Ќе гласам, тоа е мое право, па макар и да биде неважечко, но нема да дозволам некој друг да го стори тоа во мое име (знаете на што мислам).
Да се излезе на гласање и тоа масовно. Да се каже ДА за демократијата и слободата, а НЕ за неофашизмот. Ако не гласате после немате право да се буните зошто вака, зошто така. Никој нема да ви биде крив после. Си ја имаме судбината во свои раце. Гласајте по свое убедување, па што биде ќе биде, битно сте гласале. Секој 1 глас значи. Ластовичка по ластовичка прави пролет. Глас по глас прави армија нови победници.
Нема тука никаква дилема, секако дека ке излезам да гласам. Апсурдно е да велиме дека нешто не ни одговара заради овие или оние, а кога имаме можност и право на избор, да се оправдуваме дека нема фајде од еден глас.
Вие ќе кажувате што треба, што не. Да требаше, ќе постоеја прописи, гласањето ќе беше задолжително, ќе плаќавме глоби за неизлегување на избори. Ама не е така, зашто нели, демократија по евро-американски модел. Нема веќе потреба од вашите фрази и флоскули, видовме убаво во текот на две децении на кого се му дававте легитимитет и што се не произлезе од тоа. И доста се вадите со Албанците, и така за неколку години ќе ја преземат државата, знаете и вие добро дека залудни се обидите да се одолговлечи процесот.
Ќе си го искористам моето право, иако не ја сакам политиката и ги ставам сите горе-доле во ист кош, сепак сум определена и не гледам зошто не би се изјаснила како и сите останати граѓани.
И мене не ми е јасно зошто оние кои не излегуваат на гласање,зошто после се жалат што не победил оној или овој. Не дека вашиот еден глас ќе промени нешто,ама барем да го поништите вашето ливче,да не биде злоупотребено. Секако дека ќе гласам,и едвај чекам да поминат овие избори,веќе ми се смачи ова препукување по тв и постојаното рекламирање на партиите.
Така лесно се злоупотребувале гласачки ливчиња. Тогаш воопшто немаше да пресметуваат процент на излезност, првото нешто што го објавуваат за време на избори, ви текнуe?
Ако на некој не му се гласа, нека не гласа, али НЕКА ИЗЛЕЗЕ, па макар и да го прешкрта ливчето, затоа што некој друг ќе гласа наместо него...!
И да излеземе,и да не излеземе.. исто ќе биде. Ако заокружам број од постоечките кандидати, во ред, ќе се рачува гласот. Ако само пречкртам онака, пак некој ќе си го присвои мојот 'неважечки' глас. Инаку не знам дали прочитавте по електронските медиуми, околу пописот. На пример, 11-катница, а во неа живеат по 22 фамилии? Останатата половина, очигледно во воздухот живее, над зградата.
Ама не ми е јасно зошто толку инсистирате со таа злоупотреба на гласови. Така гледано, ако им дошло до местење, вие и да излезете на гласање, и да го заокружите тој кој сте избрале да го заокружите, пак можат да не го испочитуваат вашиот глас, да го поништат едноставно. Сепак, јас од она што го знам за избирачките процеси барем во поголемите места, стојам на тоа дека денес не е така лесно нерегуларности да одлучат за победникот.
Не збори за нерегуларности затоа што со сигурност ќе ги има. Гласачите од Пустец лани што беа? Па колку сакаш биди за вмро ама не можеш да се правиш слепа дека лани немаше гласачи од Пустец што е срам прво за нашата држава, а второ за вмро што на тој начин сака по секоја цена, насилнички да ги добие изборите. Граѓаните добро го паметат тоа. Во центар уште поубедливо ќе гласаат против вмро оваа година затоа што се сеќавам какви глупости им правеа, дрва им сечеа во сред ноќ, пред општината кршеа, го уапсија Шиповиќ за да се спречи работењето на општината, ама буквално тотално репресивни мерки какви што има само во современа диктатура. Само со масовна излезеност нерегуларностите ќе се сведат на безначајно ниво. Претпоставувам барем 50 000 гласови ќе бидат украдени т.е. фалсификувани на апсолутно секаков можен начин. Тоа ич не е мала бројка, ама може да се неутрализира. Впрочем да не зборам премногу за ова јасно е дека сме од спротивни табори. Само сакав да се надоврзам и да кажам дека ептен тешко да имаме 100% чисти и фер избори. Ќе се користат стандардните методи како и секоја година.
На која множина мислиш кога ме сместуваш во истата? Барем да знам на што ти цели коментаров во кој си ми го цитирала мислењето. Патем што не го цитира целосно? Многу јасно се гледа контекстот во кој е напишан извадокот од горе и зошто е напишан и да стојам зад тоа дека треба да се забрани коментирање(мрчење) за нешто за кое се имало можност да се промени. Не знам дали добро си сфатила (зашо гледам мешаш нешто законско/незаконско гласање), јас мислев да не коментираат тие што не гласале, а не да мораат сите да гласаат.
Јас овде дискутирав на друга поента, ама ај сеедно. Случајно да не подготвуваш теорија дека ВМРO досега ги губеше изборите, ама преку полнење кутии и злоупотреба на гласови прогласуваше победа? Нема белки. Можеби намириса пораз и сега плочата се смени накај евентуални нерегуларности, ама сулудо би било да веруваме дека двоцифрен, еве и троцифрен број на гласачи од Пустец (кој и да ги довел тука, што навистина е брука ако ги довел) го решиле изборниот резултат. Не можам да тврдам и никаде не тврдев дека немало и нема да има нерегуларности кога немам увид во подробности, ама тврдам дека досегашното искуство од поблиското минато докажа дека нерегуларностите не одлучиле во прилог на изборен победник. И тука никој разумен не може да спори. Ти го спомна Центар, самата победа на кандидат од коалиција предводена од СДСМ доволно говори во полза на тоа дека нерегуларностите ако ги имало биле безначајни за крајниот исход. После три напорни круга власта ја препушти општината, ако така лесно се организирале местенки, немаше никогаш да дозволат таа општина да им се лизне од раце. Тоа со Шиповиќ и работата на општината е друга тема која нема конкретна врска со избирачкиот процес. А како ќе гласат центарци и како ќе влијае тоа на исходот, тебе ти влева оптимизам, ама Претседател и Собрание не бира само една општина. Тоа болдираното се само твои предрасуди. Не дека не укажав досега, дали не сакаш да разбереш, дали се обидуваш да ја префрлаш топката и да етикетираш твои неистомисленици во очите на останатите кои читаат - твоја работа, не планирам да се објаснувам веќе. И ако почнеш пак со стариот начин на комуникација однапред те известувам да не очекуваш реплики и спуштање на нивото од моја страна, секоја негативна квалификација што ќе ја дадеш можеш слободно во profile description да си ја запишеш Всушност тебе треба некои работи и во здравствена книшка да ти запишат според прикажаното досега.
Реплицирав на тебе и на твоите истомисленици по тоа „важно“ нели прашање, повикување на цензура на говор за тие што избрале да не гласаат, што е за мене нон-сенс... ако подобро се размисли по некоја логика баш тие што гласале треба сносат повеќе одговорност ако нешто тргне наопаку, во таква ситуација, како може негласачите да не смеат да критикуваат нешто што гласачите придонеле да биде такво какво што е и од кое и негласачите носат еднакви последици иако не биле директно инволвирани? Не го цитирав остатокот затоа што немаше потреба. Поентата - јасна, само зафаќа простор.
Kacjushka спинерка како и секоја вмровка. Јас ти кажав дека нерегуларности и кражба на гласови ќе има ама нема да бидат доволни да се победи народната волја затоа што ќе биде многу помасовна. Од тој аспект немам никаков страв и дилема барем што се однесува до претседателските избори, а парламентарните ќе бидат тесни. Ќе видиме тоа утре после пребројаните гласови. Само ти надевај се дека овој народ се плаши или е колеблив и на сите како тебе уште веќе денеска ќе ви биде испратена јасна порака. Немаш ни потреба да се замараш да ми реплицираш. Мене нема што да ми објаснуваш јасно ми е како стојат работите и знам дека овие избори не е погодно да си на страната на портокалите пошто ќе бидете смачкани. Фарбај очи на друг. За 24 часа многу работи ќе бидат појасни. Ќе поминат изборите и конечно еднаш засекогаш ќе се зачепат устите на таквите како тебе кои се решени да одат против народот и да го негираат. Изгини за партија кога си блесава. На вмровец не можеш да му објасниш дека народот не го сака Хорхе, едноставно тоа не му влегува во глава пошто е тврда лејка. Гласовите ќе мора да ги прими низ ушите кога ќе ги чуе бројките па сакал нејќел ќе се соочи со вистината. Позз до тебе и верните следбенички на пастирот. 14 дена до крајот на тортурата и до веењето на знамето на слободата. http://www.youtube.com/watch?v=GPLbp5ZAQwo
Се вратив од гласање го заокружив победничкото бројче т.е. 3 и еве сега уживам со . За тие што уште не гласале а ќе гласаат да знаете дека ливчето е многу едноставно, од левата страна се напишани кандидатите на македонски јазик, од десната страна на албански јазик. Доволно е еднаш да го заокружите бројот за кој гласате, а ако сакате можете и двете страни ама пак ќе се брои како 1 глас. Ќе видиме вечерва како ќе биде. Се поизвесно е промени ќе има. Промени за подобра Македонија.