Мислам дека гласањето треба да се направи задолжително . Нема совршена политичка партија и нема да има . Ние живееме во Македонија и тоа е изборот помеѓу партиите .Мора да се гласа.ТОј што не гласа нека не кажува после оваа влада не чини или другата или ниедна партија не чини .Едноставно тоа е , бирај една од партиите што се на листата. Ако не сакаш да се мачиш да одиш на гласање прекини да се жалиш.
ДА се гласа изборисе со твојот глас за подобра иднина треба да се гласа ако многумина мислат дека со тоа нема многу да смениме седејќи дома нема воопшто ништо да смениме ДА се гласа
Во секој случај мојот глас ќе биде искористен на ваков или онаков начин. Ливчето 99% го правам неважечко, 1% можеби за да се здобие некоја партија со плус глас, што не мора да значи, бидејќи однапред ја знаеме искривената реалност и регуларноста на сите можни избори што се одржале во државава.
Aко дојде грујо и ми даде 100е ќе гласам, ако дое бране и ми понуди 110е, тогаш неговата понуда се брои, ако дое Aмди кока кола и ми дае 120че, тогаш за него се одлучувам без пари не гласам, така да Kој било да го сака мојот глас нека ми дае и тогаш ќе гласам бар и јас некој кар да видам Aло мојот глас злато вреди, не го давам гратис
ќе гласам па макар и невалидно. Секогаш си гласам баш ми е интересно и понекогаш на еци пеци пец ако не ми се допаѓа никој кандидат
Се знае, кој ќе ми понуди работа за тој ќе гласам. Не дека ги сакам ни едните ни другите. Мразам политика!
за кого бе да гласам...пушти А1 ги напагат вмро...пушти сител ги напагат сдсм....за љубчо на крај памет не давам глас...за Бошковски или како беше такоџе...и кога ке видиш најубаво ми е што нема да гласам....плус па татко ми една партија зетот спротивна...уште од април почна со тие нивни за овој гласи за оној гласи....алооо 25 години сум знам за кого треба да гласам...ама НЕ гласам....да давам 100 евра за пат да дојдам да гласам за друг да се пуни со пари? ЈОК....или ако некој се нафати да ми плати патни трошкови и плус 100-че у џеб е тогаш може да разговараме... Тогаш и за ром би гласала....или албанец
И што? ќе речам океј, ќе гласам за вас. И идам на избори и фино и тајно си заокружувам друг. Излегувам и велам: да да, за тебе гласав Никако не ми иде ова во глава заканувањето, кога се е тајно и никој нема да знае дали јас сум го изгласала или не. Може само да верува на моите зборови Ајде некое појаснување што толку дигаат фама и се закануваат кога јас имам толку едноставно објаснување Изгледа треба малку да размислувам out of the box. Сепак политичарите се поискусни од мене во измами и интриги и сигурно имаат начин да го средат и ова, али како, м? Инаку јас ќе гласам, успат и ќе ја видат мојата креативност....а може и до јуни некој ќе ме убеди во неговите идологии
Алиса, јас знам случаеви кај што ги терале да гласаат и да сликаат со мобилните дека гласале... Да не ширам многу, само ќе ви кажам дека не е се тајно како што изгледа...За жал.
Не ме интересира ни најмалку политика а посебно не за тука ама единствена причина зошто се согласи на предвремени избори ВМРО е поради поминувањето на законот за гласање на дијаспората. Само заради тој закон сите што се странски државјани(меѓу кои и јас)им беше оневозможено да ја напуштаат државата со странски пасош туку мораа да вадаат македонски,за да можаат да гласаат. Сите што ја напуштиле пред 30-40 години државава,ја напуштиле поради комунизмот и се знае за кој ќе гласаат,сите до еден за ВМРО ќе гласаат,можеби мал процент од тие во последно време што ја напуштиле ќе гласаат за СДСМ,така да ВМРО има обезбедено најмалку 150-200.000 гласа а можеби и повеќе од дијаспората. Јас лично не се согласувам со тоа дијаспората да гласа,да бев дома сега немаше шанса да гласам,нема што јас да одлучувам кој ќе биде на власт во држава во која што не живеам,сметам дека е тоа неисправно.
Мислам дека секако ќе излезам на гласање, нема да дозволам да го злоупотребат моето ливче, а најверојатно нема ни да го употребат...
Jaс сум секогаш за гласање од неколку причини. Прво ако вие не излезете да гласате, самите знаете колку ни е манипулаторска државава и дека од лесно полесно можат да го стават вашиот потпис во избирачкиот список и да гласаат во ваше име. А и второ често слушаме од неутрални лица кои не гласаат како се разочарани од власта како се разочарани од одредени лица, ако се разочарани или пак задоволни нека гласаат. Според мене тие што не гласаат, значи немаат ни право да се бунат за власта. Сите лажат, сите се жива превара, ама па и да не се гласа а да се збори само против нив пак не иде. Гласај па барем имаш резон да си задоволен или разочаран. Ако не гласаш ќути си немаш право на збор. Колку само слушам муабети абе големо чудо за еден глас, ме мрзи да одам. А такви има илјадници. Можеби баш глас некогаш е решавачки. Така да подобро да се оди да се гласа, ако ги мразите сите барем направете го ливчето неважечко, подобро отколку други да гласаат за вас.
Годинава ќе гласам, како и секоја година. Па тоа си е мое право. А за кој... е годинава баш и не знам, ама вчера така ми дојде добро пакетчето на СДСМ со локумчето и обландата зашто ми се јадеше благо а дома ни за лек.... така да освен ако ВМРО не поделат нешто боље гласам ја за локумчето )) Шала на страна. Излезете луѓе гласајте!!!! Па макар и неважечко ливче.
Секако дека ке гласам, зошто ливчето да биде злоупотребено? Ако народот не гласа кој друг? За народот се избориве не се за Бранко или Грујо Секој треба да искочи и да гласа!
Нено мори оти кај мене не дојдоа од СДСМ со тоа локумчето бреј, кога ги гледав баш на тоа помислив, локум немам јадено од дете леле хахаххахаха Само од кај брат Љубе беа и тоа пензионери што рекоа ваше право за кого ќе гласате важно е да излезете да не ви злоупотребат глас поштувам тоа, така и ќе направам и годинава. За сега сум за никој, како и претходно што бев. Да видиме до последно дали ќе ме предомисли некој или нешто, мада сумљам. Корист ни од едниве ни од другите немам, пак кога нема нешто за што јас да си дадам глас, нека победи кој сака, секако истите проблеми ќе ми се и по изборите.
се радувам од дното на мојата душа кога има избори и кога треба да се гласа,знаете зошто?затоа што секогаш ама баш секогаш кога одам на гласање не гласам ниту за партија ниту за персона,туку на ливчето си цртам смајлиња како се криват и разни первезни работи ,и само си замислуваам каква е рекацијата на оние кои ќе го отворат ливчето за пребројување?