Дископатија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Jelenicka, 10 јануари 2013.

  1. Jelenicka

    Jelenicka Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Здраво!
    Неможам да најдам нешто за оваа тема, ДИСКОПАТИЈА, ако веќе има тема се извинувам, имено пред некој ден одејќи почувствував како да ме се утрнува крстината, или делот над народно кажано ОПАШКАТА, за да после нецели 5 минути почнав да чувтвувам потреба да се поднаведнам одејќи бидејќи ми беше тешко да одам сосем исправена! Сепак некако дојдов до дома, значи немав болки туку како некој товар... само, да напоменам пред некоја година 2-3 мислам има, на лекар поради болки во десната нога и десниот дел од половината (за кое ме држеа 2 недели на Урологија), правејќи испитувања ми кажаа дека имам Дископатија и дека поради тоа се болките, дали е можно ова да е поврзано со тоа, а носев и штикли неколку дена по ред можам да кажам :^) инаку висока сум и крупна па незнамн од што и дали може да е нешто опасно, засега сум подобро малку бев до продавница и на тие 50 ина метри замор осетив, дали некој досега имал ваков проблем, некако се плашам или поточно се паничам.. :worried: ...совет??? :doh: :doh:
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.015
    Допаѓања:
    135.079
    Пол:
    Женски
    Како прво, дали имаш болки? Ако имаш, оди кај специјалист ортопед да те прегледа (најдобра дијагноза ќе ти даде ако одиш кога имаш болки), и плус снимка, ќе утврдите за што точно се работи, дали дископатија или нешто друго, па соодветно на тоа и терапија. Потребна е физикална терапија, а освен тоа и јогата ја препорачуваат како одличен начин да се справиш со дископатијата.
     
    На Х а ј д и и Jelenicka им се допаѓа ова.
  3. Jelenicka

    Jelenicka Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Болки имам од време на време и не јаки, ама кога имам пак не се на едно место се шират кон колковите, а и многу често мокрев вчера, дри имав и нагони за мокрење и кога ќе отидам во тоалет само 2-3 капки и пак исто, дали е можно да е од прелада???
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.015
    Допаѓања:
    135.079
    Пол:
    Женски
    Можно е да е од прелада кај тебе, може и да не е дископатија, може да е друга причина. Затоа е добро да направиш една ртг снимка на 'рбетот и да се види што е проблемот.
    И јас имам дископатија, јаки болки ме фатиле два пати досега, и притоа три дена не можев да мрднам. Мене ми е поради бременоста, ослабените грбни мускули и дигање тешко (детето пред сè). Со вежбање се оправа ситуацијата, полека, ама подобро е.
     
  5. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    50
    Ете некој и со мојот проблем...и јас имам дископатија и тоа од многу лош скок...кога ја мрдав левата нога како да ми затегнуваше нешто од долниот дел на половината, а после скокот скоро и да не можев да одам...по дијагнозата пиев едни многу јаки апчиња и две недели не смеев да станам од кревет, мораше да ставам мраз (и да лежам или во фетус положба или во било која положба во која не осеќам болка) после тоа идев подолго време со појас...и сега знае некогаш да ме боли. На лекар ми препорачаа да се занимавам со јога, пилатес или пливање (т.е. ми забранија др спортови) и откако почнав на пилатес се преродив...пробај со пилатес може и тебе ќе ти помогне... :*
     
  6. Jelenicka

    Jelenicka Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    И јас мислам дека е прелада, инаку ртг имам правено и од снимка ми имаат кажано како што реков пред 2-3 години дека имам дископатија и ми препорачаа физикална терапија, не одев бидејќи кога дознав дека не ми се бубрезите во прашање се ослободив некако и се навикнав да живеам со повремени болки ( на менување на времето обично) во десната нога и и десната страна од половината, денеска малку повеќе се движев , подобро е за разлика од некни но сепак неможам долго да стојам, почнува да приболува и како да тежи, едноставно не можам да опишам, како да утрнува....незнам, како ментол да имам мачкано, само на физикална да не одам кажете било што друго, пиев Вентор, се јавив на матичната ми кажа Парацетамол по 3 на ден и да чекам, дека тоа ќе си трае одредено време и само ќе пушти ама јас Парацетамол некако не поднесувам и прекинав..... дури колку и да ви звучи смешно ставав волна (серајна) :lol: така ја викаат, преспав со волна на половината верувајте мнооогу ми дојде подобро, да се чуди човек што се не ќе слушне од стариве :D , се паничев ама сега е подобро фала му на Господ!

    Дарја :) ! Искрено пилатес за мене е шпанско село, и јогата исто, врска немам со тоа, физички сум неактивна доста, појас можеби некаков ќе побарам, инаку да од време на време знае добро да стегне :worried: , особено кога се менува времето кога ќе фати од половината по должината на ногата завршува во палецот долу како бодеж, тоа е тоа, ама мислам дека вакви не има мнооогу повеќе само луѓето си имаат и доста пострашни проблеми па овие болки ги сметат за ништо или знаеш она од мајками Мамо некако ме боли тука!
    Таа- Па не го гледаш времево какво е :) :lol: !
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.015
    Допаѓања:
    135.079
    Пол:
    Женски
    Јеленичка, убаво е да одиш на вежби, не дома да ги правиш. Немој да мислиш дека ако имаш повремени болки не е страшно. Твоево ми асоцира повеќе на дископатија со лумбоишијалгија, штом велиш дека имаш болки во десната нога и колк. Проблемите со 'рбетот не се шега, мора да се преземе нешто околу тоа. Јас се трудам некако да си ги усогласам обврските, да најдам време за јога, ама дотогаш си вежбам дома вежби препорачани од физиотерапевт.
     
    На Jelenicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jelenicka

    Jelenicka Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0

    Ехх убаво е и нормално корисно, ама мене од тука до град ми требаат 80 денари само за пат, секој ден 10 дена да ми дадат плус терапијата, плус таксито од автобуска до таму....најискрено немам можности сега, дури сега се испаничив, што е тоа лумбоишијалгија?
     
  9. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    50
    Дарја :) ! Искрено пилатес за мене е шпанско село, и јогата исто, врска немам со тоа, физички сум неактивна доста, појас можеби некаков ќе побарам, инаку да од време на време знае добро да стегне :worried: , особено кога се менува времето кога ќе фати од половината по должината на ногата завршува во палецот долу како бодеж, тоа е тоа, ама мислам дека вакви не има мнооогу повеќе само луѓето си имаат и доста пострашни проблеми па овие болки ги сметат за ништо или знаеш она од мајками Мамо некако ме боли тука!
    Таа- Па не го гледаш времево какво е :) :lol: ![/quote]


    Се се учи, јас идев во Powerhouse pilates (го има кај буњаковец и во аеродром кај бисер) има и многу други ама таму имаше супер услови (во смисла да не се лежи на паркет од сала да има провев итн.) А и инструкторката кажуваше кои вежби обавезно да ги правам а на кои да одмарам и така постепено си дојде се на свое место (приметив имаше доста евојки со проблеми во грбот што доаѓаа) сепак ти си знаеш :)
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    128.021
    Во овој случај се оди кај неурохирург, не на ортопед. Односно ортопедот треба да ве упати кај неурохирургот. Треба да се снимаш на МР, да видат кој пршлен е во прашње и сл. Сепак појди си на лекар, и обавезно вежбање, и тоа јога. Пилатес може, ама опредеделни вежби, додека јогата е препорачана од лекарите.
     
    На Iliev233 и tegla им се допаѓа ова.
  11. Х а ј д и

    Х а ј д и Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    I jas isto imam diskopatija na kicmata i vo momentov 10 dena odam na fizikalna terapija so laseri i ultrazvuk. A isto i na Joga odam dva meseci podobro mi e definitivno.
     
    На Iliev233 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.683
    Допаѓања:
    136.800
    Да ве прашам нешто...
    Ви се има случено повеќе да ве боли откако сте почнале со апчиња? Во случајов кетопрофен...


    Мислам дека откако ги почнав ме боли и на седење и на лежење..

    А пред тоа имав болки само кога стоев подолго од 10 мин...
     
  13. skorpija90

    skorpija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    11
    Zdravo. Kicmata me bolese mnogu pred 2 meseci, pogotovo koga ke stanev od spienje. Sega ne me boli, no se snimav i mi otkrija diskopatija. Doktorkata mi kaza deka toa ne se leci samo se ublazuvaat bolkite. Bolesta doagala so stareenjeto no jas imam 25 godini, mnogu rano dosla kaj mene. Iskustva za lekuvanje osven fizikalna i joga dali imate, dali nekoj se "izlekuval" i nema problemi veke?
     
  14. mtrajceva

    mtrajceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ве молам пишете ми дали можам да вежбам на орбитрек со дијагноза дископатија или во спротивно што да тренирам
     
  15. Anie93

    Anie93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.356
    Пол:
    Женски
    Аеробик, пливање :) а за орбитрек можеш зошто да не. :)
     
  16. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    539
    Бев на ортопед поради ненормални болки од половината во задникот и надолу од задната страна на ногата. Кога лежам ми е добро. Кога ќе станам боли многу и ме тера да се искривам на десната страна. Докторот вели тоа е како одбранбен механизам. Имам понекогаш и трнење.
    Дијагнозата е Discopatia vertebrale L4-L5 и Lumboishialgia. Примам инекции. Еве денес првата доза, 3 дена треба да одам. За нијанса ми е подобро, ама скоро без разлика.
    Колку дена одприлика треба да минат за да се осети некоја разлика? Благодарам однапред.
     
  17. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    846
    Пол:
    Женски
    Ајде ..споделете искуства. Болките се силни, здодевни, ми ја црпат енергијата и не можам нормално да функционирам.Пробав СЕ од инфузии и кетонали, физикална терапија и масажи...фитнеес и јога. Знам дека не може да се излечи НО што ВАМ ви помогнало највеќе? Поздрав
     
  18. Gospoga-di

    Gospoga-di Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Zdravo nekoj da mi kaze za diskopatija pretisneno nerv megu 4-5prslen posle edna nedela vraten od bolnica pak ima bolka pie tableti duklo duo I mu kazah lekarot movales po potreba koga ima bolki pa sega prasanjeto mi e bidejki se napi duklo duo vo sedum casot dali moze I movalis da se napie sega dali e stetno nesto:(