги потценувате јас не. Ако ви пишав трчајте си доктори сигурно немаше да срипате, нели? Се фативте за живеењето со родители. Јас реков дека мене ми е неприфатливо да се сексам ако во другата соба се мама и тато, дека јас после студии плаќав ќирија за да живеам сама на 20 км од моите, затоа што тоа е според мене е неприфатливо. Како ти живееш, баш ми е гајле, а уште помалку па другарка ти Ако и е убаво на неа со дечко и шо е битно шо мисли некоја форум фацка. Ако е поцрнување што сум пишала дека ние што студиравме на страна знаеме да одбереме пипс за лебарки тогаш ОК. Не се ни претставив ко супериорна, дека не сум. Си пишав сеуште не знам машина за алишта да пуштам Јас на вакви теми не ни читам туѓи мислења, идам да си кажам мое. Едит: не ми се верува секој збор си го дообјаснувам. Кој разбра разбра.. Чао
Извини ти кралице ако сите што немаат сопствен бизнис се робови. Да, за мене е успех да имам понуда да работам по моја струка на место каде јас сакам и да стекнувам искуство па понатаму да одлучам. За мене уопште не е успех да легачам дома и друг да работи за мене. Дури и да отворам свој бизнис по струка, јас секогаш ќе бидам таа која најмногу ќе се залага за она што јас сум го створила и никогаш не би се однесувала со вработените како кон робови. И нема тебе да ти се објаснувам за што имам понуди и какви планови имам - сигурно твоето мозоче нема да ги разбере, а и воопшто не ми е целта да се докажувам на небитен искомплексиран форумски лик. Патем, најбитен критериум ми е партнерот да нема затуцани и површни размислувања и да си напредува во сопствената кариера, тука завршувам
Како и да ја вртите, мислењето што покрена дискусија е смешно Значи без разлика што факултетот ти е во комшии на семејниот дом, пак треба да бараш стан и цимери , да си ги усложнуваш работите и да си придодаваш трошоци кога и најбогатиот гледа да заштеди (ене, има министри кои со државни пари ги школуваат децата наместо да одвојат од џеб), за некои луѓе да не помислат дека си несамостојна личност, која не ќе знае во иднина да си ги распореди средствата потребни за егзистенција.... глупости живи. Секој знае како со парите кога ќе затреба, освен поединец заглавен во пороци. Да си правиш од готово вересија за некому да се докажуваш дека нешто можеш според мене е апсурд и трошење време и младост на баналности. Повеќе ми личи на мислење од кое треба да се навредат скопјаните, оти знаеме кој е студентскиот центар во рамки границите на оваа држава.