Не е мое да се мешам, ама додека би имала право би гласала. Нас не учеа во школо, доколку не гласаме, ја препуштаме власта во рацете на тие што не ја заслужуват. :geek:
Прочитав неодамна некаде дека паметните не сакаат да се замараат со политика, па затоа политиката е во рацете на идиотите... Кај нас е лоша летаргијата дека и да се гласа и да не се гласа нема ништо да се смени. Има земји на запад во кои ако не гласа човек му следува парична казна-гласањето е право, но и ОБВРСКА. Па велат, ако не ти се допаѓа ниту една понудена опција, ливчето направи го неважечко, ама МОРА да се појавиш на гласање. Од друга страна, има размислувања дека колку повеќе луѓе не гласаат, толку повеќе можност оставаат за манипулација со тие неискористени гласачки ливчиња. Затоа, јас би рекла-одете на гласање, а ако не ви се допаѓа никој од понудените, шкртнете го ливчето, нека биде неважечко. И на тој начин ќе го изразите своето мислење за тие на листите. А плус, нема да дозволите некој да манипулира со вашиот неискористен глас.
Сеуште немам право на глас но кога би имала, би гласала зошто би сакала да го искористам правото на глас, за кого и да е -ако треба ќе чкртнам ама ќе излезам
Гласањето е порака до политичките партии и затоа гласам на таков начин - со порака. Немојте да се занесувате дека партиите незнаат кој како и за кого гласа со некаде од 80 % точност. Година дена после избори ги анализираат резултатите. Поентата е во тоа што еден мал процент на непартиски и неопределени гласачи го одредуваат побетдникот. Неважечко ливче е можност за манипулација и најважно од се, избегнување на одговорност.
Неважечко ливче не може во никој случај да послужи за манипулација-на гласачкото ливче не смее да има НИШТО, па ако има дури и само линија или Х или било што-оди кај неважечките и НИКАКО не може да се искористи за манипулација. Неискористено ливче, од друга страна, веројатно може да се злоупотреби...
Кога би имала право на глас би гласала со задоволство.Но,за жал не ги исполнувам условите,сеуште сум малолетна. За која причина ќе гласам? Ќе гласам затоа што несакам да го дадам градот на некои што не го заслужуваат,во случајов албанциве. Без разлика на партијата дали е ВМРО или СДСМ ќе гласам,затоа што не се работи за партија,туку се работи за тоа што татко на градот несакам да биде албанец. И мислам дека сите треба да излезат на гласање ( за мојот град зборувам) не треба да дозволиме,некои друг и некој што не заслужуваат да прави во градов што сака.
Вака не знаев каде да прашам па еве ќе пишам тука, може ли н екој да ми каже страна на интернет или нешто за да знам да се најдам каде треба да гласам. Јас досега немам гласано, па незнам каде треба да одам.
Бидете глупави па не гласајте..само ја препуштате државата на некој кои тоа не го заслужуваат и им го правоте ќејфот ! Зошто да не гласате ? Зарем не сте дел од оваа држава ?
Јас секако ке гласам значи тоа си е мое право и никој нема да ми го одземе или да ме натера да не излезам НЕДЕЛА море уште по сабајле ако треба ко че отворат че одам да гласам (мала шала)
Па каде што гласаат твоите секое мало си има свое место на гласање а за на интернет незнам дали има !!!!!
Имав став како на Mother MonsterI, се додека не ми се згади и сфатив дека битката е од напред изгубена, кога многу високо образовани луѓе кои веќе безбедно си седат на своите работни места, ја поддржуваат владеачкава партија, место да се спростистават кога , веќе се обезбедени на нешто што е неправедно ,како тоа буквално на клоци да избркаш интелектуалци од парламент и да тепаш жени , па дури и бремени жени од опозиција бидејќи не се согласувале да користиш повеќе од парите собрани од и така сиромавиот и исцицан народ. И истите тие интелектуалци да ти простат и сепак да се се појават на избори, а ти со парите на народот кој одвај крпи од месец за месец, крај со крај, ти не само што добри 8 часа на телевизија ги окупираш со политичка кампања и туку дури и со антикампања, на опозицијата, кој ја скапа „молење“ иако пред народот се праеше како тие да те молеле , а уствари власта ги молеше оти ќе си имаа проблеми со излезеност на изборите , а богами од со чичковците од ОН и ЕУ и НАТО. Друга ствар , владеачкава партија дотурка до таму што кај да е ќе почни на земјоделциве сточариве да им дели субвенции и само ради тоа што се земјоделци , а нешто друго, пола Шутка ќе ја поткупи за 500 ден, па дури и невните верни гласачи најлесни за лажење пензионерите ќе ги поткупи повеќе кратно во наредниве неколку месеци за 500 ден ништо чудно и уште некој песплатен ден во автобусите да му даде. Пуштаат списоци , некој твој кутри трети братучед што конечно се вработил за 8000 ден минимална плата колку да не оди по контејнери да буричка за да се прехрани и сега ве моли сите до 4то колено да влезите во владеачкава партија, па после бара уште 15 неутрални луѓе што ќе ве запиши на список дека ќе гласате за неа, внимавајте ништо чудно да побараат од вас и со мобилен телефон да сликате за да се осигураат дека сте гласале за да не го избркаат кутриот човек од работа, а да не правиме муабет дека дирекно ви го нарушуваат правото на гласање и демократија скоро и да нема. И сите кандидати на опозицијата, само го плукаат кандидатот на владеачката , место дрско да му го извадат валканиот веш на виделина, сите можни недвижнини и коли, слики кои нивните деца ги постирале кај што бесрамно се фалат каде се капеле и журкале последниве 4 лета, додека родителите на нивните врсници една недела на леб и вода живееле за тие да одат 3 дена во Охрид и да се изнасликаат за на фб или нивните врсници на +40 хамбургери или играчки продавале колку да преживеат и оделе еднаш два пати на базен во цело лето, колку да не бидат десоациајлизирани од страна нивните врсници. Епа кога интелектуалците играат толку чесно, а другиве ја сведиле демократијата на ниво на Германија во 30тите, КОЈА Е ПОЕНТАТА ДА ГЛАСАМ, кога и онака ќе ме запишат дека сум гласала и ќе гласа некој место мене за владеачкава партија. За жал независните кандидати ретко кој ги сфаќа сериозно и ретко каде ги има. Знам дека многу ќе се согласат со мене. И знам дека има тука многу што се тресат и се плашат да писнат. Ама ова е за сите тие богати тетки што им е сигурно газето , а сепак ја поддржуваат неправдата. Ако ова не им го смени малце милењето нека си ја пикнат дипломата, магистерската, докторската или што и да имаат уште во нивниот задник и нека не се сметаат веќе за академски граѓани или нека не бидат лицемерни и не ги учат нивните деца , за да имаат свој став и да се праведни и добри и не лажат и не крадат, кога и самите ги подржуваат луѓето кои тоа што го прават. Да не испадни дека некој многу бранам или напаѓам, ќе напоменам дека интелектуалциве никогаш не се служеле со вакви гебелсови нацистички методи и знам дека сите ќе речите дека секаде вака, ама то не значи дека тоа е добро и дека не треба да се смени и да не превземиме нешто да се смени,место да се покоруваме.
Секако дека ќе се гласа Кога го имаш тоа право зошто да не си го искористиш т.е. зошто некој друг да ти го искористи
Мој глас мое правп, секако дека ќе гласаме, зошто други да потполнат ливче наместо нас. и особено внимавајте пенкалото со кое заокружувате да биде со сина боја, ако е црно, црвено вашиот глас нема да важи
Во моја околина има 3 основни училишта, моите гласаат во две различни...затоа прашувам дали може некаде да се види.
Можеше да се провери на интернет,јас така си проверив.Министерката Гордана Јанкуловкса на фб сподели линк на кој може да се провери кај гласаш,но тоа беше пред еден месец,незнам за сега дали уште може. Барај кај неа на фб
http://217.16.84.7/Spisok2013/Prebaraj.aspx На овој линк може да провериш во кое избирачко место гласаш.
Ќе одам да гласам многу нормално, мое право, и не дека тоа нешто ќе реши или ќе ми промени, туку, тој глас сигурно ќе биде злоупотребен доколку не излезам на гласање. Чисто од таа причина и само таа. Инаку, никој од овие на власт не вреди, ниту пак заслужил да биде на власт.
Гласав! Избрав дела за Македонија, дела за мојот големо-мал, средно- доволен град и удобно место за живеење!