Дилема: Да се гласа или не?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DivineChaos, 9 мај 2011.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Иако се двоумев но гласав...А овие од штабовите да не звонеа од 9 сатот сабајле подобро ќе беше и уште 3 пати во денот алоооо бре како не му е страм толку години тел.не кренале за ништо а за гласање тел.искршија пу страмота а демек демократска држава сме :puke: ...
     
    На TIGRICA123 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Ова што го кажуваш е јасно на сите биди си спокојна. 8) Ете така вмро го “мотивира“ своето членство и сите останати што зависат од нив да гласаат. Што би рекле србите, је*ем ти такву вољу. :D Изнудена и присилена.

    Да покажеме дека не има во поголем број тие што не мора да гласаат до толку и толку часот. Колку е убаво да си слободен и никој да не ти додева над глава. Замисли некој да ти досаѓа и да ти врти на секои 2-3 часа и да те потсетува за кого да гласаш. :fubar: Дури и своеволно да сакаш да гласаш за нивниот кандидат, со тоа што го прават те понижуваат како човек. :clap: за тие што го трпат тоа и влегле во таа машинерија.

    За мене слободата нема цена. Бесценета е.
     
  3. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    И моиве гласаја ама она што им го ставаат на палец маркерот се бриши бре. На мајками одма и се избриша дури си дојде дома :?:
     
    На Natali.3, TIGRICA123, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Не ширете дезинформации, јас и со ацетон пробав (како што ширеа некои медиуми) и пак не се избриша и пет пати се миев и пак стои. Абе немаат работа луѓево, па ај ќе шириме дезинформации. А исто така кога гласаме се потпишуваме во список, или на тоа заборавивте.
    А ако стои маркеров еден месец, пак ќе галамите, зашто стоел, ви нарушува имиџ. Епа не може да ви се најде ни почеток ни крај. :D
    Мислам дека опозицијава е во тесно сега, па немајќи други адути во ракавот, ќе измислува некои вакви чаршиски муабети, демек маркерот се бришел, демек нерегуларности, па мртви гласале (ги земале од гробовите можеби) и слични бесмислици. :rofl: Ама ако, тука се гледа нивниот страв од пораз.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Не ми е јасно што се фатиле како слеп за стап за тој маркер.Еве и кај мене не се вади :@ .Со што не пробав да го избришам - пак џабе :envy: .За регуларноста на гласањето не е релевантно само бележењето со маркерот.Има потписи ,комсии,невладини , итн .Нека не се вадат на глупост после големиот пораз ;) .
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да го споделам моето денешно искуство на оваа тема. Инаку само што се вратив од гласање и така сум се изнанервирала уфффф. Ваков идиотизам до сега не сум видела. Членот на Комисијата инаку Вмроооовцаааааа проба да ме саботира мене и моето право на глас. На начин што кажувајќи невистини за мене кои се однесуваа за важноста на мојата лична карта. Ме убедуваше мене и сите останати пристутни во просторијата каде се одвиваше гласањето дека мојата лична карта е неважечка и дека рокот и истекол во 2012 година. Да е трагедијата поголема не ја дава личнава карта, сите му велат дај да провериме, исто и јас си ја барав личната карта за да видам. Тој упорен упорен не ти важи и точка, еве пишува 01.12.2012 рок на важење. После тоа му ја тргна од рака личната карта и видоа дека се е во ред и дека никаде не пише 2012 туку рок на важење има до 01.12.2014. Датим на издавање е 01.12.2009 со важност од 5 години, односно до 01.12.14година. Сите му се чуде на глупакот. Излезе магре пред сите. Ова е повеќе од нерегуларност. Ако немаат некои попаметни и угледни лица од Вмро нека не ставаат простаци во Комисијата за гласање. Толку им е членството достојно за една обична работа. Инаку дотичното лицето лично го познавам, живее во близина и е болен вмроовец, оди спие и јаде ден и ноќ во вмро штабот, одеше од куќа во куќа како скитник и оставаше отчети и секакви чуда од Иванов и Вмро. Да пишеше некаде 2012 ај ќе речам се збунил не видел, но никаде не пишува и нема таков датум со бројки 2012. Плус тоа упорен, упорен чита од личната карта, ги убедува другите и не ја даваше личната карта. БРУКА! СРАМОТА! МИЗЕРИЈА! ЧОВЕЧКО ДНО! Ова така јас не го оставам.
     
    На nikiiii, Natali.3, TIGRICA123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Во гласачкиот материјал (доверлив и недоверлив) има два типа на маркери, еден за пишување и еден (или повеќе) за обележување на палците. Со оглед на тоа кој се е дел од ИО (и писмени и неписмени), можно е да ги измешале маркерите, па бележеле со оние обичните маркери.
    Друга работа е што само од СДС се жалат на оваа појава, што може да е показател дека имало валкани игри од нивна страна. Зошто еден обичен човек би пробал да го брише палецот, и што би постигнал со тоа? Ништо, освен ако нема валкани намери.

    @makedonkamak,

    колку што тој член на кутиите е виновен, толку си и ти. Непријавување на гласачка нерегуларност е противзаконски. Требало да реагираш и со помош на овластените набљудувачи да бараш тоа да влезе во дневникот за гласање, а после гласањето, податокот со сите потребни информации да биде префрлен во соодветен записник. Вака, искрено, никој нема да верува дека ти се случило вакво нешто.
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Македонка ако знаеш каде треба да се буниш, оди буни се. Овде на форумов не треба :D
    Инаку, маркерот се брише ако е врз лак, ама додека не е засушен. Еве јас гласав и веднаш кога излегов надвор, пробав. Она што беше врз лакот се избриша, на кожата остана. Дома пробав со ацетон, не се избриша. Така што тврдењата дека маркерот се бриши не ви држат вода :D
     
    На Abeja и Dvolicen им се допаѓа ова.
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе напоменам дека илјадници студенти денес нема да глаасаат бидејќи немаат пари 3 пати во еден месец да плаќаат повратни карти, а можеа сите цигани (кои не ни имаат извод од матична книга на родените,што значи не можи да гласаат) да ги извртат по митинзи низ цела Македонија. :!: И според мене никогаш немало понерегуларни избори, од агитирање пред избирачки места од, објавувањето резултати вчера, од земање повеќе од едно гласачко ливче, отсуство на лица кои до вчера биле на гласачи список и на интернет виделе дека ги има и оп денес магично исчезнуваат од него, од случајот погоре со личната карта,за зградите во кои живеат духови кои гласаат, за партиски притисоци нема да зборувам. Немале контрола на социјалните мрежи за време на предизборниот молк, хахахахаха. Да можеа со месеци да се занимаваат и да го отвораат уставот и да дефинираат дека брак може да има само меѓу маж и жена, го привлекуваа вниманието кон ЛГБТ популацијата, а не успеаа да го сменат законот за избори и ако немаат контрола на ФБ и ТВИТЕР и останати социјални мрежи „случајно “ да паднат во Македонија за време на предизборниот молк. Власт која не си ги почитува законите во целост, не знам како очекува да биде почитувана од било кој. :!:
     
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Некако релативно слаба излезност еве гледам до 17:30 часот гласале близу 700 000 граѓани. За уште час и половина од тогаш барем до 800 000 ќе стигнеме. За да некој победи во првиот круг треба да освои над 50% од гласовите значи 400 001 глас кој има е победник во ситуација да гласале 800 000. Досега не се случило никој да победи во прв круг.

    Не скокајте и не славете победа однапред. Извесно е дека ќе има втор круг, но сепак да почекаме прво резултати каде што многу јасно ќе се рефлектира какво е народното расположение и кој де факто ќе биде победник ако разликата е очигледна.

    Just a little bit my little bitches. :lol: :*
     
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Точно, тие што гласале треба да сносат одговорност но можат да им судат тие кои обратно гласале а не тие кои не гласале. Баш ако веќе споменуваме одговорност мислиш дека тие што не гласале се ослободени од неа? Ете на пример мене не ми се допаѓа каков е исходот и имам потполно право да им се лутам што не гласале поинаку па да не окрее сонце на сите.
    како може негласачите да не смеат да критикуваат нешто што гласачите придонеле да биде такво какво што - епа тие не придонеле за да биде поинакво, што има да се бунат сега?
    негласачите носат еднакви последици иако не биле директно инволвирани - тие одлучиле да не се инволвирани а со тоа и да ги живеат последиците кои други им ги издиктирале што значи прифаќаат друг суд, па затоа мислам јас дека после тоа не треба да има пу пу не важи.

    makedonkamak, ти пак што си зела да се нервираш ако на крај излегла на виделина работата? Ако воопшто се случила случката има објаснување дека невидел добро човекот зашо нема здрав разумен човек што на нешто толку очигледно ќе си измислува. Во коментарот што си го пишала гледам дека ти си некако настроена против вмровците и од тука изгледа произлегло се. Патем, со кое право и се фрлаш на Абеја дека труела и ја имало по сите теми, па секој може да го има кај сака, нели форумов е за сите и е еднакво достапен на сите. На секој од нас ни пречат нечии мислења во некои теми ама никој на никого не може да му забрани да пишува.
    Овој дел од коментарот ми остави голем впечаток. Очигледно си определена па затоа ќе ти се обратам во множина, сакаш да кажеш дека сега вие (доколку дојдете на власт) ќе реконструирате работни места и ќе отпуштате соодветен кадар поради што немаат партиска страна како вашата? Не е убаво тоа.

    Ники пишала, а гледам и други се согласуваат дека се вадел маркерот..бре?! |( Што не ми се извади и мене бе?
    Ај нема везе, ете вие сте успеале..муабетот ми е: ај ако може споределете со што сте го извадиле зашо јас вчера се лакирав и топ ми е лаков, па би сакала да ја тргнам чкртаницава од нокт да не ми го расипува ремекделото што си го направив на ноктиве :wasntme: Благодарам однапред. :makeup:
     
    На Nati.P, Abeja и Dvolicen им се допаѓа ова.
  12. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    Маркерот еве ми се избриша. Јас споделив искуство, тоа не е за осуда. :) :)
    Проблемот беше што тоа не им се допадна на некои партиски активисти и одма се нафрлија во одбрана на партијата. Некои лица се дежурни провокатори и штом ќе им одговориш на провокацијата стануваат алергични и после кој е виновен? Провокаторот или ... :) Се случи тоа што се случи, го споделив искуствоти и што сега треба напади да трпам од вмровците, кои настојуваат да ме прикажат во поинакво светло. Секој има право на свое мислење. Моето искуство денес беше такво и крај на приказната. Сакале или не сакале вистината е таква.
     
    На nikiiii, TIGRICA123 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Гласав и јас, не дека ме интересира политика, ама зошто па моето право да го искористи некој друг :) иначе се брише маркерот со влажни марамици, јас го избришав штом стасав дома..
     
    На nikiiii и makedonkamak им се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Смешни сте веќе со глупостиве!
    Зошто човек би пробал да го избрише палецот? Па на пример да не се шета како да си го цвикнал прстот на врата...можеби? Пошто боде очи?
    И јас бев да гласам и да и јас го избришав маркерот, целосно, со антибактериски гел што содржи алкохол. Толку беше просто и едноставно што е за срамота. Не ме интересира како биле спакувани маркерите и кој за што е, не ги набедувајте луѓето во комисија дека се неписмени, затоа што најмалку е нивна кривица и во случај да е така како што зборувате. Тоа е пропуст на набавувачите на материјалот за обележување и истиот требал да биде 100 пати проверен пред да се пушти во употреба.
    Не ми е мене гајле дали маркерот се бришел само после една минута или после еден саат. Јас дури дома кога стигнав го избришав, значи помина веќе некое време. А и што е битно. Ако некој сака да го злоупотреби тоа, ќе се избрише веднаш штом ќе излезе од гласачко место.

    Мислам у реду е. Не се бламирајте по форуми вака иако никој не бе познава и засрамете се од тоа до кој степен одите за да ја одбраните партијата којашто ја симпатизирате, обожавате или кој ве знае веќе што. Бидете еднаш доблесни и признајте кога е направена грешка или пропуст наместо само да се плеткате во круг влегувајки од лага во лага, затоа што не сме мутави ние останатите па да мислите дека мачкате очи некому.
     
    На nikiiii, bubamara12345 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Ако политиката не те интересира како се одлучи за кого ке гласаш ? |(
    Дај ставете слика од палец да видиме дали има маркер или нема :P :rofl:
     
  16. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Се брише маркерот со хидроген и со влажни марамици точно е тоа, само што сметам дека не треба да се креира фама околу тоа. Па јас мислам подобро е вака отколку невидлив спреј, нели? За наредните избори цел нокт треба да се фарба. :lol:

    Не е ова тетоважа па трајно да стои обоено. :D Со самото алудирање на тоа дека лесно се брише повеќе се прави штета на тие што се на власт пошто они ја имаат моќта и можат да го злоупотребат тоа еден да гласа повеќе пати, ама скоро и да заврши гласањето така што тоа е тоа луѓе. Тек сега почнува вистинското шоу зимајте пуканки и да уживаме. :D

    Еднаш во 5 години се претседателски избори, направете си шоу. :D Ајде Стевооооо те чекаме да се качиш на подиумот. :lol: Дај нитро и да нагазиме гас и да го збришеме Грујо од власт. :D
     
    На nikiiii и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  17. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Еве едно мислење околу маркерите кои ги обележаа овие избори. Поголема глупост нема од тие маркерите, ама добро барем на нешто заштедиле. И нема врска дали се бришел или не, зависи од маркерот и зависи колку ќе стегни тој што ве обележувал. Сепак кога гласаме се потпиштуваме на 100 места, така да не е битно дали ви се познавал маркерот или не. :!:
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    [​IMG]
    Не можам... :rofl: !
    Ја користам приликава да ве замолам уште еднаш да ми кажете со што сте избришале зашо стварно преубаво ми се нарцртани ноктиве и ми пречи маркеров. Со влажни марамици не успеав :( , а хидроген немам и не ми ни падна на памет да се шлапам со тоа (ви се чудам на идеиве :o ) Има нешто друго?
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    makedonkamak, ако има и пола вистина во тоа што го кажуваш, како што ти рекоа и другите, и јас ќе ти кажам, требало да реагираш на лице место, а не да бараш после свадба тапани, а вака без конкретни податоци, име презиме, или изборна единица, тешко дека некој ќе поверува.
    А тоа со маркерите, можеби некој од сдс сакал да си направи приказна сочна за медиумите, па со обичен маркер ги шкртнал. :rofl: (значи ова стварно ако се бришел маркерот, што не верувам во таа приказна). Од сите до сега што ги знам а гласале, кај никого не се избриша маркерот, па ако на некој треба да му биде срам, треба да му биде на тој што лаже.

    Кај нас традиција после политички избори е измислување на секакви приказни за разни нерегуларности и неправилности, па не дека ова е нешто неочекувано.
    Луѓе се, ќе си зборат.

    p.s. убаво вели Дволичен, дајте палците на слика да видиме дали ви се избришани :rofl:

    Мадам-А, јас мислам дека освен со солна киселина, нема друг начин да се тргне избирачкиот маркер, барем денес. Ама ова не го пробувајте дома, да не останете без палец. :lol:
    И само да додадам, маркерот не е темно црн, тој е блед и не боде во очи толку.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    ^^^^Па зошто тогаш воопшто е воведена таа мерка, ако се потпишуваме на сто места? Или треба да биде или не.Ама изгледа работава е како ќе одговара во моментот. Нерегуларност е нерегуларност. И точка. Не знам како вака наивно си ги прифаќате работиве.