Граганско право е да се гласа - затоа гласајте!!! Заокружете го вашиот фаворит или едноставно шкртнете го ливчето - така со Вашиот глас никој нема да може да манипулира!!! Спојлер Во првите години од независноста на Македонија беше многу актуелно манипулирањето со гласовите на луѓето што не излегуваа на гласање. Денес после толку циклуси на избори, мислам дека не е можна било каква манипулација! Па, нели имавме спрејови и ламби, а сега и маркер кој што ми ја обои кожата околу ноктот и еве две недели неможам да го исчистам!!!
Јас не гласам, никој не обезбеди превоз или попуст за нас неутралците, немам пари 4 пати во еден месец да се развозувам, до дома . Кој има можност да гласа, нека гласа за кој сака.
Лелеј колку сум прехепи што завршија изборите, и повеќе нема да ме гњават со нивните досадни реклами и лажни ветувања,зошто ми се повраќа од сите, баш сите. Он топик-Само мајка ми не гласаше денес,и општо минатите избори и ја поддржувам во целост.
Е јас денес не гласав. Преку глава ми беше од автобуси и гужви и бесцелни патувања. 9 часа во автобус за да гласам, 3 викенди по ред (нели и Велигден беше) - епа не, фала... Зошто не обезбедат на студентите на пример да гласаат во студентските домови :think:
Гласав за ПОБЕДА и таа ја добивме!! Уверена во истото, уверена во Груевски, без никакви принудувања и закани, без терања и молења, без книшки од партијата, чисто самоволно на нај фер демократски избори, каде истите беа одржани пријатно без никакви проблеми. Честито!!
Гласав,и иако мојот глас не менува ништо,сепак се чувствувам некако исполнето,гласав за онаа партија и оној претседател за кои самата имав оформено некое мислење и за кои сметав дека заслужуваат да ја водат државата. Не сум активист на ниедна партија,се надевам дека ќе ја оправдаат мојата доверба и довербата на мнозинството,па може и ќе имам некој личен бенефит,иако се знае без трчкање во партија и книшка,работа нема.Ама,не се знае никогаш.Гласав онака како што сакав.Честитки и од мене. И да,дефинитивно треба да се гласа,барем ќе знаете дека сте придонеле некако кон подобра иднина,секако според своите убедувања.
Малку сте забегале со муабетите за избориве, ама јас сепак ќе се задржам на темата. Се вели „луѓето имаат демократско право на глас“ а тоа значи дека имаат право да гласаат. Тоа не значи дека имаат обврска да гласаат и затоа не сфаќам зошто некои луѓе знаат да кажат „треба да се оствари правото на глас“... не, туку треба да се испочитува правото на глас, а тоа право значи дека имам право да не ми биде гајле за изборите. Всушност, не само што не гласам и немам намера да гласам, туку и оние кои гласаат и мислат дека нешто направиле особено, не ги разбирам. Има два вида на гласачи, оние кои се паметни и реално имаат ќар од тоа што гласаат и оние кои гласаат, мислат дека менуваат нешто, а ништо во животот не им зависи од тоа што дале некому глас и тој некој ја води државата подоцна.
Има разлика, за мене разликата е 400 денари со кои ќе го обновам перфектно новиот уништен маникир, само толку. Политички неутрална сум, јас би гласала за партија која ќе нуди шенген визи во програмата. На гласање се појавив за да не досадува свекрва ми, се би направила за да замолчи. Е па, напишав НЕ СЕ НЕРВИРАЈТЕ на листот, со свиткав го бутнав в кутија и заминав. Не мислам дека направив значителен криминал со мојата досетка, имам граѓанско право да го искористам тоа парче хартија како сакам. Да можев да го понесам дома, денес полесно ќе го запалев огнот.
Ете и ОБСЕ се изјаснија дека гласањето помина нај фер и демократски, како и до ДИК нема доставено проблеми за нарушување на изборниот процес. Значи причина за бојкот нема. Следен чекор ќе му биди да го прифатат поразот каде ВМРО се во предност од 200.000 гласови или да продолжат со бојкот каде што ДИК ќе испрати уверение за избор на пратеник, кои тие го предложија во изборното ливче. Доколку СДСМ не го примат тоа уверение односно да го одбијат, во согласност со член 57 од собранискиот Деловник ќе му биде предложено на сите кандидати да поднесат оставка во Собранието и тоа таму ќе се разгледува.
Кога јас гласав во Македонија се чувствував како хуманитарец, гласам да им го подобрам животот на одредени, само не на тие што треба, не мојот. Толку искористено, како заљубена женска што се дала од љубов, а тој ја оговара и исмејува во друштво. Лажни фешти, гледаш туѓи радости за кои си придонел со својот глас, а за тебе ништо ниту имало ниту ќе има.
Честитки до победниците, на опозицијата повеќе среќа во следното извлекување на лотаријата. Лично сметам дека ќе беше подобро на претседателските избори да победеше Пендаровски, чисто ради свежина и демократија.
Честитки и остали гзолижачки коментари у темата за честички, темава е дали да се гласа или не, а не за кој сте гласале и да честитате победа. Бог да чува.