Во последно време како гледам кој се дипломира, па дури и магистрира, се помалку му давам значење на факултетот. Не е веќе престиж таа диплома како што била некогаш. Да, точно е дека се добива некое искуство за тие неколку години студирање, но не е единствен начин да се надградиш. Се затвораат и некои врати, но никој не вика дека не треба упорност. Ќе рече некој дека сите може да се потрудат барем факултет да завршат, но не мислам дека тоа е пресудно за успех. Не зборам за некој што најголема амбиција му е да биде келнер цел живот, туку за луѓе што знаат што сакаат и како да стигнат до тоа. Од тоа што го имам видено до сега, таквите луѓе секогаш подобро знаеле да се снајдат во тесни ситуации, никогаш не си дозволиле да бидат без пристојна работа и да патат за нормален живот. Додека многу па со факултет чекаат од небо да им падне работа и само се кука....се пријавиле во завод и дремат ко мисири дома додека не улета нешто добро...пошто нели тоа се луѓе со струка, високо образовани личности што не работат било што па макар и тоа им била прва работа. Генерализации и ограничувања на сите страни,ги има и вакви и такви...мал милион примери. Ако некој е способен да успее ќе го направи тоа со факултет или без него, а интелектуалното ниво што го зборат повеќето тука нема никаква врска со факултетот. Ако некој е прост, без речник и манири џабе му се тие 3-4 години факултет.
Запишан е на Музичка академија, отсек - сточарство, ќе биде дипломиран овчар со кавал ... Колку само веќе кај нас факултетот не е мерило ни на интелигенција (отприлика 30-ина испити наменети за сосема просечни индивидуи, така да не ја разбирам нечија умисленост дека се гении ако дипломирале), уште помалку на престиж, ни па е гаранција за било каков професионален успех понатаму во животот...
А бе пред 10 години, на дечко без факултет несакав ни да помислам. Е сега и мојата диплома, посакувам да не ја имав, бидејќи не ми значи ама баш ништо. А бе денеска ИН е да бидеш со средно, бидејќи дипломите се штанцаат на кило. Ај дипломите, па и магистратури и докторати! Мислам ако сега требаше да бирам, ќе одберев автомеханичар што зема 30 000 плата-пред магистриран или докториран економист, правник, филозоф-што гувее пред АВРМ, не секои 2 месеци чинам беше!?! Да поентирам-Многу е поважно тој човек што носи во себе, па дури и колку е способен да се снајде (не мислам само на врски) отколку да има факултет. Жално, но вистинито.. Познавам толку многу луѓе со факултет, за кои искрено се прашувам како воопшто завршиле и средно. Всушност-за неколку години можеби и факултетот ке стане ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, па целава дискусија ќе ни остане залудна
Абе без факултет секако ке признам , сепак битна ми е внатрешноста. Ама еднаш ко се залетав за еден среќа на време дознав дека е и без средно Епа таков не биваТ .... А без факс со факс исто ми е , битно ми е само да има амбиција за работа да сака да работи секако .
мене искрено важно ми е, тоа го сфатив по неколкугодишна врска со дечко без факултет (но со свој бизнис и заработка поголема од мојата). Најмногу ми смета ограничениот речник на изразување и не секогаш рационалното размислување (сметам дека и за тоа е заслужен факултетот). Има и други фалинки, непознавања на основни работи, начин на однесување и слично, за кои што не ни бев свесна дека всушност се стекнуваат на факултет.
Значи не ми е уопште битно дали има или нема факултет.Битен ми е карактерот и колку е амбициозен и се труди во животот.Па и какво е времево дипломине со пари се купуваат денеска и некое татино синче ке го запишат ке му го плаќаат факултетот ке ми седне на маса и ќе ми се праи паметњакович.Жив пример еве сега ке кажам не сакам да го именувам дечкото пошто е јавна личност така фино лепо се договараме ајде на кафе одиме седнуваме јас и он во кафич и само цела вечер го слушам муабетот лел колку ме гледаат ауу како ме гледаат катастрофа невидена значи цела вечер го слушав тоа што дека завршил факултет мизерија невидена е типот во секој поглед освен физички изглед.Додека знам други луѓе што немаат факултет кој од финансиски причини кој не му се учело ама па да ти е мерак да ги слушаш.Мојот дечко нема факултет ама фала богу наоѓаме теми на разговор со него културен е паметен си има сопстевн бизнис работи сам за себе сам си е газда и гледам дека не му требало факултет пошто бил доволно паметен сам да се снајде и успее без таа диплома
jas imam fakultet a maz mi nema pa toa nema vrska.on e intelegenten ama ete nema fakultetska diploma.deplomata ne e merilo.kolku samo vo drzavava imaat fakultet a rabota nikade
Има врска, не како парче хартија туку како процес низ кој поминал и се изборил да помине една етапа во животот. Секако низ неа собрал искуства и се дооформил како личност. Оние кои имаат диплома за која искеширале или поминале преку врски се гледаат на старт и нема пореба да се коментираат. За машко е важно да е образован и најбитно своето образование да го стекнал со сопствен труд. ИмаВ прилика да бидам во три врски. Првата беше со осмооделенец, втората со средношколец а третата е со магистер. Збориме за долги врски, односно првите две беа како брак, а третата цели кон тоа. Која е разликата? Огромна. Со последниов широк дијапазон на разбирање и теми за кои ако не си учел не би имал познавање, освен ако не си се вработиле и праксирал подолго време. Со првите двајца се карав за глупости, типични детски работи иако беа постари од мене две години. Искачање, љубомори, немање поим од општа култура, а да не зборам познавање од теми како глобално затоплување, здраство или философија. Тоа за нив е/беше губење на време.
Според мене факултетот не е мерило за интелегенцијата на човекот. Демек ако имаш факултет одма ќе се вработиш во струката? Па се знај овде како одат тие работи. На местото на тој што има факлутет, ќе пикнат некое татино синче чиј што татко ќе го одврзи кесето и ќе фати врските,каде што ќе вмеша и малце политика. Така да дали имал или немал факултет личноста со која што сум воопшто не ми е вазжно,важно е да има добар карактер и да знае да ме почитува и сака, па и јас него,без разлика дали ми е дечко,другарка, другар.
за тебе имало врска тоа што си нашла образован човек мозам да речам си го погодила.знаеш ли колку има што се образовани а незнаат муабет да ти направат,немаат култура човек да ги види нема да поверува дека се образувани.сепак човек треба да учи цел живот,да чита со то тоа да се надградува
Ми значи и тоа многу. Знам дека факултетот не е никаков доказ за интелегенција, и дека денешно време има многу извинете за изразот, прости луге, кои завршиле факултет, но мене сепак ми е многу битен. Битен ми е како што кажаа погоре самиот процес. Битно ми е да знам дека се трудел да постигне нешто во животот, дека имал некаква цел, се образовал, се мешал со луге на исто ниво како неговото, без разлика што во нашата држава е тешко да се најде работа по струка, сепак дипломата кога тогаш ке ти отвори многу врати кои претходно биле затворени. Еве искрено да зборуваме(секоја чест за исклучоците), што би можел да работи вашиот партнер без високо образование? Продавач, работник, келнер, шанкер, мајстор? Како без диплома би се надевал на нешто повеке од тоа? Како би се стремел кон тоа да биде пример адвокат, доктор, инженер, професор итн.. ? Никако. Епа еве ни јас лично не би се задоволила со тоа да бидам келнерка цел живот.. Знам дека многу од вас сметаат дека факултетот не вреди денешно време, со оглед на ситуацијата, со оглед на тешкото наогање на работа, но како воопшто би се надевале на подобра работа и позиција(воедно и поголема плата) без факултет? Па сите луге во животот почнале од нула, за да стигнат онаму каде што се...Зошто ние не би верувале во нас, дека еден ден ке го постигнеме она што го сакаме? Според тоа, не би била со дечко кој безделничи по цели денови, и нема никаква поголема цел во животот од тоа да биде работник...Не би била со дечко кој не се надева, кој не се труди, и нема амбиции.. како што кажав погоре секоја чест за исклучоците!
Ми значеше порано многу повеќе од што ми значи сега. Поважна ми е амбициозноста и способноста. Јас за себе би го завршила, ама знам куп луѓе што се вработиле додека студираат, па го баталиле факултетот. Во тој случај не ми пречи воопшто. Ама ако видам дека некој планира цел живот да биде нечиј паразит, и со факултет да е, бегам подалеку. Баш ми се пофали еден дечко пред некое време, завршил факултет и сега го живее сонот и ги троши парите на неговите.
Во денешно време коа ке видам кој се има диплома ми се губи значењето на поимот факултет. Повише е битно да го има она ,,чаршиското,, школо него ли факултет, да е паметен, да знае да се снајде у животот, да знае да се изрази коа зборува. А тоа дали ке има еден лист хартија плус мање битно.
И јас мислам дека факултетотската диплома не е доказ за никаква интелигенција, за тоа колку еден чпвек е навистина човек и дека некој со диплома има навистина знаење, зашто како што лесно се купуваат оценки така и диплома. Секако има исклучоци кои со труд и учење го постигнале тоа но кај нас тое е ретко. А за работа, ако немаш врски и со диплома и без диплома истото ке го работиш. Ако имаш врски за раб, ке имаш врски за факс. да завршиш и се така во круг.
Многу се сложувам со ова. Но, еве на моиве дома им е битно дали дечко ми има факултет или нема. И иди објасни им дека не е.
Многу ми е важно. И не само факултетска диплома, магистерска уште повеќе. Ме привлекуваат интелигентни луѓе кои немаат само „улична школа“, туку се труделе, го надоградувале своето знаење, вложиле во себе и сакаат да напредуваат. Точно е дека има луѓе кај кои не се чувствува дека имаат завршено факултет, ама некои работи едноставно не се учат од искуство, туку од книга. Мислите се развиваат на поинаков начин кај образована личност, има пошироки погледи, има интереси од областа што ја завршил, се чувствува и во разговорот, а и во животните цели кои ги има.
Ne mi znaci voopsto.A ova komentarive demek ne znaat da se izrazuvaat tie bez fakultet, ograniceni se vo temite za muabet..vsusnost ograniceni vo razmialuvanjata se tie sto go vikaat toa I polni so ppredrasudi.Porano retko koj imal diploma, no toa ne znaci deka ne bile inteligentni I nemale svoja rabota, zanaet I se trudele.Jas momentalno go zavrsuvam mojot, no nikogas ne mi bilo merilo toa so kogo ke se druzam ili so kogo ke bidam vo vrska.Zosto koga ke vidam koj se mi mafta so diplomi, a vo sredno so polaganja I dvojki se provlekuvale,recenica edna ne mozele da svrzat, mama I tato sekoj den kaj direktorot I profesori, ni mojata nesto mnogu ne mi vredi.