Ако не гласаш, ливчето ќе ти го пополнат и пикнат во кутија и исто како да си гласал, тоа полнење кутии е познат криминал кај нас. Од друга страна пак, ако гласаш за кој ќе гласаш ?! И од едните, и од другите многу зло видовме. Прашањето е од кого помалку, и тука е одговорот на гласачкото ливче. И затоа мој совет, гласајте.
ејјј која идеа ми даде!!! Аааааааааа ќе отворам чакрите на 5.06.2011. Ма Алан форд нема да ми е рамен!!!
Нормално да се гласа. За Чак Норис, или евентуално за Докторот од Балканска е - банка. Си го искористувам правото на глас во секој случај.
Ту би, ор нот ту би- детс д куесчн. Да, ќе гласам, ама за инает не кажувам за кого, тоа е воена тајна. Мхм П.С И сакав само да кажам, малку можи офтопик ама ми лежи така на срце, ме нервираат тоа групите на фејсбук: За кого ќе гласате?. Што му е бре на цел фејсбук гајле јас за кого ќе гласам, мое право си е тоа. П.П.С И многу притисок вршат мајка му стара, леле како се заангажирани, по чаршиине шетаат, со блузите, пенкалата, флаерите, по по по и туку ме распрашуваат. Абе ви викам за инает не кажувам нека пукнат .
Обавезно на гласање... ако се на пример 15 допишуваш како 16. Бетмен и го заокружуваш...полесно никогаш не било
ами со ќе му ја мислиш многу,во јавност ќе глумам лудило и ќе се појавувам на сите можни митинзи на политичките партии,и ако случајно мислат дека ме убедиле во нивната пожртвуваност за добро на државата јас тајно ќе им ја одредам судбината на поединци,можеби баш од мојот глас на некој ќе му фали за да си го смести г...во удобна фотеља.
ОБАВЕЗНО да се искористи гласачкото право, а таму, ако сакате гласајте и за Чак Норис (и јас сум со таа намера ). Само не дозволувајте друг да гласа за вас.
Ија, Докторот од Балканска е-банка! Топ идеја! А јас ако ви делам пица-бурек со кока кола за џабе, ќе ме гласате ли? Вака традиционално а сепак модерно а? Треба да се искористи гласачкото право од едноставна причина - сами да си одлучите за вашата иднина за да не мораат други, и плус за да имате потоа право ако ништо друго да мрчите за власта. Без гласање тоа право на мрчење го губите, бидејќи сте допринеле за актуелната ситуација
Иј ПирамидишЧе, веднаш ми стави еден тон товар на грбов цц ја поинаков агол поставив, ако јас не гласам за шупељка 1 или умешна политичка лоповчина 2 пошто, вистина не знам кого да јас бирам, онда нема да допринесам за ситуацијата, нема да си лупнам клоца у гз ако победи и ме изсанка цццц овака пушти брига на другите, а ако даваш пица бурек и кока кола ја нема да гласам за тебе, јогурт за мене кока кола за тебе и те гласам и пица бурек не ми сака желудацов, може еден ѓеврек сега ми се јаде еј ѓеврек... одам да си купам ммм
Има ли кандидат да дели сладолед? Во моментов толку многу би сакала да каснам еден Фриком Кинг, што и би гласала за возврат.
Брееј каков народ сме, ќе ни пружат прст, ние цела рака зимаме. Пирамида дава кока кола, жапче и јогурт сакала. Ма неможе така. Зимајте додека ви дават, не барајте уште....Златни лавови имате низ Скопје, вие сте запнале вработување. Што ќе ви е работа коа си имате такви знаменитости, цел ден да утепаме шетајќи, па да си пиеме кафенце покрај палми, па да си трчкаме на кеј, па да си се возиме по новите улици (добро де, уште малку ќе бидат готови), па да си шетаме слободно низ европа. Пфф си знае владата, на кој му треба работа покрај вакви занимации Пирамида јас ќе гласам за тебе ако ветиш дека во сред центар ќе изградиш една луврска пирамида. Јас лично ќе ја нацртам Мона Лиза, па да види Европа дали после ќе сака она да влезе кај нас, или ние кај неа
Штета Жапче, штета шо измеѓу А или Б ти не сакаш да избереш ниту Д а јас тука бела од брашново, месам и се трудам. Шмрк. Ама и ѓеврече ќе замесам а? Не ми е проблем Него остај делам и антицелулит програма за слабеење со тоа. Ќе дигаме Даикири сите наизменично со лева и десна рака. Да не мислите дека целта ми е да делам висококалорична храна залеана со кило шеќер Не знам, битно е да се искористи гласачкото право, а после ако сакаш отерај ги и А и Б у Пиринска Македонија. Сеедно е веќе Битно твоето име на списокот да не остане празно, исто како и ливчето. Мај поинт оф вју, затоа што после Цацко крив. А Цацко го нема п.с. Алиса што сакаш душо, тоа ќе биде! На скаличките на пирамидата после сите сложни ќе си грицкаме бурече со кока кола, со расчепатени нозе, ко у стара времена, да не ни капне кечапот на фармерките
Еј види ги, абе ја сум ти економиста, ви барам да потрошите помалку. Та јогурт и ѓеврек помалку чини, вие дајте ми сметка дека сте купиле бурек со пица внатре и кока кола, остаток ваш џеб иде секако... пак и ве гласам а да ќе се оди да се гласа секако, тоа ќе ми е најбитното нешто што ќе го направам во животов доколку преживеам утре, всушност, во приоритетите ми е секако. И друго ми беше муабетот за палмите и кафето, слушај Алисо, вчера гледав на сител она Бекстејџ, дава од Кан ем плажа ко нашава, ем вода не баш ко нашава ем кино створено телевизориште монструозно ставено сите да гледаат филмови, сакам да ти кажам летно кино.. па што знам. Доста време се посвети на тоа киното... ако ми стават и такво ги гласам
Јас нај важно нема да гласам за СДСМ зашто кафето им е крш, бљак, денес делеле по клиниките, една наша сестричка земала и ги частеше другите, јас си пиев гранд арома зашто ова сдсмовсково мирисаше гадно дури и да не мирисаше на кафе, тоа гарант е некое кафе од паскалин (зашто на паскалин се) со поминат рок па сега пресипано во нова амбалажа со потписот на бране и његова партија. Е сега не знам како ќе се покажат со локумот и хулахопките, да не грешам душа до 5-ти јуни се е можно Искрено мене добро би ми дошло, јакобс 3 во 1 или 2 во 1 а може и 1 у 1 (На челзи)
Незнам дали ќе гласам, на врата дома од СДСМ ми донесоа кафе и наполитанки незнам какво е кафето, не пијам,ама овие наполитанкиве сигурно ќе летнат за две секунди па и дека благи Се зачудив, доаѓаат и ми носат кафе, наполитанки ете некои финти си имаат за како да го придобијат народот, кафе, благце, уште накрај стан,па коли за да гласа човек Иако ми е сеедно кој ќе победи, а кој не, воопшто не ме интересира политика.