До кај сте со диетава има ли резултати? Планирам од утре да ја почнам па ако е некој за.. да се дружиме и заедно да слабееме
Абе јас сум прв кандидат за започнување ама се некако одлагам... Ај да почнеме од утре. Озбилно, шала на страна, мора од некаде да се почне. Јас имам многу вишок за симнување, ама одлучна никако не сум...
Јас сум против тие диети 20 дена -8 кг. Нема ефект. Ќе ослабам може, да, ама тоа е краткотрајно решение.
Јас 1 кг дали ќе симнам не пак 8. Безразлика која диета се почнува треба силна воља инаку ништо. А јас воља имам да, ама за јадење.
@Brojka значи од утре стартуваме! Да не имаш случајно на ум некои вежби да искомбинираме со исхраната? @sanjaeva а тоа диетата да не има негативни ефекти во смисла дали се враќаат килограмите? Мене ми е повеќе во обем да ослабам..
Ќе видиме @s.w-e.e-t.y Ве сметaм зa прoтивници и идеме вo нaпaд нa кг, пa кoј ќе биде пoуспешен ќе видиме Кумaшинкaтa мoјa јa имa држенo некoлку пaти и секoгaш и успевa. Видливo и нa oкo и вo кг.
@sanjaeva Можеш ли да ми ја кажеш таа диета бидејќи не можам да ја најдам..постои тема 8 кг за 8 дена ама за 20 не можам да најдам..можеби ќе ми фати око па ќе ти се приидружам
Ок е диетава за тие што имаат малку за слабеење. Ама, за личности кои имаат за слабеење повеќе од 30 кг не е. Барем според мене што не мора да е точно.
Многу ти благодарам...инаку добра е ама растојанието меѓу оброците е големо тешко дека ќе издржам..ќе си се држам до оваа на иренна
@Brojka до каде си со диетата, има ли некој резултат? Јас ја држам и искрено да ти кажам не гледам досега некој резултат
@s.w-e.e-t.y колку време ја држиш? Јас кога ја почнав, а и сега, постојано гледам дека намалувам на обем, но килажата ептен ретко, некогаш. Ама и вежбам покрај оваа исхрана, а многу често и вечерата ја утнувам зошто тоа време не сум дома, па јадам што ќе се најди прво. Како и да е, биди упорна, не се откажувај и ако не си физички активна - внеси си физичка активност, ако си активна, тогаш и немој многу да размислуваш, и тоа игра голема улога.
Еве денес ми е 5-ти ден, пешачам скоро секој ден..инаку јас сакам во обем да намалам килажата и не ми е многу важна..а колку време ја држиш ти?
@s.w-e.e-t.y Епа чекај барем уште недела/две за повидливи резултати, а веројатно ќе имаш и на вага зошто трошиш. Јас можеби и се два месеци, искрено не памтам, ама покрај кардио и трчкање вежбам и на справи и кога почнав да паничам дека само во обем слабеам, тренерот едвај ме смири. Ама сепак, тоа и е важно, да е видливо. Можеби и ти е тешко да си планираш оброци сега, ама после и да сакаш нешто поинаку да правиш, преминува во навика овој начин на исхрана/ диета. Јас да можев некако дома да си сум за вечера се погодено ќе ми беше.
Дали би имало резултати до 5 август бидејќи тогаш сум на свадба за да ме собере во некој убав фустан? Се мислам дали да продолжам со оваа диета или да ја почнам Ун? Хелп ми
Здраво, ја држите ли диетава? Да ве мотивирам малку: за една недела -2 кг.И тоа првите неколку дена за ручек мешав(претежно шпагети со различни сосови), еден ден целосно ја утнав и сепак има резултати. Од вежбање само движење засега! Пишувајте да се мотивираме заедно!
Мoже уште еднaш некoј пoубaвo дa јa oбјaсни,дa не се врaќaм нaпред,штo смее штo не смее дa се јaде,штo зa пoјaдoк,ручек,вечер?