Не знам дали си запознаена, али Достоинство се со СДСМ во коалиција . Прашање за тебе, зашто мислиш дека следните избори СДСМ ќе ги изгуби? Јас лично сум десно ориентиран, али нема десничарска партија во кај нас моментално, така да искрено јас не знам дали да гласам воопшто на наредни избори. Би им дал шанса на СДСМ ако на чело дојде некој како Гордан Георгиев или слични на него. А за локални најверојатно ќе шкртам нешто. За Скопје не ни гласам за никој, пошто и така се градат во Центар и Аеродром. И не ги разбирам луѓето што живеат надвор од Скопје. Зашто воопшто излегуваат на гласање? Никој ништо им нема изградено....сите пари во Ск идат.
Порано повеќе се замарав и сакав да знам, а сега ми е поубаво кога незнам Знам дека се во коалиција, и тоа го сметам како жртва од нивна страна, што "мораше да склучат пакт" за да постигнат нешто, затоа што минатите години знаеме што се случуваше кога излегуваа сами на избори. Јас ќе гласам за Достоинство иако сум левичар по убедување, тоа не значи дека ќе гласам за Сдсм За сдсм не мислам дека ќе изгубат туку сум сигурна дека ќе изгубат. Ќе се навратам пак на предходните избори, тогаш дпмне беа посрани до гуши, се давеа во сопствените лајна, и пак успејаа да победат, иако народот им беше многу накурчен. Плус тогаш ја имаше А1, имаше и други опозициски настроени гледани/читани медиуми. Сега со овој медиумски мрак, и се поголемата улога што ја играат Латас и останатите куропушачи и газолижачи, особено кај постарото население, нема шанси сдсм да победат. Сдсм сега моментално немаат медиумска машинерија. На сите страни и на сите медиуми фрштат пропаганди од кои ми се повраќа, кога ќе ги чујам рекламине на Сител буквално се чувствувам како да живеам во Северна Кореја, и признавам дека играат многу голема улога тие реклами во јавното мислење, еве на пример, баба им верува и утре ќе излезе и ќе гласа. А такви постојат еден куп што многу не ја есапат работава до кое дереџе е, а ќе излезат да гласаат.
Секогаш гласам откако станав полнолетна. Зошто да не гласам кога таа шанса ми се дава еднаш во 4 год?Јас сум разочарана од Груевски, беше голема надеж во 2006, имаше ентузијазам правата година,ама потоа се расипа. Имам негативно мислење за него. Се покажа како голем лажго, и мене како Offspring ми е криво што народот не ги поддржа бранителите. Тие се заслужни многу. Така да овие избори мојот глас оди за Достоинство, а тие се во коалиција со опозицијата. Гласајте сите, подобро дајте го својот глас некому. Не знам дали сте забележале ама во албанските општини имаат многу висока излезност. Сури накај 80, 90 %. Кога можат тие, можеме и ние. Со секој глас повеќе придонесувате за пратеник повеќе Македонец.
Ќе гласам и овој пат само затоа што добив ветувања. Мајка ми и татко ми се едни од постарите симпатизери на СДСМ и никогаш до сега не им паднало на памет за не гласат за нив. Верни упм. Никогаш до сега не добиле ништо од нив, како партија, и ете сега кога сум во таа фаза од животот кога барам добра работа, ветуваат... Башка и сме добри пријатели со кандидатот за градоначалник, мајка ми секојдневно е со неговата жена... Штом ветуваат верувам и дека ќе остварат доколку победат бидејќи во спротивно на следните локални избори губат од старт 4 гласа. А знаеме дека таква е ситуацијата што вработувањата се 70% на политичка основа, па зошто да не и за мене. Ако не пак, и кандидатот од ВМРО да победи би било оправдано бидејќи реално гледано направи многу за градот, и навистина ќе биде тесно на овие локални избори.
Да има такви на кого сеуште влијаат пропагандите, али мислам дека сепак поголемиот дел се свесни дека оваа влада нема веќе нема што да покаже. Минатите избори разликата беше некои 70 - 80 илјади гласа, а мислам дека сега е веќе изедена, и се тука некаде. Јас лично не гледам ТВ, а ни други медиуми не листам за вести, така да на мене ништо не влијае . @Tanjamm Се согласувам со тебе, но знај дека повеќе Македонски пратеници ништо нема да променат, ние ќе си останеме граѓани од втор ред во сопстваната држава.
Зависи колку луѓето дозволуваат да им влијае. Не би рекла дека се стопени разликите, мислам дека се дпмне моментално во поголемо водство отколку што беа на предходните избори. Од причината што ја наведов, дека сдсм немаат некој што ќе ја кажува нивната вистина. Еве пример, кога го донесоа буџетот на стаклени нозе, цела недела дена уназад псетото Латас лаеше (незнае да зборува туку лае) дека ако не се донесе буџетот нема да има пензии. И нормално дека пензионерите се попалија затоа што толку ја есапат работата. Нив тоа им е битно... Да земат пензија и да се возат гага по автобуси. А факт е дека они им се најстабилното гласачко тело. Јас дома имам пример за типично размислување на еден пензионер, а тоа е баба ми. Дури и се расправав со неа затоа што не ја есапи работата, а скока без врска. И апсолутно би им дала пак шанса на сдсм ако се расформираат. Дефинитивно имаат кадар, ама незнам дали ги мрзи, дали немаат воља, или што е тоа што ги тера да стагнираат и да не мрдаат со прст.
@offspring1 Јас мислам дека дури и СДСМ самите почнаа да веруваат дека се многу послаби и дека ништо не можат да сторат. Барем мене така ми делуваат. @creshicka Вработувањате се такви, односно ситуацијата е таква каква што е, затоа што луѓето ја прифаќаат. Не му верувај не тој што ти кажува дека ти требаат врски, партии или факултет да имаш завршено за да заработуваш пари во животот. Наместо да чекаш вработување, почни да создаваш вредност.
Скроз се согласувам ^ Не треба да се слееме во толпата и да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е чекајќи некој друг за нас да направи нешто. Јас кога сакам нешто во глобала да се смени, прво тргнувам од себе. Лесно е денес да се извади книшка и да се чека редот за да се вработиме па така удобно да се сместиме во мизеријата на нашите бедни животи. Уствари што ќе ми е животот ако ми е подреден така? Несакам некој друг да ми го даде успехот, сама ќе си го создадам, и нема да учествувам во нешто што го сметам за погрешно, само затоа што повеќето тоа го избираат како полесен пат. Размислете колку работи би се смениле, ако луѓето престанат да размислуваат онака како што им е наредено да размислуваат. Тргнете од себе, ако сакате нешто да се смени. Ако се слевате во толпата тогаш жалам, ама немате право да се жалите како не ви е убаво, затоа што сами сте си виновни. Никој не се родил успешен, но за жал многу луѓе сакаат некој друг да им го даде на готово успехот, без да се борат да го заслужат.
Црешичка - Гласај за кого сакаш , ама не се потпирај на ветувања дека некој ќе дојде и ќе те однесе на работа . Онака ти кажувам да не бидеш разочарана .. Надградувај се себеси , а и создавај пријателства познанства бидејки денес тие ќе ти помогнат во работа ... Јас пак мислам дека младите се многу во забуна што мислат дека книшката ќе им донесе работа . Ај погледнете малку кој се вработува се се тоа роднини или пријатели на тие што одлучуваат кој да се вработи ... Или пак некоја взаемна корист.... Многу така се излажаа дека ако земат книшка ќе ги вработат Ги тапшаат по рамо дека ќе биде и ги тераат да разнесуваат материјали ... Не се обојувајте доколку не сакате ама мислите дека ќе добиете работа голема заблуда е тоа ...
Веќе има премногу што се на списокот за вработување, незнам каде ќе успеат да ги вработат сите тие надежни плакатолепачи. Кога реков дека лично се заангажирав на предходните избори навистина го мислев тоа, и ми беше до степен скурчено од ситуацијава што извадив книшка. Никогаш не мислев преку неа да се вработам, затоа што ми е јасно како бел ден дека пред мене на списокот има членови од 90та што чекаат на ред Извадив чисто онака, кога веќе знам дека за другите никогаш нема да гласам. Одев и на неколку состаноци за да видам како функционираат тие работи и искрено се засрамив од сама себе дека спаднав до дереџето некој друг да ми каже што треба да мислам, јас стварно не сум таков тип на човек. Нека звучам утопистички и безнадежен идеалист, стварно не сум таков човек Кога ми стана јасно како функционираат работите им кажав повеќе да не ме заморуваат, затоа што несакам да си го трошам мојот живот за нечии туѓи цели и лични бенефиции. Јас се чувствував многу грдо, колку сака нека звучи клише, навистина несакав да се поистоветувам со мислењата на било кој човек што ми кажува што да мислам, па така ја зедов и ја запалив мојата партиска книшка Многу поубаво се чувствувам од тогаш. Правото на избор за која партија и да сакам да јадам гомна е безценето, како што можете да забележите
Ќе излезам само за да го искористам своето гласачко право. Нема инаку да заокружам никого. Не сум добила ништо, од ниту една партија. Не ни очекувам искрено за себе, јас сакам да видам промени на глобално ниво, за целата држава и целиот народ. Но бидејќи тоа нема да се случи од ничија страна, т.е. нема да видиме бенефит како маса од никого, не гледам причина зошто би го заокружила број 1, 3 или 5.
Кажаа дека ќе бидеме граѓани од втор ред дури и ако има повеќе пратеници Македонци, помалку АЛбанци, ама сепак кога би имале на пример 10 албанци, нема да е исто како сега кога ги имаме еден куп. Па еве на Руфи Османи НДП има 2 пратеника иако се тазе партија, а наш-иве помали не освоија ни 1 место во Парламент. Некој ги гласал. Имаме 3 албански партии во парламент, што е многу. Гласајте, можеби нешто ќе се смени, можеби не. Важно дајте глас за оној кој ви влеал повеќе доверба. Знам дека албнски општини имаат 90% излезност, мји кажуваа луѓе што биле на кутии наши.
Ако ми даде некоја партија пари за да гласам ќе одам, макар и 1000 денари да се (ќе си се почастам нешто), иначе не верувам во ова, само го зборувам Ќе ги заокружам сите броеви, ем гласано ем неважечко
Епа ајде ако не владата нека пушти соопштение по телевизииве дека секој државјанин на Македонија што го искористил своето избирачко право ќе добие парична награда од 1000 денари. Сами сме си криви. Кукаме дека ќе станеме граѓани од втор ред во сопствената држава, голема Албанија и не знам уште што. А што преземаме за да не се случи тоа? Ништо! Никој ништо не презема. Која е излезеноста на избори во општините со македонско население? Преку сила 70%. Која е излезеноста во општини со албанско население? 90%? Епа ќе бидеме граѓани од втор ред, и тоа многу скоро Од една страна, добро е што владава покачи пензии и воведе некој си ред (каков-таков) со плативе. Ама од друга страна јас, на пример, како студент што добив? Намалување на партиципацијата? А секоја година се даваат плус пари како за уште една. Можност за плаќање на административна такса преку мобилен, а паралелно на тоа пензионерите добија бесплатни разговори и нови тарифи. Отварање на нови места, нови факултети, нови студиски програми. А кој мене ми гарантира дека утре ден ќе најдам работа? Државата ќе застане зад мене? И не само јас, туку сите студенти. Да бараме повеќе - не можеме да се организираме. И не ги оправдувам ни тие ни оние. Сите знаеме како се живееше по осамостојувањето и уште се живее така. И јас сум дете на Југославија сум фатила малку од тој период, иако не се сеќавам на ништо. Ама се сеќавам на срамните приватизации, на напуштањата луѓе од работа, неисплаќањето на платите, затварање на сите поголеми фирми во државава. На тоа добро се сеќавам. И никој не може да ме убеди дека тој е подобар. Секој си го земал делот од колачот. И за крај, одговор на дилемата дали да се гласа или не - да, ќе излезам и ќе гласам, не затоа што очекувам некој да го плати мојот глас, ами затоа што тоа е мое граѓанско право и моја должност! И ќе го искористам. Ете така.
Гласот е право и обрска. Секој треба да излезе и да гласа. Јас сум многу лицемерна по однос на ова прашање. Од една страна кај стигнам солам памет дека секој треба да гласа. Од друга страна, главно не гласам, не се ни сеќавам кога последен пат сум била да гласам. Мислам дека само кога наполнив 18 бев, онака, од мерак, и еднаш излегов на референдум, оној што не успеа. Сега прв пат сум силно мотивирана да излезам да гласам, за било кој освен овој што е сега градоначалник. Иако мислам дека се уште нема објавено кандидатура, така што не сум сигурна дека ќе биде кандидиран. Како и да е, веќе навистина чувствувам обврска да гласам. До сега не одев затоа што не сакав да бидам дел од глупостиве, не сакав да имам грижа на совест, ама и бегање од оговорност не е некое решение. Кога би имало кандидат кој го заслужува мојот глас, со радост би гласала за него, без разлика на партијата. За локални избори човекот е важен, не партијата. Мислам дека Заев, Стефче и Циц најдобро го покажаа тоа. Јас живеам во општина во која градоначалникот е од владеачката коалиција, ама општината е многу послаба од Карпош, кадешто градоначалникот е од опозиција. Сакам градоначалник кој ќе се заложи за општината. Ќе сака да направи нешто за неа, во сите населби, не само најголемата. Ако видам таков кандидат, со задоволство ќе гласам. Ако го видам на список актуелниот, ќе гласам „против“ него. Ама секако морам да гласам и да почувствувам одговорност за ова што се случува.
Ќе излезам на избори само за да си го искористам правото на глас. За ништо друго. Не сум добила ниту пак ќе добијам нешто од некоја партија во Македонија. Затоа и моето ливче ќе биде неважечко.
A Роза Луксембург и Клара Цеткин за што се бореле, а? Нормално дека ќе излезам и ќе гласам, тој глас е мое демократско право и обврска. Што се однесува до претстојниве локални избори, ќе гласам за личност, не за партија. Само чекам официјално да објават кандидати за мојата општина.
Тоа е и проблемот кај нас, личноста ја преставува партијата. Не ги оставаат градочалниците да мислат со своја глава и да и преставуваат и реализираат своите идеи, туку се во констрани спреги на партијата од која доаѓаат. Тоа ме иритира. Конкретно за мојата општина Центар, ми се допаѓа некои работи кои ги направи градначалникот, го среди моето маало како никој градоначалник до сега. И другите маала од центар се средени. Посебно му давам рака што го осветли базенот, патото што минува таму, покрај Корчагин, тоа беше дувло за наркомани и манијаци штом се стемни. Сега е асвалтирано патчето, стави осветлување и го ревновира паркингот. Браво за него. Без разлика од која партија е од мене го добива гласот сигурно. Зашто конечно ги послуша поплаките на граѓаните. А за градоначалник на Скопје, незнам што да кажам, не ми се допаѓа дотичниот. Мoжеби е работлив, ама се фокусира на небитни и непотребни работи. Од плоштадот направи циркуз и тоа никогаш скопјани нема да му го простат. Да дојдеш до степен да не си го препознаеш градот. Али па нема достоен градоначалник за Скопје. Кажав еднаш ќа кажам и пак после Пенов, Скопје е само една смешна и лоша слика слика на тоа како Не треба да изгледа главен град. Гласам уште од кога го добив моето право, дали е неважечко или сум се определила за некој, гласам. Дека правото да си го искористиш е битно, али мене искрено тоа му е муабет во кој веруат само мали деца. А што е со нивната должност да ги оправадаат нашиот глас. Или им се усладува 4 години лежејќи во фотељи и забораваат што ветиле на избори. Барем 50 посто што ветуваат да исполнат, Макдеонија ќе биде прекрасно место за живеење. И апел да градочалниците и до кандидатите за градоначалник. Бидете свои, излезете од сенката на лидрите на партија, имајте достоинство и кажете ги своите идеи, не следете слепо некој зашто ви е шеф, народот вас ве избрал,не лидерот.