Различни се вредностите, може на ОГТТ да ти скокне, а тромесечен да ти е нормален. Обавезно направи тромесечен, ОГТТ, инсулин и ОГТТ инсулин. Не ти е висок ама ако не се испиташ детално и ако не промениш исхрана може да се качи.
Не се проверува огтт само во бременост. Јас проверував пред 3 години, далеку од бремена бев. Друга анализа е тромесечен шеќер (HbA1c). Добар показател е на шеќерот во крвта кој се апсорбирал во изминатите 3 месеци. Тромесечниот просек најчесто го следат редовно дијабетичари или потенцијални дијабетичари кои се под терапија за да видат во какви граници се движи шеќерот и дали терапијата им делува или не. Иначе ти кажала и другата членка, два различни теста се и двата битни се. Ама мислам поарно огтт напрај, дека тој е тест за проверување на скриен шеќер, плус за време на тестот, те боцкаат три пати и на гладно се проверува и кога ќе ти дадат раствор со шеќер и потоа пак после растворот. А ако се сеќавам добро мислам дека и инсулин ми испитаа тогаш преку огтт, не само гликемија.
3 пати од вена вадат крв? Охх од самиот стрес и страв незнам дали да одам а морам Во јануари ми беше 4.7 и тука е ок, во тоа време бев бремена ми бараше крвна слика е на крај на месецот имав спонтан и голем стрес и тука си добив проблем со штитна и од тој ден мене шеќерот е висок вака. И како ти беше резултат, онака сакаше да провериш шеќер или имаше покачен Фала ви девојки
Да три пати, имај на ум дека едно 3 саати ќе изгубиш во лабораторија. Првиот пат боцкаат на гладно, па ти даваат благ раствор, не ми беше мене ептен гаден, се издржува, ништо страшно. После 1 саат пак те боцкаат, па уште еднаш потоа, пак после саат време. Е не ми текнува како беше, дали кога те боцкаат на гладно и ќе земат крв, одма ти го даваат растворот или треба време да помине. Ќе ти кажат таму најубаво, сум забораила. Инаку мораш гладна да си најмалку 10 саати претходно и за време на чекањето у лабораторија да мируваш. Ич да не ти е страв, нема потреба, ќе те боцне секунда работа. Па имав симптоми што укажуваа на некое пореметување, претходно праев хормонален статус и резултатите беа ужас, инсулинот покачен па ме упатија на огтт и после тоа уште поужасни резултати. Кај мене гликемијата не беше страшна ама затоа инсулинот, до небо и еве од тогаш уште сум на терапија, а сега во ред се вредностите.
Оф значи има неколку испитувања на шеќер во крвта Знаев само за тој глукоза во крвта обичен што доаѓа во цела крвна слика, и во бременост скриен А тој тримесечен и инсулин не, јас мислев може нешто преку прст Ми се лоши од вадење на крв, последен пат се онесвестив во лабораторија Пијам сега чај од камилица па ќе купам и цимет викаат дека има ефект И сум на поголема терапија за штитна последно тсх ми беше 21.65 ако има тоа врска што знам Ама 5.9 на гладно 10 часа глукоза тоа е и последна граница 5.9 не е без ништо Фала ти многу Дај Боже само добри резултати да ти се и да немаш никогаш никаков проблем
Здраво, сакам да направам новогодишно пакетче за детенце до дијабетес, има 3 годинки. Кажете ми шо производи да ставам во пакетчето? Не сакам да згрешам
Здраво, јас лани правев вакво пакетче. Во него ставив јаболки, киви, портокали, поголем вид на јатки. И бидејќи е ограничено со храна, можеш и некоја играчка внатре.
Внимателно и со овошјето бидејќи и тоа содржи шеќер, бидејќи кога ќе влези во крвта и тоа прави insulin spike особено овошја со висок гликемиски индекс. Од овошје можеш да ставиш бобести овошки, цреши, јагоди, јаболко, цитрон и др. ниско гликемични.
Дали за дијабет тип 1, инсулинот треба да е покачен ? Како се дијагностицира? На гладно беше инсулинот 3. А границата почнуваше од 4 .
Дали има некој што користи апарат за шеќер Medisign MM1100 и дали имал проблеми со вредностите од лентите? Ми покажува вредности како 15 и 12, пониско од 8 не ми покажа ниту на гладно. Имав и порано ист апарат ама се разлабави делот кај батериите и купив нов со ленти. А имав ленти отворени пред повеќе од една година, со нив ми покажува нормални вредности. И приметив дека кога ќе ставам од старите ленти, ми покажува код A01 а со новите ленти A02, што значеа овие кодови? Ај што е стресно да видиш таков резултат па и тоа уште толку ја зголемува вредноста, туку не можеш да бидеш сигурен за каква терапија си. Ќе правам тромесечен наредна недела, ама ме исплаши апаратов. Со едни ленти 15 со други 5, со едни 8 со други 3,8. А немав мерено може една година. Има ли некој со сличен проблем и кој апарат мислите дека е најточен, од искуство?
@Abeja , евентуално со апаратчето заедно да одиш во некоја аптека и таму да провериш паралелно и со твоето и со нивно, во исто време која вредност би покажала. Инаку Accucheck, би требало да се далеку подобри од Medisign ако веќе имаш опција да купиш ново и да смениш.
Купив апаратчиња од три различни марки, сите покажуваат повисоки вредности, ги тестирав сите три во исто време со крвна слика во Систина, овој најблизу покажа, додуша беше 0.5 повисоко от тоа од крвната слика. Не паничи, и 15 да е, не е страшно. Исфрли јаглехидрати и млеко и ќе се симне за ден два. Леб, грав и макарони највеќе ги качуваат и шеќерот и холестеролот во крвта. Ако ги јадеш, какви и лекарства да примаш, па макар и инсулин, ако јадеш јаглехидрати шеќерот ќе е покачен. Ова од лично искуство. Додека не се смени диетата, бадијала пиење апчиња.
Деновиве сретнав школски другар, кој инаку знам дека е дијабетичар и редовно одеше да зема инсулин, и во количка со ампутирана нога. Страшно. Жално. Добро во кои ситуации доаѓа до апутации, јас немам дијабетес, дома немаме никој засега, но има и бабички што со дијабетесот си дочекаа длабока старост, по 80 години. Болеста е страшна, додуша се е страшно и канцери и удари, нема што не е страшно.
Ме интересира дали е можно шекер да имаш 30 вредност а да си 18 години? Преку крвни анализи ми открија.
На две последователни к.с. со размак од повеќе месеци шеќерот ми беше на самата граница- 6 (гр.6) а тромесечниот беше во ред. Последниот пат кога испитував беше намален. Докторката уште претходно ми имаше препишано Глукофаж од 150 ама не ги земам. Има ли шанси да развијам дијабет?
Кој е тој глукофаж од 150?Треба да направиш, тест за скриен шекер и ке се видат реални вредности.Оди на ендокринолог на клиника,таму се најдобрите лекари .
Сум ја утнала бројката, не знам колку беше. Инаку на едокринолог бев и не ми даде да направам тест за скриен шеќер, лековите ми ги препиша само врз основа на шеќерот на гладно.