Огромна штета што се пропушти квалитетен кантидат како Деспотовски. Доста просперитетен и напреден човек. Може да се каже дека е меѓу најдобрите кадри во партијата.
Дали очекувате Ковачевски успешно да се справи со предизвиците во државата? Не знам, ама се надевам. Ко изминативе 30 години... Се надевам дека нема уште 30 вака да поминат.
Za zal nitu eden makedonec vo vlasta nema izgradeno makedonsko nacionalno cubstvo I osven svojot dgep ne gleda podaleku od nosot.
Се согласувам. Еден од подобрите и попаметните кадри во партијата, само што такви очигледно не ни требаат за да не водат.
Најпрво впечатокот ми го груби фактот дека се вратил од Америка по само неколку год. Ама знаејќи дека тука има грб доаѓам до заклучок дека го одбрал полесниот пат да биде татино галениче. Вториот момент што ми е е моментот дека кариерата започнал да ја гради во Мк Телеком, каде се знае како се влегува и колку се тепаат за функција. Затоа и добивам впечаток дека не е некој што отскокнува со квалитет. Немам слушнато лошо за човекот, ама земајќи го предвид претходното, па и знаејќи колку "успешен" градоначалник беше татко му (кој освен што беше познат по јадењето чварки со амбасадорите и ништо друго) искрено не верувам дека ќе направи нешто, единствено што само ќе му биде марионета на претходникот кој и понатаму ќе пролжи да управува од позадина. Добивме Мицко 2 верзија и ништо друго, на моменти дури и бетер ми делува.
А бе ајде, за секое политичарче посебно отворете по една тема, ако не. Нека остане само темата за актуелни политички настани и темите за настани од светот, остатокот од овој подфорум треба да се заклучи. Не дека нешто ќе се постигне преку верглање, освен што ботовите плакатолепачи добиваат простор да се докажуваат во партија.
Аман на сите мана му наоѓаш, чекај ќе се разбора сега, нареден пат кога ќе го сретниш очекувај "добар ден".
Всушност, според некои студии интровертите покажале многу подобри перформанси посебно во услови на криза каде е потребно силно водство, така да тоа што е интроверт не значи дека не е способен, напротив.
недостаток на домашно воспитање е тоа, поголем намќор нема небитно, кај и да е ниту од едниот ниту од другиот не се очекуваат некои резултати прибидејќи до другата година сдсм ќе има друг лидер
Маж ми е интроверт, па е менаџер. Нема врска то. Ако не се социјализира приватно, не значи дека професионално не може да се снајди.
не знам за маж ти, ниту прашав ниту ме интересира, не може да се отвори овде дебата нормално од синдромот балкански менталитет, кој очекува те од делегатите да гласа за него ко не ни разговара со нив?