1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    Зошто СЕЉАНКА?

    И никој не знае дали и кога може да ја употреби таа диплома, гаранција не постои но постои поголема перспектива и надеж дека некој ке го препознае трудот и еден ден таа ке биде искористена.
    Тоа дали ке бидеме високо образовани таксисти или продавачки никој не знае, може ама не мора
    Ама со сигурно знаеме дека нема доктор, инжињер, или професор со средно да бидеме.


    И нема потреба од потценување.
    Диплома не чинела, дисперзирани студии не чинеле...ајде сите после средно бизнисмени ке бидеме.
    Сум студирала по стариот модел, и не знам каков е овој дисперзиран модел, мегутоа нема потреба да им ја омаловажувам дипломата само затоа што е воведен поинаков образовен модел и поинакви критериуми.
    Нели сите пропагираме дека може лице со средно да вреди повеке од лице со факултет, епа оти и лице од овие дисперзирани студии да не вреди повеке од предходните две?

    Ценам труд(без разлика колкав е, секој со своите можности), амбициозност, и секако личности кои не се тегнат на кауч 24 ч на ден, туку одбрале студии, работа...
     
    На miss.ella, LittleDevil, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  2. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    офи ја виде ки иронијата...................ееееее до каде е стигнато :rofl:
    Затоа што и ќораво и саКАТО ИМА ЗАПИШАНО ФАКУЛТЕТ демек без факултет ништо................ и 95% завршуваат што со врски што со пари а знаење никакво ................деградиран је факултетот максимум..........ете това ти је не вреди ни пет пари
    ама ако сакате да се лажеме.................ајде ке речеме дека не је така :emo:
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Секој со своја среќа.
    На човек на среќа и на сенка не можеш да му стапнеш.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.592
    Пол:
    Женски
    А мислиш твојов коментар не е ироничен?
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389


    Нема потреба од употреба на зборовите
    , форумот не е простор за навреди.
    Обиди се да го браниш својот став со аргументи.

    95% од студентите не се деца на бизнисмени па да си купуваат дипломи, а ти сигурно на кантар не им мереше знаење.
    И да, факултетот вреди повеке од 5 пари, баш поради тоа и многу паметни и амбициозни деца не можат да го започнат или продолжат образованието.
    Нема потреба од генерализирање.
    Како и се во животот, не се става се во исти кош.
     
    На LilBaby и Gea им се допаѓа ова.
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    А "ќоро и сакато" нели е дијалект за голем број луѓе,или јас сум грешка? :wasntme:
    Сметам дека ако е во овој смисол тогаш не гледам ништо навредливо во нејзиното мислење. :)
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    Целото генерализирање за мене е навредливо.
    И вистинскиот смисол крие повеке од дијалект, зборовите се употребени во потценувачка конотација ;)
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    Последниве постови на некои членки личат на две жени кои се сретнале на пазар и оговараат “ Ја виде ли онаа ма, факултет завршила, ќорава една, што ќе и ја да ја видам, газот ќе си го брише“.
    Македонче, завидливо е!
    Џабе му бил факултетот, а сите сакаат да студираат.
    По се изгледа не му е џабе, ама пак не и услов за успех.
    Се зависи од човекот.

    И на тие погоре споменатите џабе ќе им се сто дипломи, додека берат гајле за другите.
    Секој знае утре што ќе работи. Све пророчици се собрале, сигурно го знаат и името на бутикот и продавницата.
     
    На Herrera, macysh, Sparks и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сите добро знаеме дека на денешен ден скоро си никој и ништо со диплома а не пак без неа.И да дипломата не ти гарантира подобра иднина за жал но не е за потценување.

    Без страм ќе кажам дека сакам дечко со факултет.
    Тоа ми е мал знам дека ќе бидам со амбициозен човек,кој се труди да успее во животот.Не се излежава по цел ден дома пред телевизор и компјутер.
    Но оваа не значи дека оние без диплома се никој и ништо за мене.Свесна сум дека има многу подоби луге кои успеале во животот и без диплома.На овие луге искрено им се поклонувам, посебно на оние кои немале услови за високо образование.
    Не ете така мило ми пага на душава кога ке слуушнам дека дечкото завршил факултет :)
     
    На princez и Gea им се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Интересен синдром. Во темата дали е важна неговата професија, сите одговорија дека не (плус ме нападнаа), а овде читам поинакви мислења, иако е туку речи исто :)
     
    На Gea, JuLleE и danichap им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    Имаш прво Оффи, факт е дека на сите ни е, помалку или повеќе, и не знам зошто некој не сака да каже да сакам со факултет или битно ми е што работи.

    Еве јас не само на форум, ами и на дечко ми сум му кажала.
    Битно ми еден ден да можеш да ми ги задоволиш потребите, моите и на децата ни.
    Од љубов само не се живее.

    За тоа му треба добра работа, а за добра работа кај нас ти треба диплома.
    Сигурно нема да биде судија без диплома. (ова е само пример)

    Во Македонија физичките работници се слабо платени, и тоа не е до нив, не се тие винови, општеството во кое живееме го наметна ова.
    Ако сакаш работа диплома и книшка.

    А секој нема можност да направи свој бизнис. Ако беше така сите ќе бевме бизнисмени со средно.
    Ама некој мора да се труди, да учи за да се надева на добра плата.
    Реалност!

    Може и да нема диплома, ама да знам дека еден ден ќе створи пари, дека нема да гладувам и да се чудам како ќе си ги платам сметките.
    Ако сака и од келнер нека почне, ама да не остане на тоа.
     
    На zanana, Sparks, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    1. Важно не до толку али ќе ми биде трн во око ако нема факултет завршено , т.е ако неќе воопшто да го заврши

    2. Мислам дека барем ќе бидам искрен за разлика од повеќето што ги прочитав тука , Да би ја оставил дотолку неќе да се потруди за факултетот да го дозаврши , сакам да имаме заедничка иднина и да двајцата да се бориме за успех а не едниот да седи дома по цел ден а другиот да работи за средна/висока плата , бидејки да се соочиме без факултет неможеш јака работа или средна да фатиш ....

    /нема врска дипломата , ама ако сакаш да се вработиш некаде мораш да имаш некаква диплома , факултетска ... иначе не примаат средно и такви чуда


    3. Не е важно тежок , лесен све си има своја тежина и улога ....

    4. Па сите што ги познавам се во процес на завршување или ќе завршат факултет така да немам тука што да пишам :D
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Животот е масовна појава и има најразновидни луѓе. И повеќето си го наоѓаат својот животен соптаник без разлика што и да завршил или со што се занимава.Ниту е оној без факултет инфериорен во однос на другите кои завршиле, ниту пак истите се супериорни во однос на овие другите. Секоја чесна работа е одговорна на свој начин.

    Што се однесува за суштината на самиот живот воопшто, факултетската диплома е потполно маргинална.Суштината на животот е да бидеш среќен, а што и како ве прави среќни е индивидуално. Повеќе од сигурна сум дека љубовта не бира, СО или БЕЗ факултет, туку за неа се потребни многу други елементи. И љубовта е таа што ќе победи и вера и нација и образование на двајца луѓе...и болест...
    Да има дечко ми факултет, за мене би бил голем плус, но не и услов.
    А и партнерите најверојатно ги наоѓаме на оние места каде што ние најмногу време поминуваме.

    Единствено од партнерот би барала интелектуално да ме задоволува, бидејќи ако не ми е приближен во сфаќањата и ако е искомплексиран, најверојатно би се обидувал да ме „спушти“ и на тој начин да ме повреди.Би ми пречело, ако имал свои неостварени соништа и застанал на пола пат, па наместо лекар станал портир и се враќа дома нервозен и огорчен.Би ми пречело ако не оставрувајќи ги своите планови и цели, разочарано седи дома и чека да се случи чудо.

    А што се однесува до вработувањата, не постои таква легална работа која би ме засрамила да ја работам, ако таа ми е единствена алтернатива за егзистенција (и со факултетска диплома) и тоа истото го очекувам и од партнерот.
     
    На danichap и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Колку не се согласувам со некои од вас. Дипломата е ништо, Обична нула. Имаме приватни факултети каде ако се појавиш само ке дипломираш, имаме факултети каде што доволно е да си вонредно запишан, и веке шестката ја имаш (сестра ми е вонредно на факултет затоа знам). Значи ве молам не и давајте толку големо значење на дипломата бидејки СЕКОЈ може да земе диплома ама да биде заспан и глуп како зелка и да не знае да се снајде во животот. Има луге, и тоа не се ретки случаеви воопшто каде без диплома, им работел мозокот, биле паметни и знаеле како да се снајдат и да штават пари. Значи мене не ми е воопшто битно дали дечко ми или понатамошен маж, има диплома или не, јас гледам дали е амбициозен да успее, а има многу начини да го направи тоа. Бившиот ми беше со правен факултет државен во Скопје, тежок во секој случај, па немаше 2 чисти од животот до 23 години во маало си играше со децата жмурка. Глуп нема до дека, ама диплома имал, е што кога имал? Не значи ништо. Исто знам и за еден случај, на едно дете кој 4 пати кога се запишува на различни приватни факултети и секаде неможе да ја помине ни 1 година. Сега, петта срека се запиша на приватен економски на европски и еве го ке дипломира уште малку. И сега он ке ми соли памет на мене бидејки имал економски факултет, де те молам шетај! Сегашниот дечко, ми е без диплома, а има можности да се запише на факултет ама не сака, јас него го гледам како виоко интелигентна личност, и е многу итар за разлика од некои. Верувам во него дека ке се снајде во животот и тоа многу добро. Што е подобро, дечко/маж со диплома кој ке се однесува со тебе како со губре или без диплома кој ке те третира како принцеза? :?: Со еден збор дипломата и факултетот не е она што беше, кога само одредени можеа да го завршат и кога всушност се даваа оцени според заслуженото знаење а не со дебела паричка.
     
  15. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Како тоа никој не сака да каже дека сака дечко со факултет.Ова сега излезе читам тоа што јас сакам.
    Еве јас искрено си одговорив без прво да читам што напишале останатите бидејки тоа не ме интересира, нема потреба од копирање.Но кога видов дека си напишала дека никој не сака да каже искрено ме заинтересира па развртев по мислењата и гледам дека не сум идинствена.

    И не гледам ништо лошо во тоа дека сакам дечко со факултет.Како што велите дека секој може да заврше на денешен ден па зошто мојот да е без факултет.Не дека тоа е гаранција дека ќе имаме добар живот,или тоа е гаранција дека тој е паметен но сепак факултетот е еден вид искуство во животот, посебно за оние кои не студираат во својот град.Еве во мојот град освен факултет за туризам немаме никаков друг па сите студираат на страна.Со тоа тој се оделува од својата мамичка која го гледа како бебенце и е принуден сам да се снајде.Па може ќе научи и нешто сам да си зготви и да испере.Ке запознае разни личности со многу проблеми па може ќе врзи малку памет...многу има за набројување.
    И пак ќе кажам како во претходниот мој пост дека со тоа што сакам дечко со факултет не значи дека ги омаловажувам останатите но етe убаво ми е кога ќе слушнам дека дечкото завршил.
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    Второто се разбира ;)
    Но во мојата кратка листа постои и подточка Ц, дечко/маж со диплома кој ке ме третира како принцеза :$ .

    Сепак се се сведува на личното искуство и конкретен случај.
    Приметив дека многу од тие на кои не им пречи партнер без диплома набројуваат примери на високо образовани лица кои не ја заслужиле дипломата. Кажуваат дека нивните партнери иако се без диплома се 100 пати по итри, интелигентни и поснаодливи.
    Го почитувам сето тоа.
    Но никој не наброи примери од оние кои се без диплома а не знаат да сврзат просто проширена реченица.
    Не знам можеби не сум приметила некоја девојка да си каже дека е со дечко без диплома а не е итар, не е снаодлив и не е интелигентен :?: .... а има многу такви дечки.

    Секој си знае што му одговара и го бара најдоброто за себе., не за комшиите.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Денес секој може да заврши факултет. И најголемиот
    тупчо
    . Така да, и не игра некоја особена улога.... :)

    Ама кога веќе разговарате за професии, мене не ми е сеедно која професија ќе ја има! :^) На пример - не сакам гинеколог! :lol: Што ако завршил медицина, а ќе гледа во сите
    пи*иња
    :tmi: .

    Не сакам ни пилот, иако изгледа многу секси.. :inlove: , колку вечери ќе ги минам сама, а тој по држави...Ај, забегам малку... :D :$
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Не ми е битно.

    Прво си поаѓам од себе, јас немам факултетско образование и би било малку лицемерно да барам некој исклучиво со факултет.
    Причината за немање на факултетска диплома кај мене не се ни поради недостаток на финансии, а мислам дека не е ни поради недостаток на интелегенција да го завршам истиот, едноставно не ми беше потребен.
    Дома кога кажав дека нема да учам факултет иако се сите со високо образование (татко ми 2 пати истиот факултет го заврши, еднаш во Мк еднаш тука)не паднаа во несвест и татко ми не ме убедуваше дека без диплома ќе бидам никој и ништо.
    Знаев што сакам да работам, за таа струка ми беше потребен само колеџ (2 години) со факултет ќе отидев во сосема друг правец, и не згрешив за изборот, ја работам работата што ја сакам а и сум сосема солидно платена за истата.

    Така не секоја професија бара факултетско образование па да мора дечкото да е со факултет, битно е да е задоволен со својот избор и со своето работно место, џабе факултет ако си незадоволен од изборот или работата па таа фрустрација ја пренесува во секојдневниот заеднички живот.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Да можам да го вратам времето назад, како би играла поинаку на картата факултет.

    Да се разбереме - образованието е важно.
    Но не е за секого.
    Дувајте се, лутете се колку сакате, не заслужува секој шанса за факултет и точка.
    Друго е што кај нас - Знаењето е сила, знаењето е моќ, па и слепо и сакато се запишува и завршува.
    И да - слепо и сакато е фразеологизам, влече корени од дамнешни времиња.
    Не гледам причина некој да не си го искаже ставот како што му одговара.

    Мислам дека Каша имаше напишано погоре - не ми е битно, ама ако имаат сите, зошто да нема токму тој?

    Ете тоа нас не' убива.
    Сите имаат, зошто бе да нема и мојот дечко? :^)
    Утре ќе седнеме на маса и ќе зборуваме за студентските денови, тој тажно ќе си дреме во некое ќоше, бре бре срааааам.
    А може да е најпаметен од сите таму, ама што е важно - НЕМА ДИПЛОМААААА!!!

    |(

    Јас веќе набројав што барам кај животен сопатник во другата тема, не би да се повторувам.
    Факултетот во Македонија моментално не ми е мерило за ништо.
    Ниту за памет, ниту за успех, ниту бутур, а тргнувам од моето горчливо искуство.

    Прочитав - финансиите не се изговор.
    Добро, намерно ли сакате да се правиме наудрени или што?

    Јас имам братучед, многу вреден и бистар, ама на времето немаа пари да го запишат на факултет.
    Верувајте, до тие 200 евра за упис беше дојдено. Немаа.

    И сега некој ќе се дрзне да ми рече дека тој не вреди повеќе од некој мочко со купена диплома од ФОН или Европски?
    Абе ајде.
     
    На Chica.Loca, LivingGlam, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не се дрзнувам да бирам дечко или друштво по тоа дали имаат факултет или не зашто може еден ден страшна иронија да ме начека. Еве јас, иден инженер, замисли за 20 години да сум без работа или со некои смешни примања, а таа некоја си другарка што сум ја исмевала дека е необразована, одмара нозе на директорско биро во некоја јака фирма :o
    Кај нас одамна факултетот не е факултетот, денес е битно само кои ти се тато и мама, која книшка ја имаш во џебот и толку.
    И коса ми се крева кога некој успешен и образован демек ќе ми соли памет како тоа било македонски синдром да се кука дека државата не чинела, дека тие што сакале успевале :fubar: Да де, на 90% од младите им е поубаво да немаат пари, да не мрднат од дома и да кукаат.
     
    На lolyta777 и Trendafilka им се допаѓа ова.