Пробај со диазепам и аналгин, него доста го опушти. Он не ни можеше да стане со саати буквално укочен од болка.
Дали е сигурно за хируршка интервенција, дали сте се консултирале со повеќе доктори? Дали е пробано се друго, не успеало, па мора хируршки? Прашувам зашто и јас сум паталец, зборев со едно 10 доктори, без шала...
Site do sega kazaa deka e za hirurska intervencija bidejki e vo poodminat stadium.Kazaa deka dokolku ne se sredi so hirurska intervencija ke dojde do nemoznost za dvizenje i nevolno mokrenje
Здраво би сакала доколку некој има искуство да сподели за операција на дискус хернија Л4-Л5, станува збор за млад човек со константни болки повеќе од 3 месеци, ниту еден конзервативен третман не даде резултати. Размуслуваме за некој од неврохирурзите во Систина и секоја препорака е добредојдена Тип на операција : https://acibademsistina.mk/spetsijalen-paket-za-operatsija-na-lumbalna-diskus-hernija/
За операција немам искуство, ама бевме на преглед со татко ми во Систина кај проф. Др Кирил Лозанче, и искрено, не сме задоволни. Прегледот траеше 3 минути, со се гледањето на магнетот. Ништо конкретно кажано, само да се направи ЕМГ, ако сакаме таму во Систина, ако сакаме на државно. Толку.
Што се пробавте од конзервативни третмани? 3 месеци е со неиздржливи болки, легнат? Прашувам зашто и јас сум со дискус хернија, 3 месеца бев со болки, ама функционирав, па 2 и кусур месеца у кревет со гааадни болки, 300 апчиња, депресивни удари, таман почнав да преговарам за операција во Загреб, попушти болката. Прашувам за да не избрза. Има и опција озон. Многу се фалат и од доктор Врчаковски, ја прочитав последната негова книга за дискуси и тој вели најкрајна опција е операција.
Благодарам на одговорот. 4 + месеци е со болки, апчиња против болка, витамини... Пробано со физикална, екстензии во Превентива 99 по препорака на Врчаковски, киропрактичар од немај каде веќе, Амбене инекции... Генерално имаше некогаш денови со помали болки и пешачење до 3км ама никогаш не попушти болката доволно. Седење не доаѓаше во предвид повеке од 15-20 мин колку за јадење, премногу време и мака испадна, затоа и оваа одлука...
@Mm222 страшна работа е, и јас не сум скроз средена, се уште се плашам што и како ќе биде. Мене ми се влоши откако посетив киропрактичар, а потоа 15 декомпресии беа без ефект, врескав од болки. И ПРТ правев во 8 Септември. Има протрузија или екструзија на дискот? Видете и со доктор Бранко Блажевски, многу е темелен.
Mene mi izgleda za sarlatan i so nekakvi finti i nametnati sugestii(leci),i ne prima lugje nad 50 godini bez nikakvo obrazlozenie.kao bil na tibet ili kina ucel zanat i toa 8 godini,abe sto sve nema na svetov.ima finti so krckanje sto se custvuva covek podobro sto neznaci deka se olecil.na turan alalda mu e kako smislil nacin bozem doktir so bel mantil seta,kazuva satro fori,i na legalen nacin eden kup pari prai so dva saata komedija
Да е само еден, едно 500 шарлатани "лечат" дискус хернија и живеат од тоа, си играат со маката на луѓето, буквално. Јас се изгорев еднаш и покрај тоа што реков дека не одам на местачи, демек кај вистински терапевт отидов, мхм. Сега уште одам на струи, ласер, ултразвук да се доопоравам, фала му Господ што се вратив во функција.
Zdravo, sakam da prasam...imam 45god i neopsilivi bolki vo oredelot na karlica.pravev i ginek.pregledi vo red e se no so kicmata maka imam mnogu...potocno dole kaj karlicniot del, imam L 4 i L 5 i plus lordoza...mi se kocat nozete od bolki i mi treperat...sakam da pradam iskustvo i daki i koi simptomi gi imate.Stim usisuvam ili stijam vo mesto ne mizam da opisam kolku me boli
Mislam deka e najdobro na magnetna da se vidi dali e diskushernija. Suprugot imase bolki centralno okolu prslenite i bolki po levata noga kako sto se protega nervot. Imase periodi koga ke imase vklestuvacka bolka i po 10-12 denovi edvaj stabuvase od krevet
Магнет за точна дијагноза, ако немате направено. Мене, со протрузија на Л5 С1, ми забранија правосмукалка, дури сега откако се подоправив и тоа без наведнување, споро... И мене не ми беше сфатливо и не ги слушав додека не се укочив и завршив 3 месеца во кревет со неподносливи болки од кичма до стапало, колкови, опашка. Имам и лордоза и сколиоза иначе.
Imam I jas diskus hernija l5 s1 odamna ama ublazena forma...sega mi se koci leva noga ..pozadi zadnikot me stega .. Ne znam dali bolkata ti se reflektira dole vo stomakot od taa strana vo preponite...ginekoloski ispitano se ok I eho na abdomen ok...bidejki I kolkot me boli tamu od kucmata ne znam I ovaa bolka dali e od toa