Па ако некој е без диплома па и не е итар и интелигентен, што би барала некоја девојка со него? Зарем има некоја која се пали на сељак што нема понашање и не знае да сврзе 2 реченици? Затоа фала богуу не е задолжителна дипломата ако се има понашање и интелигенција на ниво. А заборавив и да кажам дека не се ретки случаите кога дечко со диплома кој третира девојка како принцеза, автоматски ги зголемува критериумите за избор на девојка. Бара некоја од богато семејство, без на изглед ниедна мана, која студирала економски факултет на страна. Не на страна во Скопје туку зборуваме за Грција, Германија, Франција... Значи има и такви кои не би оделе со секакви девојки. Јас нив ги сортирам како дигнати фраери.
Целосно се сложувам со тебе. Кажав повеке пати, ценам и почитувам збир од карактеристики кои ги има една личност. Ама овде бидејки темата е Дечко со факултет, а не дечко кој е само амбициозен, работлив, интелигентен... Епа јас ете сакам интелигентен, работлив амбициозен дечко со факултет кој не ја купил дипломата и не му ги поклонувале отцените. Никаде не прочитав некој со факултет да потценува едно лице со средно, напротив, сите признаваат дека постојат многу паметни деца кои поради личен избор или склоп на околности(фамилијарни трагедии,финасии..) немаат диплома. Но постојано осекам потценување во обратна насока, сите се ставени во едно коше како татини синови и мамини мази со купена или лесно стекната диплома. Има и такви, и може новата програма не е толку обемна како онаа старата но не ги потценувам новиве генерации поради тоа, и во никој случај така лесно не етикетирам цели паралелки. Кој сака и има капацитет да учи ке учи. Кој не, ке се влече и на крај нема да стекне никакво знаење, тоа го имаше во мое време го има и сега. Ама пак ке речам не се сите исти. Ти наброја примери во кои лицата со факултет ги нарече ГЛУПИ(да, не секој кој завршил има висок iq или пак е созреан) но поентата ми беше дека таа категорија на ,,ГЛУПИ'' може да се сретне и во категоријата на лица со средно, ништо друго. Се согласувам со твоите ставови, сакав само да посочам дека постојано се нагласува дека помегу лицата со факултет има и такви и такви ДА тоа е така, но никој не спомена дека помегу лицата со средно има од двете категории. Поздрав
Не ми е важно дали дечко ми има факултет или не. Во врската не ми е важна дипломата што ја има тој, туку неговото однесување, неговата амбиција, дали е спремен утре да може да одгледува деца со неговата плата, а дали има диплома или не, тоа е негов избор. Навистина за некои професии е важна дипломата, но што е со тој што сака на пример да биде фризер? Треба да се одкаже бидејќи нема факултет за фризер, а нели нема да си фати женска/дечко ако нема факултетска диплома. Шо правиме тогаш? Да се заврши било шо, само да се има диплома? Па после Цацко ни е крив затоа што е тешко тоа шо не сакаме да го научиме и постигнеме. А и зарем треба да се спомува дека денес 95% од матурантите се запишуваат на факултет (пола од нив одвај завршиле средно, али у шема да се на факултет да се), и истите ќе го завршат, некој фино и поштено со учење, некој со џабелебарање и со купена диплома. Ама нели знаењето е сила, партиската книшка и врските се закон.
Изгледа погрешно се разбравне..................... епа да се изјаснам, дипломата не значи ама баш ништо посебно денес кога секој може да ја земе.........................това је. Лично познавам луѓе со дипломи................... кој незнајат ништо во животот.............е сега познавам и луѓе со кој што сум правела муабет.......немаат диплома а имаат многу поголема култура и знаења од таму некој си со „ диплома“ И едно време се чудев како толку интелигентни личности не завршиле факултет.................со еден низ разговор дури и го прашав зашто нема завршено тој ми одговори овака................. Запишав факс ама по кратко време сватив дека је това само губење на време, па си решив да не губам време за това време што ке одам на факс и ке давам пари за студии јас можам и ке си направам пари................... и кога размислив човекот си бил во право............си направил бизнис и си направил паричка човекот си бил паметен, додека неговите другари сега работат за нњего иако некој од нив имаат дури и по две „ дипломи“ ете това ти је или те бива или не дипломата ништо не значи поготово не во денешно време кога секој ја има.
Јас вонредно се запишав на факс,бидејки девојката ми кажа дека ке ми раскине,кога се мора ништо не е тешко.
извини брат али изгледа толку и те сака и те поштува девојка ти штом е спремна да те изгуби ради факултетот јас лично неверувам дека некоја заљубена девојка би му раскинала на дечкото затоа што нема факултет и баш ме интересира дали има тука некоја таква девојка тоа што би го направила али пазете зборам за некоја што искрено си го сака дечкото еден добронамерен совет за тебе витомир... кажи и ти на девојка ти дека ке и раскинеш ако не научи да готви ко што треба или пак дека ке и раскинеш затоа што нема диплома за француски јазик вреди за ова да и вратиш и поздравија од мене
Не сакам да стапам во брак со некој кој нема завршено факултет, така ќе имаме многу кавги зошто тешко е со средно да се најде работа и јас секогаш кога ќе се караме ќе го вреѓам на таа тема. Сакам дечкото да е на мое ниво
вистина е тоа дека дипломата ништо не значи,,но коллку поубаво делува кога некому ќе кажеш дека си факултетски образован,,и колку поинаку луѓето те гледаат......
Воопшто не ми е важно дали дечко ми има факултет или не. Дипломата не е гаранција за ништо! Ние можеме колку сакаме да си се фрламе со дипломите, ама факт е дека има милиони попаметни луѓе од нас и тоа луѓе без дипломи. Башка има паметни луѓе што сакаат да учат ама немаат можност т.е. немаат пари. Од друга страна има и такви кои воопшто немаат желба да учат ама родителите ги приморуваат. Да не пукнало срам нели...Па се тегнат,се влечат и со врски некако завршуваат. Да не зборувам па дека во денешно време дипломата може и да се купи. Разбирам дека сега кога средното е задолжително факултетот е уште поважен од порано. Ама луѓе тоа не е гаранција за ништо. Можеби утре оној без факултет ќе заработува повеќе од овој другиот. И снаодливоста е доста важна тука а и среќа треба да се има. Нека има дечкото душа, почит и разбирање, а за дипломата мало важно
Тоа се живи глупости..Шо има врска дали има или нема завршено факултет.. На крајот па зарем сите луѓе не сме исти??Не не создал еден бог?? Ако некого искрено сакаш немаат врска материјалните работи,има врска она што го има во него. А тоа се срцето и мозокот
Јас сакам дечкото да е на мое ниво да има факултет.И не мора да значи буквално дека денес плаќаш и земаш диплома.Тоа што се отворија повеќе факултети не е факт дека се земаат со пари.И баш би ми било неубаво кога би излегла со дечко со под мое ниво заради што не би имале ниту ист речник ниту теми на кои би разговарале.И немојте да мислите дека факултетот не е пресуден во животот ито како е важен како на интелектуално ниво,така и при вработување..
До пред некое време и јас мислев дека ми е битно мојот дечко да има факултет, и сега мислам дека факултетот е важно искуство во животот, но го запознав него и сфатив дека го ценам и го сакам таков каков што е со или без диплома. Воопшто не ни недостигаат теми за разговор, затоа што ако немаме исти приоритети во животот, не значи дека глупав. Единствено што ми сметаше е тоа што денес кој стигна заврши факултет а бистро дете како него се откажа, но се обидов да ги сфатам причините и сега тоа не е никаква пречка... За врска треба мноооогу повеќе од двајцата да имаат диплома
Не ми е пресудно да има факултет, но ќе излажам ако кажам дека воопшто не ми е важно. Тоа што завршил, значи дека колку-толку се потрудил и вложил во својата иднина. Преферирам да има, но и кога би немал не би ми претставувало проблем, ако има добар карактер, ако добро и пристојно се однесува, ако е искрен и забавен.
Колку и да звучело празноглаво , ископлексирано или не знам како мој став ... Да битно ми е . Знам дека не би требало ама така е и ќе лажам ако тропам и продавам магла дека не ми е не е битно дал некој друг ќе ми поверува зошто сама би се лажела . Мислев дека не ми е ... мислев . Сум имала кои биле со факултети и некој кој едвај го турка средното . Тоа го заклучив пред некоја година , бев излезена со типот се спремаме за матура и прв муабет е кај ќе се запишеш. Дечкото беше супер ме држеше како капка . Планиравме да почнеме врска , се до моментот ... Јас -Каде на факултет ? Тој - Што ? Факултет Јас -А зошто да не ? Факултет каква таква шанса имаш за се вработиш на подобра позиција , подобро платена со средно тоа чудо не се дешава . Тој -Хахаха како не ќе се мачам да учам немам попаметна работа не е тоа за мене . Не се замарам , еве јас ќе си се вработам како конобар (ми покажува кон шанкот бевме во кафиќ ) нареден пат јас ќе те служам.. Останав стаписана , го запрашав како хоризонтот може да ти биде толку никаков . Зар не сакаш повеќе од животов во животов .Зар за тебе е успех ако земаш 200 евра платичка . А некој да ти враќа кафе и ти глуми господин ? Што ќе правиш утре со фамилија ? Која е твојата иднина и цел ? Останав запрепастена сфатив дека сум тотална контраст од него и дека со него нит сум имала нит ќе имам исти цели и амбиции . Имам други цели и различно гледаме . Немаше логика тоа да продолжи . Сега не знам што се случува последно што случнав работи периодично по интернет кафиња и игра дота ... Дали му е убаво , не знам , знам дека еден ден ќе се сети на моите зборови . Запиши се на факултет , верувај ми еден ден ќе ти биде жал . Повеќе немам 15 години за да си барам занимација бар толку површна ова да не ми игра улога. Да ми игра признавам , не велам дека на тој со факултет паметот му е поголем и е повреден . Ама јас со таков човек можам . Гледаш и други аспекти а не само дали е сладок . Дали дипломата била приватна или дисперзирана не навлегувам се имам изјаснето во соодветната тема. Факултетски образован не е исто што и необразуван . Ако ја нема таа среќа да има златен занает кој ќе му носи пари или имот , приватен бизинс (кафуле , бутици ... ) однапред е осуден на таксист , конобар , амал . И не е само до парите бар не кај мене битна ми е титулата .
Не ми е пресудно но секако дека ми е важно . Не можам да бидам со некој на кого главната амбиција во животот му е да биде таксист или келнер , да не бидам погрешно сфатена не ги омаловажувам тие луѓе кои што ја работат таа работа но јас лично себеси се гледам до некој кој што си има зацртано повисоки цели во животот , затоа што ако уште на 20 год планира цел живот да биде таксист и навистина нема да стаса подалеку од тоа . Нормално е дека сите мораме да започнеме од некоја таква работа но ако планираа таа да ја работи целиот свој живот тогаш јас не се гледам до него , едноставно немаме ист поглед на животот и хоризонтите ни се различни. Точно е дека во денешно време факултетот полека го губи своето значење но сепак имаш поголеми шанси за да најдеш работа која е повеќе платена . Можеби звучам како материјалист но барем сум реална , не ми е пресудно но ми е мн битно ако врската е озбилна.
Имам долга врска со децко сто нема факултет и тоа е тоа,но никогас не сум поцувствувала дека немаме тема на муабет или да осетам дека јас сум над негово интелектуално ниво,едноаставно така се погоди и тоа сум го прифатилаи воопсто не ми преци
Обично тоа што не го посакувате тоа ви доаѓа на глава ,ова го знам од свое искуство . Иако не обрнував внимание дали дечкото што е со мене ке има или нема факултет,ама длабоко во себе посакував да е на исто скалило со мене, но налетав на дечко што е на многу повисоко скалило од мене,па сега за сега добро се сложуваме.Што значи тоа што го одбегнував ми дојде на глава но неможам да се пожалам си го сакам таков каков што е,доколку него не му пречи тоа што јас сум само со средно тераме понатака дури и се спремаме за нешто повеке т.е на заеднички живот поззз пс. не размислувајте баш на тој начин дека е морално да има факултет,доколку вие се чувствувате пријатно со човекот СЛОБОДНО УЖИВАЈТЕ па што и да има завршено
Мене пак веднаш ми текна на мојата прва братучедка. Жената има 29 години,има десетгодишно образование. Има завршено фармација ( што да бидеме искрени,не е уопште лесен факултет ) и после уште пет години магистрирања,докторирања и сега е специјализант,не и ја знам точно струката,битно знам има само десет луѓе во цела држава како неа. Е,ама не е мажена. Нема никаков социјален живот. Добивате желба да ја убиете прво неа,а после и себеси после десетминутен разговор со неа. Нема маж во нејзиниот живот,затоа што нема некој што би ја поднел,какво суштество станала.. Овоа го гледав јас од обратната страна. Девојка со факултет, но исто ви е. На неа и се џабе и парите ( а ги има многу ),и се што има,затоа што нема некој со кого би го споделила тоа. Не е муабетот за факултетот или дипломата .. Битно е мојот впечаток, како јас го гледам, како се однесува.. Може да има диплома,ама да се однесува како прв морон,или да нема а да е право срце,воспитан,со манири што знам.. Муабетот е што научил за животот додека бил на факултет. Пример, лично за себе јас, а верувам и многу други студенти што учиме настрана од своите домови, тоа настрана верувајте многу значи. И тоа не мислам да одам јас да се правам по Парадизо,69 или Хабана некоја многу јака риба,а уствари јас сум испаднала со парите што моите ми ги испратиле за цела недела и после ќе јадам леб и заби. Зборувам за тоа дека си сам и кога си сам,мораш,мораш да научиш да се снаоѓаш,а тоа е искуство кое неможете да го купите со никакви пари. И јас многу ги ценам дечките кои се амбициозни и сакаат,и пред се се трудат да успеаат во животот. Не треба да осудуваме веднаш без да ја знаеме цела приказна. Можеби немал средства,можеби некој родител починал,па морал да го издржувал другиот.. Тоа да. А некое курле што ми се прави многу паметен,а запишан на факултет,мало морген. Можеби и не кажав ништо ново или посебно,сепак мое мислење во темава..
Факултетот може да бида добра основа, добра појдовна точка за многу работи. На пример ако нема работа со диплома, и онака во секое време можеш да бидеш чистачка или шанкер(не ги омаловажувам воопшто професииве), но обратно не важи - за некои прилики кои се даваат во животот, дипломата може да биде клучна работа. Но не значи дека е автоматски за нешто гаранција. Не ги ценам луѓето дали имаат факултет или не туку какви се во сегашното однесување кон мене, среднитата и слично.