1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    ја не сум ни најмалку против факултет ,не мислам дека е факултетот лоша работа,ама само сакав да кажам дека факултеот нема никаква врска со амбициите на човекот ,некој може имал факултет ама не вреди ни 5 пари,а некој нема па се му иде од рака и се снајдува више од оној со факултет,значи нема потреба од ком џаболебари и тн |(
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум го ставала факултетот на список на приротети кога барам нов дечко. Се погоди тој што го најдов да нема факултет, и еве заедно сме веќе 6 години. Имал прилика да запише факултет но бидејќи има мајка почината и ради склоп на околности морал да го прекине и да почне да работи, да се бори со животот.
    Иако е веќе застанат на нозе, сеуште се бори и сеуште нема прилика да запише факултет (а тоа што го сака е приватен колеџ бидејќи таа диплома многу му е потребна во неговата струка), но можам да кажам е доста поинтелигентен од мене (јас сум со факс) и има тродупло поголемо животно искуство од мене на што јас на некој начин му се дивам, и самото тоа во моите очи го прави како да има завршено 10 факултети! :)
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.380
    *типот имал голема приЧина да го прекине факултетот.
    *работлив е.
    *амбициозен е и има желба да го заврши факултетот.
    заслужено ја има добиено поЧитта во твоите оЧи, ценам такви деЧки ;)
     
    На daddys.princess и Kitten им се допаѓа ова.
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Ако јас сум решила да завршам факултет,немам намера да го терам со сила некого и тој да заврши.Еве дечко ми сега се запиша на факултет,затоа што тој така сака.Предходно работеше за одлична плата но си реши поарно да си имам диплома за во иднина.
    Знам луѓе со диплома што се китат со перјето на тато,а знам и луѓе без диплома кои сами започнале некоја работа и заработуваат доста добро.
    Конкретно за дечко ми,тој не е човек кој чека да му дадат пари и дома да дреме,тој со 21 година работеше,супер работа со одлични примања,јас го немав ни прашано а,ќе студираш ли?Негово право,негов избор.Сега на 22 реши да си заврши зашто него му е ќеиф,а не зашто е никој и ништо без диплома.
    Битно ми е што е работлив,грижлив,снаодлив,амбициозен и што и без диплома абе светот ќе го преврти и ќе успее,е тоа ми е мене многу битно.
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Moјот дечко нема факултет, и покрај желбата да учи и да го заврши.
    Еве јас годинава се запишав на факултет, некои планови кои ги правевме говореа да се запишеме заедно оваа година, во смисла и тој да се запише после 2 години пауза од завршувањето на средното, но поради ФИНАНСИСКИ причини не се запиша. Мојот дечко е страшно амбициозен, и страшно се бори за својата егзистенција како лав. Работи од 17/18 годишна возраст, има сменето многу работи, но кога нема поддршка од родителите во финансиска смисла на зборот мора да се бори сам. Парите кои ги зема како плата не се доволни за да се упише на факултет, а уште една кочница во сето тоа е поради сплет на околности завршил средно со училишна а не државна матура (некоја ујдурма се десила, и врска немам). За да завршиш државна матура односно ако поседуваш училишна а ти треба државна треба да платиш 9000 ден. за да преполагаш, и милион други ситници.
    Животот е превртлив ако сам се сопнуваш на такви работи.
    Некогаш си мислев демек како ќе биде во иднина, без факултет и сл., но верувајте дека со желба не се запишува на факултет. И гледам коментари погоре, финансиите не се потребни, од воздух сигурно нема да се запишеш на факултет, така да ве молам ако немате осетено како е да се нема пари, ниту пак основна поддршка од вашите родители во однос на тоа прашање, ЌЕ ВЕ ЗАМОЛАМ да не судите, затоа што не сте влегле во таква човечка кожа и НЕ САКАТЕ да влезете!!!
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно и уште не можам да сфатам дека се` уште луѓето се оценуваат и вреднуваат по дипломата за завршено високо образование посебно во денешно време кога секој, ама буквално секој може да има диплома, нормално ќе си ја плати т.е. тато ќе му ја плати.
    Разбирам пред 10-15-20 год. кога ретко кој имал диплома, ама денес... :^)

    Еве јас имам диплома, дома ми е, уште не ми е урамена ама и тоа ќе биде за некоја година, жално но вистинито, не ми помогна ама ич, а толку многу надежи и очекувања имав. :(
    Дипломата може, но не значи дека ќе биде отскочна даска и ќе ти помогне да си најдеш убава канцелариска работа. Студирав затоа што сакав да учам, сакав и на постдипломиски да се запишам (не е касно, може еден ден ќе бидам и м-р :P ), моите најдобри другарки, оние со кои израснав, кои најмногу ми се нашле и ми помогнале, немаат факс., а тоа не ги прави за ништо поразлични и подобри од мене. Секогаш сме имале заеднички интереси и до ден денес една со друга се надополнуваме.

    Мм нема факултет, не ми беше битно кога го запознав и денес не ми е битно....зошто?....затоа што човекот е вреден, амбициозен, успешен во својата работа, со сите сили се бори да успее на пазарот и за сега супер му оди. Не дека е мој па го фалам, ама од обичен работник кој работеше за други газди (работи од својата 18 год., само што завршил со војската одма почнал да работи) успеа да си има своја фирма и свои вработени, сега тој некому му е газда и се гордее со тоа, а и јас со него затоа што вика-додека има работа за моите работници среќен сум затоа што им носат леб дома на семејствата.
    Не би рекла дека истото го вика и некое од нашиве 30 годишни дипломирани министерчиња.

    На времето имаше и такви скептици кои му рекле дека ќе го оставам затоа што сум била ВСС девојка, па ќе си барам некој таков, дека интелектуално сме биле на различно ниво и дека нема да успееме, дека врската ќе ни пропадне, дури имаше и такви кои ни прогнозираа развод.... :tmi:

    Колку само се мизерни и бедни ваквите дискриминации, искрено ги презирам сите кои со завршен факс мислат дека се каде-каде подобри од, ајде така да ги наречам, среднистите.
    Степенот на завршено оброзование нема никаква врска ниту пак допирна точка со интелегенцијата, амбицијата, успешноста, мотивацијата за работа и пред се` со човечноста.
    Затоа ќе си кажам мило ми е што не ги вреднувам луѓето според дипломите што ги имаат, мило ми е што сум ваква каква што сум и што со целото мое битие сакам токму еден, навидум обичен, среднист. :)
     
    На bittersweet, green.eyes, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ставам потпис :)

    Израсната сум во семејство во кое отсекогаш образованието многу се вреднувало. Воспитана сум од родители кои навистина многу труд, финансии и време вложиле во нивното образување, и за среќа сето тоа им се исплатило.
    Ако тргнеме од тоа дека „денес секој може да заврши факултет“, тогаш зошто и дечко ми да не биде тој „секој“? Доволно е паметен и интелегентен.
    Во однос на наоѓање работа по дипломирањето - тоа е веќе сосема друга дискусија. Сето тоа зависи од многу околности кои не можат однапред да се предвидат. Може и да не најде работа во својата струка, но тоа не е изговор да не заврши факултет.
     
    На drugarka, LittleDevil, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, моето потесно семејство е факултетски образовано, татко ми е дојденец во Скопје на свои 14 год., викаше-учев, работев и градев во Ск. за моите деца да не се мачат по студентски домови, затоа што знае колку му било тешко....го вреднува и го цени студентскиот живот, а со тоа и дипломата.
    Но мене моите никогаш не ми рекле дека морам да се омажам за дечко со факултет и секако не ми ни забранија, не ни смееја, го видоа што човек е и греота е да ни ја забранат љубовта само и само затоа што нема диплома.

    Друго ако некој не сака да студира, едноставно факсот не го привлекува, не е за него, смета дека и на друг начин (физички изглед, интелегенција, амбиција, работоспособност итн.) може да биде привлечен за припадничките на понежниот пол, откако ќе добие 2-13 корпи затоа што нема дипломче треба ли самиот себе да се обезвредни и да пушта исклучиво на девојки кои се на исто образовно ниво со него. :^)

    И не, не секој може да заврши факултет, можат да завршат два типа
    -оние кои навистина сакаат да учат и да се надоградуваат, кои навистина се амбициозни, паметни и интелегентни, a имаат и средстава да студираат и
    - оние кои се форсирани од тато и мама и истите им ги плаќаат дипломите.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    И те како на повекето од девојките им важен факултетски образовен дечко да имаат,исто и професијата.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.570
    Пол:
    Женски

    А на вас момците не ви е?
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Мора да се согласам со АнаКаренина. И јас сум израсната во семејство каде што образованието многу се вреднувало. Како што веќе таа кажа, во денешно време секој може да се запише на факултет и да го заврши. Зошто мојот баш да не оди? Многу ќе кажат на форумов дека сепак не е важен факултетот, но дали навистина е така?! Според мене, НЕ.
     
  12. Monce89

    Monce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    10
    и јас се согласувам! секој ке каже ма нее, немора... и уствари подсвесно секој си го посакува тоа! зошто реално бес факултет во денесно време си никој и ништо.. освен ако немаш твоја фирма и ако си премногу снаодлив па некако да успееш.
    а и во денесно време секој заврсува, така да срамота е некој да нема факултет... барем според мене.
     
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    абе не дека ми мења кој знае колку, ама кога денес веќе сите имаат, зашто баш он да нема?
     
  14. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    искрено кажано...мене мие битно...не ги потценувам тие што с ебез факултет....бажное да биде човек,,но кога бирав партнер,сакав да биде со факултет,бидејќи сите од моето друштво, се со факултет и сите бараа партнер со факултет..кога ќе казуваш за партнерот,,и веднаш прашуваат што завршил?....ZNAчI не потценувам никого што нема факултет,секој си има своја вредност,со или без диплома,,дипломата ништо не значи во денешно време..може да ја има секој кој има пари...но сепак бирам партнер со диплома...
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Зависи.

    Еве зашто.

    1. Образовниот систем кај нас не е баш за пофалба.

    2. Има факултет и факултет, да се разбереме. Не е исто па да речеш аман само факултет да има.

    3. Многу се поважни неговите амбиции и труд. Доколку човекот одел на триста обуки, начитан е и навистина се труди околу областа која го интересира, а ете некогаш во животот немал можности да се дошколува, не го прави ништо помалку вреден од останатите.

    Трудот, амбицииите и заедничкиот јазик на прво место. Што ќе пишува на зградата во која се обучува е од помала важност.
     
  16. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Јас отсекогаш знаев дека сакам дечко со факултет, уште кога бев тинејџерка. Ете така сум си зацртала во животов и јас да завршам и човекот покрај мене да има завршено. И никогаш тоа не сум го криела, туку сум го кажувала пред другарки, колешки кога сме правеле муабет за одредени ,,критериуми,, кои би сакала да ги поседува мојот дечко/маж еден ден.
    Цело време сум инвестирала во моето образование и да не ме демотивира актуелната ситуација во земјава би инвестирала и повеќе, така да го сакам горе долу тоа и од спротивната страна.
    Имам и личен пример кога во средно се запознав со еден дечко од друг град и тој почна интензивно да ми се јавува долго време и кога дојде ред јас да се запишам на факултет нему му беше смешно, па што ќе ми бил, еве да сме се вериле |( , бизнис си било бизнис итн, итн. Значи не се разбиравме едноставно.
    Голема вистина е тоа дека денеска да завршиш факултет е гола вода и јас самата сум сведок дека со извинение луѓе што не знаат да одат дипломираат, ама тоа е по новата програма а јас со помали не идам, така да спасена сум од дипломирани-полуписмени :D (мала шала)
    Нормално, не само факултетот туку многу други околности се во игра и ја креираат целата ситуација, но тоа е мое убедување од мала и не можам да го променам.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Дипломата само покажува дека некоја индивидуа има добиено тренинг на едно поле. Толку. Може дете со средно да заврти бизнис, и додека стане маж да вработува дипломирани да работат за него. Кое понижување! |( Важно е на човек да му работи мозокот на широко, да е паметен, упорен и снаодлив во животот.
    Инаку јас маж ми не го бирав со факултет, ама го задоволи критериумот „пари да има„ :D :wasntme:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Јас сум за дечко со вечерно 4то одделение :smoke: .
    Ајде некој нека ми стројникува да ми најде таков ^_^
     
  19. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    е това тије,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,, СЕЉАНКА важно ја да има факултет и диплома................. иако таја диплома може само гз да си избрише со неја
    Аманте бре сите денес овоа не је факултет.................... и не туку се курчете со тије дипломи пошо џабе се пак ке работите како продавачки у бутици и пак ке идете со таксисти................. ама битно имаат дипломи :rofl: Д :emo: Д :emo: :emo: Д :emo: ДИПЛОМА ЛИ ЈЕ БЕ ОД ОВИЈЕ ДИСПЕРЗИРАНИ,ПА ОД ФИЛОЗОФСКИ ПЕДАГОШКИ ИТ :emo: :lol: :rofl:
    И со диплома и без пак си никој и ништо................ако не те бива това ти је 8) :rofl:
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Браво. Оди сега да научиш правопис.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.