Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дилема: Да се гласа или не?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DivineChaos, 9 мај 2011.

  1. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ако некој чувствува дека не постои политички субјект кој ги заштитува неговите интереси и кој би работел за општото добро, зошто да пружа легитимитет на процесот со учество во истиот кога не е ни законски обврзан на тоа? Апсурдно е да се повикува некому да му се ускратува правото да даде критика. Не знам колку си свесна ама зборуваш за граѓани кои живеат во оваа држава, плаќаат даноци, почитуваат закони. Логиката не е на твоја страна.
     
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.241
    АБеја не знам тебе со каков маркер те обележале, мене и сите што ги видов денес дека гласале имаа трага од модро сина боја на маркер, која што можеби е ствар на вкус, ама мене лично ми боде очи.

    Мадам-А, јас го избришав со ова и малку памук. Други со хидроген, трети со влажна марамица. Како и да е не планирам да поставувам слики од палци на форумов, но можам да гарантирам дека сите дома сме без траги од маркери, па кој сака нека проба и нека се увери сам.
    [​IMG]
     
    На nikiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Се изнасмејв со таткоми кога рече ABE OVIE LUGETO NA POGREB ODAT ILI NA GLASANJE COEK NEMA :tmi: мн слаб одзивот очекував мн повеќе според мене ова е катастрофа...
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Цифрите за иселени млади луѓе и луѓе кои не сакаа или луѓе кои не биле во можност да гласааат не лажат. :!:
     
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Има вакви влажни марамици во мојава продавничка ќе отидам баш да купам и ќе пробам со нив, да не барам специјално вакви препарати (не е до толку зорт :) ). Ако не се надевам дека ќе се избрише деновиве. Фала ти многу :*
    А логиката е на страна на тоа да неискористат право да променат нешто и потоа да се жалат? Изборите се јавни прашања дали ни се допаѓа ситуацијата или не. Ако не одговориш на тоа, значи ти е сеедно. Ако ти е сеедно, ќути си до крај.
    Во врска со тоа тоа што пиша дека некои мислат дека не постои политички субјект кој ги заштитува нивните интереси и дека не би работел за општото добро - тоа е сосем во ред, боље така него да се гласа ради реда. Ако не гледаш соодветен избор во наведените опции, не гласај, ама па не се буни дека друг ти е крив зашто тој некој друг си гласал и си го искажал својот став. Се додека не пронајдеш 3та опција што би ги исполнила критериумите за твој глас, ти всушност креваш раце. Ако некој кренал раце, нека си ги чува у вис.
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Јас лично не гласав, но мама и тато гласаа, малолетна сум.
    Тато со што не проба да го избриша и не му се избриша, само не знам дали бил плав или црвен, не го прашав тоа, ама црвен му е моментално. :rofl:
    Му дадов ацетон, не се брише, со влажна не се бришеше, со антибактериски гел не се бришеше, со хидроген не му се избриша, значи не се брише и сигурно стои неколку дена. :)
    Не е убаво да ширите дезинформации сепак некој ќе помисли стварно. :D
    И не ме напаѓајте сега одма. :D
     
    На Dvolicen и Abeja им се допаѓа ова.
  7. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    ^^ На мајка ми со Доместос и се избриша. :rofl:
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, на едни им се брише на едни не, бог да чува работава.
    На моиве не им се избриша, а викаат и гајле им било. :D
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Не знам кој дел од не можеш да забрануваш некому да критикува, а особено не на граѓанин кој е лојален кон оваа држава, ги почитува законите и ги испомнува даночните обврски не ти е јасен и од кои причини не ти е јасно, ама се надевам ќе ти се разјасни дека не живееш во комунизам за да цензурираш критичка мисла. Тешко дека ти ќе ќутиш и ќе ги чуваш рацете во вис четири/пет години откако си заокружила гласачко ливче ако некој случајно ти рече „гледај сега што ни изгласа, твоја вина е“. Па така, не можеш од интелектуално и работоспособни граѓани (гласачи/негласачи неважно) да го бараш истото. И мислам нема потреба да се повторуваме неколку пати, мене барем ми е јасен твојот став, не го поддржувам и можам да го побијам зашто нели, не е логичен.
     
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Јасен ми е делот дека не можам јас да забранам. Камо да имав јас толкава моќ. Јас кажав дека теба да се забрани.
    Нема да ќутам ако јас сум изгласала лошо. Не можам јас да предвидам каков исход ќе има ако застанат на чело тие за кои јас сум гласала...Јбг, се случува. Затоа има избори на неколку години, па ќе си гласам спротивно ако испадне да било лошо првичното.
    Се согласувам дека се вртиме во круг. Различни гледишта. Нема потреба од повторувања. Ама не си во право дека можеш да ми го побиеш мојот став. Ставот е мој и не може да биде побиен,барем не со ова што досега го напиша зашто јас се уште така ја перцепирам таа работа. Став не се побива лесно, тоа е гледна точка. Ако се побие онда можеби било само мислење, а не став. Патем, само да знаеш, јас воопшто не се трудев тебе да ти го променам ставот, само си го коментирав мојот, воопшто не ми менува во животов како ти размислуваш за дадената тема. Останува на тоа да мислиме различно.
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.469
    Допаѓања:
    13.528
    Пол:
    Женски
    Во делот за Политика на фемина никогаш не сум коментирала зошто политика ич не ме занима.
    Ама ете ја видов темава па викам и јас да се изјаснам.
    Сум била ЗА гласање зошто никој нема право да се жали од власт во чие избирање не учествувал, иако имал право на тоа. И секогаш сум одела на гласање, а кога ми било сеедно за кандидатите сум го оставала празно. Ама барем сум била.

    Е денес не бев да гласам. Го пратив дечко ми да гласа, маркерот не му се брише (не верувам на се што ќе прочитам на интернет, па вака од прва рака да видам дали се брише :D ). И бидејќи сеедно ми е кој ќе победи, решив за да не одам шарена во прстите да не гласам овојпат. Глупа причина, знам. Ама јас ќе си имам средени нокти кој и да е на власт... ;)
     
  12. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Мастилото со прстот го протрив малку и се избриша. Имам пенкала и маркери дома што потешко се бришат. Инаку бев да гласам, очигледно. Бев на мисла, и онака не ми се исплатеше да си одам дома за еден ден, ама отидов, гласав, се вратив. Реално, кој и да победи нема да направи да биде подобро. За парламентарните не знам дали ќе си одам. Да сум си дома секако ќе отидам на гласање. Нема да ми одземе повеќе од еден час, а си го исполнувам моето право, па макар и да го ишкртам ливчето, пак си е мое право.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас лично не гласав, здравје планирам да гласам на следниот круг ама гласаа моите. И да, бојата од маркерот не се брише. Тврдам. Моите уште од сабајле гласаа и намерно почекав за да видам дали ќе се избрише како што пишувале тука. Колку што видов имаа црн маркер на дел од ноктот и на делот каде што започнува кожата, делот кај ноктот е малку избришано и избледено, а делот кај кожата не е избришано ни најмалку. Цел ден се во вода, и чистеа низ дома, низ двор, и се тушираа, мајка ми и ручек правеше и не им се избриша. Нема зашто да лажам. На тие што ви се избришало или веднаш откако ви ја ставиле бојата сте го избришале со нешто, или ве поминале со друг маркер кој е штознам можеби обичен, или вие мафтате и ширите намерно дезинформации.
     
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Прво не смее Македонка Мак да наведе име и презиме оти може да ја тужи за клевета и самата кажа дека е голем обожавател на оваа власт и повеќе може штета да си направи отколку арно, бидејќи Македонија е се освен правна држава и секој со секој е роднина и сме одличен пример за земја со високо ниво на непотизам, што не е нешто со кое треба да се гордееме.

    Втора работа факт е дека е се тешка глупост маркериве и дека вие „најдобрите“ спаднавте на ниво на албанците(поради кои со дрвја и камења фрлавте и плукавте по Стевчо), такво чкртање со маркери имало само на избори во Албанија и ниедни други избори.Ама браво барем на тоа заштедивте. И секако дека не се битни маркерите и обележувањето со нив бидејќи по 100 пати се потпишуваа луѓето пред да гласаат. И не се срами вака по форуми колку врска немаш хемија, ама да се вади маркерот и со влажни марамчиња и со алкохол.

    И срам да ви е вам што и за странците обезбедивте да гласаат странците и сите цигани ги отепавте возење низ градовите по митинзи, а за студентите што не се во можност 3 пати во еден месец да плаќаат повратни карти и не им обезбедивте гасање на факултетите или во градовите во кои студираат. И факт е дека имаше многу нерегуларности и дека не го испочитувате предизборниот молк и не се ни потрудивте да го регулирате истиот на социјалните мрежи и законски и практично.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    babyblond - Како прво, избирачкиот одбор беше составен и од претставник на сдсм и од набљудувачи и македонкамак имала право, ако и била нанесена неправда, да реагира на лице место, тука нема врска клевета, не си ја поврзала на вистинско место.
    Јас маркерот и со ацетон го бришев па не се избриша, значи само на поединци против власта им се брише. Чудо е оваа хемија, го повикувам татко и на дрим да се изјасни :lol:
    Ај и ти не се срами да пишуваш за измислени нерегуларности, се изедначуваш со Рада.
     
  17. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Нерегуларност е да не се почитува предизборен молк на социјални мрежи и било каде да се објавуваат резултати од гласање пред во случајов 13.04.2014 19:00. Тоа е факт, ако измислував факти и не знаев аргументирано и прецизно и ораторски и концепциски издржано да се изразувам немаше да ме молат и од сите партии до една на 18 година да станам дел од нивниот подмладок. Ништо чудно и потпарол да бев на некоја од нив, сега на ТВ ќе ме гледаше. Ама одбив бидејќи не сакав да станам уште една од таквите како тебе што одговараат само на тоа што им одговара да одговараат или само неаргументирано да напаѓаат.

    Ајде и да не се бриши маркерот не спаднавме на исто ниво со албанците? Нели вие ги нејќевте албанците, плукавте по Стевчо оти барал поддршка од албанците? М? А што е со превозот и студентите? Тие не заслужуваат да гласаат? Не ви се битни нивните гласови? Битни ви се циганите што ги разнесовте та вие та другите по сите митинзи низ Македонија ,а повеќе од пола од нив немаат извод од матична книга и не фигурираат во државата што значи и дека не можат да гласаат.

    Мене не ме вреѓа што ме споредуваш со Рада. Рада е магистер електроиженер интелектуалец. Благодарение на Рада Македонија го стекна кандидатски статус за во Европска Унија. Да се бираа луѓе, а не партии Рада со уште неколку личности од други партии (вклучувајќи и неколку од твојата партија ) имаше да ни го доведат стандардот на ниво на Скандинавските земји. Ама на кој да му кажуваш паметни работи, на човек арно со сила не можеш да му направиш, само лошо.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас лично сметам дека спрејот беше многу подобра опција. И маркерот не се брише, еве и на моите им стои уште.
    Друго, бев студент и знам како е кога последниот денар го даваш за карта. Ама :!: изборите не ги закажаа од вчера за денес, туку се трубеше два месеци кога ќе бидат. Епа секој може да направи проста математика. Нема да си одам овој викенд, ќе си одам наредниот ако сакам да гласам.
    Трето babyblond ја претера со циганите и споредбата нивна со студентите. Без дискриминација, те молам. Што, тие не се рамноправни граѓани? Ти си студент, претпоставувам. Затоа вака пишуваш :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Не ми се верува дека уште за маркерот расправате.
    Да даде некој информации кој победи?
     
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Иванов победи, но секако ќе има втор круг
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.