Сакате да сте згодни и неопходни? ЕКСКЛУЗИВНО! Со оваа неверојатна понуда на придржување кон медицинската диета за само 15 дена ќе станете згоден пациент со неопходна инфузија!
па вака јас а имам држено оваа диете 2 пати.и може да кажам дека вториот пат имав повеке среќа.ја држев во ист времеснки период(зима) првиот пат ја држев само10 дена и ослабев 5кг но залудно ги повратив дупла.Но,сега после 2 години од првото држење на оваа диета почнав со фитнес и земав да пиам апчиња од Swanson на природна база.Вежбав упорно 3 месеци ги пиев апчињата само 1 месец.на храната се придржсавав само здрава исхрана и успеав да симнам 10 килограми за 2 месеца.потоа стапив со оваа диета.ја држен многу правилно и за 10 дена ослабев 6 кг. значи намирниците ги јадев по ред и може да кажам дека не повратив ниту еден килограм.додека ја држев не одев на фитнес.потоа повторно продолжив со здрава исхрана и сега јадам се што сакам и не качив ни 1 кг моментално пробувам уште една диета која знам дека има јо-јо ефект ама јас ке се потрудам да го спречам тоа.Така што од кога ќе завршам со таа диета една ден правам мала пауза и повтрорно ќе почнам со оваа диета и ќе ја држам 5 дена а заборавив да кажам декa јас не си земав сабота и недела како слободни денови секогаш одев по списокот коа ден иде по ред.
Најгрозна диета која некогаш сум ја применувала во мојот живот. Се убив од јадење глупости, а ефектот беше минимален. Не ја препорачувам никому, иако гледам дека некои феминки имале и позитивни искуства. Мојот совет е да се избере некој друг, поздрав начин на исхрана.
Што запнале сите, со таа инфузија? Еве ме, јас умрев, мојот дух ви пишува. Бог да чува, значи. Нормално дека диетава, не е за некој со 50 кила. Јас ја држев 21 ден, и ослабев 6 кила. И кажав на матичната, ми рече Браво, супер. Чим сум издржала. Само да направам недела дена пауза. Да јадам нормално, без леб. Јас направив 4 дена пауза. Нормално има јојо ефект. За тие 4 дена, вратив 2 кила. Ама јас богами, јадев се што ќе ми се најдеше.. После паузата, продолжив уште 3 дена, и симнав уште 1 кило. Вкупно 6 кила, симнав. И после, ја прекинав ради тоа што ми се здосади, се една иста храна. И тоа, јас јадев упола, од тоа што го пишува. Некогаш за ручек, јадев само 1 јајце. Не е здраво, знам. Ама ми падна аптетитот. Месото веќе не го јадев, ич. Понекогаш вечерав само кравјо сирење, по некој залак. Киселото млеко, го заменив со јогурт, шланг. Пиев по 2 чаши. А тоа салати, краставици, домати, ниту еднаш не пробав. А ниту портокал за ручек. Ни кафе, ни чај. Па еве ме, жива здрава, фала Богу. Може да ме напаѓате, попувате, и солите памет, колку сакате. Ама јас не се покајав, што ја држев. Со нејзина помош, се одвикнав од многу јадења. Сега, и ми се гади од некои не здрави, јадења. (што не се наоѓаат на менито на диетава) Дури и за чудо, за тоа време, ниту еднаш не ми се скршија ноктите. Што не е нивни обичај. Одкако ја прекинав, два ми се скршија.
јас имам проблем со ензимите во желудецот (што се за варење зеленчук) дали ако зелнчукот во диетава го сменам со овошје би било проблем? иа некој што го сменил зеленчукот со овошјето и имал добри ефекти?
мислам дека е препорачано да не се менуваат продуктите и јас го имам истиот проблем пробај со друга диета на пример таа од 20 дена што е со неа не се вракаат килограмите знам по една другарка
на оваа да моја другарка многу ослабе од оваа а беше доста дебелка и еве две години не и се вратија килограмите
Па јас, не јадев месо. Го заменив со сирење. Затоа што сепак скоро секој ден, има јајца. А јајцата се протеини како сирењето, па не се мешаат продуктите. И продолжив да слабеам. Кравјо сирење јадев. А, киселото млеко го заменив со јогурт шланг.
Весна, не не смее да се пие ништо освен вода. Инаку ја имам еднаш држено оваа диета и мене не ми помогна и кога ќе ми текне ми се . Многу ми е гадна со тоа јајцата. Едно време осетив како да губам витамини на јазикот, зашто нон стоп јајца, домати, јајца, домати...
Ви препорачувам да не ја држите оваа диета. Познавам жена што целосно си го поремети здравјето со диетата на Жан Митрев. И освен што лично ја познавам, и други луѓе ми имаат кажувано од искуство дека не е добра.
^Како што и јас пишав горе и јас ви препорачувам да не ја држите оваа диета. Ви викам, едно време почнав да осеќам како да губам витамини на јазикот!!!
ја почнувам диетава од утре, само што наместо портокал ќе јадам грејпфрут или лимон, па ќе ве известам по 5 дена
Дали диетава ви е кажана од некој што бил хоспитализиран во Филип 2 или ? Мислам дека не е можно да биде една диета за сите пациенти иста ... од причина што мој близок кој бил пациент на Жан Митрев имал сосема поинаков режим на исхрана доручек - секој ден овошје (се освен банана и грозје) - колку сакате и во било кое време, па и неколку пати (важно е кога ќе се прекине со овошјето дека нема попладне т.е. по внесување на друга храна навраќање кон овошјето) ручек - грашок со салата, грав со салата, риба со салата, соја шницли - варени и салата (сојата мора да биде на репертоар), телешко месо и салата ... вечера - салата и ОБАВЕЗНО СЕКОЈ ДЕН - СУПА КОЦКА ГОВЕДСКА (оние малите коцки само со вода попарена)
Прв пат пишувам ...прочитав наназад многу критики за диетава, не знам зошто толку без успех е режимов кај многу од вас, доколку сте внесувале од храната по наведениот редослед и количина не би требало да има проблем нити инфузии нити лоши крвни слики.....кај мене гледам фантастични резултати после секое држење на диетава, еве денес завршувам со втората недела резултат -8кг. .... а инаку кг. ќе се лепат назад после секоја диета и покрај одржувањето се додека не решиме да се храниме за да преживееме се додека не научиме ние да ја контролираме храната а не хранта нас, и посегнување по меѓуоброк (гризини, апетисани, благце, „интегрални пецива“.......) килограмиве нема да ни станат минато
Сите сте 100 % грешка Братучетка ми беше кај Жан Митрев, оваа не е таа диете, што ви е на вас? Оваа е протеинска диета и Жан Митрев ја забранува бидејки ослабува крвта со оваа и тоа сигурно. Братучетка ми држеше ваква диета: Секој ден појадокот е две овошја освен банана. Ручекот и вечерата се исти во денот само што за вечера јадеш двојно помалку. 1 ден (ручек и вечера)- месо колку сакаш варено или печено со салата свежа. 2 ден - манџа посна каква сакаш и колку сакаш и салата свежа 3 ден- тестенини без јајца само со зачини(сол вегета буковец) без сиренја кечапи и сл. 4 ден цел ден овошје. И така ги вртиш овие 4 дена, пијалоци - вода, цеден сок без шекер и кафе и кисела вода колку сакаш. Месниот ден може да се замени со варени јајца ама ако јадеш јајца за ручек и вечерата треба да е јајце. Нема ограничување на јаденјето, во денот можеш колку сакаш да јадеш ама од овие јадење и најважно да не ги мешаш деновите. Братучетка ми ослабе 20 кила, јас ослабев 7-8, и сите што ја фатија оваа диета ослабеа. резултатот е сигурен и нема гладување што е најважно. А ова со варениве јајца не ми се допаѓа, всушност умираш за јадење и ти ослабува крвта, а со оваа на братучетка ми крвта и беше подобра него пред да ја држи диетата. пробајте, со среќа.