За тој што ќе ми го наполни фрижидерот ... Кафе не пијам , локум не јадам , наполитанки такоче а да читам манифестоt во 100 и 300 чекори доволно ми се испитиве имам читано за 10 години последниов месец , Тако да ќе ви направам еден список па ќе се договориме нема проблема
За оној за кого што сметаш дека треба да гласаш имаш две коалиции, плус партии што самостојно одат на избориве. Имаш и опција само да отидеш и да предадеш неважечко ливче за да не ти гласа некој друг, бидејќи секако ќе ти гласа друг не по твоја воља ако не отидеш. А, за кој? Нема потреба да кажеш нити некој друг, сепак е тајно гласањето.
Јас како што си кажав, ќе гласам за сдсм. Сметам дека треба да добијат шанса, доволно ми е од вмро дпмне. Мило ми е што Радмила Шеќеринска се кандидира за премиер и ми е плус причина што ќе гласам за нив. Доколку победат на избориве и додека бидат на власт не ме разочараат, можат да сметаат повторно на мојот глас. Но, ако нешто ме разочара од нив, или ако станат приближно од она што се дпмне, никогаш повеќе нема да гласам за никој. Само ќе одам на гласање, ќе си допишам долу што ми одговара и ќе го пуштам. П.С. Мајка ми на некои избори кога отишла да гласа, земала да пишува на листот, сите сте лопови, апаши, крадете, срам да ви е Ко божем они ќе седнат да читаат ахахахх
да се излезе и да се гласа ! па макар на листот да се заокружени сите ! не одењето на гласање е само можност на оние во потесниот круг да го искористат вашето ливче за гласање, всушност ливчињата на оние кои нема да излезат на гласање на крај се заокружуваат и пак си идат на пребројување затоа да се излезе да се гласа па макар и и низ целиот лист да стои еден голем Х !
Мислам дека најглупаво нешто што може да се направи е да се стави анкета, која за кои ќе гласа. Ви се молам, крајно бескорисно е. Правото за глас е мое, лично, и никој нема право да ме прашува за кој ќе гласам и да ми докажува спротивно. А за гласање, да ќе гласам. Си имам сопствени принципи и негласањето е против нив. Гледам на тоа како на мое право, ама и како моја обврска.
jaс мислам дека не е глупаво тука да се стави анкета, точно е дека правото на глас е твое лично и е тајно ама сепак и форумот е таен така да никој нема да дознае за кој ќе гласаш ти.
Ќе гласам тоа сигурно. И знам уште од сега за кого. Иако горе доле сите се исти, ама сигурно нема да дадам глас на некои коишто неможат сами да си го средат животот, а не па држава да ми водат
И што ќе добиеме, ајде кажи ми, од анкетата?? Ќе се пребројат колку се за едните, колку се за другите? Затоа постојат изборите, ќе се пребројат гласовите. Нема потреба и на Фемина да се броиме. А имам чувство дека после тоа политичките теми ќе бидат уште пополни со препукувања и сл.
Ќе имаат причина плус обоените со мнозинство да се наметнат како главната политичка струја на фемина ќе владеат на темата
Има кој да одлучува за тоа. Јас и ти може само да дискутираме. А како што гледам, до сега овој предлог не бил прифатен...
Старфиш, има анкета поставено во политика и настани. Политичките теми секако ќе бидат напнати за време на изборите, но доколку се претера со препукување и конфликти следува клуч на темите. Јас само се надевам дека ќе се задржи некое ниво на дискусија, дека членките нема да се спуштат на најдолно ниво со навредување.