А студентите инаку како си одат дома за викенди, сега за еден викенд не можеле да си одат. Е тоа е нивна работа веќе ако ги мрзи да патуваат, а тие како академски граѓани самите треба да си бидат свесни за своето право на глас.
Со оглед на тоа дека ова е женски форум, а освен тоа утре е Меѓународниот ден на жената, мене ме чудат ваквите коментари. Роза Луксембург и Клара Цеткин направиле револуционерни промени преку нивните протести, за што? За вие денес да имате право на глас! Џабе купувате цвеќиња, парфеми и ќупови на 8ми март, кога не го сфаќате значењето на тој ден и не го почитувате она кое го направиле овие жени. И патем, немојте да мислите дека ако вие не отидете да гласате, нема да го злоупотребат вашето право на глас.
А дали вие знаете дека бојкотот и неискористувањето на гласачкото право е уште еден легитимен начин на изразување на индивидуалната волја како избирач и како гласач? Или во партии не ви ги кажуваат тие работи? Не сфаќам како си земате за право да наметнувате став. Штом постои опција граѓанинот да не гласа (постојат ретки држави на пример каде гласањето е задолжително) значи истата граѓанинот има право и да ја искористи. Точка.
Јас сум за тоа да се излезе на гласање а немораш да гласаш прешкртај го лишчето ако незанеш за кого да гласаш
Ако ни платат 500ден или 700ден за некои градови повратна карта како на тие од партија ќе си одаме сите не е проблем и ќе гласаме. Ама два викенди со ред да се малтретирам по патиштата од на Тито времето не попраени нема шанси. Сето тоа им е намерно така осмислено оти знаат дека 90% од студентите размислуваат како мене. На крајот на краиштата и онака им се поважни гласовите на пензионерите отколку на студентите.
Секој треба да излезе да гласа и да го оствари тоа право. Не признавам никакви изговори од било кој тип. Нема оправдување дека некој не треба да излезе и гласа. Секој граѓанин што има право на глас треба да излезе да гласа. Не треба да се бараат оправданија од било каква природа, како на пример погоре навдени причини за не излегување на гласање. И јас некогаш бев студент, но секогаш излегував на гласање. Сигурно не барав причини да не гласам. Секој треба да го оставри своето законски право на глас.
А зошто не излегувате на гласање, мислам ако не е тајна. Се разбира ако некој сака да ми одговори. Јас гласам од мои 18 години и секогаш излегувам на гласање. Не сум имала некоја причина за не излегување на гласање. Немам никаква дилема околу ова, едноставно го исполнувам моето право како граѓанин на оваа држава.
Зошто не гласаат?Еве јас ќе кажам од аспект на моите во семејството.Едноставно разочарани се од се во оваа држава, и не им е дојдено до гласање зашо тоа ништо нема да смени.Џабе само ќе идат да се мачат да гласаат.Не вреди.
Знам јас убаво те разбирам што ми кажуваш. Благодарам за одговорот. Позз да се надеваме дека ќе се смени некогаш на подобро.
Спојлер Коментаров е за сите негласачи, да не бидам сфатена дека се обраќам на Христина, цитирав бидејќи се надоврзувам. Епа нека не гласаат и може само од себе нешто ќе се смени . Јас стварно па не ги разбирам ваквите причини да не гласаш. Ај да ти одговара моменталната состојба, и да си викаш, па што ќе гласам тоа е... вака ем не ви чини ем дома си седите. Епа кога не се борите за да сменете нешто, нека не ви чини. И после тие со ваквите ставови најгласни се дека пропаѓала државава или што знам што, а со прст не мрднуваат за да променат нешто. Треба со закон да им се забрани на тие што не гласаат после да коментираат дека не чинело во државава. п.с. Фала од сите ние кои си гласаме, а вие вашето право го отстапувате и ние полесно си одлучуваме.
На минатите избори не отидов заради мојата мрза ама на овие ќе одам, чисто колку да видам како е Воопшто не се замарам со политика и мислам дека кој и да победи, нема нешто значајно да се смени. Ништо чудно и неважечко ливче да пуштам.
Ќе излезам колу да ме евидентираат на списокот ама во никој случај немам намера да гласам за никој.Ете така ќе го уништам гласачкото ливче и правец дома.
Тука не постои дилема, секако дека треба дасе гласа. За кого ке гласате тоа е ваше право, но во секој случај треба да се гласа. Најголема глупосат е да го поништиш ливчето и да го пуштиш како неважечко. Во некои општества да, тоа може да биде и еден ид на протест и израз на незадоволство, но о општество како нашето е глупост да го поништиш сопствениот глас. Бројот на пратеници се пресметува по донтовиот модел т.е битен е бројот на гласови кој колку пратеници ке има, и од етнички и од партиски аспек. Ако ие не гласате дозволувате на малцинството да го надвладее мнозинството а потоа се лутите зошто е ова вака или онака. Затоа велам, не гласањето во општество како што е нашето е рамно на самоубиство, затоа што кај нас покрај партискиот се одлучува каков ке биде и етничкиот состав на собранието. Според мене не е патриот оној што ке се удира во гради и ке вика на митинзи или кој повеке ке го навреди другиот. Патриот е оној кој излага на гласање и гласа за оној што мисли дека ке му обезбеди подобра иднина, и оној што плака даноци.