1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дијабетес - покачен шеќер во крвта

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од snezance, 20 ноември 2009.

  1. snezance

    snezance Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Што е дијабетис?

    Дијабетис се развива кога организмот не може правилно да одговори на гликозата. Како резултат на тоа, луѓето со дијабетис може да имаат абнормално високи нивоа на гликоза во крвта, ако состојбата не се контролира.
    Типови дијабетис

    Постојат два типа дијабетис: тип 1 и тип 2. Типот 1 со поголема веројатност може да се појави кај помлади луѓе, обично до 40-тата, иако може да се развие на било која возраст. Овој тип се развива кога се уништуваат ќелиите во панкреасот кои произведуваат инсулин. Инсулинот е хормон којшто ги регулира нивоата на гликоза во крвта. Овој тип дијабетис е поретка појава, афектира од 5% до 15% од дијабетичарите. Се третира со инсулински инјекции и здрава прехрана.

    Дијабетисот од типот 2 обично се дијагностицира кај постари луѓе - колку сте постари, ризикот е поголем. Меѓутоа, може да се јави и кај помлади луѓе, а понекогаш и кај деца. Овој тип дијабетис може да се третира со прехрана и со вежбање, иако често пати се потребни и лекарства, а понекогаш и инсулин.
    Ефекти на здравјето

    Луѓето со дијабетис може да имаат нормален здрав живот. Меѓутоа, слабо контролираниот дијабетис може да доведе до компликации како срцеви заболувања, заболувања на бубрези, слепило и нервни проблеми кои може да доведат до ампутација.

    За двата типа дијабетис, екстремно е важно да се контролираат нивоата на шеќерот во крвта и крвниот притисок, за да се спречат долгорочни компликации.
    Колкав е ризикот да заболите од дијабетис?

    Не може со сигурност да се каже кои луѓе заболуваат од дијабетис од тип 1, но голема е веројатноста луѓето кои имаат близок роднина со дијабетис, да развијат дијабетис.

    Со голема веројатност може да заболите од дијабетис тип 2 ако:

    * имате роднина со дијабетис (родител, брат или сестра);
    * имате прекумерна тежина;
    * имате повеќе од 40 години;
    * сте имале дијабетис за време на бременоста;

    Дали дијабетисот може да се спречи?

    Не постои сигурен начин како да се спречи дијабетис. Меѓутоа, здравата и балансирана исхрана, регуларната физичка активност и намалувањето на тежината ако сте претешки, може да да ја задоцни појавата на оваа состојба.
    Дијабетски производи

    Диетичарите обично не препорачуваат специјални производи за дијабетичари. Храната којашто обично се нарекува "дијабетска" не е неопходно поздрава или посоодветна за дијабетичарите, а вообичаено е поскапа.

    Многу од производите кои се нарекуваат "дијабетски" се колачи, чоколада и бисквити. А, општа препорака е да се избегнува ваквата храна.
    Каква храна треба да јадат дијабетичарите?

    Луѓето со дијабетис треба да ја одржуваат телесната тежина здрава и да консумираат храна:

    * сиромашна со масти (посебно заситени масти);
    * со малку шеќер;
    * со малку сол;
    * богата со овошје и зеленчук (најмалку 5 порции дневно);
    * богата со сложени јаглехидрати (скробна храна - житарки, пожелно од цели зрна);

    Генерално, нема храна која луѓето со дијабетис не треба да ја јадат. И нема потреба целосно да се исфрли шеќерот од исхраната. Но, како и секој, дијабетичарите треба да јадат мали порции храна богата со шеќер и масти. Колачи и бисквити треба да јадат оскудно, како дел од балансираната исхрана.

    Ако сте склони кон хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта), понекогаш ќе имате потреба од брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта. Во такви случаи треба да земете некој благ напиток или гликозни таблети, и веднаш потоа некој скробен оброк, на пример, сендвич.
     
    На MacenceEna и ljubov1 им се допаѓа ова.
  2. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    116
    snezance imas problem so dijebetes ili samo onaka gi prezentirase podatocite????
     
  3. ljubov1

    ljubov1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    33
    Дијабетис

    темата за дијабетичари ја отворив поради мојот сопруг кој од неодамна го доби шекерот и се обидувам што повеке да дознаам за оваа подмолна болест .така да ке им бидам благодарна на сите оние кој мозат да поделат нешто со мене
     
  4. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    116
    дијабетесот е подмолна болест но ако се контролира, цовек мозе да се носи со неа и 30 години без некои посериозни последици, не пласи се само дисциплинирај го сопругот во врска со навиките :up:
     
  5. AnjaF

    AnjaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Што е дијабетис?
    Дијабетис се развива кога организмот не може правилно да одговори на гликозата. Како резултат на тоа, луѓето со дијабетис може да имаат абнормално високи нивоа на гликоза во крвта, ако состојбата не се контролира.

    Типови дијабетис
    Постојат два типа дијабетис: тип 1 и тип 2. Типот 1 со поголема веројатност може да се појави кај помлади луѓе, обично до 40-тата, иако може да се развие на било која возраст. Овој тип се развива кога се уништуваат ќелиите во панкреасот кои произведуваат инсулин. Инсулинот е хормон којшто ги регулира нивоата на гликоза во крвта. Овој тип дијабетис е поретка појава, афектира од 5% до 15% од дијабетичарите. Се третира со инсулински инјекции и здрава прехрана.

    Дијабетисот од типот 2 обично се дијагностицира кај постари луѓе - колку сте постари, ризикот е поголем. Меѓутоа, може да се јави и кај помлади луѓе, а понекогаш и кај деца. Овој тип дијабетис може да се третира со прехрана и со вежбање, иако често пати се потребни и лекарства, а понекогаш и инсулин.

    Ефекти на здравјето
    Луѓето со дијабетис може да имаат нормален здрав живот. Меѓутоа, слабо контролираниот дијабетис може да доведе до компликации како срцеви заболувања, заболувања на бубрези, слепило и нервни проблеми кои може да доведат до ампутација.

    За двата типа дијабетис, екстремно е важно да се контролираат нивоата на шеќерот во крвта и крвниот притисок, за да се спречат долгорочни компликации.

    Колкав е ризикот да заболите од дијабетис?
    Не може со сигурност да се каже кои луѓе заболуваат од дијабетис од тип 1, но голема е веројатноста луѓето кои имаат близок роднина со дијабетис, да развијат дијабетис.

    Со голема веројатност може да заболите од дијабетис тип 2 ако:

    •имате роднина со дијабетис (родител, брат или сестра);
    •имате прекумерна тежина;
    •имате повеќе од 40 години;
    •сте имале дијабетис за време на бременоста;
    Дали дијабетисот може да се спречи?
    Не постои сигурен начин како да се спречи дијабетис. Меѓутоа, здравата и балансирана исхрана, регуларната физичка активност и намалувањето на тежината ако сте претешки, може да да ја задоцни појавата на оваа состојба.

    Дијабетски производи
    Диетичарите обично не препорачуваат специјални производи за дијабетичари. Храната којашто обично се нарекува "дијабетска" не е неопходно поздрава или посоодветна за дијабетичарите, а вообичаено е поскапа.

    Многу од производите кои се нарекуваат "дијабетски" се колачи, чоколада и бисквити. А, општа препорака е да се избегнува ваквата храна.

    Каква храна треба да јадат дијабетичарите?
    Луѓето со дијабетис треба да ја одржуваат телесната тежина здрава и да консумираат храна:

    •сиромашна со масти (посебно заситени масти);
    •со малку шеќер;
    •со малку сол;
    •богата со овошје и зеленчук (најмалку 5 порции дневно);
    •богата со сложени јаглехидрати (скробна храна - житарки, пожелно од цели зрна);
    Генерално, нема храна која луѓето со дијабетис не треба да ја јадат. И нема потреба целосно да се исфрли шеќерот од исхраната. Но, како и секој, дијабетичарите треба да јадат мали порции храна богата со шеќер и масти. Колачи и бисквити треба да јадат оскудно, како дел од балансираната исхрана.

    Ако сте склони кон хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта), понекогаш ќе имате потреба од брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта. Во такви случаи треба да земете некој благ напиток или гликозни таблети, и веднаш потоа некој скробен оброк, на пример, сендвич.
     
  6. AnjaF

    AnjaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Чај од багрем , може да помогне многу во регулирање на шекерот
     
  7. Gkatzopulu

    Gkatzopulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    Шеќер во крвта

    Bi sakala dami odgovorite poveke za sekerot vo krvata.Kaj mene postoi vo poslednite 3-4god.predhodno nego imav.Pokraj tatko mi sto ja ima taa bolest vo poslednite 5-6god.go imame dobieno od stres.Kaj mene polocisticnite janici mi sozdavat seker vo krvata taka mi imat kazano doktorite.Dokolku vie poznato za taa bolest na nekogo neka mi pise.Da napomenam deka ne upotrebuvam insolini osven apcinja za sekerot.Uste nesto sabaljeto koga stanuvam ustata mi gorce mie suva i me tera da jadam blago,postojano se potam najmnogu nokta,treperam nemam sila,imam nervoza.Znam deka ne treba da jadam blago ama nemozam dago sopram koj vo posledno vreme sobiram sila da go otkazam blagoto.Se nadevam deka ovaa tema ke bide prifatena od citatelite isto taka ke mi pomogne nekoj dami odgovori isto ke pomognam i jas.Vi blagodaram
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Шеќер во крвта

    јас немам шеќер лично меѓутоа мајка ми има подолг период и знам мноооогу на таа тема. Не е точно дека не треба да јадеш благо само не треба да претеруваш затоа што ако не јадес ќе имаш напади на хипогликемија(недоволно количество на шеќер)
    сите симптоми што ти се појавуваат се сосема нормални и вообичаени
    внесувај големо количество на вода и исто така чаеви
    има и посебни чаеви кои се препорачуваат за шеќерашите побарај на интернет и види сигурно ќе најдеш
    најважно е да не бидеш често изложена на стрес. на мајка ми и се појави токму од оваа причина и тоа е и најтешко да го решиш како да не бидеш изложен на стрес денес
    и уште една многу важна работа е дека шеќерот не треба да ти варира многу пробај да го одржуваш константен
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Кога ти се јаде благо - јади чоколади, наполитанки или мармелад со специјален засладувач (без шеќер), или сама приготвувај си слатки со специјален засладувач. На интернет има многу рецепти, еве најдов неколку страни:

    http://www.cooksrecipes.com/category/diabetic.html

    http://www.dlife.com/diabetes/diabetic- ... serts.html

    http://www.thebeehive.org/health/health ... s/eat-live

    Јади повеќе бадеми, грејфрут и ананас.
     
  10. A.n.e.17

    A.n.e.17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    8
    Gkatzopulu ке сакаш ли да ми кажеш какви апчиња користиш за намалување на шекерот во крвта. Благодарам однапред :)
     
  11. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Јадете редовно-Минимум 3 пати на ден
    Консумирајте храна богата со влакна
    Сведете ја на минимум употребата на напивки со шеќер,колачи,чоколади
    Јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук. Слаткото овошје (пр.грозје) не треба да се јаде во големи количини
    Контролирајте го внесувањето на масти
    Алкохолот консумирајте го само во умерени количини

    Најважно е да одредите една своја дневна листа на јадења, земајќи во предвид дека балансираната исхрана е најдобро средство за лечење.
     
  12. snezance

    snezance Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    имам и многу често гледам неинформирани луѓе што откриваат премногу доцна
     
  13. snezance

    snezance Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    кој тип на дијабетис е твојот сопруг 1 или 2
     
  14. elizabeta-st

    elizabeta-st Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    bi sakala da mi kazete ako znae nekoj licno mene mi se kacuva sekerot poslednive 2do 3 godini prvite dve god mi se kacuvase do 8 sega i do 11 ne pijam ni apcina ni primam isulin znaci se kacuva i se simnuva a ne osekam nisto ni pijam voda znaci nemam nikakvi simptomi samoznam deka mi sekacuva koga ke se iznerviram ako nekoj znae da mi kaze moze li so dijeta da se spreci sekerot ili ke bide potrbno da se pie apcina
     
  15. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Ако ти е покачен над нормалната граница (а велиш дека ти достигнува до 11) обавезно треба да посетиш лекар, па лекарот ќе ти одреди дали ти е потребна диета и каква терапија
     
  16. elizabeta-st

    elizabeta-st Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Бев на лекар пред 3 год правев тест за пред тримесеци каков ми бил ми испадна 6,2 после бев за скопје докторот ми реце да правиме усте едно испитуване иако излезе 6.2 е добро правев ми зедоа крв за уназат тре месеци да видат каков бил излезе 6,1 и ми вика дапијам апчина процитав на интернет по други форуми и пишува дека од 30 до 45 год мозе да се излече со дијета 2години не отидов на лекар ништо не осекам на работа ни зема крв ми беше 5,5 после 2месеци бев нервозна и кога ми го мерија беше 11 бев и во центар за дијабетис правев пак за уназат 3мес бесе 7 и ми кажа да пијам по пола апче пред ручек ако некој знае ве молам да ми кажете дали да продолжам со дијета или да почнам со пола апче и дали кога ке почнес да пијеш апчина го стабилизираш шекерот можеш да ги прекинеш
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ако веќе почнеш со лекови, не се прекинуваат. Затоа секогаш се почнува прво со одреден режим на исхрана да се утврди дали така може да се контролира нивото на шеќер во крвта, ако не, се препишуваат таблети, а ако ни тие не помагаат, се оди со инсулин. Но не сум баш сигурна дали беше така, може ќе пише некој поупатен во оваа тематика.
     
  18. snezance

    snezance Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Se pravi eden test od seker i voda nautro na gladno po odredeno vreme se meri glikemijata(sekerot) i se utvrduva dali imate problem ili ne inaku moj sovet za namaluvanje na sekerot sekoe utro po eden limon pozdrav
     
  19. Zbuneta90

    Zbuneta90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Често пати ми се појавува некоја болка на левата страна од градите, како да ме фаќа грч на срцевиот муслул. Таа болка досега не беше мн интензивна, но пред неколку дена болката беше толку мн силна, а во исто време како и левата рака да ми се укочи. Како и секогаш пред тоа болката беше кратка но овој пат многу посилна. Ме фати страв, појдов на лекар, ми направија ЕКГ, ми мереа притисок се беше во ред, побарав и упат за крвна слика. И крвта беше во ред, само шеќерот ми беше 6,3. Докторот не ми даде никакви лекови, само бедоксин. Ми рече дека и болката што ја чуствувам во градите може да е од шеќерот, и да појдам после некое време за пак да провериме. Дали имате некој вакво искуство? Дали шеќерот се покачува на нервна база? Колку опасна може да биде оваа бројка?
     
  20. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    имам другарка со диабетис,на почетокот на годината, се си беше супер, но сепак
    имаше моменти во кои и требаше многу поддршка од мене и другите...
    Диабетисот може да и го смени и расположението, да стане од добра до
    неподнослива, но знам да ја игнорирам, тогаш. Таа е ТИП 1, и тоа и влијаеше
    но и помогнавме...Секој ден мора да си зема инсулин, на почетокот тоа и беше чудо
    но сега се си добро и нормално.

    Ако си со диабетис, тоа е само едно искушение, во кое ти требаш да бидеш силната,
    да издржиш и да одиш понатаму... ;)
     
    На Jecichka му/ѝ се допаѓа ова.