Гласав и сега се осеќам тажна па нема да имаме за што да зборуваме, да очекуваме, сакам да се гласаше наредната недела уште ме држи таа еуфорија, сега ми е некако штуро, заврши се, ахххх....зашто се што је лепо има крај, о заштоо
Сеуште немам право да гласам ,но кога ќе имам ќе го искористам тоа .. Сепак секој си има право на свој глас...
Апсолутно треба да се гласа, но исклучиво за МП = „Мојата Партија„ прекрасна програма нудат: http://www.youtube.com/watch?v=eqZnsUyFHHw
Апсолутно сум ЗА да се гласа. Тоа е мое право, зошто да не гласам....не може никој да ме разубеди, дека е неутрален, ја можам да разберам дека на некој може да не му се допаѓаат ставовите на ниедна партија, ама дека никој за ништо не му чини барем во некој сегмент-неможе да ме разубеди. Ако тргнеме така, ја не гласам, ја не гласам,ја....и кој ќе гласа?
Пак доаѓаат избори. И пак ќе си гласам - тоа е мое право. Нема да велам не незнам за кого ќе гласам, никој не ми чини. На таквите би им рекла од 2те зла земете го помалото.
Можеби би гласала ама не би заокружила ниту еден , само ќе си излезам да гласам а нема да заокружам никој гад.
Навистина? Еве јас сум една од тие. Двете политички опции од мене добија по една шанса во минатото и ме разочараа. И сега? Пак за нив да гласам? Па совеста не ми дава бе.
Се сомневам, се до оној ден кога ќе видам дека некој насвистина се труди за нарадот, не за своите интереси!
Гласањето е единствен начин да пробам да сменам нешто во државата, не дека мн ќе сменам, ама барем имам шанса да го казам она со мислам со моето гласање, сите се за никаде, ама сепак гласам против најлошиот во моментот.
Секако, моја граѓанска должност, мое лично право, кое нема да оставам некој друг да си го препише во своја корист. Како до сега, така и од сега, одиме на глсање
Секогаш ама секогаш излегувам да гласам, мојот глас не оставам да биде искористен од некој обоен мршојадец, што кога ќе види колку луѓе не излегле да гласаат на списокот, ги чкрта и си дополнува ливчиња во кутијата. Воедно и ги истакнувам моите шкртачки способности на овој свечен настан, колку да ги освежам оние што пребројуваат ливчиња.
Подобро да отидам и да ставам во кутијата празен лист отколку воопшто да не отидам! Тоа е мое право, и не сакам да се случи мојот глас да биде искористен поради тоа што не сум отишла. Јас лично сум политички определена (знам може сум мала ама ете ...), ама не одам само за да ја поддржам партијата чиј симпатизер сум. Моето право, а можеби и обврска како граѓанин на оваа држава не сакам да го дадам на друг ... Тоа е мое лично, не сакам друг да го искористува
На предходните избори гласав за сдсм, имав и некаде низ темиве пишано дека ќе им дадам шанса која се надевам дека ќе ја оправдаат. Јас стварно верував и се залагав дека можеби нешто ќе се смени кога ќе добијат повеќе пратеници, полагав надеж во нив дури и лично се ангажирав, но воопшто не сум човек кој слепо ќе верува и ќе се држи до едно нешто кое го зацртал без да ја погледне праведната страна. Сакам мојата совест да биде чиста, така што решив на наредните парламентарни избори да не гласам за сдсм, затоа што не го понудија тоа што го очекував од нив, и затоа што не го оправдаа мојот глас, напротив продолжија да си тонат во удобната фотеља. Јас навистина не гласав за нив за да земаат плата, и никогаш не би гласала за некој поради тоа, макар и маж да ми е. Освен тоа што го бојкотираа донесувањето на буџетот на стаклени нозе, јас апсолутно ништо активно од нив не видов, само лаење напразно и повикување на предвремени избори кои е јасно како ден дека ќе ги изгубат ако се случат. Не ги добија предходните кога постоеше А1 тв, уште помалку пак сега, без една таква маркетиншка машина. Единствен спас на таа партија е ако се расформира и го исчисти трулото внатре, за да постигне некаков прогрес, инаку со овој состав и врв, малку потешко. Знам јас многу добро дека членството на Сдсм го сака Бранко за лидер, но тоа незначи и дека останатиот неопределен народ го сака. Напротив, гласаат за овој неспособниов само за да не дојде другиот на власт. На наредните парламентарни избори мојот глас ќе оди за Достоинство, барем знам дека навистина се борат за нешто со години и никој не им го слуша гласот и тоа е тотално нефер и некоректно. Во никој случај нема шанси да не отидам да гласам, затоа што знаеме што се случува на изборите со тие празни листови. Се надевам барем дека ќе променам нешто со мојот глас, или дека нив лично ќе им донесам некаков бенефит затоа што навистина го заслужуваат. На локалните избори во март ќе гласам за Аце Коцевски, и немам проблем да го кажам тоа, па кој сака нека ме етикетира како сака. Факт е дека додека беше градоначалник го мрдна Велес од мртва точка, тоа и птиците во гората го знаат, го знаат и луѓето од спротивната партија, само имаат проблем да го признаат тоа.
А не знам што е толку мака да отидеш да се прошеташ и да си пуштиш ливче во кутија. Па макар биле тоа срценца и шкртаници . Гласјте не е битно за кој , или пак неважечко ливче. Не дозволувајте вашиот глас да биде искористен за полнење кутии .
Sekogas odam na glasenje...ako nemam odluceno za kogo ke glasam,pustam prazno livce ili zaokruzuvam nekolku.Ama vazno,glasam,ne dozvoluvam da se zloupotrebi mojot glas na nekakov nacin.
Секако дека ќе гласам. Нема да дозволам да не го искористам мојот глас и други да го злоупотребуваат. Мое лично право. Ако треба и неважечко нека биди ливчето но ќе отидам на гласање.