Кај ќерка ми доктор од ГОБ 8 - септември констатира дијагноза ECZEMA DYSHIDROTICUM, меѓутоа без никаков тест. Кога на интернет барав за оваа болест на кожата наидов на слики со tinea manuum дијагноза. Сликите беа слични како кај ќерка ми. Дали некој има какви искуства во врска со оваа болест. Ве молам да ми кажете дали има некои тестови за точно да се детерминира за кој тип на болест се работи. Дали и pompholyx е исто со ECZEMA DYSHIDROTICUM.
Кожна болест на рацете Искрено да ти кажам, мене сега пред извесно време почнааа да ми се прават како подкожни зрнца на дланките кои што многу ме чешаа и подоцна почна да ми се лупи кожата на дланките. Многу грозно изгледаше. Си отидов кај матичната и ми кажа да си купам белогент маст бидејќи било обична контактна алергија, си ја зимав маста и не отидов на кожен. Но не ми пројде од неа, си помина само од себе. А и јас мислев да не е eczema бидејќи една другарка ме виде и ми кажа дека на мајка и исто така и изгледале рацете, па тоа било eczema. Ми кажа дека години години живеела со тоа и дека не можело никако да се излече. И некој и кажал да оди кај некои извори , некоја лековита вода кај Сливница, па се измила со таа вода и и поминало. Распрашај се каде е точно таа лековита вода во Сливница па однесете ја нека се измие. Бидејќи за eczema нема лек. Се надевам дека ти помогнав.
Кожна болест на рацете јас имав нешто слично на ова како поткожни зрнца полни со прозирна течност ме чешаа многу и рани ми се правеа они се јавуваат периодично ке си речеш се излечија и ке се вратат кога најмалку очекуваш инаку кај мен испадна дека ми се контактни односно алергиски подоцна утврдив дека од бонукс прашок ми се појавуваат ми дадија крем или маст АДВАНТЕ околу 220 ден е го фрлив бонуксот и скраја да е веке 3 години го немам а инаку 5-6 години си го имав