Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Конечно мој истомисленик, нешто што ретко бидува.
    :):)

    Амбицијата сама по себе ништо не мора да значи, зашто амбиција е желба, не е манифестација на посакуваното.
     
    Последна измена: 8 ноември 2020
    На tinka-mace и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    На форумов никако да се помирите дека сите имаме различни перцепции,видици,ставови и амбиции. Крвта не е вода.

    Јас не видов членката да потцени нечија професија,си кажа за себе што мисли, некои многу лично го сфаќате тоа, напротив другата членка @macysh се изнафали како таа е најбарана студентка на сите фирми. Мислам хелоу, океј,имаш среќа ама не мора да ни бодеш очи и во секое мислење да го потенцираш она “Сори,јас сум најдобрата од сите вас”.
     
    На AAKG, GrimTheReaper и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Што сте направиле од темава...
    Абе толку ли е тешко да се прифати дека луѓето имаат различни критериуми.
    Ако ви е нешто чудно, глупо итн. во туѓ избор на дечко, одминете го, не знам како си земате за право да солите памет како другите треба да избираат.
    Мене лично мислењето што ги напиша членката ми е апсурдно, затоа што уште не сфаќам зошто би правел дополнителни трошоци за живеење со цимери додека имаш факултет во твојот град, баш како што напиша @Аргентина * ама н крајот, за некого и тоа е битно.Субјективно е, многу.
    А во однос на вистинската тема се имам изјаснето и порано, факултет ми е битен како критериум ама не и пресуден, од причина што гледаме кој сѐ запишува и завршува факултет и така на факултетите им избледува вредноста.Еве ќе додадам, значи зависи и на кој факултет има завршено.
     
    На macysh и f.girl им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Reality check. Не сакам да те демотивирам, но успех не е да работиш само по струка. Јас уште недозавршена, веќе работев по струка, кога дипломирав, веќе и работев на друго работно место, повторно по струка. Третиот обид, ме уништи. Сега немам допирна точка со струката, ама затоа од финансиски аспект не жалам нималку. Но, се зависи која е твојата дефиниција за успех. Мене парите ми се мотиватор и тло за успех. Ако ги нема, џабе струка, ако носиш само леб и сол на маса.
     
    На Saren petel, AAKG, MarigoldA и 6 други им се допаѓа ова.
  5. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Па дури сум се фалела.... бог да чува :D до вашето мислење мене ми е дојдено можда. Јас сум опкружена со секакви луѓе и имам пријатели од различни бранши, и успешни и неуспешни, и со факултети и без факултети но пред се тие се ЧОВЕЧНИ. Јас никого не сум нападнала од моите пријатели кои не сакале да се замараат со факс и да студираат - моја најдобра другарка го забатали факултетот и се вработи со средно и е задоволна. Никогаш не сум ја нападнала зашто не учела ниту потценила - за мене таа е најдобра личност и секогаш сум и била поддршка. Исто и она мене - не ми рекла тешко тебе џабе учиш на крај иста плата ќе земаш, ќе бидеш роб :D
    ^^ се согласувам со тебе и ти посакувам уште поголеми финансиски успеси и лична сатисфакција :)

    Од мене ова е последно мислење - не на темава, туку на целиот форум. Овде се собрале личности со кои секој вид на комуникација е залуден. Апсолутно не планирам да се спуштам на ниво на личности кои лечат комплекси на форум :)
     
    На Traveler91, ушко, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.864

    Маре ( не знам оти , ама така ми дојде да ти се обратам ) оти се тревожиш ?

    Ти си го кажа твоето, па сега ако не му чини на друг негово си е, не мора да си одиш од форумот оти не те поддржуваат членките.

    Немаш никаква потреба да се оправдуваш.

    Никој од форумот поима нема како ти живееш , што работиш и како ти е тебе, така да верувај нема потреба да те допираат зборови од непознати од форум.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Дечки ако сте толку задоволни со себе и со одлуките што сте ги донеле, како се наоѓате толку засегнати од критериумите на една членка во изборот на партнер? Страници и страници објаснувања од типот како студентскиот живот не значел осамостојување, како сте самостојни и покрај тоа што живеете со родителите, како заработувате повеќе од оние со факултет, итн.. Тоа е супер ама зошто имате потреба да се објаснувате не ми е јасно?
    Ако сте среќни и задоволни со вашите избори, не гледам потреба од потценување на туѓите.

    Што е со размислувањата? Секако дека е успех ако има понуди за работа додека студира и се вработи по струка веднаш по дипломирање. Не секој има можности за сопствен бизнис од сам старт, а како и би имал?
     
    На Anie93, WildMk, GrimTheReaper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Дали во врската ви е пресудно партнерот да има високо образование?
     
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Не.
     
    На Anie93 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  10. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Да!
     
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ретко кој е успешен без факултет. Искрено би сакала да има.
     
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Не.
    Маж ми нема високо образование па ништо не му фали.
     
    На Jordanco Smart му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.096
    Пол:
    Женски
    Мене искрено не ми е важно ама добро е да има, за себе, за знаење, доколку би му олеснило живот :)
    има прости луѓе и со факултет и без, а исто така и паметни и со и без и вредни и успешни и интелигентни и не и со факс и без:D
     
    На _beautyy_, FridaodaMk, Cookie21 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.873
    Пол:
    Машки
    Познавам луѓе без факултет што стварно ги бива во својата струка и се шефови над луѓе што завршиле факултет во истата струка.
    Мислам ако човек си е способен, ќе успее и без него и со него (зависи од струката нели).
    Така да не би ми било битно дали девојката има или нема факултет.
    Битно би ми било да е паметна и задоволна од сама себе.
     
    На realGirl, _beautyy_, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.366
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Не. Има луѓе кои и без факултет се снашле во животот дури и повеќе од оние што завршиле некаков факултет.
     
    На Jordanco Smart, Martka и Limpan им се допаѓа ова.
  16. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Прво би прашала што за вас претставува факултетот? За мене факултетот претставува надградба, по стекнување на основата во основно и средно образование,факултет завршен во вистинска образовна институција, а не во некое квази приватно ала Мерко факултетче,или Белградскиот Мегатренд каде постои насока за Ди џеј.Е сега таа личност по завршувањето, ако сака да биде вистински интелектуалец треба да продолжи да се надградува во и надвор од неговата стручност.Што всушност сакам да кажам,пр.пред неколку дена имаше обид за самоубиство. Кликам на профилот на еден што коментирал дека со сто стапа треба некој да го истепа, истиот завршил на Уким,завршил пр. право и застанал ,појма нема што значи ментална болест.Затоа тогаш, кога некој ќе стане во вистинска смисла интелектуалец,е тој не може да биде во брак со личност која пишува граФ или госпоТ,зошто очигледно до Зоки Поки застанала и тој едноставно нема заедничка тема .Ќе се судрат и при воспитување на децата,зошто таа пр.ќе смета дека нема проблем бебето да го храни со грав од 3 месеци (не прочитала ништо во животот ама баба и знае најдобро).Исто според мене, дури и поважно од факултетот е домашното воспитание.Ако него го нема,нема манири,фрла ѓубре кај стигне,плука на улица и др.,тогаш џабе се сите дипломи.Пс.Сепак доколку личноста не завршила факултет, но наоѓала начин да научи од други извори и да се едуцира, тогаш можеби може да живее со интелектуалец .
     
    Последна измена: 10 јуни 2021
    На cresa-jagoda, Traveler91 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Нека има он во главата памет, не диплома во фиока.
    ММ е магистар па џабе. Работи две работи за да може да си дозволиме поубав живот. Јас дипломирана нешто помала плата од неговата. Кога се запознавме јас сѐ уште учев, немав амбиции да магистрирам и слично. Знаев дека ми е за џабе бидејќи завршив факултет кој не е просперитетен моментално. Во никој случај не ги потценувам дипломите, убаво е да ја имаш, ама не ми треба мене нечие CV за некој да ми биде дечко/маж или било што.
     
    На Dust, злоба и Martka им се допаѓа ова.
  18. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Што ќе ми е маж со факултет ако не знае да готви, да чисти, да пере? Како стаклена вазна ќе си го чувам? For real tho, сакам прости работи да знае да прави. Не барам да е професионален готвач, но бар да знае омлет да направи.
    Факултетот секој го завршува, street smarts се побитни!
     
    На Elf, Jordanco Smart и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Ja sum dete na roditeli od koi edniot ima f. diploma, drugiot ne. Da bea site lugje so predrasudi ko vo temava, nemashe da postojam.
     
    Последна измена: 3 октомври 2023
    На Boomer, Mrs. right и Musicallinmylife им се допаѓа ова.
  20. Boomer

    Boomer Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    Факултет на денешно време е најлесно да имаш
    Пред се треба да бидеш човек со срце и душа
    Џабе диплома ако си гнил однатре и имаш плиток мозок
     
    На Tajnaotrovna, hermosa, **prcla** и 3 други им се допаѓа ова.