Doktorot mnogu prijaten, me islusa se, me pregleda. Mi rece so terapijata koja ja primam da prodolzam, da napravam EMG na dolni extremiteti da se vidi kolku e osteten nervot i ako za 4 nedeli ne se namalat bolkite ke mi zakaze operacija
Да дадам и мој допринос за темата: C3-C7 хернија. Цервикална кифоза со радикулопатија. Радикуларна лезија од лесно ниво на C6-C7 од десна страна. Слаби болки во врат и слаби болки во десно рамо, трнење во десна рака при подолго стоење во одредена позиција. Ослабен нервен рефлекс на десна рака. Консултации со неврохирург и невролог од Систина: препорака за носење на мек околувратник, пиење аналгетик и миорелаксант. Да се јави на проверка и динамички рентген за одредено време. Денеска отидов на консултации во Превентива, после разговорот беше одлучено да се почне одма со физикална и декомпресиона терапија.
Операција на врат на дискус хернија немој ни на сон да помислиш да правиш ако некој ти предложи само ако отиде до екструзија со силни болки по рацете. Види со физикална декомпресија и менување на позицијата на седење лежење гледање во телефон. Инаку за разлика од половината кајшто не проаѓа рбетниот мозок туку каудалните нерви накај нозе во вратот освен што со операција може да се оштети рбетниот мозок најчесто прават фузија на пршлените зависно од херниите значи пристапот во однос на лум бална хернија е различен што е според мене само за последниот случај да се оперира вратот и да се вметнат штрафовите.
Зависи од годините и симптомите колку траат. Секоја дискус хернија напредува и има стадиуми крајна фаза е за операција. И физикалната знае да е контра индикација во крајна фаза.
Што е најчеста причина за ова? Се почесто слушам кај многу, ајде повозрасни ама млади, ептен загрижувачки
Во половината седечкиот начин на живот и дебелината. Канцелариска работа со саати подобро е во лежечка позиција не се оптоваруваат дисковите да се работи отколку целодневно ти седење а секако има и други фактори кај постари веќе е спондилоза во прашање со деформитети и на пршлените.
Во мојов случај, го *бав вратот од прекумерено зјапање во компјутер и телефон во текот на многу години. Вежбање слабо, правилно држење на рбет слабо. Сега ќе треба да работам на тоа со години да ја поправам штетата. Имам 35.
по консултации со познат неврохирург кај нас, кажа, никаква операција не доаѓа во предвид, само активно вежбање грб и рамо, и правилно исправено држење на тело.
Здраво, да прашам дали некоја од вас е била со дијагноза дискус хернија во тек на бременоста? Многу ми е страв за пораѓајот. Помош..
Физикална терапија (струја, ласер, ехо, магнет, текар) и декомпресија во Превентива99 после 10 сесии. Ако болката претходно беше 8/10 сега е 0/10. Функционирам нормално. Ми дадоа вежби за врат да ги правам 2 недели, после тоа може пополека да се тргнува на теретана. За 4 недели да се направат уште неколку сесии на терапија, па за 6 месеци нова снимка од магнетна резонанца. Топла препорака за Превентива, одличен и посветен тим.
Mal update na mojata situacija. Skoro mesec i pol se boram so diskus hernijata i uste taa vodi, nikako da ja pobedam. Bolkata malku se namali, da kazam za 50% bolkata e nemalena, ama seuste prisatna. Seuste cekam za EMG, ama otidov na drzavno na fizikalna na svoja raka oti istata ne mi ja preporaca neurohirurg. Mi dadoa laser i struja, od strujata pocnaa ludi bolki i vece na 3 mi ja ukinaa strujata. Prodolziv 10 dena samo laser. Bidejki podobruvanje nemase a vece boleduvanjeto mi zavrsuva morav da prevzemam pod hitno nesto drugo pa resiv na privatno kaj eden poznat old school doktor fizioterapeut vo mojot grad. Iskreno, od prviot tretman zazaliv sto ne otidov porano. Mi predlozi dekompresija, plus slaba struja samo na kicmata, lesna masaza na kocmeniot del, crvena lampa i odkako seto toa ke go zavrsam legnuvam za dekompresija. Prviot den koga otodov jas krivev, jas nemozev da stojam, da sedam, da odam. Sega vo eden pravec odam peski. Imam uste 5 dena od dekompresija propratena so struja i masaza i se nadevam deka ke bide podobro. Se plasam sto za 1 nedela trgam na rabota, a rabotam vo kancelarija i 8 casa sum vo sedecka pozicija. A stolcinjata ni se krsh, stari i skoz neudobni. Nekoj sovet, za stolica za lugje so problem kako mojot ili slicen da mi preporacate? Ke odam vo Medicus Help da vidam sto nudat, ama sepak ako nekoj znae neka mi preporaca i drugi mesta za taka da ja narecam ortopedska stolica.