Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Мене ми е битно да може да збориме на секоја тема, во иднина на децата да знаеме за секој предмет да им помогнеме и да им објасниме.
    Растена сум во фамилија каде образованието било на прво место, за мене е стварно битно некој да има знаење од голем број области и да можеме да направиме муабет за се.
    Има разлика меѓу човек што положил 40-50+ испити, па и повеќе и прочитал многу книги и ствари дур стигне до таа диплома и човек што на 18 завршил со образованието.
    И не завршува се со факсот, сакам човек што сака да го надоградува своето знаење. Да речеме амбициозноста ми е битна. Некој што учел постојано и трчал да полага, редовно одел на предавања, пропуштал искачања за да спрема испити...
    Дечко ми нема ниту врски на факс и го гледам како си се труди и се мачи да си ја земе дипломата, а со цел тој процес мислам дека созрева. Барем јас така го доживувам тоа.

    Ама добро секој има право на свое мислење.

    Секој си бира партнер за себе и битно му е на него да му одговара.
     
    Последна измена од модератор: 7 јуни 2020
    На Nightwish11, MrenaRiba, Moon.Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    11.634
    Пол:
    Женски
    Не ми е важно дали има диплома.
    Дипломата не значи дека некој е вау интелигентен и амбициозен. Ниту пак дека има култура, почит и знае како да се изразува.
    И онака во денешно време во Македонија секој втор завршува факултет и повеќето се запишуваат само за тоа: диплома!

    Има личности кои имаат диплома од еден факултет, но исто како да ја немаат.
    Има и такви кои немале можност/желба за факултет, но се многу попаметни и поуспешни од оние првите.
     
    Последна измена од модератор: 7 јуни 2020
    На Herrera, Lady Maria, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.615
    Допаѓања:
    167.392
    Пол:
    Женски
    Сеедно ми е. И без факултет можи да ми прилега за муабет. Диплома не ми менва дали некој ми одговара или не и не ми е критериум за барање. Исто и за пријателство. Ако некој е благо речено бубалица без способност за логичко резонирање и вака и така папагал ќе биди. Мене со папагал не ми се збора. Зато и сите си бираме шо ни одговара. И то океј е.
     
    На Purplelilac, *Amethyst*, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.670
    Допаѓања:
    19.056
    Пол:
    Машки
    Колку и да си интелигентен, простотилукот е негативна карактеристика. :(
     
    На Lady Maria, *Amethyst*, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  5. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Извини ама ова е голема глупост. И тие и тие знаат да комуницираат, жал ми е што ти е такво опкружувањето.

    До некаде пробувам да ги разберам (но ни малку не оправдувам) постарите генерации што ги делат луѓето според тоа дали имаат диплома или не. Но не можам да сфатам млади личности кои мешаат интелигенција (и култура, писменост да не набројувам) со образование (степен на образование да бидам појасна).

    Ќе те разочарам, ама ако не си баш по учењето и имаш пари, секаде ќе завршиш. Тоа е реалноста, не ги потценувај другите универзитети :)
    Исто така, на некој ако стварно му се учи, секаде ќе научи.
     
    Последна измена: 7 јуни 2020
    На Purplelilac, *Amethyst*, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.209
    Допаѓања:
    125.464
    Пол:
    Женски
    Мене ми е битно да има факултет.
     
    На Nightwish11, Annora, Kimberly11 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Во околина имам пријатели/познајници за примери во мислењево.
    Во едниот пар машкото е без дозавршен факултет, ама амбициозен и вработен на работно место каде што ги користи знаењата стеканти од образованието со кое се стекнал и кое секојдневно го надоградува и платен е повеќе и од неговите факултетски колеги кои се со дипломи. Башка што си е интелигентен, културен, ама нели е без дипломата.
    Во другиот пар машкото е со диплома, добиена со сто врски и ургенции, ама има грб и таа диплома добро ја искористува да го протуркаат на место кое го заслужува некој вистински што се трудел да ја стекне таа диплома од правен кој и така е претежок, ако се учи со љубов и разбирање на законите, а не со телефонски повици да положиш. Ама вака така ја има дипломата.
    Има разлика меѓу формално и неформално образование.
    Кога би бирала за мене, поважно ми е да е човечен пред се, интелигентен и културен, со амбиции, а диполмата дали ја има или нема не ми е најважно.
    И да заборавив друг пар, тој работеше со средно кога се ожени и му се роди синче запиша електро, го заврши со успех и сега си работи и по струката.
    Така да дипломата може да се земе, со труд и учење, ама човечноста и карактерот или ги има или ги нема.
     
    На crimson, cresa-jagoda, Mami3 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.241
    Пол:
    Женски
    Битна ми е амбициозноста. Џабе му е факултетот ако за се чека од мама и тато.
     
    Последна измена од модератор: 7 јуни 2020
    На cresa-jagoda и f.girl им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.564
    Пол:
    Женски
    Опкружена сум со колеги кој се вредни, исполнителни и секогаш точни во однос на домашни носење и обврски.
    Секогаш ми помагале и кога сме се наоѓале во дискусија сум добила до знаење дека се луѓе кој имаат сосема солидно познавање на таа проблематика и материјата која ја учиме.
    Исто да не зборувам колку се прецизни и секогаш точни на време.
    Никогаш не би можела да кажам дека некој од нив е неписмен заради некоја запирка и точка во реченица што не е напишана.
    Генерализацијата е она што не треба да го има кога се во прашање студентите или академските граѓани и секогаш ја одбегнувам но.
    Сепак има но.
    Ако некој што едвај средно завршил и последната книга која ја прочитал била касни порасни се дрзне да ми каже вие пола и повеќе сте неписмени секако дека тоа ќе доведе до одреден револт кај мене.
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.250
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов на темата да искоментирам едно.
    Не ви ги чепкам дечковците, не ми ги чепкајте дијалектите мн мн
    Умеам да пишувам политературно од многумина овде, ама така ми одговара, на дијалект да пишувам. Онака како што ми е интересно и забавно, така ќе правам на форумот, не сум пред комисија тука... и тоа е во ред се додека не ги прекршувам правилата. Употреба на наречје не е еднакво на неписменост, ниту на немање диплома. Лингвицисти едни.
     
    Последна измена: 7 јуни 2020
    На edna_malecka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Ако веќе морам да бирам дали сакам дечко со факултет.
    Сакам да има завршено и дипломирано во факултет за Човечност.
    Ако го има тој факултет може се.
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, tijanana и 3 други им се допаѓа ова.
  12. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Кои глупости ги читам, појела ме туџа срамота.
    Образованието е избор луѓе.
    Некој сака да учи и да се надоградува, други имаат талент и се занимаваат со занает.
    Сосемa погрешно е да ставате интелигенција и образование на исто мерило.

    @Dream-Girl во врска со тоа дека студентите жртвувале излегувања и спремале испити, познавам млади не повеќе од 23год, работат трета смена, и тие жртвувале излегување за да придонесат некој денар за дома, а од септември црнчат на ниви. Да не си му у кожа на човек. Гледајте си сите лично за вас, не знаете животот што носи и што се' би требало да правите и да работите или да се откажете од образование (пошто трошок е, особено за студенти од други градови) за да опстанете у ова посрано општество.
     
    На Purplelilac, Nightwish11, Different7 и 20 други им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Битно ми е и би сакала да имам дечко со факултет. Не сакам да бидам со некој несериозен човек без амбиции.
     
    На Nightwish11, Dream-Girl и нина122 им се допаѓа ова.
  14. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Зошто мислите дека ако дечкови оди на факултет значи дека е амбициозен и сериозен?
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, naturally и 7 други им се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Еве незнам
     
  16. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека луѓето без факултет се и без амбиции? :)
    Колку луѓе познавам кои работат со средно или дипломи од курсеви. И тоа се трудат да напредуваат, да научат нешто ново.
     
    На Purplelilac, *Amethyst*, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Бидејќи секој има право на свое мислење, избор и критериум околу партнер и се останато. :)
    На некои ни е битно да имаме дечко со факс, си кажавме мислење и тоа е се.
    Не мора сите исто да мислиме де.
     
    На BlackMistery, Moon.Girl, tijanana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Не мислам така можда погрешно се изразив, и јас познавам луѓе без факултет што се доста успешни. Мислев на тоа дека не сакам тип што џеболебари по цел ден, ништо не прави и чека на готово. Како јас со него да планирам иднина?
     
    На cresa-jagoda, CharmedGirl, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.564
    Пол:
    Женски
    Сосема се сложувам со тебе.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе друго и нема врска со факултетот, се разбираме.
    И јас не сакам такви личности :?:
     
    На cresa-jagoda, deskarada, tijanana и 3 други им се допаѓа ова.