Да се гласа , веројатно никој нема да го стори тоа за мене .... Факт е дека голем дел се разочарани од сите досегашни партии и нивните резултати ама нема и некое чаре и од негласање . Право кое сметам дека треба да биде искористено . Девојки да се направеше анкета кој за кого ќе гласа ?! Вмро стандарт ја тепа на анкетиве да видиме кој ја има довербата на феминкиве ?
И јас не знам дали ќе гласам . Горде , и мене не ме интересира политика јас и ти посебна партија Па нели не гласаа за најозбилни пробај од едните наполитанки ,од другите кафе, локум и хулахопки ќе не подновеле, еве Џули сладолед ќе ни даде ... Пирамидка ѓеврече ќе ни замеси ...може подоцна и нешто друго ќе добиемеее Ние на готово де е не ќе се замараме
Јас ги изедов наполитанките,морав,кога се работи за благо бога ми се на тацна да е сервирано да се поднови човек требит,а не со наполитанки како мене што ми дадоа,па немораа сите, едно наполитанче доволно ќе беше. Незнам,ама изгледа се предомислија, јас дека сум полусериозна- најсериозна ( малку ооф топик отидов) како и да е кој и да победи треба да мислат како најдобро да сторат за државата, без да бидат лицемерни.
Не разбирам како можете да не се замарате воопшто. Сфаќам дека партииве ни се крш, хаос, и сите најлоши епитети им ги доделувам, ама знаете дека утре која партија и да дојде на власт од неа зависи се? Менаџирање на финансиите пр. што е најважно нешто. Ај да работите приватно да ве сфатам, ама државниве што не се замараат како мали дечиња? Треба се да се гледа, кога платите биле покачени, кога биле намалени итн итн, па од тоа живееме бе луѓе и тоа е 1 сегмент. Друг сегмент покачување - намалување на храната и други трошоци, некои работи што се дел од секојдневието на секој вработен граѓанин. За избориве едно ќе кажам, јас не можам да гласам, но кој може нека гласа па после ќе има право да се жали, буни итн а не слушам целовреме луѓе зборат како не гласаат и се постојано незадоволни и секогаш тие се оние кои најмногу се жалат. Па гласај за промена, а не да чекаш другите да изгласаат влада! Па ве молам. И да, не мора да си симпатизер на било која партија за да гласаш, можеш само се да ставиш на вага и да видиш што повеќе тежи зошто очигледно ниедна партија не е за пофалба. Прашањето е кој повеќе киксови и грешки има направено, кој помалку ако не на глобален план на приватен. Некому може не му пречат споменициве, но му пречи тоа што е стечаец, пример. А некому не му пречи државната матура, ама затоа му пречи што добил многу ``малку`` пари за тутунот, А УШТЕ СЕ ЖАЛИ што е за срамота се наполнија пари, а за грозјето се по неколку денарчиња по кило И ТИЕ СИ ЌУТАТ. Мислам јест да има разлика тутунот е потежок во секоја смисла од грозјето, ама пак, требаше за бидат презадоволни пример. И така ќе се одлучите.
Воопшто не сум партиски определена, тоа ми е најглупо...За кого и да гласам пак исто ми се фаќа. Никој од нив нема да ми го плати факултетот ниту пак да ми даде работа. Да си член на партија, таа да е на власт, повторно треба да имаш дебели врски за вработување, а ако се смени власта постои можност да го изгубиме работното место. Но, јас имам право на глас, а кај нас доколку не излезеш на гласање тоа се злоупотребува....Така да сигурно ќе гласам...
Јас сум ДА се гласа. Без разлика дали вашето ливче ќе биде важечко или не, вие сте го искористиле вашиот глас. Ако сакате и цртајте тротинети, велосипеди, цветчиња... ако сакате и реферат напишете им. Важното е ДА СЕ ГЛАСА, за да не биде злоупотребен вашиот глас за сметка на бројот на гласови за одредена партија.
Јас сум да се оди на гласање, да се искористи правото, но да не се даде глас за никого, поточно да се поништи
не планирам да гласам оти партииве станаа премногу досадни. вмро секој втор-трет ден на телефон ѕвонат и бараат подршка, па задоволни ли сте од владава, па нз какви ми ти глупости.. таман помислив добро е барем овие другиве се поарно еве ти ги на врата СДСМ они па со некое ти кесе пакетче, поклон од нас.. и да гласам ке биде колку да го поништам ливчето или во краен случај за некоја ново оформена партија.. ама најверојатно не гласам
Леле нека нема анкета на форумов. Кога ќе ги видат резултатите ВМРО-вките ќе ни го прогласат форумов за мегафон на Б.Ц. и тотално ќе се откажат од него
Од каде знаеш па колку вмровки има?Можеби пак сдсмовките ќе го прогласат форумот за мегафон на Груевски.
Епа сеа одма вие активно почнете да се регистрирате по форумов и организирајте и тука АНКЕТА по ваш вкус Така и тука нека се докаже оти Груевски ќе победи на овие избори и има предност 98% Така така За инат на Б.Ц.
Е добро де,ако има анкета пак би гласала за кого би го дала доколку би имала полнолетство. А и зборував општо за сите форумџии,не само за мене.
Епа поради тоа сметам дека не треба да има анкета, затоа што може да гласа секој и со 18 години и под 18. Исто така не ми се веродостојни ниту оние анкети/прашања на фб, зашто гледам дека деца од 13 години стискаат за кој ќе гласаат ( ). Јас пак ќе кажам, 5ти јуни ќе каже се, изборите се неизвесни и никој незнае што ќе се случи
со тоа што не гласаш нема да направиш ништо, јас барем така мислам вака барем ќе си гласам за тие што ми се симпатизери.Ќе гласам за СДСМ мислам дека им е добар новиот состав и дека е време грујо и компанија да си одат
Да ќе излезам на гласање само од една причина да не се злоупотреби мојот глас а дали ќе го гласам или ќе го направам неважачко тоа јас си го знам!
Се мислев дали да излезам на гласање , поточно тоа прашање ,,ќе излезам на гласање или не?,, од поодамна си го поставувам! Сепак одлучив дека и оваа година ќе излезам да гласам ! Не сум подржувач на ниту една политичка партија (но сепак некако потсвесно ме влече кон една ), не сум активист нити пак се разбирам од политика! Но нема да допуштам мојот глас да биде злоупотребен-единствено од тие причини ќе излезам да гласам! Досега секогаш го искористувам своето гаѓанско право,и секогаш знаев за кој сакам да гласам пред време... Овојпат не знам кој заслужува да потрошам неколку минути од моето верем за да гласам...искрено си велам дека ќе гласам а знам дека ( е*але си мајката и едните и другите ) не заслужуваат ни едните ни другите!
Јас сум уверена дека ВМРО ќе тепа и на нашава анкета евентуална Ја нема Офи не е по анкетиве изгледа Нашава ќе биде фер не тие од Павел Шатев , Хоризонти или како ли беше . Иако многу ве има за Б. Ц