Ке си направиш говедски бујон ке си го поделиш и ке си го замрзнеш тоа ти е колаген место да купуваш плус е класа подобар зашто не е синтетизиран , бујон најдобро се прави прво ако ги испечеш коските на 180 45 мин до час и 15 пишими лична порака ке ти објаснам.
Открив дека имам дискус хернија, па некој ако може да ми каже какви вежби може да се прават. Реално никогаш немам вежбано, не седнувам по цел ден ама не е тоа тоа. Сакам да почнам со вежбање дома, па ако знае некој да ме насочи.
Фала ти што се грижиш за мене. Фала богу добро е све. Завршив веќе и со витамини и суплементи после скоро 4 месеци пиење. Бев на преглед за физикална и ми рече бидејќи е мирна состојбата да не правам затоа што може да ја влоши. Ми препорача вежби некои за дома, пливање на грб, и бања ми рече во Банско во Струмица во Цар Самоил. Тоа е се за сега, понекогаш имам некоја слаба болка од време на време во раката ама е краткотрајна и се смирува. Се надевам сите сте добро и на сите им посакувам брзо закрепнување
Еден канал youtube го пратам веке подолго време на темава и е доста корисен , дечкото се борел со дискусхернија 10тина години и успеал да ја санира целосно и целиот процес го објаснува на неговиот канал ,состојбата ја санирал со вежбање и има хуманитарна програма односно секој плаќа колку може и ја добива целосната програма и можност за директна консултација името на каналот е - lowbackability , вреди да одвоите време , лично не сум платил за програмата но практикувам дел од вежбите
Здраво. Имам екстризија на л4 и л5 скоро 9мм. Болки немам ама имам лева нога која ја осеќам како послаба за 50%. Неврологот ми даде апчиња за болка по потреба, релаксанти и витамини. Ми рече контрола во октомври ако не се намали парчето од дискусот ми рече операција. Јас нормално си функционирам немам некој болк. Има некој со слично искуство да сподели. Поздрав
Веќе 20 дена земам релаксанти и витамини и имам подобрување во однос на левата нога вратена ми е скроз силата сега ја осеќам на 100% После седење на столче на работа или дома кога седам неправилно кога ќе станам имам малце болка во пределот на карлицата и на мускулите на ногата ама тоа е само 10 сек додека не "помине" крвта после болката поминува. Шетам дневно 6-7 км и се осеќам добро. Не сум толку запуштена за операција, се надевам дека организмот ќе го уништи парчето од 9мм и дека ќе нема потреба за операција.