Да тие се рамноправни граѓани ама немаат извод од матична книга голем дел од нив немаат ни лични карти. Како ќе гласаат? Од кога и да се закажани изборите 3 викенди со ред се многу и во пат и во пари. Денешниве избори, па Велигден (кој не сака да е за Велигден дома?!), па парламентарни избори. И тоа тие проблеми се резултат на други проблеми. Нееднаков квалитет на факултетите во државата сите што сакаат да научат доаѓаат во Скопје и тоа е јавно мнение, ама голем дел од тие студенти не можат во случајов да даваат пари за пат за да гласаат кога со скоро истиот износ ќе поминат една недела или ако живеат во стан со поскромна кирија ќе си ги платат сметките. Требаше и за нив како за странците во амбасадите така и да студентите од другите градови во факултетите да се организира гласање. Факт е дека сегашниот начин на решавање на овој проблем кој постои не функционира добро.(А тој начин е следниов: и газдите на становите и студентите треба да се пријават и тие што се во студентски домови треба да се пријават во полиција за привремен престој, ама тоа не функционире, газдите сакаат да избегнат да платат данок , а во полиција им велат дека нема потреба да се пријавуваат на студентите кои ќе одат да се пријават) И кога ова не функционира требаше да се најди друг начин или да се гласа на факултет или да ни дадат некој попуст или да ни обезбедат превоз нам студентите, повеќе гласови ќе придобиеа така отколку со развозувањето на циганите по митинзи. Јас за ова трубам на форумов повеќе од месец на форумов, не е по свадба тапани работава.
Од каде си ти толку сигурна дека тие немаат никакви документи, ни лични карти? И малку ги мешаш темите. Не сите што сакаат да научат одат во Скопје. Има доста квалитетни факултети и во другите градови. Или се рекло Скопје и ајде сите таму.
Оти секој што има подирекна комуникација со циганите го знае тоа. Како и да е факт е дека многу студенти стидираат во други градови,а не во градовите во кои се родени и живееле пред да почнат да студираат во друг град и таму да живееат поголем дел од годината. Секој си има свое мнение и свои причини за истото. А јас уште не добив одговор ни од тебе ни од Абеја зошто никој не се потруди да им обезбеди превоз или да им даде попуст на студентите или не им обезбеди да гласаат на факултет, кога ете другиот начин очигледно не функционира. Не знаев дека гласовите на циганите ви се побитни од гласовите на студентите.
Ама и јас бев студент и знам како одат работите. Не е ниту до мене ниту до Абеја тоа што нема обезбедено превоз. Претходните избори знам дека имаше, сега не знам. Не можеш да генерализираш дека циганите немаат лични карти. Еве и кај мене има цигани, па не се разликуваат од нас во ништо.
Леле леле уште малку ќе има и гласање овде а и може некоја тепачка ке падне,виртуелна де .Ајде една анкета за спрејот:се брише лесно или не??? Па добро бре што добиваат тие што лажат овде или мислите дека лажат-пари или што?!! Еве јас како што пишав за дилемата дека нема да гласам,не гласав денес мајка ми беше на гласање и од таму помина кај мене на кафе.И баш и викам дај ваму прстот да праам еден експеримент и верувале или не се избриша сето мастило и тоа само со влажна марамица.И?Што сега,и јас лажам м?Јас како што кажав не ме интересира политика,ама воопшто не се замарам,ама Вие од километар се гледа кој за која партија сте,па разбирам дискусија ама ја претеравте веќе,досадни сте! п.с. не ја читам веќе оваа тема,само сакав да си кажам што ми лежи-уфф ми олесни ееејј п.с.с.Со среќа на тој што победи и Наздравје нека стриже и понатака,додека има овци ,ќе има и волна!!!
Добро барем да си знаеме колку на вашата парија им се небитни гласовите на студентите, наместо нивните на пензионерите гласовите им се најбитни, очигледно според вас пензионерите се иднината на државата, ама иднина ќе сме имале... Од СДСМ не очекував да обезбедат такво нешто, немаат пари.
Не гласав, нема за кого Ниту пак сакам да гласам воопшто, ниту пак нешто се потресувам околу избориве.Исто е, како било, така и ќе биде кај нас, треба народот да направи некаква промена, да не се гласа за исти луѓе.
Гласав. Ја исполнав граѓанската карма. Сметам дека сите сме должни да си ја извршиме нашата граѓанска должност. Дури и да не сакаш да гласаш, прешкртај, своето ливче искористи си го, и секако своето право. А, од друга страна, се осеќав должна да го дадам својот глас на најдобриот кандидат според мое лично убедување.
Не гласав... Нема ни да гласам. Оваа држава и така и така не е како што треба. Сеедно ми е кој од нив ќе изнакупува станови и куќи, сеедно ми е кој ќе патува по светот и ќе јаде софри насекаде. А дека нешто многу на добро ќе тргне - нема, прашање на време е кога се ќе се продаде и ќе профитираат најголемите риби - како секогаш. Уште малолетници да продаваат партиски доктрини и изгубени вредности. Ми се лоши од муабети, кои ги има насекаде: НАШИТЕ / ВАШИТЕ, НИЕ/ВИЕ... Дечко/Девојко (припадник/припадничка на политичка партија)... ВИЕ (како што љубите да се нарекувате) нема да победите. Т.е. ти нема да победиш... Ти не си дел од тие НИЕ што ќе победат. Ти си едно со партијата само кога и требаш, а кога таа ти треба тогаш ти не си дел од НИВ. Ма, нека се носат! На цела мака да се шетам како добиток со жиг потоа. Ноу тенкс! Ќе си правам генералка пред Велигден подобро
Гласав и убаво си се чуствувам што мојот глас го дадов за човекот што мислам дека заслужува да ја води државата во иднина Дали ќе победи или не, не ми значи многу ,не паѓам во несвест поради тоа Мислам дека треба да се гласа затоа што таа е граѓанска должност Инаку со оваа маркерот си се осеќам баш како овцичка обележана ,ама ако бе нека се знае шо Инаку палецот ми мењава бои ,беше прво црно сеа ми е кафеаво И нз шо толку се замарате да го чистете со хидрогени,ацетони ,марамици незнам шо мислиш којзнае шо е па...кога ќе се исчисте тогаш шо
Вие студенти точно и реално дека немате пари за такви луксузи. Арно ама вашите гласови не требаат на некого. Да видиш да беа за пензионери, па под дрво и камен ќе се ископаше и не со автобуси со авиони ќе ги носеа да гласаат. Студентот не можеш да го изманипулираш, има глава ќе размисли. Пензионерите ке ги позалажат со зголемување на пензиите и тоа неколку месеци, а послле по малку ке им кратат од пензиите и таман ке се освестат- Касно ќе биде.
Па нели имаше бесплатни автобуси за студентите во четврток? Или можеби јас погрешно сум информирана...
Нема се уште ќе има бесплатно возење во ЈСП секој четврток за студентите како што има за пензионерите секој вторник, петок и сабота.
Јас мислам дека сепак имаше такви автобуси, голем дел од колегите си отидоа со нив. Но, еве пак ке ја проверам таа информација и ке коментирам, да не остане на шпекулации...
Можеби имало за тие од партија и со партиски книшки јас немам. А ако имало ќе разберев цел месец за ова пишувам на форумов. Ако имало пиши ми за втор круг да си знам.
Така е. Спрејот и светилката не беа лоши, ама бидејќи опозицијата се жалеше по ЕУ институциите дека со таа опција лесно се манипулира и се правеле фалсификати, побарана е алтернатива. Од таму е понудена опцијата со маркерите, а претседателот на ДИК, Рилковски (инаку член од СДСМ) и мнозинството во ДИК сочинето од ДУИ и СДСМ го прифатиле ова решение. Ако некој смета дека маркерите се некој владин трик за правење изборни превари, треба да ја знае вистината. А доколку мисли дека се правени фалсификати со бележењето на палците, вината треба да ја бара во редовите на ДИК и СДСМ. За грешките и пропустите читај погоре. Дури СДСМ праќаа и СМС пораки да не се крева прашина околу маркерите затоа што тоа е нивна одлука. Којзнае кој ли се сплетка во круг и испадна мутав. Ама не ми смета. Мислам у реду е.