Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    5.891
    Секако дека не мора сите да мислиме исто, но ме интересира тоа прашање бидејќи знам многу луѓе што одат на фах а се несериозни и одат само за да имаат диплома или затоа што така налага опшеството... Веќе одењето на фах е меинстрим и никакво мерило за интелегенција, снаодливост, амбициозност
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Животот е најголем факултет.

    Тој што нема факултет од 18 години ја вкусил реалноста.
    Тој со факултет здравје кога ќе заврши некогаш.
    Секоја чест на исклучоци.

    И 3 факултети се џабе ако не си снаодлив во животот.
    Таму не те учат да смениш сијалица
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, tijanana и 4 други им се допаѓа ова.
  3. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Сакаат амбоциозни дечковци, ама истите тие дечковци колку се амбициозни ако не би нашле работа по струка и по никоја цена не сакаат да работат друга работа?
    Ќе ги издржуваат "амбициозните" дечковци? :P
     
    На Different7, *Amethyst*, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  4. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Теди бе :rofl:
    Јас под амбициозни личности подразбирам личности кои сакаат да постигнат успех во животот и не се ограничуваат на една работа. Тие што ако не најдат работа по струка ставаат крај на потрагата за работа и се одлучуваат да живеат на туѓ грб не ги ставам во групата на амбициозни. И мажи и жени!
     
    На *Amethyst* и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  5. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    За писмен, секој е писмен. Ама таа „писменост“ што се добива со читањето на книги не се добива на никаков друг начин и лесно може да се примети дали некој ја има или ја нема.

    И да, бројката тука не игра никаква улога, туку единствено содржината на тоа што се чита. Џабе се 125 прочитани книги ако сите тие се Лајла, Коељо и слични ними, кога 3 руски класици нудат неброено повеќе мудрост и „писменост“.
     
    Последна измена од модератор: 7 јуни 2020
    На Leat, S.W.A.G, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    На темата, не ми е толку важно, ниту ми било важно, битно да е добар човек, да е паметен (немора памет со дуплома :)) , да е амбициозен.
     
    Последна измена од модератор: 7 јуни 2020
    На edna_malecka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Точно е дека книгите ти нудат побогат вокабулар, но не значи дека човек кој не чита книги е неписмен и обратно :D
    Зависи кој како го разбира зборот писменост и за што го употребува. Сепак е дискутабилно.
     
    На edna_malecka, SummerGirl и raww им се допаѓа ова.
  8. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со мислењево, ама ова отвара една друга тема. Знаеш еве како @SummerGirl што пиша таа читала книги во школо затоа што требало така, едноставно нема интерес да чита. И тоа би било сосем во ред и во иднина не би и пречело кога би работела професија во која интелигенцијата која произлегува од начитаноста не би и била потребна. На пример балерина, бравар итн. да не набројувам. На овие професии побитна им е добра просторна ориентација и извежбани движења, за кои се користи др. тип интелигенција од онаа битна за читање и толкување на прочитаното.
    Ама во струки каде што редовно комуницираш со клиенти, адвокат, доктор, маркетинг агент итн. да не набројувам и те како е битна таа интелигенција која произлегува од читење и разбирање и на класици и на модерните белетристички автори. Секоја книга си има своја тежина и поука. И битна е општата интелигенција, не дека не, но во одредени професии има побитни центри од мозокот кој треба да ти се активни, да ги извежбаш за тоа, за да си поуспешен во струката, пред се ако сакаш:)
     
    На crimson, CharmedGirl, asdas и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    3.176
    Пол:
    Машки
    Подобри денови, доаѓаат. 8)

    [​IMG]
     
    На sanjaeva, *Amethyst*, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Како успеа Лајла и Коељо да ги ставиш во ист кош, алал нека ти е ... :x

    Инаку мене лично не ми менува ништо посебно дали партнерот има факултет или не. Имам пишано во друга тема дека е со средно ама дека е амбициозен и постојано се надградува со разни курсеви и пракси и се обидува да напредува во кариерата и не ја затвора можноста некогаш во иднина да запише факултет. Секако и никогаш да не се случи тоа, сметам дека тоа не е доволна причина да се раскине. Исто и обратно - некој може да запишал/завршил факултет па да џаболебари по кафиња цел ден. Е со таква личност сигурно нема да се погодиме (а сум имала и такви дечковци) зашто не го разбираат мојот воркохолизам и желбата за постојано унапредување.
    Се на се, не ги гледам луѓето низ призма на нивното образование, се восхитувам на тие што се едуцирани секако, ама не ги омаловажувам тие што не се. И морам уште да кажам дека многу ми се смета кога ќе ме праша некој (а ме имаат прашано): зошто јас со завршен факултет сум со некој што е со средно и како не ми смета тоа... |( Mind your own damn business people!
     
    На *Amethyst*, Peperutce1115, Ambitious и 3 други им се допаѓа ова.
  11. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе не го '' варат '' Коељо па го ставаат така во категорија во која како прво не ни припаѓа. Ама пак е тоа до личен вкус на читетелот. Сепак неправедна поделба и според мене.
     
    На Аргентина *, SummerGirl, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    9.255
    Пол:
    Женски
    Нема корелација дипломата ни со книгите прочитани во слободно време.
    Знам личност дипломирана пред 15 год која до ден денешен ништо не ја интересира освен шопинг, недај боже таа да седне Тургенев да го чита.
    Како ја изнајдовте врската....
     
    На cresa-jagoda, Mami3, flawless_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.026
    Допаѓања:
    180.134
    Завршениот факултет пред 20 години значеше дека некој има карактер и истрајност, скоро сите се запишуваа, не сите завршија. Потребно е да се избере истраен партнер, да не фати кривина после на првата препрека во љубовта и животот. :)
     
    На Herrera, *Amethyst*, tijanana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    5.891
    Нашите факултети спаѓаат во типот на интелегенција за меморирање исто така и средните основни училишта оној што нема добра меморија не може кај нас да просперира во тие полиња бидејки се оценува колку напамет си научил од материјалот а не колку навистина си сфатил
     
    На Purplelilac, black-angel, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Ја видов сликава пред некој ден на фб и ме нервира искрено. Според неа, едното со другото не оди - ако те бива за учење и студираш, тогаш нема да постигнеш ништо во животот. Тоа нема никаква логика - обично повисоко образованите луѓе се на повисоки позиции и земаат повисока плата (иако не е СЕКОГАШ така). И обратно - сликава им дава идеја на денешниве генерации дека со минимум труд можеш да станеш милионер, од стилот на Кајли Џенер и слично инфлуенсерки. Дечки, со или без факултет, за да постигнете нешто, треба да засукате ракави и да се испотите малце. Не се надевајте на тоа дека ќе имате онлајн бизниси и ќе бидете инфлуенсери - дури и за тоа треба еден куп време и пари да инвестирате, да научите како се води бизнисот и да имате цел тим позади себе.
     
    На Purplelilac, Leat, Annora и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Досега не сум слушнала некој да раскинал со партнерот пошо се им било прекрасно ама факултет немал.
     
    На cresa-jagoda, waterllady, Peperutce1115 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Ама сум сретнала луѓе што штом ќе дознаат дека некој атрактивен дечко нема факултет, веднаш им паѓаат интересите и не го ни приметуваат повеќе.
     
    На Amellie13, tijanana, T.e.d.d.y и 3 други им се допаѓа ова.
  18. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    5.891
    Мене па сликава ме асоцира на сосема спротивно како на пример Стив Јобс, Мишел Дел за оваа работа треба да си претприемач
     
    На CharmedGirl и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    И денес има факултети кои бараат многу труд и вложено време да се завршат. И денес не завршуваат сите така па од нив некои кои можат и го уживаат убавиот живот од сликичката на @Cutiepie1 си купуваат, нажалост.
     
    На Annora, flawless_, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.026
    Допаѓања:
    180.134
    Еве јас, може:!: :lol:
    Единствениот дечко без завршен факултет што го имав, имаше интересна навика да се откажува од работите недовршени. Многу ме нервираше]:)
     
    На andrejko82, christinnn, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.