1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дијабетес - покачен шеќер во крвта

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од snezance, 20 ноември 2009.

  1. Zvezda@

    Zvezda@ Нов член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    И тоа плус ме загрижува што во сонот се покачува носе сензор на раката и мериме цело време
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Дијабетес засекогаш останува, ама во ремисија може да се остане со години.
    А и кога ќе му се покачи, има начини и за тоа, или таблети или инсулин, ќе каже доктор што треба.
    Ама не се грижи, другарка имам со дете со тип 1, се боцка со инсулин цело време, па си функционира убаво, голем дечко е без проблем.
     
    На Zvezda@ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zvezda@

    Zvezda@ Нов член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Sega koga mu se pokacuva samo so pesacenje,pienje voda,vezbi taka go namaluvame no me plasat glikemiite koga ke se pokacat naednas pa potoa odat vo hipoglikemii ednostavno variraat sega e prvo odd.i malku potesko mu e bidejki decata okolu nego jadat i kroasani,cipsovi,piat sok itn a dodeka on jade integralno(sto i toa mu go pokacuva) no morame da menuvame sekoj den pojadok nose i vareni jajca,puter no toa e najmal problem bidejki e sepak zdrava hrana vi blagodaram na odgovorite vasi
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kateruna

    Kateruna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2020
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми објаснете како е процедура за купување инсулин? Неможам да го разберам свекорот како треба, он живее во село во маврово па вели треба да го земам и да го носам гостивар за лично да подигне од аптека. А јас сум скопје, и си мислам има во систем сигурно па он се боцка 5 години вајда можам од тука да земам/купам и да му однесам.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Дел од дијбетичарите што ги знам, попуштаат со тежина, изгледаат бледо, се познава дека имаат болест, а дел никогаш не би рекла дека имаат дијабетес, делуваат свежо, здраво. И како сфативте дека имате дијабетес? Ви се лошеше? Како откривте? Демек имало случаи цел век живеат со дијабетес, а не се свесни.
     
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.711
    Пол:
    Женски
    Јас немам дијабетес, но имам пријател што само што му потврдија дека има дијабетес.
    Често мокрење му беше најчудниот симптом, тргна тоа да го проверува, заклучија дека е до шеќерот и го ставија на лекови.
    Инаку пријателов имал шеќер на горна граница кога правел претходно крвна слика ама не пиел ништо, не сметале дека треба.
    Често знае да се пожали дека му се спие после јадење. И еден залак да земе нешто да касне, одма му се приспиваше што ми беше чудно. Ми имаа кажано луѓе што се стручни дека тоа е поврзано со дијабетес и му пренесов да си провери. Не ме послуша тогаш, дури сега се провери.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Читав некаде дека над 8 пати мокрење дневно е знак дека некој има дијабетес.
     
  8. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.055
    Пол:
    Женски
    Која е горната граница на шеќер у крв, знае некој?
     
  9. Македонско04!#@

    Македонско04!#@ Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Нормални граници од 4.44 до 6.66mmol/m. Горна граница ти е 6.66, се над тоа може да ти прави проблеми како почесто мокрење, отежнет вид, отежнат говор, покачен крвен притисок, бидејќи се таложи шеќерот и нема доволна количина на инсулин заостанува шеќер во крвта и нема кој да го разградува и се јавува дијабетесот. Инсулинот мора да го има за да го разградува шеќерот, во спротивно од 6.66 ќе се накачи на 13.01 пример и знае да прави проблеми. Зависи што подразбираш под горна граница, се што е над 6.66 е проблем и е нарушена нормалната функција на организмот.
    Во договор со матичниот после неколку последователни мерења на горна граница над 6.66 се препишува терапија по шема, после ако повторно не се стабилизира шеќерот се оди на хронична терапија и не значи секој што има шеќер малку повисок може да има дијабетес, во зависност од состојбата се препишува и терапија.
     
  10. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.055
    Пол:
    Женски
    Јас 2 пати го мерев со ѕоа апратчето за домашни услови, насабајле ми беше прво 6,7 после 6,8 матичната сака да одам на испитувања. Од знаци за шеќер освен повеќе вода што пијам во последно време и немам некој симтоми, сува кожа препишувам на кафе и цигари. Прашањето ми е ако е во ред 6,7 зошто испитувања?
     
  11. Македонско04!#@

    Македонско04!#@ Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Испитувања се прават за да се види случајно да не имаш појава на дијабетес, бидејќи мерењата ти се во горна граница потребно е да се направат испитувања. Крвна слика се прави да не имаш промени на другите вредности, како CRP, леукоцити, тромбоцити и останатите. Во комбинација со покачен шеќер најчесто е покачен крвен притисок или покачени масти. Цигарите дополнително влијаат врз шеќерот, а кафето па особено е најштетно иако некој кажуваат за кафето дека е диуретик и различни работи. Кафето фактички повеќе ти штети,отколку што ти користи и ти препорачувам еве ако не можиш да го откажиш да ставаш половина лажица во 200мл вода, ама ако имаш абдоминални проблеми воопшто да не го комзумираш исто и млекото, само вода исклучиво и природни шеќери.
    Не е страшно да напрајш неколку испитувања, ама пази навечер да не јадиш касно, вода дозволено ти е пред да прајш испитувања, а наутро ништо пред да одиш во лабараторија и тоа пази порано да појдиш да напрајш за после да се напијаш вода. Се што е над 6.66 е над горна граница и бара лекување за да се стабилизира.
    ПС: Извини за долгиот текст, ама морав се да изнапишам.
     
  12. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.055
    Пол:
    Женски
    Значи пр да јадам до кај 18 и после до сабајлето пред да ми прават испитувања ништо?
    Посекако идам после на консултации со матичната ама ти благодарам на исцрпниот одговор.
     
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Зошто не е во ред 6,7 на гладно веднаш после станување. Не знам како мереше, треба веднаш штом се разбудиш, без да правиш дополнителни движења право да мериш. Првата капка крв ја бришеш и после мериш. Според најновите препораки на гладно треба да биде помалку од 5,7. Вредности од 5,7 до 6,1 се веќе во сива зона и укажуваат на преддијабетис.
    Во оваа фаза можеш да останеш со години без дополнителна прогресија, ако се направи промена на животен стил и начин на исхрана. Кај мене нема прогресија веќе 4 години и дури забележувам дека состојбата сега ми е значително подобрена. Ама си бара истрајност и решителност. Кај мене е склоност кон дијабет тип 2. Ама лично за мене, јас преферирам да сменам начин на исхрана и да живеам без терапија, отколку насекаде да се влечкам со метформин и инсулин.
    Дали испита HbA1c? Значи повеќе месечен просек да видиш какви ти биле вредностите наназат? Нема ништо страшно да се направат дополнителни испитувања, баш браво за матичната што те упатува.

    12 часа мислам беше да не си јаден пред да отидеш на мерење во лабор.
     
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.055
    Пол:
    Женски
    Не, ништо немам испитувано поради тоа што кога почнав мн поголема количина на вода да пијам правев крвен тест општ искочи во ред 5,8 вредноста на 2х.
    Се трудам што по здраво да се хранам меѓутоа цел живот ми е слаба точка благото, не секој ден ама на 2 дена јадам пр чоколатце, сладолед нешто. Имам мало дете такада физички сум и повеќе од исрцепна мада работата ми е со седење. Еве не знам. Ќе видиме, ти благодарам на советите многу.
     
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Редовни оброци богати со протеинска исхрана, по 3 главни оброци на ден и две ужинки се потребни за да се одржува нивото на шеќер стабилно во текот на денот. Башка што даваа повеќе енергија и можеш лесно да се справиш со секојдневните обврски: Оброци богати со јаглехидрати прават само осцилациии на нивото на шеќерот и од нив се осеќа човек после послабо и истоштено. Благото на сите со склоност за дијабет е слаба точка, ама за среќа живееме во модерно време каде може да се направи замена за секоја исхрана. Со тек на време се навикнува човек на се.
    Урда, јајца, месо, сирење, здрави масти, јатко и семиња, секаков вид на зеленчук, салата со секој оброк. Наместо бело брашно, само 100посто интегрално (пази ржано не интегрално, сепак крева шеќер). Леб си месам дома еднаш на недела, си ставам семиња и баш ми е вкусно. Компир само варен со лушпа. Наместо бел ориз, интегрален. Понекогаш надвор си купувам и бургер и сладолед, ама веднаш после тоа се движам да му помогнам на организмот да го преработи шеќерот веднаш.
    Кај мене најдобро се покажа кога ја комбинирам храната третина протеин, третина комплексни јаглехидрати и третина растителни влакна (салата). Десерти без шеќер, еритрит и ксилит не креваат шеќер, може како замена да се користат на шеќер.
    Со мало дете дома верувам дека физичка активност имаш и повече од доволно..Благо и овошје никој пат на гладно, туку само после оброк дирекно, и тоа оброкот да бил протеински, да не дозволи веднаш да скокне шеќерот. Цедени сокови или смутис никако, тоа ти е дирекно шеќер во крвта. Поарно изеди ги овошјата и зеленчукот, бар ќе внесеш растителни влакна во организмот.
    Јатки или путери од кикиритки во комбинација со овошје исто се добри да не скока толку шеќер. Како што реков напорно е да се смени исхранта, ама за мене лично, беше најдобрата одлука што сум ја направила за моето здравје. Ико на почеток звучи дека овој начин на исхрана е прескап, не е со оглед на тоа што нема да купуваш пијалци полни со шеќери, чоколади, чипсови и слично.
    Мармалад на пример од јаболко или боровинки или јагоди можно е во мали количини да си сваиш и без шеќер. Траат во фрижидер долго време, во комбо со путер од кикиритки и интегрално лепче е исто ок.
    Има избор дури и премногу, само мораш да се информираш и истражуваш. Ама пошто за здравје се работи, ништо не е тешко. Моево значи не е никава диета, не е хроно, нит аткинс исхрана.
    Бонус од начинов на исхрана, мене сите хормони ми се средија, ослабнав 18 кг и поубаво у живот не ми било. Се осеќам и здрави и енергично и најважно најадено.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.055
    Пол:
    Женски
    Па ја до толку ситно не сум до сега комбинирала ама ќе видам и јас ќе го фатам редот. Ќе одам утре да проверам па се надевам се ќе биде добро.
    Фала ти на одговорот ми помогна многу:sun::inlove::muscle:
     
  17. Калатеа

    Калатеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    5.821
    Нус ефекти од метформин сте имале ли? Изминуваат или постојано се тука за време на терапија?
    Често ми се гади, некогаш ми се повраќа ама не дошло до тоа.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Јас немам никакви нус ефекти.
    Ама ако имаш, кажи си, може ќе ти сменат нешто. Пробај ѓумбир и нолпаза, може ќе ти помогне.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.055
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20230613-114417.jpg ја со моето скромно мислење мислам дека може да се давам у благо? :inlove:
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Со моето скромно мислење, мислам дека се уште не смееш, зошто ова е оптимално и не треба да се залажуваш зошто лесно излегува од контрола.
    Истерај подолго колку можеш без непотребни шеќери.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.