Јас ја држев таа на Ејприл ама не 3 туку 5 недели. Супер ослабев околу 8 кг. Ама сега пак накачив килажа ама не дека има јо-јо ефект туку некако многу јадам незнам што ми е. Да помине велигден и пак ќе држам некоја диета треба во јуни на море да одам
Денес ми е трет ден од оваа диета. До сега супер ми оди. Муабетите дека завршуваш на инфузија не ми се баш јасни, затоа што диетава не е гладување. Точно дека е построга, ама ги имаш сите потребни работи - протеини, јаглехидрати, витамини и минерали. Вчера ми беше малку проблем затоа што бев на пат попладнето па вечерата некако измешано ја изедов, го сменив редоследот...се надевам дека не е до толку страшно. Инаку ја имам држено пред 6-7 години, ама не 3 недели туку 2 и беше супер, ослабев околу 7 кг. И не, не завршив на инфузија, туку се осеќав совршено. Сметам дека оваа диета е одлична и за детоксикација на организмот, особено сега на пролет. Сега првава недела планирам само 1 ден пауза да направам, па да ја продолжам уште 5 дена... Ако ослабам 7 кг ќе бидам презадоволна. За понатаму планирам да продолжам со здрави комбинации на оброци, орбитрек и да практикувам вода со цимет и мед сабајле и навечер. Заборавив да спомнам дека кафето го пијам во текот на целиот ден, не внимавам на тоа - секако е без шеќер и млеко.
Сама си пишувам, сама си одговарам Денес ми е петти ден од диетата, сабајле се мерев, - 2.5 кг. За мене ова е супер. Ако симнувам вака сите 3 недели, 7-8 кг ми се сосема доволно...
Денес ми е 4 ден се мерев 3 кила имам ослабнато а да ве прашам за рибата дали може конзерва или на скара да е?
Ja prekinav na 4 den. Oslabev bez malku 2kg koi i posle nenormalno jadenje da ne recam gnetenje za praznicite ne gi vrativ. Veke 12 dena sum na dieta so nutricionist pa da vidime kako ke bide.
Јас за 3 недели ослабев 6 кг. Ја завршив пред 5 дена. Сега продолжив со здрав режим на исхрана - само овошје, зеленчук, мешункасти плодови, јаткасти плодови, зелен чај, кефир со ленено семе... Во овие 5 дена имам симнато уште пола кг
Здраво девојки Ве читам и едно големо браво до вас што сте на диета Јас имам околу 10кг за слабеење, планирам да почнам од понеделник. Ќе се дружиме
Zdravo Sakam da prasam dali e dozvoleno poveke kafinja ili samo tamu kade sto pisuva I dali more nautro da se pie voda so limon
Да. Неколку пати ама никогаш до крај. Ефект има. Не се враќаат кг така брзо како шо викаат. Сега после секоја диета ако јадеш без контрола се враќаат кг исто е и со оваа...