Бидејќи неможев да се одлучам ги заокружив сите , а и за да не ми се налутат другите ако гласам само за еден
Само да ви кажам една случка од гласањево. Си стојам си чекам јас ред и поминува една девојка, со мама и дада ама упицанете што да ти кажам. Штикли, шминка фризура, ни еден чекор не напраи и вика лелеее абе згрешив нешто, што да правам да се вратам ли?????????? Неписменост!!!!!
Гласам и ќе гласам, тоа е мое право и народот одлучува. Ако сите така си викаме „ај не гласаме, ај никој не вреди, ај сите се исти, ај вака, ај така“ и не гласаме, ќе одлучат други место нас. Не дека не сум помислила се и сешто за партииве и политичариве наши и не дека не е точно тоа што го мислат оние што не гласаат, ама ако нема некој „доволно добар за мојот глас“ како што викате, го бирам помалото зло и гласам за тоа, зошто секогаш може и полошо. А на крајот некој ќе биде, некој мора. Е кој ќе биде тој, мора ние да одлучиме. Секогаш сум за да има 100% излезеност, сите да гласаат, ем да си го искористат правото па демократска држава сме или што сме, ем можат многу работи да сменат со својот глас.
Велев дека не одам да гласам и на крај отидов, се премислив. Туку за тој што гласав изгуби, а не е прв пат ова. Одсега ќе гласам за овие другиве па се надевам дека ќе изгубат
Зависи. Ако има за кого да гласаш, односно ако не се сите кандидати идиоти. Ако не, тогаш нема причина да се гласа.
Обавезно треба да се излезе на избори. Тоа е граѓанско право на секој полнолетен. Е сега ако не си зазел страна и не чувствуваш дека треба да го дадеш својот глас на никој од понудените, тогаш направи го ливчето неважечко, но излези на гласање.
Јас сум за секако да се излезе и секако да се гласа (да не биде неважечко). Бирајте едните или другите, независните важно излезете и пробајте нешто да менувате. Јас откако сум полнолетна гласам секогаш. Ако сите така мислиме дека не треба да се гласа, тешко нас. Земете пример од Албанците порано како масовно гласаа на избори. Албанските општини имаа највисока излезност, а ние и кога имаме можност да одлучуваме, таа шанса ја отфрламе. Гласајте!!! Може нешто ќе се смени на подобро.
Нема дилема, јас гласам секако. Преавото на глас треба да си го оствари секој граѓанин за да не му биде злоупотребен гласот од трети лица, без разлика дали за позиција или опозиција, (битно е да се од нашите). А јас ќе си гласам за позицијата која сигурно добива нов мандат. и секако за Иванов.
И јас излегувам дефинитивно на избори и својот глас секако по втор пат ќе го дадам повторно за Иванов.
Јас ке си гласам... И секој треба да си го искористи правото на гласање! Спојлер вака нашите македончиња ако си седат дома, а албанците сите ке излезат сигурно да гласаат... и полека полека ке си добијат повеке власт и ке и се оствари голема албанија ... if you know what i mean се обидувам на кратко да кажам само, нејкам да полемизирам многу
Откако сум полнолетна го остварувам правото на гласање.Секој граѓанин треба да биде совесен и да гласа.Ова е парчето земја на кое егзистираме и треба да се надеваме на подостоинствен живот.А колку нашите гласови се релевантни со оглед на (не)демократијата која владее,тоа е прашање за друга тема.
овој пат нема да излезам на гласање, досега имам гласано само за локални избори, овој пат нема, од причина што не сум политички настроена, а не ми се допаѓа ни еден од дадените кандидати... и така од никој нема аир и како да не се излезени албанците повеќе или циганите ( стрикно во мојот град ) кога и од двете партии на циганите им се дава и пари, и зејтини, брашно, а на нас ништо башка кај нас циганите плаќаат само струја...
Избориве се така убаво наместени за студентентите кои студираат во Скопје од другите градови да не можат да гласаат. Не знам колку студенти би се нафатиле веднаш после Велигден тамам се вратиле во Скопје пак да се туркаат и тепаат по автобуси и да фрлаат пари за автобуски карти плус и да патуваат од 3 до 6 часа вкупно. Тие што си се во партија секако партијата ќе им плати автобуси со наши пари и бесплатно ќе си се вратат дома. Така да не знам дали би одела за да гласам. Инаку кога би имала можност би гласала против полошиот. И онака сите се лоши и лажат, ама поарно да гласам отколку тие да ми заокружат за тој што ќе им одговара.
Нема дилема,нормално дека ке гласам! Нема сигурно да дозволиме да не надгласаат Албанциве кои организирано доаѓаат дури и од странство само за да гласаат.